Па брат ми самиот нејќе толку да студира. Не планирал толку време на студирање да фрли. Тој не троши што јаде, пие и искача, шо живее тука? Он може место студирање ќе сака да патува, пошо е таков карактер спротивен од мене. Нема да имам против, ја сум избрала место да патувам ете да вложам пари у образование. И едното и другото си бараат финансии. А сигурна сум дека моите кој шо и да одлучи да прави ќе го поддржат колку можат. Плус него ќе му купат стан или ќе му помогнат со финансии коа ќе сака да оформи фамилија, во тоа сум сигурна пошо уште сега е кажано. Пошо ако не му купат ќе треба да живеат у сегашниов стан со се снаа, па и внуци, а не верувам такво сценарио да сакаат. Реалност е дека денеска млад човек стан сам да си купи без никаква помош речиси и не може... И у тој дел нема да се мешам се додека станот на нашите родители се подели еднакво. Секако сум прво дете, знам дека појше до сеа у мене вложиле пошо појше барања сум имала поготово за образованието, а знам дека и да им побарам у иднина и за стан ќе помогнат, но сепак ќе се трудам тој дел сама да си го изградам пошо сметам дека ќе можам. И кај нас било така, тато 70% го платил, 30% мама... Ете и тој дел не ми се свиѓа кај нас "мажот" мора да го обезбеди станот, но камоли сите да добиваа стан (без разлика од машка или женска страна), наместо да се гужваат по 3 генерации на исто место... И на дечко ми му е речено дека за стан ќе му помогнат со финансии за да си купи свој али куќата сегашна со сестра му ќе ја делеле 50-50%. Кај нас некако важи тоа, ем се дели се на пола ама пак за машкото мора да се обезбеди живеалиште. Буквално секаде е така. Затоа нема да имам грижа на совест дека сум го лишила од нешо брат ми и на готово се ќе ми било и со леснотија ќе сум заработела. Он стан на готово, ја дур се осамостојам и се омажам финансии за образование и унапредување во животот за да ми е после лесно да си го средам животот. Поферски нема.
Од темава квантна физика напраивте, па проценти па наследства. Не знам какви сестри или браќа имате ама мене нема да ми е криво ако се инвестира у сестра ми и да барам еднакво вложување у мене или обратно. Толку биле у можност родителите толку дале. За све постои компромис ако има хармонија у фамилијата али денес повеќе завист и љубомора владее.
@Dream-Girl Општо збориме за ситуации и фамозното -50:50 делење. Ок, твоите имаат и за 12 годишно образование и живеалишта да ви купат и се' и тогаш лесни се делбите. Но не сите имаат и кога зборат за делби ферски тоа за мене значи да им овозможиш на децата исто. Нема врска дали едното е попаметно па сака над книги да е а другото не сака книга да види. Сигурно има други желби, интереси, и ако се почне со инвестирање во тие негови желби како што се почнало со образованието на другото дете, тогаш ќе речам дека е ферска делба и на крај секој да си бара подеднакво. Да немаа твоите за куќи и станеви, каква ќе беше ситуацијата? После 15 години пример. Едниот со средно ќе има 15 000 плата (да речеме) а ти со факс и специјализација 40 000 плата. На крај еден стан се дели на пола, по две соби на едниот и другиот. Тој со минимална плата и 2 соби, ти со 40 000 и две соби. Ако сакаш да си купиш стан или куќа комотно можеш од тие 40 000 да одделиш на пример 25 000 рата и на крај ти ќе имаш стан или куќа, две соби од твоите и 15 000 плата, тој со само 2 соби и 15 000 плата. Разликата колку е? Еден стан или куќа. Затоа што вложувале во тебе. Не зборам конкретно за тебе, општо за деца што студираат и не и барање подеднакво.
Само нешто скокате. Родителот е должен по закон да се грижи за детето до 26г ако истото тоа студира Така што во очи на закон, тоа што не студира е лична желба на родител да го издржава, тоа што студира е должен да го издржава до 26 Најфино си проаѓаат тие што не студираат, па работа нема, па тешко е многу... па после свекрвата замисли на золвата купила, па замисли со свекорот на одмор отишла... ехеее...
