Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ако сакате да одбирате кој, кога ви доаѓа и колку ви седи, треба да живеете сами.
     
    На andrejko82, mimiiiii, Biljarkata и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.321
    Допаѓања:
    170.695
    Пол:
    Женски
    Јас па ич не се замарам со такви работи.
    А "љубителка" сум на парички:)
    Еве моите ни разделија подеднакво на мене и брат ми све.
    Им остана станчето во кое живеат. Е за тоа им реков нека си го дадат на брат ми. Сепак тој е блиску до нив , им се наоѓа секојдневно за све нешто. Јас сум далеку, не можам да истрчам ако им дојде нешто зорт. Маката на него ќе биде, па нека земе тој појќе.
    Јас сум си задоволна од тоа што ми дадоа. Доста ми е.
    Не оти па и тоа што го имам ќе има на кој да го оставам, ама ај. Нека се најде за секој случај:)
     
    На tina2018 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    За имање Бубо, ќе има.
    Ако нема, пак кај внуците од брат ти ќе оди.

    Него, јас сега како што е работата, им се наоѓам на сите, па и на стрина ми, оти децата 99% и' се отселени. Да си барам од кај неа, ако не? :D

    Шала на страна, без оглед што јас секогаш ќе бидам поблиску, поблиску од ова не може, освен ако не живеам со нив, не сакам ништо повеќе од полче.

    А секој ден си идам и ќе си идам, макар на цигарче, макар на шодае. Чим на моите сум им арна, за други нека си бараат чаре.
     
    На An-na, bittersweet, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    Јас кога пишав дека таа нееднаква поделба прави проблеми, ме нападнаа. Ама ако. И кај маж ми имотот е неправедно поделен и маж ми е тој кој не доби ништо. И не може да се помири со тоа дека други родители (татко ми) не си ги делат децата. Свекрва ми се има откажано од имотот за да му го остави на братот. Истото го направија и сестрите нејзини. Што се случува? Едната сестра трпи тортура од мажот. И нормално, нема кај да се врати. Затоа што беше доволно хумана да остави дел на брат и. Свекрва ми вика - Јас си имам мое. Не можам да и се изначудам на паметот. Од каде нејзино? Она го направила? Нејзините размислувања се дека секоја сестра треба да се откаже од имотот во корист на братот. Така направија и сестрите на свекорот. Се остана на него и на брат му. И знаете што? Додека беа живи не доаѓаа. Зошто? Затоа што пречеа на снаата. Затоа пишав дека заради невоспитани снаи се караат фамилиите меѓу себе. А свекрвата го тераше свекорот да го убеди брат му да му го препише делот. Ете ти пример каде што жени кои со прст не мрднале во животот се дрзнуваат да се мешаат во фамилијарни односи.

    Колку сакате критикувајте, ама најголемите проблеми потекнуваат од заедничкиот живот. Секогаш ќе се најде некој што ќе пречи.
     
    На WildMk, Ygritte, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.321
    Допаѓања:
    170.695
    Пол:
    Женски
    Абе јас кај бабето се пентерам два пати дневно, тек па мама да беа овде.
    Гарант ќе и одев секој ден како што ми е досадно.
    Ама па навистина ќе ми беше непријатно ако Не беа сами.
    А јас оп труп - стално таму.
    Оние, младите, легнале да одморат , а јас обесена кај мама.
    Цк.
    Ќе ја викав она да доаѓа.

