Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Ја сум дете на разведени родители па ќе ви кажам дека татко ми плаќаше алиментација и судски ми ја укина зашто бев вонредно на факултет.
    100% знам дека дете на починат родител зима пензија до 26 години (братучетка ми зимаше) , јас до 20 некаде зимав, после ми ја укинаа и бараа дури да ја вратам назад претходно што е плаќано откако сум се упишала.
    Не знам за должност на родител до 26 години да плаќа факултет, ми нема логика, оти не сите можат да плаќаат факултети на своите деца, не дека не сакаат.
    Леле до кај сте стигнале. :)
     
    На Biljarkata, Nausicaa, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.513
    Пол:
    Женски
    Оти сме чудесна земја :inlove: Реков јас поназад, функционира со повуци-потегни, ама изгледа понекогаш ни така.
     
    На Biljarkata и LadyC им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Да, се. Јас така знам од предходно, сега и прочитав така.
     
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.513
    Пол:
    Женски
    Ако, нека има таков закон. Само се надевам дека е дополнет, на пр. детето да не може да тужи социјално-загрозени родители или ако родителите можат да му ги платат студиите, детето да ги зема годините во рок, а не четиригодишни студии да ги влечка до 26 години.
     
    На Biljarkata и LadyC им се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Укината била зошто си отишла од редовен во вонреден студент. Таков е законот, ако и тогаш важел.
    Колку правилно било лично за тебе и твоите тогаш...

    Чудно е како секој муабет се извртува почнувајќи од лично искуство со незадоволство, за да се стигне дека нешто не чини неколку левела погоре на крај, за сите и цела држава.
    Шо убаво, поединци се безработници и нечуствителни повторно.
    Оти сме чудесна земја. :inlove:

    Ајде да разјасниме околу школувањето, па и околу купувањето на станЧЕ, родителите и ќе те школуваат ако сакаат, и ќе ти купат/остават станЧЕ ако сакаат. Ако не сакаат, нема.
    Ако има незадоволство, може да се поднесе тужба. Па каква и да е одлуката, ако некој не сака да ја исполни, пак нема да отстапи.

    И финално, ако нема еднаквост, и буквална и фигуративна каде не може буквална, нема однос. За респект се работи тука најправо, после доаѓа се материјално.
    Толку е просто. Барем за мене.
     
    На M.B. и Mikha4 им се допаѓа ова.
  6. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    @Snow-Star не сум. Директ се упишав вонредно и работев со решение.
    Можеби зашто бев во работен однос се укина, како и да е не секогаш до 26 се зима. Тоа сакав да го доловам.
     
    На SummerGirl и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Да, изгледа е заради тоа што си била во работен однос.
    Колку што разбрав, законот важи само за редовни студенти, а нели не можеш да работиш додека си редовен студент официјално тука, па треба од некаде да имаш прилив на средства.
     
    На cresa-jagoda и LadyC им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Затоа што си работела е укинато.
    Знам со сигурност, заради пријател мој, работеше строго на "црно" до 26, за да не му укинат пензија. Притоа студираше вонредно.
    Нема врска редовно/вонредно, работен однос менува.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Епа јас за вонреден студент морав потврда дека сум во редовен раб.однос. :)
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Сигурно.
    Што е тука е.
    И братучетка ми не смееше прилив да има на сметка, па исто на црно работеше да не и укинат пензија од мајка и. :)
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Биди среќна што не знаеш што значи грижа за старо лице, посебно ако не си стручен за тоа, да го гледаш со години залегнат, не е баш идилично како што прикажуваш. Никако не се исплаќа материјалното добро ако треба така да живееш.
     
    На S.W.A.G, Different7, NarCis@ и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.979
    Абе и едното и другото го има. Ова што го кажуваш е тоа догледувањето, што кажа Бриџа погоре, на човек од улица ќе му дадеш имот да те догледа.
    Праша пред некоја страна @CameliaMiller што со тие што имаат имот во странство. Пензиите се сегде мали. Старите се сегде болни, што автоматски значи трошоци. Сум чула, има легална шема, го даваш имотот/ станот под договор на извесна фирма. Или го продаваш некому, со истата клаузула- да живееш таму до смртта. За надомест добиваш кеш, веднаш. И така, си заминуваат, и имотот со нив. Тоа, кој има. Кој нема, и без имот некој ги догледува.
    Све је лако кад си млад. Кога не си млад, тогаш се е потешко.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    И тука постои таа можност.
    Можеш да го дадеш својот имот (секако се проценува вредност) за да те "дочуваат" во старечки дом.
    Си имаш од-до суми месечни, и има стари што така живеат, посебно оние кои немаат останато деца во државава.
     
    На cresa-jagoda, bittersweet и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Дали мене мама и тато помалку ме сакаат од едниот брат зошто му го плаќаа факултетот 5 години, а јас сама си го плаќав, а они должни да ти биле да ми плаќаат? Луѓе до кај отидовте на темава....
     
    На Biljarkata и Mikha4 им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.212
    Допаѓања:
    36.703
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. До 26 години не работев за да не ми ја укинат пензијата од мајка ми.

    @Nevenche26 децата треба да се гледаат подеднакво. Не се должни да ти плаќаат, ама не е во ред едниот да го финансираат, а другиот да трпи. Ако не сака да студира, дај му ги парите. Може сака некој бизнис да тера.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    А зашто на брат ти му било плаќано, а ти сама си плаќала?
     
