Ниедна хартија не ми е поважна од добрите односи со брат ми и снаа ми. Зборам за себе, за мојот брат и мојата снаа. Не па за една соба што ми следи. Ако тие немаат каде да живеат, а јас имам, со две раце потпишувам за нив. Али да, различни луѓе, различни ситуации, различни гледишта на кој колку права има, поточно толкување на кој-како му одговара.
Никогаш не би вложила во нешто што не е мое. Ако живеев во заедница ќе требаше да трпам некој да не ремети. Кај мене дома такво нешто, не. Снаата вложувала и имала право да се буни. За што ќе се буни? За тоа што золвата дошла да ги види мајка и и татко и? Сигурно не доаѓа неа да ја види. Пак ќе пишам. Се додека родителите дозволуваат, нема зошто ни синот да се буни. Нека бидат среќни што им отстапиле простор за живеење, затоа што не се должни да им дадат.
Точно, јас на сестра ми и бубрег ќе и' дадам, ама тоа е друг муабет. На моите не би им простила да ме поделат, на сестра ми не би и' простила да прифати. Затоа што јас никогаш не би прифатила на никаков начин да ја оштетам неа. Нивно е да ни дадат еднакво, наше е да си поклониме ако сметаме дека така треба. Односот, постапката се важни.
Многу сум среќна што немам ни золва ни девер Читајќи вестрав да го фати човек, што се постои. И среќа не живеам со свекрва ми
Не вложувате во ништо што не е на ваше име? А не ви е проблем да седите на туѓ имот. Чекај, не е туѓ, па вие сте дел од фамилија, треба да ве рачунаат како таква. Ама ако треба член на фамилија да придонесе некој денар прозорци да се сменат за да не дува во зима, тогаш да не ве чепкаат. Хмммм...
За мене ако збориш, јас за моите сметам дека е добра волја нивната грижа за мене, не им е должност Надминав 26, веќе милостина е.
Така е, ама да не заборавиме дека и нашите партнери се многу важни, затоа што домот со нив го градиме. Не би била со човек, доколку не го земе во предвид моето мислење, моите чувства, а и мојот труд. А и животот не знаеме што ни носи. И јас така размислував како тебе, дека не би вложила во нешто што не е мое. Ама вложив. И требаше да биде наше, ама пред да биде, се отселивме. И не бевме глупави, зашто најнормално е да веруваш во родители. Не веруваш во туѓинец, во комшијата, во поштарот, туку во родители. За среќа, тоа што вложивме, финансиски ни исплатија. И да не бидеме наивни, едно е да вложиш 5000€ во спрат и намештај, а друго да вложиш во стан за учество за кредит. Разликата е огромна во сумата. А со македонскиве плати, има луѓе што едвај преживуваат и онака, а не па да вложат во свој имот. Али сѐ дури не поносиш туѓи кондури, најлесно е да им кроиш планови и да им кажуваш како требало.
ако вложуваш- зошто кога не е твое, ако не вложуваш - зошто не вложуваш, и ти таму живееш.... некоја пиша за ОСЕТ еее осетот е многу важен
Не седам на туѓ имот. Си седам на мое. На имотниот лист го пишува моето име и презиме, а не на родителите мои/негови. А за вложувањето се согласувам. Снаите сакаат право на глас, ама кога треба да се реновира по дома први се да речат - Барај од твоите. Ова е нивно. Зошто ние да даваме. Се и сешто сум видела.
Ама подели го. Заклучи една соба за ќерката ако сака секој ден да доаѓа дај и клуч, нек си седи, нек си одржава нек си чисти у тие соба или две, ама остај го синот со снаата во другата соба како сака да живее. Или не ви се дели за да може да командувате и да се игра по ваши правила, па некоја снаа ќе е должна да трпи да и мочате на глава оти сте ја ,,прибрале,, Прибрале еј, за снаа, избраничка на синот, жена која им родила внуци, им чисти, пегла и допринесува во домот. Ама они ја прибрале. Современо размислување, нема што. Уствари прво расчистете со изразите кои ги употребувате, зашто ако така зборувате пред децата, жалам, али вие си ја воспитувате и сопствената ќерка дека е нормално во куќата на мажот да биде измеќарка, дека ја прибрале и дека ако накриво погледне некого може да лета. Феминизам пуштен на најјако! Да си го учиш синот дека жена му несмее да има глас кога ќе дојде у куќата и да ја учиш ќерката дека од кај мажот може да лета ко партал у секој момент зашто она таму е прибрана. Џебе ви е после и соба и куќа и стан. И после развод, епа развод. Гледајќи низ призмата на материјалното, погрешно си ги воспитувте децата.
Нарциса, не пробувам дете да направам оти немам готов кров. Не можам да бидам во тие нечии чевли, ќе останам немажена, бездетна итн. дур не си го дотерам тој момент и тоа е нешто сто пати што го имаме зборено, за мене лично, немање услови сопствени за семејство - нема да створам семејство. И на никој ништо не кројам, како што гледаш, упорно за себе и ситуации во мое семејство зборам Објаснив real life ситуација за што деверот и мим се лутат на мајка им, се' останато за СЕБЕ зборев. И не, не е дека некому не верувам - за мене таков "заеднички" момент е неприфатлив. Јас и мим право на збор имаме само во нашето, мим нема што кај моите (ни јас) да се занимава, ни па јас кај неговите.
