Леле на кај отиде муабетов, се надоврзаа сосем небитни коментари кој бил школуван, па дали на друго трошел пари а суштината беше неправедна поделба одредена од полот која најчесто е и целосно исклучување. Брат и сестра може и двајцата да се исто образовани и пак сестрата да е таа без ништо оставена водено по нашата стара традиција. Во блиска фамилија имам пример кај што братот место не го фати на неколку факултети се купуваше и скапа опрема и пак отворено се знае дека ќе е куќата негова. Дека машко бил... И сите знаеме фала богу дека родителот има краен збор на кој што и дали ќе даде, нема потреба од дополнителни мудрости за тоа. Затоа и на форумот постојат и теми за тоа и секој си изнесува свој став и има право да се чувствува повредено. Конкретно за проблемот на @Crnizivot, откако убаво го објасни проблемот сосема е во право да реагира според мене, кај нив е одредено убаво кој што добива и поделено е и според мене золвата во тој случај треба да се прибере малце. И кога иде веќе момент за женидби и мажачки мислам дека е коректно тогаш да се разграничат тие работи и да се договорат кој кај ќе живее и што ќе добие за да после нема сплетки зошто дошла золвата, колку седи итн. Не е во ред традиционално да ги тераме работите и братот тап си донесе жена дома, ти сестро мисли му ја. Тие работи мора да се разглибат на време и да нема после тензии на кој каде му е домата.
Абе ние золви немаме, па следствено нема ни со кој да се расправаме- затоа на форум се расправаме Пред закон @CameliaMiller татко (најчесто) е должен да плаќа алиментација ако некој студира, и држава да плаќа пензија во случај на починат родител. Толку знам, во пракса веројатно ни тоа не фунционира
Колку жално . Воздржи се од навреди, со тоа што го кажа нема ниту мене ниту на било кој да му смениш мислење. Мене ми е убаво и вака, на кој не му е - нека бара што сака и од кого сака. Не се сеќавам дека некаде те цитирав, можеби и мене твоето размислување ми е заостанато па не навредувам
A ако стапиш во брак на 18 , па на 21-22 решиш да студираш, и тогаш родителот е должен да те издржува? Не го разбрав баш законот што си го поставила погоре.
A закон да не се стапува во брак, ако се нема пари за издржавање нема, а? Пошто не е тоа проблем, моите ќе купат креветче, твоите количка и така среќно ќе живееме. И ќе не издржаваат, пошто ние студенти, со закон ни е гарантирано
Шала на страна, ок е ова со издршката за студенти, пошто не можат да се во редовен работен однос секако. Не постои таква опција во државава, освен за вонредни, ама па, многу насоки, како на пр медицина, не може вонредно да се студираат.
Абе ок е, ако се има, фала богу. Ако се нема што, ќе ме тужи родено дете оти не сум му овозможила да студира? Хипотетичко е прашањево, не зборам за моето дете.
Како што кажав, мене ми е ок моментот дека ако родиш дете треба да се потрудиш за него. Не сум фан на тоа 18ка и шут, аут. Не си должен ни тука ако детево не ти студира, ама ако студира, да, треба да биде издржувано и згрижено. Друго е задолжително образование кое сакаш нејќеш мораш да го завршиш, друго е ова. Студенти и болни деца имаат "посебен статус" и тоа ми е ок. Оти па може и за болно дете "да ти се смачи" па на 18че нека си бере гајле. Не е ок така.
Ве изначитав...само да си кажам, јас од мајка добив еден многу голем гаф " ех да бевте сите исти деца" ќе беше поделбата полесна (имам сетсра и брат) и што да кажам понатаму..се е кажано..и иако брат ми има посебна куќа од моите јас прво морам да се најавам да ја видам, па да не сметам да не спијат зашто имаат куче кое ќе ги разбуди..ама тоа е..мајка ми е (иако татко ми сега покоен така не викаше, не делеше сите еднакво) и сум и простила онака од срце зашто толку и е паметот најверојатно па незнае поинаку..јас со моите деца нема д а бидам таква и тоа е.. Мојата золва може да дојде кога сака, во било кое време, да си го види татко и, бара помош парична секогаш и секкако додека беше жива свекрва ми мораше да и се помогне, сега само татко и ако има и дава..и така..живот...
Нема да те тужи ако НЕМАШ; за тие што се од социјално загрозени семејства постојат програми, не ги знам сите оти не ме интересирало. Ама ќе те тужи ако ти трефне дека го "нејќеш" повеќе. А имаш нели можности. Како што имаш до 18, на истото се мисли. Дете што не е студент не може да се води на твое ЗО. Студент може.
Да, заостанато ми е, извини вака. И секој што така размислува дека женското се омажило и нека не бара ништо од родителите ми е и ваквите како вас после од свекорот и од свекрвата ќе чекаат соби,а не од таму каде што треба. Поздрав.
Не знам дали постојат такви програми, јас никогаш не сум слушнала, ама кога ќе ми текне дека исплаќаат по 2000ден. социјална помош на четиричлени семејства, барем од тие стории што ги имам гледано, ова за студирањево ми е утописко. Па уште ако тргнат да бараат правда, адвокатот ќе ги чини бубрег и нешто ситно. Ах бе Каме, супер си размислуваш, ама ова кај нас не постои.
Свекрва ми често знае да "префрли" на мм- леб и сол јадев само и само да те искшколувам и да те 'направам човек'. Благодарение на неа бил 'тоа' што е денес. И само права мајка го правела тоа за детето. Да и се качам сега со законот да и кажам дека на неа тоа уствари обврска и' било. Нема сакала -Не сакала, била 'вистинска' мајка, можела -не можела
Каде напишав такво нешто? Јас кажав лично за мене и што би направила јас, а ти доколку сакаш и цела куќа побарај им ја, стварно не ме интересира. И не се оптеретувај, ниту барам од свекор и свекрва ниту од моите. Ако некој сака да помогне е добредојден, ништо на сила не им земаме ни на едните ни на другите. А ако си погодена од муабетите на членките за тоа кој колку треба да седи кај родителите, те молам одмини ме. Прочитај до крај кога си решила да цитираш или воопшто немој. Поздрав и до тебе