“Снаата” ќе си оди кај своите и ќе пречи кај својата снаа, оваа пак кај својата и се така во недоглед. Затоа, ако не сакате да ви досадува ќерката што си дошла на гости кај родителите во својот дом не кај вас, тогаш отселете се во свој дом и кога ќе ви дојде золвата на гости ќе зевнете така подолго и таа ќе знае дека е време да си оди. Дотогаш во интерес за мир во куќа ќе си молчите и ќе си пишете по форуми.
Што не изначитав. Уствари што ме чуди, во патријархат живееме. Се навредиле од "дојдена", "гостинка". Жени што не наоѓаат ништо неправедно во тоа едното дете да добие се', а другото ќе се омажи па ќе го прибере некој, не заслужуваат ништо повеќе. Секогаш ќе има некој што нема да ве почитува заради тоа што не се почитувате сами. Не ме чуди патријархатот, јасно ми е дека во тоа сме закопани. Ама жени што упорно го поддржуваат, се задоволуваат со трошки..е тоа не можам да го сфатам.
Вака или така, растев во семејство кај што тетка ми иако има услови да живее сама, одбра да живее со нас. И прави сплетки... Не би да коментирам какви, само знам дека мајка ми многу пати преќутувала и се разболи од неа. Јас како золва би отишла кај брат ми на викенд, ама не 20+ дена, друго доколку би се разведила, би останала само некој период додека си најдам живеалиште. Од друга страна, мајка ми ја догледа баба ми, иако ќерка ѝ (тетка ми) беше тука. Да, живеам во заедница, со свекор и свекрва, доаѓа и золва ми тука, но јас секако придонесувам за домов што по ваше готовански си го најдов. Не, не го најдов, туку сами си одбравме овде да живееме, парите за стан ги вложивме во куќава. А исто и собирам пари на ќерка ми за да ѝ купиме барем една гарсонјера да има на нејзино име. Зашто не знам колку деца ќе имам, едно во стан, друго во куќа, трето не знам каде. Зависи од карактерот и на снаата и на золвата. Кај мене важи правилото: Човек кој не си ги сака и почитува сопствените браќа и сестри не може да си ги сака пријателите.
А зошто на пример брат ти да не си најде живеалиште, брат ти нека седи на сигурно дома, ти рашетувај се, снаоѓај се доколку се разведеш. Тоа збориме 20 страни, дека ти не одиш кај брат ти дома, ти одиш кај твоите родители, и дури да не се живи, по која логика тоа е живеалиште на брат ти, а не твое? Значи ти како золва си одиш колку сакаш, а на снаата твоја (жената на брат ти), ако и сметаш, се преселуваат тие, пошо тоа е исто толку твое колку што е од брат ти. Не знам како можете толку да не гледате колку е погрешно ова. Кога се мажиш си одиш ти од домот, кога се разведуваш пак си одиш ти од домот. Мажот нека седи и ужива, а жените уште виновно ќе се осеќаат оти се наметнале некаде. Викаш човек што не ги сака браќата сестрите, не ги сака ни пријателите. А кај е брат ти да размисли, да се труди да си створи свој дом, да не се жени дури не си го реши станбеното прашање, за никогаш сопствената сестра која нели ја сака, да не ја доведува до ситуација да се чувствува дека се наметнува. Зошто не се секира тој за тоа? Затоа што тој ќе си донесе жена дома, ти оди некаде, види снајди се. И тој да се разведе, жена му ќе е таа што ќе си оди, тој обезбеден за цел живот.Да, ти си вложила пари во куќата на маж ти, ама од кај ти се тие пари? Ги заработи сама или брат ти ти ги даде како замена за твојот дел од куќата? Жената нека оди нека работи нека реновира некоја туѓа куќа, а братот ќе си го тера животот без никаков стрес околу живеалиште. Ако се разведеш, уште херој ќе испадне братот што те примил дури се снајдеш за живеалиште.
