Дури сега гледам таг, а и Боа веќе се кажала. Цело време работам работни односи, ХР, али од скромно искуство и стажирање, немам сретнато дете да тужи родители зошто не го пратиле на факултет. Да, должен е, ама не мора. Не верувам и дека ваква тужба ќе помине.
Има и фамозни примери каде родители издржуваат деца кои кобајаги " студираа" а у суштина изгубија право на студирање после доста квадрати и кубови. После родителов виде- не виде, ги убута државно на работа каде се кладам дека нишаат врата. Златна мк.
И само уште нешто да напишам во контекст на темава, пошто читам и неможам да стигнам да дочитам. А богами и неможам да се изначудам на логиката на некои членки. Што ми требаше да се зачитувам во темата, еве незнам. Ајде све тоа, разбравме дека снаата е на последно место, дојдена, ќе ќути и не смее да каже збор против золвата оти ќе лета, се тупнала у туѓа куќа, прво сите други па тогаш она, роб, слугинка, неспособна да заработи и створи свое, и што уште не. Феминизам на ниво. Е од друга страна ќерката морала да има дел од куќата на мајка и и татко и зашто ако се разведела немала кај да се врати. Упс. Чек сега како немала кај да се врати. Ја па мислев ќерката е све спротивно од снаата, мислев испотила гзот, створила свое, наспроти снаата готованка, кога оно и она се тупнала кај некого, и таму треба да биде роб, слугинка, задњо дупче на свиралче. Али затоа кај мајка и у куќата увек ќе биде прва. Добро, не мора прва, ама пред снаата. Мислам се читате ли? И после пишувате за современост и 21 век. Ма дај молим те. Какви раздори правите меѓу своите децата свесни сте? Зашто ондак луѓе стапуваат у брак ја незнам. Најарно секоја мома да си седи кај мајка и, така ќе биде прва у све, и најубава и највредна и најпаметна. Све нај нај. Дом на снаата е таму кај што е мажот, исто и на ќерката. И овде не зборам од материјален аспект. Поделете тоа имотите со време, подеднакво, ама дајте им бре на младите мир! МИР! А тоа не се купува ни со една куќа ни стан ни нива, ни кола. Што дека ќе му ја оставите на синот куќата ако цел живот сте го тероризирале? Што дека ќе и дадете на ќерка ви дел од вашата куќа кога индирекно сте ја научиле дека снаата е роб, слуга, безгласна буква. Сте ја тупнале кај свекрвата де. Да седи кај мажот и да молчи, па да дојде кај мама и да да се издува, пошто кај мажот и е безгласна буква. И жалното е што не гледате дека сакајќи да ги заштитите најголемата штета на своите деца ја правите. Ако толку се повикувте на современост, едуцирајте ги децата, место толкви куќи за кои утре очи ќе си вадат, вложувајте во нивно образование, едукација, занает, бизнис, за да утре и синот и ќерката сами можат да застанат на свои нозе. А не да се плашат некој да не ги избрка или да не им даде уста да отворат. Не да бидат ваши робови или робови на свекрви и свекори, пошто сте ги врзале со куќа. Читам и се чудам, мислев дека сум видела и чула све, ама до овој степен богами не сум. И мило ми е што не сум опкружена со такви луѓе. Еве одма полесно дишам.
Само едно сакам да прашам цело време: дали ако золвата има право да оди во домот на родителите секој ден и да седи колку сака, дали истото право го имаат и родителите да доаѓаат секој ден кај золвата на гости и тие да седат колку сакаат, затоа што ѝ оставиле некакво наследство? Или, подруго е?
@NarCis@ золвата оди затоа што на родителите им одговара да оди. Истото важи и обратно, ако на неа и' одговара, секако дека ќе одат, зошто да не?
Мнoгу еднoстaвнo прaшaње беше сo еднoстaвен oдгoвoр. Не мoже -дoлжен е aмa и не мoрa. Или мoрa или не мoрa. Или имa oснoв зa тужбa или немa. Тoa штo немaлo тужби дoсегa небитнo е. Кaкo штo мoже дa ти викнaт сoцијaлни служби и oдгoвaрaш пред зaкoн aкo не се грижиш зa мaлoлетнo дете, тaкa се бaрaше и oвде, мoжеш ли дa oдгoвaрaш пред зaкoн? Oчигледнo не. И другo штo ме зaнимa, кaкo тoa aкo се рaзведени рoдителите мoжеш дa гo тужиш едниoт aкo не плaќaл aлиментaцијa дoдекa си студирaл дo 26 гoд a aкo не се рaзведени не мoжеш дa тужиш? Акo oдлукaтa зa фaкултет е зaедничкa oдлукa нa сите дoмa спoред тoa дaли имaaт или немaaт пaри, кoј гo прaшaл рoдителoт oд кoгo се oчекувa aлиментaцијa дaли се слoжувa дететo дa oди нa фaкултет и дa гo издржувa? Тoгaш излегувa декa -мoрa. И зoштo зa едните мoрa a зa другите -не?