    На Mantub и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.316
    Допаѓања:
    170.679
    Пол:
    Женски
    Можеби немале.
    Можеби она се осетила способна дека може и да работи и да учи.
    Може сакала све сама да си постигне у животот.
    Има многу причини...
     
  18. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Ме интересира на членката мислење, извини мила. :)
     
  19. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.316
    Допаѓања:
    170.679
    Пол:
    Женски
    Извинето:)

    Не ти е многу лично прашањето кон членката?
    Ме интересира мислење твое:)
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ме тагнала Камелија, па се враќав назад да прочитам, не успеав да прочитам, пошто се згрозив од некои коментари на демек ,,современи, модерни жени, феминистки,, :doh:

    Родителот е должен да го издржува своето малолетно дете до 18 години, алиментација и семејна пензија се земаат додека е на редовно школување, но најдоцна до 26 години. Родителот е должен да го издржува своето дете и по полнолетството до редовното завршување на школувањето, но не подолго од 26 години.

    Родителот не е должен имотот да го препише на детето. Па така, не само снаата, туку и ќерката треба да си натрти газот и да си створи нешто свое. Аналогно на тоа, паѓаат во вода сите тврдења дека овој имал право на имотот, оној имал право. Подеднакво право децата имаат само по смртта на родителот во оставинска постапка, ако имотот не е раздрлен за време на живот.
    А за време на живот родителот може да располага со својот имот и да го продаде, поклони, размени итн. Може и на комшија да го даде со договор за доживотна издршка. И никаков нужен дел не може да го оспори договорот за доживотна издршка. Нужниот дел е заштита на која може да се повика нужниот наследник само по смртта на родителот. Ама тој дел е многу помал од оној кој реално би го следувал наследникот. Еве само еден пример како може да се заобиколи нужниот дел, родител има две деца, од имот има една куќа и ниви во село. За време на живот ја поклонува(или со тестамент ја остава) куќата на едното дете. Тој договор никој после не може да го оспори барајќи нужен дел. Останале нивите, ете ти нужен дел за другото дете. Да се разберемее, сум за да на двете деца им се даде подеднакво, ова пишувам од правна гледна точка.

    Во поглед на темата, најдобро е оделено живеење, макар и под кирија. Ама ако некоја снаа ете нема можности да се оддели одма, па живее во заедница, не треба да е третирана како куче и да трпи се и сешто само зашто дошла да живее во заедница. Тоа прво е непочитување кон синот од страна на неговите родители, после е непочитување кон снаата, а на крај е и одраз на некултура!

    Друго, има многу случаи каде додека да се земат младите, старите не сакат ни да помислат синот да им се оддели, па као зашто они праеле куќа, и идат синот и снаата да живеат во куќата, реновираат, вложуваат пари и секојдневно допринесуваат во домаќинството и после пу пу не важи, снаата не смее да зуцне оти кралицата ќерка која има своја куќа и семејство решила малтене да се пресели кај мајка и и татко и. Кога станува збор за вложување и давање пари старите никогаш не викаат не чекај, не вложувај, ова е и на сестра ти, ќе вложи и таа. Или во најмала рака да кажат не давајте пари во нешто што утре ќе биде на пола со золвата. Они тогаш најчесто мудро си молчат, во многу случаи дури и потикнуваат, па ајде ова на вас ќе остане, и после кога ќе си заседне золвата на гости пу пу не важи, она си е дома. Работам со оваа проблематика, сум се наслушала се, и сум сфатила дека најголемите проблеми уствари ги прават самите родители. Наместо да седнат и да се договорат дека ако се живее во заедница, тоа е и дом на снаата, па да се посоветува ќерката да има малку повеќе осет, зошто сепак ситуацијата веќе не е иста, снаата малку повеќе трпение, да се посоветува синот да одржува рамнотежа меѓу жената и сестрата, не, полесно е да се храбри ќерката да дојде и да и се измоча на снаата на глава, а на синот да му се каже дека ако на снаата не и одговарало да ја пољубела вратата од надвор и да си направела свое.

    Зашто има милион ситуации, треба да се погледнат од секоја страна, не само од мојата и на ќерка ми. Истото важи и за снаата и синот. Зашто сепак животот е непредвидлив. Зашто и таа ќерка некаде е или ќе биде снаа. Па ваљда на нејзините родители нема да им биде миле некој да ја третира ко слугинка. Почит, разбирање и осет од сите страни и нема да има проблеми. И навремено разговарање и отварање на карти за да се биде на чисто.

    Јас познавајќи се себе си никогаш не би можела да живеам во заедница. Затоа уште од старт елиминиравме тоа и немам проблеми. Несакам да делам дневна со никого, за вц па и да не зборам. Не сакам да ми чепка некој по кујна, по спална. Или да дојдам од работа и додека јадам во дневната што ја делам, да слушам тв пуштен на најјако и турски серии у велико. Гости исто не сакам не најавени, нит пак негде одам ненајавена. Затоа мислам дека би ми сметала золва ако секој ден доаѓа. И не е дека немам социјален живот, баш напротив. Често викаме гости и одиме на гости, излегуваме, се дружиме, ама кога сакаме ние, со кого сакаме и како сакаме ние. И моите и неговите ни доаѓаат на гости, и јас им одам на гости, најавена секако. И тоа е тоа.
    Осет, осет фали. И малку намалување на егото и она ја ја и само ја. Ако треба и низ лешеви ќе газам ама ќе бидам ја.
     
    Последна измена: 19 мај 2020
    На flower30, Pelargonium, Mimmi39 и 18 други им се допаѓа ова.