Јас знам дека брат ми би ме примил и да не најдам место за живеење. Само ете јас не би сакала да живеам со нив, макар и во татковата куќа. Можеби никој нема да живее таму. За придонесите во сегашниов дом, да јас работам мои пари се, исто поседувам и земјиште од татко ми, не ми е платено за делот од куќата. Штом сум одбрала да се омажам и да куќам куќа не реновирам туѓа туку таа е сега и моја, јас си правам удобни услови за живеење за моето дете и за мене.
@Ygritte тетка ти живее во куќата на нејзините родители или во куќа што ја направиле твоите родители? Ако и е родителите тогаш не живее со вас и ово е оној типичен момент каде золвата во сопствената куќа смета и е лоша тетка зошто си живее во свое место да се тргне настрана. Сите настапивте со хипотетички ситуации, мојата не е, моите родители се и двајцата починати. Куќата во која што сум порасната мајка ми болна ја фати некоја параноја дека кога ќе умре, татко ми ќе се прежени и јас и брат ми ќе завршиме на улица, татко ми за да не се нервира мајка ми непотребно ни ја препиша куќата по пола, ние двајцата се до неговата смрт лани си ја рачунавме за негова иако на хартија беше наша. Патем да си кажам @Bubce38 јас сум од тие што оделе кај татко ми секој ден, што сум правела си е моја работа, работев, сопруг куќа, три деца, исполнет живот ама за сета љубов и за целата пожртвуваност на татко ми заслужил да биде посетен секој ден, да ги види внуците, дали пола саат, дали саат, дали три, колку ми било ќеиф толку сум седела, ни инает било или ми се можи туку баш почитување на родител, како тебе што ти е мама света така и на другите ни се родителите свети а посебно па на такви како мене што останале како дете без мајка, @SummerGirl знае како е. На снаа ми дали сум и пречела ама ич не ми е гајле, имала избор сами да живеат таа одбрала во заедница и ете сега иако е половина моја куќа јас ретко одам зошто татко ми не е таму веќе. Да се вратам на тоа што мислев да напишам какви снаи постојат, татко ми кога почина мораа на снаа ми родителите да дојдат дека нели ги заболе за сватот, ние место да мислиме за најблиските да им правиме визи, сместување итн тие мораа да дојдат. Дојдоа што дојдоа туку мајка и со која јас не разговарам (затоа што без прашање ми се вселија со другата ќерка во стан што е мој во Скопје, го уништија и еднаш поминувам на кафе кај татко ми, на снаа ми телефонот надвор уклучен на вибер, мајка и и сестра и извадиле фустани на мајка ми и кур ташак си играа со нив, пробува да ги облечат а двете крави дебели а мајка ми слаба жена беше, ми се споија жиците им дадов рок од 5 минути да го напуштат станот инаку ќе им викнам полиција, јас како золва излегов лоша во ситуацијата, нејзините цвеќе за мирисање)извадила тефтер и цело време запишува што купувам јас, што брат ми и на крај ми вика му должиш $234 на брат ти, брат ми и ја фрли тетратката во ѓубре, татко ми си имаше оставено на страна $30.000 за погреб така парите си беа негови. За читање на тестаментот ќе се треснеа од земја и снаа и нејзините зошто не можеле да бидат присутни, се беше поделено скоро еднакво, за мене малку повеќе кеш, за сите шест внуци еднаква сума и пак овие се дрзнуваат да прашуваат колку сме добиле дека ние со брат ми едвај чекавме татко ми да умре за да земеме пари. Има уште глупости и со снаата и со нејзините кои во животниот век едвај спечалиле стан од 38 кв, мене гаражата ми е 50 кв ама они ќе ме учат како требало да се печали и како на мене не требало ништо да ми се даде зошто сум си имала и плус ќерка им се грижела за татко ми и таа требало да земе дел. Татко ми легна да одмори и почина, никој не го гледаше, сам се переше, си чистеше, колку готвела снаата, толку и татко ми така да никој не го гледал, тој нас до последен ден не гледаше. Е сега најновата глупост пд тајфата, мојата половина требало да ми се исплати по цената по која ја купиле моите куќата пред 30 години, тогаш беше $100.000 сега е $ 900.000 проценета, @Cka ти ќе се откажеш од $400.000 за братот?јас не, зошто брат ми е го сакам ама моите деца ги сакам повеќе, тој не се има изјаснето додуша за ово, муабетот е од снаа ми од која од кога почина татко ми сум крајно разочарана од нејзината алчност.
