@BoaVista и ќерката треба да има свое. Ама и снаата е нечија ќерка. Нема логика (за мене) золвата да си купи стан, а снаата да очекува имотот да припадне на синот. Се согласувам со твоето мислење за почитта. Ама тоа би го рекла и за снаата. И она да ги почитува свекорот и свекрвата и золвата/деверот. А не постојано да се жали дека доаѓале. Пак ќе кажам. Идат кај мама и тато, а не кај неа. Се знае кое е решението ако сакаш мир во куќа. Ако сакаш ќе успееш. Ама не сака секој. Полесно е да се живее во заедница и да се чека да умрат старите за да се наследи куќата.
Зошто брат ми не се осеќаше спремен да работи и да учи, тежок факс учеше, а јас си сакав свои пари уште од 18 години, не ми беше под чест да сум келнерка, сакам и сметав дека можам да учам и да работам, возачка побрзо сакав и после тоа кола сама што ќе си ја купам, за да си кажам дека све сама сум си овозможила, а не на 25 години да чекам пари од моите за кафе. Мајка ми сакаше да ми даде 3000 еур за кола, ама јас сметав дека нема потреба, додека брат ми се лакомеше и по тие пари. Едноставно не гледав потреба од тоа и тоа е тоа. А од дел од куќа и имот не се откажувам.
Сакаше да студира исто и јас. Јас сакав да си го платам се тоа сама и да можам да кажсм дека се тоа сама сум го постигнала, се огледувам и ден денес за се на најстариот брат, едноставно САКАМ да си овозможам се сама,а брат ми сметаше дека треба да му платат и да седи дома и учи. Мајка ми ни за ред чоколадо не не делела, ова не го сметам како делба. Едноставно јас нејќев
Не ме сфаќај погрешно. Машките деца не знам дали некогаш (некогаш, не секогаш и не конкретно во твој случај) се третираат како неспособни, или поомилени, или едноставно ко што би рекле у крајот кај мм, се роди ДЕТЕ, а за девојче се роди мома. Знам дека е само израз, ама многу ми смета еве мене лично... Ние се можеме... Алал да ти е инаку. Браво. И не е келнерка за потценување. И јас сум била пар пати. Повеќе знаат да заработат од дел од државна администрација.
Ејјј што збориш..сега се изнервирав. Мајчинска љубов треба да е безусловна, треба да ги сака 100 проценти сите деца без разлика на карактер. Безусловна. Без никаков исполнет услов. Прости и, чисто ти да не се нервираш. Таа згрешила, ти ништо. Јасно ми е како е со таков родител, верувај ми многу ми е јасно
@BoaVista малку е лајк за муабетот. длабок поклон и за муабетот и за живците да го срочиш како што треба. Мислам после ова, може да се одјавам од темава.
Само да се надополнам за издршката на полнолетно лице до навршување на школувањето односно 26 години, зашто гледам се развила дискусија и за тоа и мислам дека несогласувањата се во различното толкување на терминот издршка. Издршката значи дека родителите се должни во тој период во кој детето редовно студира(значи нема можност да работи пошто студира) да му овозможат основни услови за егзистенција. Не можат да го истераат од дома, иако е полнолетно, пошто не работи и не може да си обезбеди стан и слични такви основни потреби. Не значи тоа дека ако детето сака да иде на колеџ во кој 2000 евра е семестар, тие да се должни да му платат. Должни се да го издржуваат, ако имаат пари ќе платат партиципација, ако не, никому ништо. А што е лесно да се живее во заедница и најубавите години да ги помине со золви, девери, сватови, свекрви, па после у 50 и да наследи имот шо ќе и е? Кога најубавите години ги минала во нервози. Незнам, јас сметам дека за се треба претходно да се разговара. И тоа е должност на родителите. Уште пред да чукне тапанот, да си седнат и да си се договорат со децата( тргни настрана снаи и зетовци). Ова н тебе ова на сестра ти. Синот ќе живее тука со снаата, автоматски тоа значи дека ќерката е веќе гостинка. Пак ќе си појде на гости, ама со усул и осет.
Е па не размислуваат сите исто како мене и тебе. Ама некогаш смета што ќерката доаѓа. Што барала да иде. Мажена е. Очигледно снаата не е доволно воспитана од дома. Затоа ја напишав свекрвата како пример. Многу ретко оди кај брат и. Тоа веќе не бил нејзин дом.
