Уф, ќе се расплачам. Ќе се распрашам дали и кога планираат да ми препишуваат. Ако не, нема друго чаре, го давам.
Готово. Замисли и нема да му барам на старост да ме гледа за дел од имот! Не се расплакувај, знам, ретка сум.
По сите родителски начела, имотот треба да се остави подеднакво меѓу децата. На Балканот и уште по некоја дупка регија, сеуште постои фаворизирање на едното од нив, најчесто условено од полот. И имаш дете од прв ред и од втор. Знаеме кое е кое. Инаку, и во случај да е целосно оставен имотот на едното лице, другото лице може да тужи и да го бара својот дел, 4тина мислам дека беше, која по закон следува, само ретко кој иде до овој степен. Најчесто лишената страна, углавном женската, се потпира на довербата во братот и мислата дека еден ден тој ќе и ги отвори вратите на домот кој воедно е и нејзин, ако во домот на мажот,нештата тргнат погрешно.
Нужен дел се вика тоа. Ама не знам дали следи ако е пример на поклон даден имот. Тоа правник повеќе може да разглаба.
Грешно И Грешно Искуствено И татко ми е дете Ни четвртина ни осмина. Судија суди кајшто парата врти. Само изгубени живци и време и сосем непотребна нетрпеливост кон најблиски роднини. Ама затоа, што е твое, никој не може да ти го земе Туку што зборам јас, ние уште од илинденскиот период сме прото-феминистичка фамилија
И над судија има судија. Само што за да дојдеш до тој другиот, треба првенствено пари, па и време. Луксуз.
Не можеш дете да лишиш од наследство. Баш тоа го зборевме наголемо. Башка и тестамент да има, можеш да оспоруваш. Единствен начин да лишиш од наследство е имотот да го продадеш, а парите да ги дадеш во кеш некому. Иначе ништо не се должни де. Ни децата не се, ни родителите. Ама, дека е ок на едно да дадат, не е. Да сум детето што е "оштетено", не би имала комуникација веќе со никој.
Проценител, ако не можат да се договорат. Ако баш баш не можат ни така, се продава имот и се делат пари. Си има се' решение. Можам да бидам фамилија само ако ме третираат како еднаков член во истата. Ривал станувам само ако сака некој да се офајди на моја сметка. Јас лично не сакам никого никако да оштетам. Што се однесува до имот и наследство на партнерот, таму не се мешам во штипки. Како они си мислат - така. Јас од неговото наследство секако ништо немам, можат евентуални деца да имаат.
Абе можеш, тукушто напишав погоре. И што е битно? Еве, јас сум дете на оштетеното дете. И немаат комуникација. Толкави магариња шеесет и кусур годишни, ќе се влечкаат по судови. За што? За кај ќе им е тоа? За да немаат кому да се јават, оти децата на сите усвет фатиле, а тие скарани оти ,,несакани,, од родител биле? Да не беше жално, смешно ќе беше. Затоа се супер овие северно. Никој ништо нема, никој ништо не чека. Па ко ќе се соберат на роденден кај дедото, што слави 82 години и ќе резервираат цела кафана, оти сигурно никој не се гледа со никого попреку Тоа е фамилија и фамијарни вредности, не она нивата на три дела, ама кај братот е крушата, него круши му раѓа, мене сенка ми држи
Кога ќе умре некој северно, што се случува со неговиот имот? Иначе, да повторам, нема зошто да живеам со луѓе што сакаат да ме оштетат, или да се офајдат на моја сметка. Такви не ми требаат, фала.
Се. Ама чим ги нема на имотен лист, жал ми е. Иди па докажи дека дома ти е на свекор ти куќата. И дека ќерка му има помало право од тебе.
Абе, многу често немаат имот Па среќни се, ако не наследат долгови Иначе, за вториот дел, ДА. Ама, јас не зборам дека е во ред некој да биде оштетен, зборам дека треба да се намали со компетитивноста со најблиските по род. Незнам како поинаку да објаснам, некои работи се побитни од некои други. Луѓето се побитни од парите и стварите.
Во Мк не е така, законот вели дека сите деца, колку и да се имаат нужен дел, за да не добијат наследство треба родителите да се откажат од нив преку службен весник а за да препишат се на едниот сепак треба другите да се откажат од нивните делови, исто и за доживотна издршка треба согласност пд сите наследници, во странство да, што сакаат ќе прават со имотот, во Мк е поинаков законот.
И јас истото го зборам. Кога ќе се подразбира дека имот се дели на еднакви делови, нема да има компетитивност. Кога знаеш колку од питата ти следува и не пробаш да џапнеш од на сестра ти, се' си е фино. Е ако пробаш да џапнеш, тогаш сестра ти има секое право својот дел да го заштити од тебе, а ти си лакома и не си и' потребна. Луѓето се побитни, но не кога себе се сметаат за толку битни друг да се жртвува за нив. А без пари, иди сакај се. Јас не можам без пари да се сакам. Не можам и не сакам да живеам во колиби, вака или онака. Затоа од свој ќеиф од прв ден работа кратам, затоа имам долгови до гуша, за да создадам нешто. И за 20 години сестра ми да ми рече - аааа, па ти имаш?! Толку од нас ќе биде. Не ради пари, ради лакомост и обид да се протнеш
Јас не можам да го сфатам моментот на препишување на имот додека си жив. Додека си жив нека си биде твое, а после твојата смрт си има закон и се знае, ке се викнат децата ќе се прашаат па кој сака нека зема, кој не нека се откажува. Ама кај нас се препишува пред време за да те чуваат Ако сум условена од сопственото дете да му препишам имот за да ме чува пре би го продала целиот имот и ке си одам во дом да ме чуваат.
И те како би направила распределба на живо, што по мојата смрт. Баба ми пр на вујко ми стан му купила кога се женел, на мајка ми стан и остави откако почина на поклон со согласност од вујко ми ( иако знам немало потреба кога го правеле договорот да потпише и он бар тогаш) . Чиста работа.