Како мислиш домот е од бабата и дедото? Се' што не е на имотен лист твое, не е твое. Золвата не оди "кај себе" туку кај родители оти на нив не им смета. Нејзино е после, кога ќе добие пола. Под претпоставка дека ќерката и зетот имаат свое купено, да, треба и на зетот да не му смета, исто како и за свекрвата. Но ако живеат кај родителите на зетот, ќе треба најпрво на нив да не им смета. Не може да ти смета некој во нешто што не е твое. За мене е тоа правило, закон. Не може да ми сметаат на мајка ми дојдени, кој сака нека е. Исто и на свекрва ми. Може да ми смета само во мое, она што јас ќе го создадам. И во она што по смртта на моите ќе го наследам. Пошто тоа е муабетот, золвата 0, братот 100
Снаата ако вложувала во тој дом, нема право на глас? По таа логика, ако живеам под кирија, газдата може да ни упаѓа секој ден, пошто е негов станот, иако ние плаќаме кирија секој месец. Не сфаќате, дека золвата е нечија снаа и исто може да биде третирана. Се залагате за права на една група жени, тоа не е феминизам.
Феминизам е да се залагаш за сите жени да станат самостојни. Феминизам е да се залагаш да не добива едното дете повеќе само затоа што е машко.
Никаде не реков дека нема право на глас, ни во оваа тема, ни во темата со свекрви, дури нешто друго тука кажав Има право на глас, нема право да се буни ако доаѓа золвата кај своите родители, пошто на родителите им одговара. Баш за да се избегне овој момент, кирија е фина опција. Не знам дали е феминизам или не е, но муабетов мој нема врска со снаи, туку со давање предност, во се', па и наследство, на едно дете, во муабетов синот. За мене е тоа крајно погрешно, и ете, од оние без осет сум. Не ми е гајле кому сметам кога одам кај баба ми, пошто она живее во физички дел на мајка ми, на хартија, која за мене е пренајбитна. Може да ми смета деверот кај нас дома, нашето дома, а не во на мајка му домата, без оглед што има тој кај да живее. Внуците може 5 дена неделно кај баба им да се, мене не може да ми сметаат. Џабе ќе се објаснуваме, на крај доаѓаме до моментот "осет", за мене е осет ни под разно да не живеам со свекрва ми, ни под разно да се побунам или пожалам од нејзин начин на живот пошто она си е во свое, да баш свое, што со маж и' го стекнала. Добра волја нејзина е што не прави проблем кога спијам таму. Не ми е должна ништо, а најмалку да ме става пред синовите и внуците и за мене е тоа ок. Баш заради тој осет ни кај моите дома не правам што сакам, пошто е нивна дома. Ама не е и не може да е на сестра ми повеќе, никогаш. Мислам, технички може, но ако се почувствувам загрозена, посебно од свои, нема опроштај од мене тука. Од родители очекувам еднаков однос према мене и сестра ми. Од родители на мим не очекувам баш ништо, како снаа, не ми е гајле, тој нека си мисли. Тоа е мојот осет или неосет. Не се осеќам должна да живеам добро со некој што ме става во подредена позиција. И верувај, не живеам. Немам проблем со прекинување врски со фамилија.
Бриџит битно е дали има или нема судска пракса, зашто и пресудите се извор на правото. Односно, ако некоја работа не е решена до крај, судијата кој суди бара судска пракса да види како претходно се одлучувало, заради уедначеност на правото. Јас реков не сум сретнала досега, и ако стварно нема, а некој тужи тогаш предметниот судија може да пресуди по свое убедување, односно како тој го толкува законот, а најчесто ако нема судска пракса предметниот судија се консултира со повисоки истанци и експерти и на тој начин се формира судска пракса. И судската пракса е многу потребна, зашто ниеден законодавец никаде во светот не може да регулира толку различни ситуации, кои зависат од многу различни околности. За вториот дел, во постапката по тужба за алиментација, како предмет на спор наведуваш -неплаќање на издршка, не неплаќање на школарина. Таа издршка е утврдена во пресудата за развод на брак. Тужбата за неплаќање на издршка е нова постапка заради неспроведување на претходната пресуда. И различна е ситуацијата, зашто при развод судот го доделува детето на едниот родител. Аналогно на тоа на другиот родител му досудува трошоци за детето во вид на издршка. Кај тужбата за неплаќање алиментација едниот родител уствари ништо не допридонесува за детето, нит храна нит облека. А ние овде нели зборевме за полнолетно дете кое живее со родители, студира, хрането, чувано од нив (значи детето сепак прима издршка), ама не му плаќале школарина. Дали ќе биде тужбата одбиена како неоснована? Незнам. Дали ќе му се досуди издршка за школување (зашто оно секако користи еден вид издршка со тоа што живее со нив и го хрнат, плаќаат сметки) исто незнам.
