Ова важи само доколку мажот е невработен. А за пензија се укинува ако се омажиш. А зашто братот е тој што треба да земе се, а сестрата не? И после жалопојки.
Затоа и не знаеш за случај кај што дете тужи родител што не плаќа студии Тоа ќе прочиташ само ако родителот има, ама чатал се прави, 18 и ај мрш. На крај на денот, поентана на се' ова е таа - децата треба да имаат еднакви можности. Не е ок само едно да има можност да студира. Иначе познавам таков случај, патем. На девојчето рекоа - ти ќе се мажиш, брат ти ќе студира. Ене го брат и', уште "студира". Она среќа "се снајде" па студираше. И утре на брат и' да му рече - живеј си бате со снашка? Јас не би. Не би.
Ама сериозно, постојат програми за социјално загрозени студенти на кои државата им ги плаќа студиите? Или тоа е некаква еднократна помош, или можеби делумно покривање на трошоците. Јас навистина не сум слушнала, ако постои, баш ме интересира што е опфатено во тоа.
Не знам, затоа што како што кажав, не ме интересирало да прочепкам. Знам само дека од факс имав 2ца колеги ослободени од партиципација, друго си плаќаа. А како, што, стварно не знам.
Има квота специјални околности. Знам дека деца што боледуваат од нешто ништо не плаќаат, колешка со астма целосно е ослободена од партиципација, друг колега исто со ретка болест... И за нив и бодувањето е различно, може да се запишат и со 60 поени таму кај шо редовно 95 пример треба. А веројатно тука спаѓаат и тие категории што не можат да платат студии. На едно девојче исто и починаа родителите пред уписите, знам дека е во таа квота и не плаќа ништо. Имаше и статија на нет за неа каде се заблагодарува на државата што и помогнале да студира, така и уствари знам за неа и случајот.
Едит: стипендии постојат, ама не знам колку тие имаат врска со социјално-економски статус, мислам дека се врзани за успех на ученикот. Еве имало, ова е за 2019/2020 година Еве извадок, на МОН е подетално. @NarCis@
Да и ова го има, стипендии од прва група т.е за социјални категории. Само не знам колку во прва година стипендии даваат, мислам дека може да се аплицира за нив ама после во 2ра година тек.
Знам знам, само не бев сигурна за стипендиите, затоа отворив да видам. Иначе дефинитивно социјални случаи и болни имаат олеснувања, што како колку, не знам.
https://www.change.org/p/http-www-mon-gov-mk-бесплатни-државни-студии-за-деца-од-социјално-загрозени-семејства Имало петиција пред две години. Гледам не се собрани ни 5000 потписи. Може ако е нешто донесено во меѓувреме. https://vlada.mk/node/4886 Компјутери, ова беше во мое време. Земав јас стипендија, околу 3500ден. месечно со просек над 9 мислам се земаше, не ме држи за збор. Тоа беше стипендија за успех, не знам дали постои уште. Ама тие пари не можат да покријат студирање, особено не ако си од друг град. А кирија и сметки државата со сигурност не ги покрива. Ако имате црно на бело, за која сума се работи, може да продолжиме дискусија, вака само со претпоставки се служиме и нема поента.
Темава е снаи и золви. Отворив да прочитам нешто во врска со тоа, а не за образование и стипендии. Ај да се држиме до темата.
@CameliaMiller Ти уште сo зaкoни се рaсфрлaш кo дa си oткрилa тoплa вoдa. А дa пoчекaме искусен прaвник штo знaе дa читa зaкoни дa ни oбјaсни пoштo гледaм сите си ги убедилa.
А шо има камелија да ме убеди? Напишан закон е тоа. Само треба да прочиташ. Толку е едноставно. Е сега ако ви треба правник да ви го доизџвака веќе изџваканото (ако е тоа можно де) ... Викнете шо да ви кажам
Реков немам, пошто не ме интересирало никогаш, знам за "ослободени" случаи. Врз која основа, не сум прашала. Ова што споделив се стипендии, но тоа е различно од ослободување од партиципација за нешто.
Интересно ми е да читам колку спротиставени ставови има и нивните аргументи. Само да не забораваме жени, има и деца кои се права беља, едноставно народски речено непрокопсани, па малтретираат родители, можеби и сами биле малтретирани, наркомани, алкохоличари или едноставно емотивно нестабилни, се издераваат или често се во проблеми во кои и родителите сакале неќеле се вмешани. Кога детето би ми пораснало такво, баш ме брига што вели закон, нема шанса да се прекршам за да му оставам, боље ќе спискам на шетање. Ќе ме боли, ама да му тутнеш имот на коцкар на пример , е куршум во колено "codependency" психолошки. А за школо, факсот на брат ми чинеше 8 пати повеќе од мојот, па не барав 7/8 од сумата да ми се надоместат. Ете и не го заврши што е најинтересно, па сепак во мк и надвор заработуваше повеќе од мене со завршен факс. Прецизни мерки никој не може да направи. Ме исшколувале и фала им. Ќе се потрудам и моето дете безгрижно да студира иако овде и да земе заем за студии релативно лесно ќе го исплати подоцна. Ама, ќе се налутев ако на брат ми му купеа живеалиште а мене не дека сум женско. Фала богу и двата стана се сеуште на име на мајка ми, чак и не верувам дека некогаш ќе живеам пак во "мојот " стан. Сега овој овде е мој, што го купивме и исплаќаме со маж ми. Тој таму, што се мене тиче, нека и го остават на ќерка ми ако сакаат, ако не не мора, ама пак не би ми било сеедно пример неа да не и остават, а на внуки од брат ми да. Тоа е. Фала богу што повеќето што пишуваме овде имало што да се дели и купува и школува. Некаде за жал , нема.
Морам да ти кажам дека како повеќе те читам така повеќе ми се допаѓаш. И не. Не ти правам лице, озбилна сум
Во право е @CameliaMiller не се инати за џабе @Bridget И алиментација се плаќа максимум до 26 години ако детето студира. Нема сакам нејќам, ако студира мораш да го финансираш. Без разлика дали си во брак или разведен. Плус ако родителот е починат, детето ако студира има право максимум до 26 години да зема семејна пензија.
Јас на нет ништо не можам да најдам, така да или нема, или е нешто тајно. Ако е тајно, се прашувам зошто е тоа така? Нели треба да е достапно за сите? Ова е последно за помош за социјално загрозени студенти. https://telma.com.mk/univerzitetsko...endija-za-site-finansiski-zagrozeni-studenti/ Да нудеше државата помош, немаше никој да бега надвор од државата, и легално, и илегално. Какви капацитети си заминаа, сигурно не од мерак. Ова никој не го спори. Прашањето е дали родителите живи-здрави во брак се должни да плаќаат студии на децата?
Пишав без разлика дали се во брак или разведени се должни да плаќаат студии. А и нема логика да биде поинаку. Која е логиката кога си разведен да мораш да му плаќаш студии на детето, а кога си во брак не?