ја ви пишев овде за да ми поможите зош снаава почна сериозни закани дек ќе заминела, за да не е брат ми сам, не сакаме ние да е без жена, зато ви парав помош, а вије трол ме напрајвте, што и да значит то, јас не знам каква навреда е. сите вие снаи ако мислите така шо сте се мажеле бе, мислите како дома ќе се понашате. ја во спалната влегувам и сегде влегувам од чејф зош е то мое, јас сум живееле тука, нема некоја друга мене да ми се прави госпоѓа во кујчата. јас имам и факултет и голема плата и сум многу попаметна и повозрасна со искуство, а таа со 25 ми се прај паметна. е толку од мене, сите ме осудивте одма, а не се ни потрудифте да ме разберите. зато не ви пиша појче ќе најдам помош од друг.
^ Добро жено дали се слушаш ти што збориш. Како можеш и како не ти е срам така да ја малтретираш снаата. Па уште викаш паметна се правела. Зошто се прави паметна? Затоа што сака да си има прватност, ти знаеш ли дека не се влегува во туѓа спална каде што спијат маж и жена тоа е основна домашна култура. За жал ја немаш очигледно. Па јас не знам како и мајка ти те подджува. Сте и ги фрлиле кифлите? Море ти да си ми мене золва ќе ти го кажам јас не тебе вицот. На снаата и е мерак да си направи нешто за маж и и место вие да ја поддржите, вие и одмагате. Оооо Боже што се крепи земјава, зар постојат уште вакви луѓе, со вакви сваќања? Сакала да си оди дома? Море јас на нејзино место никогаш више не би стапнала кај брат ти покрај таква золва и свекрва. Ај гледај си за тебе дома и не се мешај каде што немаш работа. Тие си се посебно семејство и нема што ти да им кажуваш. И 10 факултети да имаш исто ти е. Всушност со факултетот не докажуваш дека си многу паметна. Стави се на нејзино место, како ќе ти биде тебе да ти правеле така или утре на ќерка ти некој тоа да и го прави. Свашта.
Абе едно што си паметна, баш се мислев има ли попаметна од тебе. Само не кажа кога им влегуваш во спална, навечер, наутро, кога спијат или кога... Си го купи местото па да е твое или како? А кај свекрва ти чие е местото??? Ти нормална си или ти фали нешто??? Дојди мене да ми влезеш во спална или да ми ги фрлиш кифлите е дури тогаш далеку ќе ти се види КУЌАТА НА СНАА ТИ. А и треба да го остави брат ти, тој е виновен што вие така сте се ослободиле, а не она. Па и зашто не, има 25 години сигурно ќе најде некој со НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВО
Како што разбрав ти си омажена, затоа тоа веќе не е твоја куќа, твоја куќа е таа на маж ти и таму гледај ти чисти и готви место да ја критикуваш снаата, дан останеш ти без маж од правење смутки на снаата.
Ова навистина е за чудење! Мажена а сака на 2 столици да седи, па и дома и кај братот да командува, не за друго, чисто од инат! Да си свесна па да се запрашаш на кого му правиш инат и зло?!?!?!? На жената која ќе му роди деца на брат ти - поточно на брат ти му го загорчуваш животот, и го тераш да се прави маж, да не излезе мекуле пред даде, па да ја покрои жена му?!?!?!? ЦЦЦЦЦЦ имате среќаа со тоа снајуле, кој знае колку ве трпи...А и треба да дојде кај тебе да ти прошета по спална и да ти прочепка, како ти што мислиш дека е нормално. И јас имам брат и никогаш никогаш нема да го терам да бира меѓу мене и жена му, како што ти на некој начин правиш. Греота е да му уништуваш нешто што му значи, само да докажеш која си?!?! Ја не знам што не те подбере тоа твоето мажуле...... кога веќе и мајка ти збудалела ко тебе........
Да ми извиниш на комплиментот ама си забегала . Не се мери паметот на човекот со факултет и плата . Значи таа му е сопруга на брат ти и нормално е да си ги земе на себе сите обврски околу брат ти готвење перење и сл. Како и кифли правење штом си има посебна кујна ке си готви таму . Не за џабе ја има ке си праи кифли на маж и. Она нема намера да ви го земе брат ти, туку се грижи за него зашо тоа е обврска нејзина. Туку ја да се пожалам од моево снајуле усте не официјално ама откако брат ми бре појде со неа. човекот тотално се смени дома никого не рецка се по кејф треба да им идеме инаку ние не сме ја сакале. Ја незнам што му направи . Го навредува ваков таков и еднаш и пререков брат ми не е сејак па колку и на шала да си го кажала тоа ( тоа мегу вас викајте си го ) и ми се налути не сака муабет да ми праи веке. А брат ми невиден папучар не сака да иде на гости ако не ја викнат и неа . Дури се лути . Никого од дома не рецка само на неа мисли.