Па тоа збориме, дека золвата нема осет. А снаата нема право да се буни, пошто нели, домот е повеќе на золвата отколку нејзин. Има право да се буни, ако и таа допринесува во тој дом, затоа што и неа ѝ треба одмор, а и да се посвети на обврските на домот кој е нејзин кога треба да се сработи во него, а не е нејзин кога има гости (да, гости се золвата со децата). Или па и снаата секој ден да си ги носи нејзините родители или роднини по неколку саати, пошто има право, дека нејзин дом. Или не е нејзин во тој случај? Испаѓа кому-како-кога му одговара Знаеме како е најубаво и најдобро. И јас како жена што сум живеела и сама, и со дечко, и со маж и дете под кирија, и со маж и дете во куќа на свекор и свекрва, иако тие не живееа со нас, сега во наш стан за кој отплаќаме станбен кредит, имам разбирање и за снаата и за золвата. Оти сум и золва, и снаа истовремено. Ние ден денешен не одиме кај родителите без да се најавиме, пошто за почит се работи, а не дека ми следи нешто. Друго е ако на снаа ми ѝ сметам воопшто во нејзиниот живот и да не сака пред очи да ѝ се појавам, али нормално дека ќе сметам на функционирањето на заедницата ако одам секој ден и им ги реметам нивните обврски. Моите ако сакаат да ме гледаат секој ден, може и во мојот дом да доаѓаат, не мора секој ден јас кај нив. Тоа е осет, култура и почит спрема сите. А ова што се случува кај членката е класично "ми се може" и ништо друго.
А снаата не е жена? Чуден овој вашиот феминизам. Ај обратна ситуација, ќерката довела домазет, братот се снашол и живее во посебен стан и секој ден се тупнува при мама и тато со све деца. Одмара со нозе у вис во една дневна два на два, пие по три четири кафиња оти му се може. Бабата и дедото трчаат по внуците, зетот безгласна буква нема кај да седне, ама ќе ќути и трпи пошто мора. Ќеркава дошла од работа ама мора да слугува секојдневно на братчето и децата. Снаава од братот отишла у салон за маникир, дома и е чисто, средено, друг и чува и рани деца, маж. Ситуацијата врие, зетот и ќерката секој божји ден се караат оти реално у такви услови ретко кој би останал нормален. Е тогаш дали ќе зборите исто незнам. Кога се работи за ќере, боли. А снаата кој ја ферма. Разберете еднаш, нека се подели имотот на пола, и јас сум против било какви фаворизирање на деца, ама бре дајте им на луѓето мир. Подобро заклучете две соби за ќерката, ама остајте ги у другите две да живеат како што сакаат.
Ај опиши ми ги овие ситуации кога золвата ќе се разведе и кога нема да има кај да оди пошо братот си е женет и си има деца, таа нели имала нејзин дом друг зошто да им го ремети мирот. Не е дека за ќере боли. За било кој да се најде во иста ситуација исто ќе мислам. Ако има нешто да се подели, се дели еднакво. Ако нема што да се дели, сите деца се снаоѓаат сами. Ако снаата имаше толку големи права на домот во кој се омажила, прво немаше на форум да пише, ако мене некој во мојот дом ми пречи, ќе му речам да не ми доаѓа, се знае што се прави, не се двоумиш што е правилно. И второ, кога ќе се разведе, снаата е таа што ќе си оди. Неколку пати горе прашаа, зошто тоа да не е исто толку дом на снаата кога таа вложува пари тука. Искрено, мене ако ме прашуваш е крајно неразумно да вложиш големи суми на нешто што не е на твое име. Ама секој си знае што прави
Ама нема да се согласиме ти кажав. Домот е на мајката и таткото, на никој друг Ако на нив не им смета ќерката, јбг, ќе си доаѓа. А кога ќе умрат мајката и таткото, и кога на одреден договорен начин ќе добие пола наследство ќерката, тогаш, ако куќата е на братот останата, може да смета. Ни една куќа кај што ме нема на имотен лист не е моја, и нема што да барам осет од оние на чие име гласи. За мене така стојат работите. Едит: ни во сон не би прифатила да вложувам пари во нешто што не е на мое име. Кој си прави така, јбг.