По смртта на дедо ми, баба ми бараше да се поделат мајка ми и вујко ми, а таа се откажа од својот дел за нив. Така баба ми денес живее во на мајка ми делот, а мајка ми не живее со неа очигледно Сама живее, никој не ја "чува".
Значи кога детето бара ист третман и грижа, детето е материјалист. Кога родителот бара грижа на старост, а не ја добива пошо не ја заслужува, тогаш децата се невоспитани. Како ви го испрале мозокот сопствените родители, браво. Свекор, свекрва и золва не ви се криви што не ве сакале родителите еднакво, ништо не ви должат.
Не знам кон кого се однесуваше ова погоре, ама Oh dear. Дете добива грижа и внимание од раѓање до полнолетство, некогаш и подоцна, ама ете да речеме, ова е законски регулирано. Тоа значи и финансирање на тоа дете, ми се чини. Значи минимум 18 години. Со родителите во поодмината возраст немаш никакви правни обврски, ама белким заслужиле грижа и внимание, без да ги гледаш како банкомат, кога си веќе самостоен и возрасен човек, штознам. Уште нешто ми текна. Мислам беше Марк Зукерберг, на одредена возраст му рекле родителите, бирај или да ти купиме франшиза МекДоналд или да ти платиме образование. Не гледам дека Зукерберг пржи помфрит деновиве, а мислам многу повеќе помфрит може да испржи сега, ако баш сака. И многу страни сме офф, да ги оставиме снаите да ги оговараат золвите, нека не префрли модератор во соодветната тема за наследство или нешто така. Ама нека ни пратат нотификација, да знаеме кај да продолжиме @referentka
Кога веќе спомна материјалисти. Додека браќата на маж ми си седеа од старт на готово, јас и маж ми плаќавме кирија. Никој од нив не праша дали имаме леб да јадеме, дали имаме пари сметки/кирија да платиме. Станот кога го купивме едниот девер му вика на маж ми - Сега ти си имаш стан. Откажи се од својот дел. И маж ми да не бара дел? Ќе бара. И тоа како ќе бара. Идиоти. Цел живот родителите да ме третираат како ѓубре и да очекуваат на старост да ги чувам, мало сутра. Се според заслуга. Золвата смета, деверот смета. Е па, златна, бегај подалеку за никој да не ти смета.
Види сега, има луѓе и луѓе... Тој што не ме третира како еднаков за мене не е човек и следствено ќе добие ист третман. И ич нема да жалам за тоа, ниту години подоцна да се каам за одлуката да исфрлам некого од животот, па дури и фамилија да ми е Фамилијарните односи и вредности се градат и негуваат взаемно и исто така взаемно и се растураат Не знам за каква компетитивност зборуваш? Дека очекуваме ист третман? Тоа ли е компетитивност? Од друга страна гледам дека секогаш се врти муабетот кон алчност, неспособност, чекање од друг итн. ако некој каже дека очекува наследство од родителите т.е ист дел од наследството (ако го има, де) тоа за мене не ниту алчност, ниту неспособност. Просто здрав разум и нормална реакција. Те го прочитав муабетот за одговорноста на родителите кон децата до полнолетство. И се сложувам. За понатаму е добра волја на родителот (и желба секако) да го помогне детето ако сака и ако може. Проблемите настануваат кога само кон едното дете се насочени вниманието и помошта и кога само едното дете добива наследство, а другото со прстот во уста. Ако веќе се дели имот, најправилно е да се дели подеднакво, се друго ми е нефер. А и искрено таквите родители за мене и не се баш родители.
^За таква компетитивност, ама нему/нејзе и дадовте повеќе. Ништо не може да се измери за да биде исто, парче торта да е, ако имаш таква перцепција, од другиот ќе ти се гледа поголемо. Јас не можам да мерам колку ми дале мене за образование, колку на брат, колку тој вложил во заедничкото живеалиште со родителите, колку пати бил на одмор итн. Можеме човечки да се договориме, да поделиме права и обврски, или очи да си вадиме. Кога не тргаме на кантар, мислам повеќе ќе се договориме. Мислам не е исто, еве, едниот син заминал од дома на 18, го финасирале да успее во животот, другиот избрал поинаку, во ист двор со родителите живее. И некогаш, после 20, 30 години, треба да се продава, дели и сели за да биде исто? Какво е тоа исто?
Не знам како ќе ме сфатите, ама мене да барам дел од куќа од која што сум се отселила ми е непотребно и не би се расправала околу тоа со брат/сестра. Посебно доколку таму има уште една фамилија од братот или сестрата. Јас сум одлучила да се отселам со мажот, и сè што ми треба е нивна поддршка и помош доколку имам потреба и доколку можат. Не сакам дел од таа куќа, ако не живее никој и се договориме да се продаде - во тој случај да. Во друг случај и не ми треба. Вујко ми цел живот е тука за било каква помош, блиски сме и со родителите на мајка ми од кои не можам да се пожалам, НО никогаш не помислила да бара дел од таа куќа, не се ни разговара на таа тема. Што и да се случи, јас сум сигурна дека таа ќе има барем една соба и без влечкање по судови. Нема што да се дискутира, секој има различни интереси
Како бе Биљарке банкомат? Па за да се оддалечам од моите, треба тие да ме шутнат и да ме понижат прво. Не знам како не е сфатливо; моите ќе ги сакам макар и бездомни биле. Ќе се налутам ако не ме третираат еднакво, ако ме двојат. Нема врска тоа ни со пари, ни со банкомати. Туку со нивната љубов, почит кон мене.
