Да беше така лесно, ќе се земаа станбени кредити на 4 години и ќе се отплаќаа. Кој нема за стан, седи во студентски дом, а таму кирија нема кој знае колквав износ. За храна, искачанки треба, ама за тоа треба и дома ако си.
Јас не навлегувам дали некој ќе тужи или не знам што ќе прави. Кажувам како е "писанието". Мене ме интересираат писанија. Многу ќе речат - домот нема врска со имотен лист. За мене ја има цела врска на светот.
И стипендии за студии постојат, и државата треба да помогне на социјално загрозени. Се' си има пишано. Кој колку сака да се "замара" е друга работа.
Само да се дополнам, во еден момент во животот мајка ми ми подари убава сума. Имам договор на нотар за истото, таа дека дала, јас дека сум добила. За секоја пара постои документ. Јас преферирам така да живеам. Никој не може да ви оспори како ќерки од што било да се откажете, ваше си е. Јас не мислам ни најмалку дека грешам што не би.
Стан во помал град Кукла, не во Скопје. Може и стан во Скопје, ама никој не ти дава станбен кредит за стан во Ѓорче, Драчево, Хиподром... Ваљда знаеш кои се условите за купување стан преку банка. И не се само сметките и киријата трошоци околу факултетот, и државна квота се плаќа и еден куп "ситници" кои испаѓаат уште 100-тина евра од семестар. Па стави тука и за дообуки, семинари, нели ако сакаш да се доусовршиш, плус книги. Можам уште да набројувам.
Кој дел од право, прекршување на право, и судска постапка не го капирате? Значи можеби има закон кој така вели, не сум правник ни јас. Има, постои. Доколу некој не го исполнува, законот дозволува да се тужи АКО и САМО АКО некој сака да тужи, во овој случај студентот. Не секој ќе го направи тоа. Ама некој може кога има основа. Дали е правилно, или не, нема врска. Морал вс закон. Уште да има закон и за некој кога сака сопствените морални вредности и уверувања да ги наложи и да важат за друг, супер ќе е.
И со ова значи ќерката намирена е и цело наследство треба да оди кај синот, кој останал дома. Тоа што он исто цел живот добива помош, не е битно, ама машко е и му „следи“. Друго, не познавам родители кои на еден давале, на друг не давале. Ако едниот решил дека не сака да студира, не значи дека одма нешто друго му следи. Како родител треба да се даваат еднакви шанси и можности на децата. Секој различно ќе ги искористи. Имотот треба да се дели праведно на децата. Затоа пола фамилии испокарани - заради алчност на некој кој смета дека само затоа што моча стоечки му следи нешто екстра. Баба ми покојна викаше, кој прст повеќе ќе те боли ако ти го исечат? Чиста сметка, долга љубов.
Јасно. Само сакав да кажам дека најчесто студенти се откажуваат поради немање финансии, и испаѓа може да ги тужат родителите ако не им ги обезбедат тие финансии. Ај, нека лежат затвор. Закон е, ама не е добар Не реков такво нешто, од кај го извади сега па ова? Само ти одговорив дека трошоците за студирање чинат колку еден помал стан. Кој како ќе си прави по дома и ќе си се договара, нивни проблем.
Оти ќерката учела и ги трошела, па шоќеиенаследство Тоа што се должни нема везе бе. Или да пресметам ако не што потрошиле на мое и нејзино лекување, да се пребиеме. Наследство се дели на пола. Освен ако вие не сакате поинаку. Ако сакате поинаку само затоа што мислите дека "од брат" земате, што да ви кажам, жал ми е. Ама утре кога ќе посоветувате некоја што ја млати мажот да си оди кај нејзините, а таа ќе ви рече дека е непожелна оти "други си живеат таму", сетете се на муабетов тука.
Не да не е добар, поглуп амин. Некој ќе си игра курташак до 26, ќе биде вечити студент и ќе чека од мама и тате да му го плаќаат факултетот дур он дреме у кладилница со другарите. Ај задолжително средно е обврзувачки, све понатаму е личен избор и не глеам потреба од законов( ако е закон уопште, не сум чул до сеа)
Ако родителите навистина немаат пари, можат да бараат субвенции и куп олеснувања, стипендии итн. Тоа значи дека е социјално загрозено семејство, и како такво треба државата да помогне на цело семејство. Но, факт е дека можеш да тужиш ако имаат, а не сакаат. Оти должни се ако студираш.
Прочитај на правдико. Јас ова го знам барем 15 години. Исто еден куп други работи важат за лица до 26 ако студираат. Ако не студираат до 18. Многу малолетнички права имаат за време на студии. За да си редовен студент не можеш да бидеш во редовен работен однос. Не можеш да студираш медицина пример, и да бидеш вработен. Си има зошто.
Иначе, пензија од починат родител исто важи додека студираат, но не повеќе од 26 години. Може да не ве бендисува, ама така си е. Остајте Бриџа што е убедена во моите интелектуални способности, сами може да прочитате, на правдико е изџвакано, о сите закони се достапни онлајн.
Нас не' прашаа родителите. Сакате да ве пратиме на студии или ќе си работите на средношколската струка и ќе ви уплатиме по едно станче. Ако брат ми одлучеше да си работи на струката од средно, немаше смисол родителите и на двајцата да 'треба' да ни дадат по еден исти стан. Он ќе си имаше еден стан повеќе од мене
Треба прецизно да биде дефиниран( можда и е) за да нема злоупотреби. Офф сме Каме, најди соодветна тема ќе продужиме со дискусија
Епа се' е испреплетено. Ете сестра учи, брат не учи, се жени на 19, сестрава е во очи на закон малолетна, на снашка не и' чини....
Ама кога ќе видиш...заради нееднаквата поделба се овие проблеми. Не ти дале твоите дел и очекуваш и золвата да не добие. И ќе трпиш кој стигне да ти се качува на глава.