@bittersweet какво мислење ќе имаш за личност не битно која, кога на мајка ти и вика, не способна, курва и свиња ....? а женава без работа, се трудеше да ја оддржи имовината на татко и и мајка и, и секогаш наведнала глава пред неправди...? не би да дискутирам на темава веќе
Лоши се секогаш тие тетки кои не го оставаат имотот на братот, општо беше тоа, не за тебе, инаку мислење никакво не би имала, таа личност не би постоела за мене.
Како и да е, домот ти е кај што си смирен и прифатен....ако си човечен и имаш емпатија и сенс за компромис, и во обична куќа од трска ќе си среќен. Ако не си прифатен и испочитуван и во замок нема да бидеш среќен, или пак сам во свој стан.
Ама нема што брат ти да те прима во куќата од родителите која подеднакво ти припаѓа и тебе, тоа пробуваат да ти објаснат, брат ти може да те прима или не, во лично негово куќа.
Јас не знам ти што се пронајде во мојот пост до толку за да ми објаснуваш зошто си одела кај татко ти. ( лесна им земја на твоите родители) Не верувам до толку да ме имаш сватено погрешно. Овде апла се збореше за случај каде што братот живее во заедница , ама користат исто купатило, иста кујна , дневна, т.е живеат во 3-4 соби. Брат ти не верувам да живеел во 3 соби со твоите. Бар така те имам читано. Јас мислам дека ако брат ти со твоите внуци живееја во 60м2 заедно со твоите родители сигурно ќе си нашла некој модел за да се гледаш со нив без да им одиш секој ден по 4-5 часа и да се ствара нервоза кај брат ти, кај децата. Мање битна е снаата овде. Сигурна сум дека Не си одела во таа куќа само заради тоа што таму си израснала, туку си одела од што сакаш да ги видиш. Нема потреба да си кажуваме дека си ги сакаме родителите. И Битер овде не се збореше за имот од пола милион евра. Овде се зборуваше за двете соби кои сестрата треба да ги добие како наследство од родителите, ама по нивната смрт. Мене тоа секојдневно одење ми делуваше чудно. Затоа и пишав. Ќе најдев начин да се гледам со мама и тато без да им стварам нервози на брат ми со моето секојдневно идење кај нив. Бар дур не се снајдат. Па по смртта можда ќе си ги барав двете соби кои ми следуваат.
Не разбирам што толку ви сметаат золвите,ако ви дошле на гости.Како вие демек да не сте нечија золва.Со оглед на тоа што и јас ќе имам золва таа секогаш ќе ми биде како сестра може да доаѓа во куќата на брат ѝ во секое време,кога и да посака,ќе се трудам секогаш да бидам во добар однос со неа а исто така со родителите на мојот иден сопруг.Не се правете многу паметни вие што мислите поинаку од мене.Јас познавам многу случаи каде золва и снаа не се сакаат па потоа се заврти тркалото и потоа тие што не ги сакаа золвите сега никој не ги сака.❣️
@Bubce38 во три четири поста напиша дека се чудиш што ли правеле золвите секој ден кај родителите, еве јас се пронајдов исто како и ти во тие што не им било нормално во зедница што живеат а можат на страна. Не знам како би било ако живеел брат ми кај татко ми во стан од 60кв ама бидејќи додека стигна брат ми до женидба ние веќе 10 години без мајка веќе бевме и бевме и двајцата приврзани со татко ми така да и тогаш ќе сум одела зошто татко ми колку што сакал да ги гледа од брат ми децата, толку сакал и моите да ги види, не знам зошто ви ствара ли тоа нервози как брат ми и кај неговите деца. Дали пола милион евра, дали 500 треба еднакво на двете деца да се дели.