Нема должност да ти плаќа факултет до 26. Ако не сака, нема воопшто да ти дава пари ти да студираш. Од каде тоа дека должен е да го издржува до 26?
Ама не дека брат ми не сака да учи. Сака, само не конкретно бранша у која е долго образованието. У секоја варијанта он може и поуспешен од мене да е со ФИНКИ завршен на пример и 4г факс. Не значи дека не може да успее ако не вложат у него за 12г образование пример. Секако дека нема да чекаме родителите да умрат и да делиме станови и финансии, ако го чекаме тоа и не праиме у живот ништо за да си спечалиме за себе тогаш пиши пропало. Парите од тој стан шо би ги добиле само може да ни се плус во животот. А, плус прашање е кога ќе ги добиеме. На 40+ сигурно. Дотогаш ќе иаме и фамилии и работа и се. И ако никој у тој стан не живее, ќе си го продадеме и пола пола пари ќе си поделиме. Кои на двајцата сигурно за нешто ќе ни се најдат. И плус личен избор е да не студираш и слично. Каква врска би имала ја ако сум се трудела, завршила и имам стабилна работа на пример, а некој не, па сеа треба да се откажам од мојот дел само зашо тој на времето не си мислел на иднината? Од небо на никој нешо нема да му падне ако чека некој се на готово. Па после браќата сестрите биле себични не му го дале делот или му сметале дома ова она. Секоја постапка си има потоа ефект у иднина, па така и изборот на што ќе се прави у животот. На време се мисли тоа, а не на 40 да му текне на некој немам стан, сестрата нека се откаже од нејзиниот дел, не и треба и така неа.
Дај не ме смеј, факултетот не е задолжителен и никој не е должен да ти плаќа. Си слушнала некој да е тужен дека не го пратил детето на факултет или после година или две престанал да плаќа затоа што немал пари? Ова сигурно е извадок за добивање на парична помош на дете после смрт на родител?
Прочитај го цел текст, јас ова вака го знам од многу одамна Правник не сум, споделувам со тебе текст од релевантна страна за нашето право. Прочитај и кажи ми ако погрешно јас разбирам нешто
"Не мислел на времето" или "не мислеле неговите на времето"? Џабе ти е твојот труд ако јас како родител одлучам дека нема да те финансирам 12 години. Ако сакам двете деца да имаат приближно ист, ок живот, нема да инвестирам во тебе а другото да го баталам оти не му се учи. Нема да имаш привилегии оти повеќе над книга ти се седи. Ако сакам да е фер, ќе изнајдам начин да е фер за двете.
Нема да го читам, не е така, не е задолжително, не може никој да те натера да плаќаш факултет за дете. Крај.
Во Македонија не можеш да не сакаш. Дали некој ќе тужи или нема е друг муабет, а дека си стои како обврска си стои. Еве да тагнам @BoaVista @JuLleE знам дека се правнички, па ќе ни помогнат А да, исто така, не можат да остават на едно дете. Многу лесно се поништува тестамент, еве и тоа нека објаснат, и мене не ми беше јасно па ми објаснија
Не читај, ама и понатаму не си во право, дали те бендисува или не, оди поднеси жалба у собрание, па нека мењаат
Па не се глупости, баш битна работа е. Ако решам да не студирам должни се до 18, ако студирам до 26. Ако сум болна такоЃе се должни. Не е како јас сакам, така си е Бриџ.
Јас студирав во Охрид, со 2000 марки годишна партиципација. За стан плаќав 100 марки. Сметки, јадење, книги, превоз.. месечно ги коштав околу 350 марки. Во тоа време у Штип и те како се купуваше станче од 60м2 за 25.000 марки. А јас малку повеќе потрошив за 5те години студирање
Не знам како е законски, ама ако на втора година факс ти речат: "Ќерко, немаме веќе пари да те финансираме за факс.", ќе тужиш? Не би рекла. Знаеш колку колеги и колешки се откажаа од студии, затоа што студентскиот живот им беше прескап? Или колку беа гладни на крај на месец? Сите деца дојдени од страна, којзнае како преживувале и тие, и домашните нивни. Искрено, го читам, ама не ми е некако верно дека функционира воопшто