Ама ти намерно се правиш на Тошо Тука се зборува за целосно исклучување од наследство. Овој пример што ти го наведе погоре мене ми е чист пример за македонска поделба на имотот. Едниот секогаш си оди, се снаоѓа, а другиов кутар неснајден останува со родителите и нормално нему се ќе му припадне, нема да го бркаш од дома сега?! Не мора да се брка, ама може половина од парите да ги исплати на брат, сестра, пример? Тоа е фер, ова што ти го опиша не е фер, напротив. Тој што останал дома, е во неколкукратна предност. Кога зборуваш за финансирање, за какво финансирање се работи? Финансирање за факултет? Или финансирање за купуавње на имот? Има разлика... Или... шоебитно колку дале, битно дале. Ова како снаиве кога ќе почнат, ама и моите ми дадоа пари, спалната ми ја купија, а родителите на мажот што дале спрат ништо не е, битно нејзините спална и купиле Чиста сметка, долга љубов
Жити се со муабетиве за образование, поштеди ме. Како може дете што очекува еднаков третман од родител да е материјалист? Илјада пати кажав, ама ај уште еднаш. Не е муабетов за гледање на родителот ко на банкомат. Туку за еднаков третман. Кога веќе си одлучил да делиш, делиш на сите. А ако сакаш фрли ги парите в ѓубре, на никого не дели, никој нема да се лути. Дури и смешно е како може да не сфаќате
За такво финансирање, како што избрал Зукерберг Оти бе праите вакви муабети? Колку кошта еден студент? 4 години минимум, кирија, јадење, пиење во главниот град, нели со тие пари можеле стан да купат? А останатите години, тој што се занимава со нив, реновираат, клими ставаат, по лекари се влечкаат... Сметката е чиста, ко ќе пресметаме се и се ќе ставиме на кантар. Мислам, можеме сами да се исклучиме од наследство ако сакаме, нели?
Кошта јадење пиење за студентот во друг град ахахаха, а овој братов дома што седи што не студира, тој тие 4 години, не јаде, не пие, на воздух живее Многу просто и едноставно е. Викаш човек прави проценка на куќа, стан, и делиш. Е чекај сега на брат ми му купија пред 25 години патики поскапи за 500 ден, и нив да ги израчунаме
Во многу примери што ги знам обратно е, старите се тие што се грижат за младите, деца им гледаат, сметки им плаќаат, помагаат на секаков начин, значи тој што останал со нив многу повеќе корист има финансиска, и куќа и помош. На крај може да си умрат лесно од нога и никој мака да не види со нив, може некое време да имаат потреба од мала помош, одвреме навреме некоја обврска да им завршиш и ретки се оние што со години имаат потреба од скоро 24 часовна грижа. Ако веќе се мери, се' треба да се премери.
Ќути ма, знаеш колку пари коштаа чизмите мои, сите од Пеко. Ништо нема да добијам, ќе ми пресметаат дека јас треба да давам Така е @Bridget , се треба да се премери. Или да се разберат луѓето како луѓе, без фаќање кусур. Оти и без чизми може да останам
Ако си од друг град и плаќаш кирија, сметки и останати трошоци за живот, да. Може не од 100 квадрати, ама помал стан да. Ова важи за сите кои студираат во поголеми градови, а земи во предвид дека стандардот е понизок во помали градови.
Според тебе ако моите ме финансираат 6г за факс и 6г за специјализација пошо у Мкд со плата на млад специјализант поготово приватен, сигурно сам нема да успееш у тоа, бар ќе ми треба помош тоа е факт, а брат ми на пример само 4г факс (тоа му е првичен план на пример еве), значи дека ја од се треба да се откажам за тие 8г плус финансии шо ме плаќале? Среќа само кирија уште не плаќаат од тоа сум ги поштедила, 18+ сум и уште им живеам со нив у станот, леле безобразна сум, може им сметам дома веќе, треба да размислам, како не ми е срам... Мене не ми се верува дека читам па вака мислење од родител искрено. Изгледа имам среќа што имам родители ко моите. Ниту ми рекле после 18 не ни е грижа за тебе, нити правеле споредби кој појше пари за факс ќе им троши и шо со тие пари ќе напраат. Само ми рекле за родител најголем успех е да го гледаш детето учи, здравје еден ден земе диплома и како го прави тоа што го сака, а ние сме тука за да ти помогнеме колку можеме. И па не би се откажала од делот. Можел и брат ми да избере да студира толку долго у некоја бранша ако му смета зошто мене подолго ќе ме финансираат. Среќа па ниеден дома вакво нешо не помислил.
Да. Што ако пак брат ти воопшто на факс не се запишал и почнал да работи а ти во друг град студираш и 12 години ќирија и сметки и храна ти плаќаат? Тебе те оспособуваат утре со леснотија сама да си заработиш за стан и сигурност да имаш пошто медицина нели, никој не останал со леб и сол а тој без школо и без оставен имот може слободно на улица да е. По твојата логика -се' по пола, треба 12 години да вложуваат во некој интерес што тој го има, на пример...има интерес стан да си купи Ако секој месец даваат 200 евра за тебе, 200 треба и за него, дали на сметка, дали на рака, дали како рата за стан или во материјали за работа ако го влечи некаков занает...нели е тоа ферски?