На мене ми вика свекрвата - Што бара сестра ти да доаѓа. Мажена е. Си има своја куќа. А сестра ми живее во заедница. Јас и викам - Ако сестра ми се разведе, кај ќе оди? Нема сигурно зетот да си оди. Не можеш да се разбереш со такви жени.
Е сегa дoлжни се или не? Гaрaнт и Кaмелијa не сфaти aмa вaжнo лaјкoви стaвa. Прaшaњетo Бoa е: Мoрa или не мoрa зaкoнски? Дa или не. Мoже дa се тужи aкo не сaкa фaкс дa ти плaти? Или дoстa е сaмo oд дoмa дa не те избркa? @BoaVista Пoштo Кaмa се рaсфрлaше сo сигурни изјaви декa мoрa фaкултет дa ти плaти. Зa мене -издржувaње знaчи целoснa финaнсискa пoддршкa дoдекa студирa, не знaчи сaмo сoбa дoмa.
Без оглед дали се должни или не да плаќаат студии, и понатаму немаат право да избркаат дете од дома на 18, ако студира. Тоа е и поентата, бидејќи ти беше уверена дека на 18 им престанувале сите обврски. Ама не е баш така Бриџ.
А сегa ќе се прaвиме декa другo сме збoреле Убaвo си стoи, знaеме кoј штo збoреше. Знaчи, не мoрa дa му плaќaaт фaкс, не е зaдoлжителнo, не мoже дa ги тужи, a зa бркaње oд дoмa никoј не збoреше. Фaлa мнoгу, пријaтнo. П.С Кoгa сме веќе тукa @BoaVista мoжеш дa избркaш дете oд дoмa кoгa ќе нaпoлни 18 и не студирa a тoa штo студирa не смееш? Штo aкo гo избркaш нa 18 и пoсле некoјa гoдинa реши дa студирa?
Да во право си, меѓутоа во нашиот случај не е така. Кај мене дома дека 3то и женско сум,можам да кажам дека јас бев со најголемо внимание растена и да речам "размазена". Е сега, средниов брат, беше под влијание (и уште е) од неговата тогашна девојка, сега жена. Она го убедуваше дека моите треба него највеќе да му дадат, од незнам која причина, зошто нејзините се доста имотни и на неа и сестра и им купија станови пред да се мажат и се тоа супер, нели убаво, ама снајчето мое беше убедена дека моите треба исто така едно 50000 еур да му даделе на брат ми, зошто нејзините дале, па кога ги седна мајка ми и рече толку и толку имам да дадам, колку на првиот, толку на вториот, толку и нс третата и крај. Па не и се свиѓаше тоа, па ја пушти мајка и, да збори со мајка ми демек малце пари заработувале она и брат ми, не им стигале, да ги потпомагале двеве со по 50 еур месечно, демек за сметки, зошто се несбособни на 30 години. Па ситуацијата ескалира кога си купив кола, а снајка беше убедена дека моите ми ја купиле, зошто јас со келнерската плата нели неможам да си купам кола, кој ми дал мене кредит, 5000 еур, на брат ми требало тие пари да му се дадат, не мене. Можам до утре да пишувам, еве ви пример за лоша снаа и иако не живеат ни со моите, а со мене се 100 км оддалечени сеуште пика прсти во нашите животи. Иначе воопшто не ми беше проблем да работам келнерка, искрено полошо ми беше во маркет, ко келнерка барем куп бакшиш имав, келнерска плата факултет ми финансираше и од неа солидна кола си купив
Не, не зборевме тоа, тоа ни е вториот дел. Да те потсетам: Муабетот почна од болдов. Иначе, ќе почекаме да видиме дали не се должни или се должни да плаќаат студии, од причина што редовен студент нема како да обезбеди средства Изгледа доктори ќе се само оние што ги сакаат мама и тато, а, Бриџ?
,,Родителите имаат должност да ги издржуваат своите малолетни деца. Родителите имаат должност да ги издржуваат децата и по навршување на полнолетството, се до завршување на редовното студирање односно до 26 години,, Значи јасно е, да ги издржуваат додека се школуваат. Не мора да ги школуваат. Јас не ви ги прочитав муабетите од претходно, така на скролање само. Вечер ќе читам Уште сум кај делот у кој снаата треба да пољуби врата од надвор
Не знам да везам Не случајно ги тагнав, да ни разјаснат. Ете, не мора да плаќаат студии, но и понатаму не можат ни да ги избркаат од дома. Освен тоа, @BoaVista имам читано што се подразбира под издршка на дете, за да не шпекулирам, дали е утврдено како е издржувањето? Има врска со примањата на родителите? Процент, итн?