    Се растажив сега.
    Појќе од 3 месеци Не сум ги видела:(
     
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ама тоа е скрос различно.Муабетот ми е родителите имаат обврска да ги третираат децата исто и да поделат исто. После ако сакаат децата да се разменуваат меѓусебе нивна работа. И проблемот не е ако некоја се откаже од својот дел. Проблемот е кога ќе се откаже, а бара од други после кои немаат обврска да и дадат. И после следи муабет, ама не знаеш колку е тешко во Македонија. Е добро де, тешко е, ама кој ги тера да се откажат од својот дел? Да го продадат па со парите да си направат нешто, нема да и смета золвата толку. Ама се откажуваат од својот дел и после чекаат и други родители да ги делат децата така, па зошто доаѓа золвата, нели треба да си седи кај мажот и, како што си седам јас кај мажот ми и не му пречам на брат ми. Колку ги има се разведуваат, па немаат кај да одат, па непријатно е кај братот. А братов си седи цел живот без стресови околу живеалиште.
     
    На bittersweet, CameliaMiller, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Јас додека бев немажена добро се сложував со золва ми. Секако со таа добрина таа мене убаво ме користеше.. Помогни и за ова, помогни и за она и таа доброта од нејзина страна мислам дека беше само и само за поблиска да бидам со неа и да може да ме користе. А јас наивна и одев по газот. И чистев, и средував буквално се и правев иако живеевме во иста куќа. Детето јас и го изгледав за да можи да оди на работа и по полето а сега не го донесуват да го видам... Иако секој месец, и повеќе од тоа, поминуваат покрај моето место не живеење не застануваат на 5 минути да ги видам децата... Мм многу се лути затоа што се нњ одминуваат, а јас будала само ги оправдувам и верувам во нивното дека немале време... Многу сум разочарана, најмноху од брат ми, тој да е вистински брат никој и нишѕо нема да го спречи да дојде кај мене, ама ете.....
     
    На GDE DA IDEM и SummerGirl им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.825
    Допаѓања:
    39.508
    Битерсвит, јака ти душа, мене со такви кокошки социопатски крв пред очи ќе ми се гледаше.
    Како и да вртиме, многу, ама многу зависи од карактерот и темпераментот на лугето. Некои и пари да ми даваат, би ми се гаделе да седнам и едно кафе да пијам, а има луге- симнувам капа и стално пријатно се осеќам, па 100 пати помалку ми пречат. Роднините не си ги бираме, ни блиски ни " in-laws" ама некој да ми се качува на глава, ќе очекувам брат ми да ми го симне, ако е од снашкина страна. А и обратно, би сиктала некој роднини на маж ми, мада не можам да замислам оти мирни и воздржани се, да му играат по нерви на брат ми..за гости, бујрум. Ред да ми реди, јок.
     
    На cresa-jagoda, bittersweet и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    @Bubce38 некој друг имаше напишано тоа за заедницата и ти се најде прозвана.

    @Dentina со некој луѓе едноставно нема разбирачка, со добро, со лошо исто ти се фаќа, стави на игнор зошто ќе те изедат, што викаше баба ми крвта ќе ти на испијат.
    Додека они си прават рачуница дали и колку пари требало мене да ми се даде, јас викам никакви пари не ми требаат, се што имам би дала да ми се родителите живи.

    Инаку да ви го доловам менталитетот македонски, да сумирам оно што го вергламе цело време.
    Лани брат ми беше за Франција на симпозиум и на враќање помина во Скопје да среди некој работи,во врска со имотот на татко ми таму,, се јавувам во македонскиот конзулат во Мелбурн да закажам за да направам полномошно за таму, се јавува конзулот, сигурно е образован човек за да биде на таа позиција, му кажувам што ми треба и тој ми вика вие госпоѓо барате дел, јас продолжувам да му објаснувам што ми треба, тој пак ама вие госпоѓо барате дел, повторно го игнорирам и третиот пат дури ми под викна амаааа вие госпоѓо барате дел, му викам не господине, не барам ништо, ако не сте знаеле 21 век сме и законот на република Македонија вели дека јас сум наследник, така да не, не барам ништо јас.
    Таму кога отидовме го прашува брат ми дали се сложувал со тоа јас дел да земам, брат ми му вика нема јас што да се сложувам или не, прво татко ми така сакал, второ законот ги потврдува желбите на татко ми и трето и јас имам ќерка и исто ќе биде наследник заедно со браќата, дури може и како татко ми малку повеќе нејзе да и дадам.
    За имот што нема врска никаква со него мисли дека не треба јас како женско да земам ако има сестри сигурно дел ќе смеат неговите да им дадат.
     