Ама тоа си ти. Некои сакаат деца, и ги прават "плански" сметајќи дека ќе имаат дом кај свекорот и свекрвата, не е дека под мост ги прават. И не можеш да им кажеш шо си ги правела, ако немаш свое, оти тие сметаат дека имаат. Е сега после брак се менуваат условите, некогаш имаат, некогаш немаат, зависи од ситуација изгледа, не знам.
@BoaVista незнам дали си прочитала и во темата за снаи и свекрви имаше последен пример кај што снаата и синот сами си прават куќа, свекрвата живее посебно ама починал сопругот и она оди кај синот и снаата да живее. Има и две мажени ќерки и не оди кај ќерка и зет оди кај син и снаа. Зошто се знае, снаата е безгласна буква. Притоа и таму кај што правно не е нејзино нели се однесува како домаќин и дури си ги пречекува ќерките таму. Излегува снаава ни во свое нема мир. Тоа е таа свест што ја имаме или немаме и со која сме задоени. Пак ќе спомнам значи јас сум строго против неправедна поделба зависно од пол и е трагично што тоа сеуште функционира на големо кај поголемиот дел од населението. Ако се 2 ќерки се оди на 3то дете само со надеж наследник да се роди. Многу ми е жално тоа. Криви се родителите што многу работи не се расчистени на време па и кај тие што делат праведно. И кога е дадено да не се вади низ нос. И точно црно на бело кога имаш е една ситуација ама па не се работите црно бели во секојдневен живот со драги и блиски луѓе. Јас имам свој стан кој е празен и никој не живее таму пошто сум во странство. На драго срце би го понудила за живеење на моја или на сопругот блиска фамилија на одреден период ако немаат каде макар и години да се. И во тој случај дали треба да им мафтам пред нос со имотен лист да одам таму кога ќе ми текне само дека е мое. Не, иако е мој тој стан јас ќе отидам на гости кај луѓето што моментално живеат таму. Сепак треба да се има и некои морални и хумани норми, лесно е да правиме работи само дека ни се може ама што сме постигнале со тоа? Да не замразат, да не сме пожелни во ничиј живот??
Па не им ни кажувам. За себе кажав дека кај свекрва ми имам отворена врата, но тоа го сметам како добра волја, никаква нејзина должност. И да одам да седам таму, тоа пак ќе биде нејзин дом дур е жива, а јас и нејзиниот син, да, гости. Може мене да ми смета другиот син, внуците ама, ама немам право да ми сметаат. Затоа и не живеам со неа, ниту ќе живеам. Зошто нејќам никој на глава да ми стои, знам дека не можам да трпам, не сум толерантна и тоа е тоа.
Не сум видела дека си ми одговорила на коментаров. Проблемот е што и куќата од брат и, не е нивна, она и сестра и имаат ниви, кои патем стојат запуштени, значи, внукот од брат им што живее во таа куќа од корен ја има реновирано, рушено ѕидови, преправано, спрат пуштено, на негово име е, сакам да кажам ни плочка нема од нивно време, а нивното си го добиле на времето кога имало делба, ама пак сметаат дека си е "нивна куќа".
Значи кога свекрвата оди кај синот да живее не смее ќерки да пречекува, а кога снаата оди кај свекрвата да живее смее и пријатели и роднини и кој сака да кани? Логика?
Чекај, кај пиша членката дека она им пери, пегла, чисти на старите? Може секој си се пери и пегла сам, никаде не спомна такво нешто, ама мора малку драматизација да се додаде во муабетот? И кај прочита дека некој, еден било кој да напише дека има против тоа да се заклучи пола куќа, па во таа другата половина братот со жена му да си ужива во мирот? Кај прочита такво нешто? Нека ја заклучат пола куќа, делот од сестрата, и јас сум за тоа. Ама после да не испадне дека мал му е делот од братот па да има кавги зошто да не се користат собите од сестрата кога таа живее во друга куќа. Што туку драматизираш на секое? Буквално ни една членка не го напиша ова што го тврдиш.
Ама тие живеат. И имаат право да им сметаат секој ден гости. Пошто е и нивни дом. Проблемот е што не можеш/не сакаш да се ставиш во нечија кожа и ја гледаш само твојата сегашна ситуација која е во многу поголема предност од нивната. Исто како некој што е гладен да ми се пожали дека нема пари за јадење, а јас да му речам дека немам таков проблем, пошто вчера плата ми стигнала и сум се почастила ручек во ресторан. И се разбира дека не може да ми сметаат гости, не само кај моите, туку во било кој дом каде што не живеам. Ама ако живеам и допринесувам, и те како имам право да се бунам.
Женава што го почна муабетот буквално кажа дека золвата готви, пере, деца им чува, слави спрема, не прави кавги... Мада таа золва добила веќе свој дел и реално нема зошто да им седи во куќава, ама жената никаде не кажа дека е проблематична, напротив. И пред да се омажи золвата заедно живееле.