Извини золвичке ама со твојата диплома слободно избриши си го г****. Па зар само факултетот и парите го градат човекот, каква е таква е брат ти си ја одбрал за жена и оставете го на раат човекот. Јас мислам дека ти немаш работа не знам зошто таков впечаток имам, па ако одиш на работа како имаш време за дома, за децата, или ти си преселена кај мајка ти. А твојот брак толку ли е идеален или маж ти е шофер? Мене така ми се чини работава ти од ДОСАДА и од ИНАТ и се мешаш на снаата. ууу да си на мене не моите кифли да летаат надвор ами ти со летачкиот плех. Навистина немам коментар . А за помош од друг ќе те обратам на психијатар тој најдобро ќе те разбере и се надевам помогне,земи ја и мајка ти да ти прави друштво.
veke izvesno vreme ve citam no dosega nemav pisano,ama po ova sto go procitav nemozev da se vozdrzam i jas sum zolva i imam zolva ama vakvo odnesuvanje nemam videno. kako edno brat ti ja odbral nea sto sakate vie snaata u kuka da stoi kako ukras i nema pravo na nisto ,taa kuka e veke nejzina koja si ti da i taraskas po sobite ,sedi si doma i glej si decata i kukata, zolvataa pravis ogromna greska. tesko na snaata i bratot so takva osoba kako tebe gi zalam.a na kraj kraeva pa sto mu dozvolivte na bratti da se zeni koga ve ima vas
ама нај сериозно треба да сватиш што ти напишаа сите тука,треба еден добар психијатар да си фатиш и да идеш кај него ,еднаш пишеш едно еднаш друго стварта е што ти не ни знаш со пишеш,еднаш како да ја средиме после бараш совет како да остане ,золвиште едно ако си иде она и 10 чени браи ти да зима сите ке си одат од вас две,како смеете бре не сте тачни скроз,ке и влегуала у спална,не е мајкати тамо па да идеш у спална нивна,ја се чудам како тој брат ти извини вака токмак не ве фатил за коси двете,па уште фрлила кифлите,иди тамо кај што живееш тамо фрлај или не те сакаат пошо колку со прочитав не си тачна па мораш секој ден кај мајкати да одиш и да си седиш цел ден а?
читам и не можам да поверувам, што се не шета по светот наш, тешко на твојата снаа што чудо имала од золва, ако остане со брат ти тешко нејзе што ќе мора цел живот да ве трпи и тебе и мајка ти, слободно може да ве пријави како случај на семејно насилство..
Случајно ја отвоиф темава и не ми се верува што читамм останав без зборовии тешко на снаата... мене да ми се погоди некоја ваква како тебе како што сум потмпераментна уште втората ден ке сакам да се одделам од вас или па ке си одам кај мајка ми ја не сум на патот најдена за некој мене секојдневно да ме малтретираа божеееееееееее
Pa ti zeno si psihopat ... Nekoj da mi kazuva so kako da pravam kako snaa??? Alo glava ludo ziveeme vo 21 vek i nikoj nema pravo da ne maltretira ni fizicki ni psihicki.. I sto ako imas ma fakultet koga si seljanka , koga nemas pamet ... Samo ke kazam STRAMOTA pa ako imas i ti kjerka da dade gospod taka da maltretiraat kako sto ja maltretiras snaati. A, da gi ima sekakvi lugje nistozni kako tebe sto se zagreota a ne kako kutrata snaa sto ve trpi!!!
Мене ова воопшто не ме чуди, поради две причини: 1) - Лично познавам вакви семејства, а најблиското ми е в комшии Спојлер (имаат млада снаа во куќата која е безгласна буква, девојката буквално е потчинета, дома претежно седи затворена в соба, свекрва и и золва и се главните фаци во куќата, золвата живее блиску и секој ден им доаѓа и наредува, а мажот од девојчево е уплашено мажуле, потрчко на мама и цеца, не смее да им оди контра. Девојкава не ни помислува на развод поради срам од околината) 2) - Последователно на претходново, познавам и такви золви, прави змии, кои мислат дека во се` се нај, тие се најдобри, никој околу нив не чини, и секому кому можат му наредуваат. Да не станам досадна, Спојлер (ама сум пишувала дека и мене ми влегувале во спалната и јас не смеев пола збор да преречам итн...., така да, воопшто не ме чуди...) Многу жално....жал ми е за ваквите снаи кои немаат храброст, кои молчат и трпат...
А ја познавам и семејства каде на снаата на крајот ќе и' пукне филмот и кога ќе го нема свекорот или свекрвата еден ден да ги командува сите и да им расплаче мајка на сите. А ти золво, каков совет сакаш? Да ти кажеме „стаи и' отров во јадењето“ ? Таа не е измеќарка таму. Ако тоа не е нејзина куќа, по некоја логика не е ни на мајка ти (ако ме разбираш). Таа е сега дел од семејството и МОРА да се прифати како таква. Не да ја сакаш како семејство, туку да ја почитуваш како дел од семејство како таа што ве почитува сите вас. Инаку...
Во право си е жената, кифли без прашање ќе праела...не во канта, на улица требело да ги фрлит и два-три шамари да и влепит...Та сигурно не знаи во дупо да си брцнит, кифли ќе праела...Што мислит таа кај се наоѓа? Има да молчи и ако сака во спална да си влезит прво два прсти да кренит, да ја праша свекрвата и золвата дали можит, како шо е редо...Така ами како, таа ќе ви се занесват таму...
Золво да те прашам нешто. Да не им светите со мајка ти во спалната додека се сексаат и прават дечиња брат ти и снаати? Мајка ти да не вика ајде сине, то сине, не и давај она одозгора да е, ти си маж, не она! И ги јадете кифлињата наместо пуканки додека ги гледате. Каков народ постои, кои псхипати живеат околу нас. Ти си основала семејство и си имаш нов дом сеа, а брат ти си основал дом со својата жена и тоа е нивна куќа, не твоја, твојата у комшии, чие што ново презиме носиш. Нема зашто тебе да те прашува за совет снаата, ни да ти дозволува во нејзината приватност да влегуваш. Глеј си го твоето семејство, глеј ти да не си го изгубиш тоа, оди гзот многу на страна ти оди.
Ауу болна работа, подитно да ја скротите снаата. Не знам може на пример да ја врзуват за некое дрво надвор или пак полско веце ако имате уште подобро. И една јаболка бутнете и во уста за да не грачи. Дрго не знам што да ти кажам Тешко на тебе низ што маќи минеш.За греота си!