Види, дај Боже, од срце, се' во живот да ти е најдобро. Но ако се разделиш од мажот, реално ќе ти оди по вода се' што си вложила, а и "ќе те прибере" братот. Фала, ама не фала. Секој својата мотика. Се' што кажа Битер, се' до збор.
Ама има еден куп разчични карактери без разлика снаи или золви, по 100ти пат ќе кажам, имаме сите золви право на имотот од нашите родители ама треба осет. Еве свекрва ми, се две сестри и еден брат починат. Во куќата од брат и живееа жената на брат и (снаа и) и двата сина, со жени и едниот има две деца и од другиот исто две. Сега скоро се одделија. Свекрва ми и сестра и, кога ќе дојде именден на едното дете или кога ќе дојдат родендените на децата,им одат во куќата и им седат од јутра до сутра. Уште кога и реков на свеки за именден на детето, епа таман ќе и помогнете на Јована да не спрема сама, ааа не, млади се, они ќе си спремаат и ќе не служат. Замислете така на секое нешто поголемо да ви се тропосуваат две тетки од мажите и цел ден да ви седат, јер нивна куќа е, пораснале таму. А истото го прават и кај другата снаа иако таа е само нејзина и на маж и куќа, нема врска со наследство нивно никакво. Колку е тоа без осет. Некој цел ден во гужва, уште нив да ги служи цел ден, башка сестра и некогаш си оди сосе внуците од ќерка и, па и остануваат и на спиење. Во куќа каде живееа толку луѓе уште они да им спијат па утредента и доручек да им спремаат и после нив и постела да пере некој и што све не. Сметам дека треба барем чашите вода што пијат да си ги мијат, ама они ни тоа. И ќе речете имаат право, ама пак ќе повторам истото го прават и кај другиот внук иако се одделени и врска нема тоа со нивно од татко им и мајка им. Значи некогаш е до карактер, не е само до што ти се може.
За да не ми сметаат сестри и браќа и други внуци и девери и јатрви и золви и снаи на свекрва ми, нема да живеам со неа. Заедница е компромис, трпиш сите набројани, плус друштво по желба на истите.
Е можеби сум пишала така , не велам не. Ама "тешка" сум си на изразување. Мислам и пишав дека да ми беа поблиску моите гарант секој ден ќе одев кај нив. И ќе спиев секоја петта ноќ Ама тоа под услов да живееја сами , како што и живеат. Да делеа иста дневна со брат ми,снаа ми и децата, кажав дека немаше да и одам често. Ќе доаѓаа тие. А мислам дека не сум пишала нигде дека се чудам на тие што живеат во заедница , а имаат услови за сами. Па јас од нашата куќа дојдов во куќата на старите. А можев комотно ич обврски да си немав околу нив. Еднаш месечно да ги посетував. Ако ми се сакаше де Али да имав золва и да ми идеше секој ден а јас да требаше да чистам по неа ( чкенката кажа дека користат едно купатило и кујна) богами ќе се нервирав и усфет ќе фатев. И ако немавме услови да се одделиме со мм ќе имаше кавги, нервози плачки Ова ми е све хипотетички. Никако не можам да замислам да живеам во таква заедница. Различни спратови може, ама сите на куплошо е
Е јас за ова зборам цело време. Колку ги има алчни, со прст не мрднуваат, од дома ќе си заминеле и ќе се откажеле од делот пошо пази многу биле хумани и поштени, ама после ќе си го пикаат носот во туѓи семејства дека права имале, некој нив требало да им даде. И после ти ќе испаднеш лоша золва и ќе се нервираш. Успат и некој филм ќе ти продадат за сиромаштијата во земјава
Да де, ама се одвоија и пак е исто, во двете куќи. Што се должни братов и снаава што се одвоија, пак да ги трпат и на свое?