    На andrejko82, Snow-Star, kukla21 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Амааа...како те прима брат ти кога тоа не е само негов дом и твој е? И дали се забележуваш како викаш татковата куќа, а не куќата на родителите? Упорно куќите се на мажите. :)
     
    На thinkerbell, SummerGirl, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Не е ни на децата тој дом. Ако сакаат родителите може да го препишат на странец што на пример одлучил да ги гледа. Ако сакаат да препишат се' само на едниот, тоа и ќе го сторат. Ваш дом е додека живеете во него, одговорни за вас се родителите додека не наполните 18 години. После тоа, што сакаат ќе прават со куќата.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако сакаат да препишат на странец нека препишат. Ако препишат на едно дете, а на друго не, тогаш да се надеваме дека во следниот живот ќе бидат добри родители, пошо во овој не биле
     
    На SummerGirl, Dentina, H.VAGA и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Нема следен живот, ќе препишат, ќе си умрат и ги заболе дали некој ги смета за добри родители оти не ја оставиле куќата подеднакво. Така барем треба да биде.
     
    На Biljarkata и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    А ако сметаат дека едно дете треба да наследи се , зашто прават 2,3?
    И уште подобро. Ако се две машки како ќе ги поделат? Или едниот домазет, а другиот зима се?
     
    На SummerGirl, CameliaMiller и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    А ти не отиде некаде "домазетка"? Како ти отиде во туѓа куќа да живееш а еден од браќата во примерот да не оди?
     
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Ама кој ти рече дека сум ја домазетка? :D
    Лоша проценка. :D
    Ама еве јас како гледам. Имам наследство и можам две деца да родам, затоа отидов на второ. Оти ни првото ни второто не сум ги нашла на улица, а башка тие заостанати мислења одамна требало да се тргнат на страна. ;)
     
    На SummerGirl, CameliaMiller и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.980
    Ама не постои подеднакво. Што е тоа подеднакво, два исти стана, со идентична ориентација кон југоисток на пример? Пошто ако на некого му се бара закачка, секогаш ќе најде, на пример исти се, ама пред неговиот прозор дрво има(facepalm).
    Децата треба да бидат воспитани, дека се потомци на двајца родители, да си бидат потпора во животот, а не ривали. Делби и криви дрини во фамилија се решаваат со фамилијата, ниту јас се мешам во делби и наследства кај маж, ниту тој во мои. И така среќно си живееа...
     
    На Ordinary, S.W.A.G, riba79 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Со самото неправедно делење знаеме дека ги заболе, ама обично таквите родители не се најљубовни родители на цел свет, па јас само посакувам сите деца навреме да се свестат дека на нивните родители ги заболе за нив дали имаат каде да спијат или ќе треба да молат некого, додека на братот му дале огромна сигурност, па така тие деца да се ослободат од сите чувства на вина ако не им креваат слушалка кога овие ќе станат 80 годишни. Лично сум видела како кругот се врти, си го поживеа Господ таткото да види лично како на ќерката "ја заболе" за неговата немоќ на старост. Многу го болеше кога ќеркава не го погледнуваше него, а за нејзината стара мајка (жена му) се грижеше со љубов, па одличен пример беше за тоа да видиш како боли кога те двојат од грижата.
     
    На riba79, SummerGirl, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Штo не кaжa пoрaнo, јaс пa рaѓaв пред дa ми препише некoј билo штo. Штo дa му прaвaм сегa нa детевo?
     
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Не знам Бриџа. Ептен ме замисли и мене, ако не го сожалат твоите, па ти со апрувал, да го посвојам јас м? :)
     
    На SummerGirl, m.i.g, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.