Не оди снаата да живее кај свекрвата туку кај сопругот кој самиот ја донел дома и тоа се знае ккао, идат со се неговите родители да ја бараат. Знаеме како одат работите кај нас. Е кога некој мене ме бара и сака да живеам кај него, мислам на сопругот мора да ми обезбеди основни човекови права и слобода. А како он тоа ќе го изменаџира со своите родители не е мој проблем. Истото важи и кога би дошол тој кај моите да живее на моја иницијатива. А свекрвата во случајот никој не дошол да ја бара да живее кај нив туку и било страв да седи сама и е на некој начин згрижена и од синот и од снаата. Не отишла снаата да ја убедува аман дојди. И кога си кај некој згрижен не можеш да си земаш самиот голема слобода.
Имаш, ама ќе ти речат - кај тебе дома буни се. И ќе се собереш и ќе си одиш или ќе прифатиш дека ти не ги пишуваш правилата таму.
Еее да, стварно, ете заборавив, членката така рече дека толку и помагала низ дома, децата и ги чувала.
^ за тоа "немање". За да имаш мир, мораш да спечалиш. За мене е многу подобро да не ми оди цела плата на кредит, ама за мир да имам - мора. И извини Нарциса, ама доволно мои пријатели имам кои не заработуваат помалку од нас, но бираат да живеат со родители за да не плаќале кредити. Епа и јаре и паре нема никаде.
Екскјузми? Како го изврти ова, алал. Чекај да процесирам. Снаата ја молат да дојде да живее кај свекрвата, упс, кај мажот, иако уште ништо не е на негово име, па затоа треба сите да се погрижат за нејзините човечки права Ама свекрвата никој не отишол да ја моли туку сама се тупнала и затоа не смее да си зема слобода? Детето свое ја викнало, сама не може да се наметне. Исто како што снаата синот ја довел, ниту сама се наметнала ниту некој молел снаа да дојде во куќа. Исти права треба да имаат и двете.
Џабе везеш....Кога пишав дека им е полесно да живеат со старци, одма ме нападнаа. И зошто снаата да не го земе маж и кај неа? Ако веќе има повеќе услови.
Кажи ѝ го тоа на некоја конфекциска работничка со 9000ден. плата. Не може сите да бидат адвокати, правници, доктори, некој мора да шие за да не шетаме ко Адам и Ева, некој мора да чисти шахти за да не се удавиме во измет, некој да го собира ѓубрето за да не се разболиме, а знаеме колку се платени. Па какви узбуни се дигнаа за платите на просветниот кадар, дека ништо не работеле и така, па уште да им покачат плати. Ама кажи им ти да спечалат. А овие луѓе не ни можат да си дозволат кредит, ниту дозволен минус. А може и можат нешто ситно да покријат трошоци ако недај Боже им се расипе нешто во домаќинство, или полошо за лекови.
Нема што јас да им кажувам. Тоа е реалноста на животот, тоа е капитализам. Или печалиш и живееш подобро, или не печалиш и правиш компромиси во секој дел од живеењето. И да, не е дека овој проблем го имаат само сиромашните. Повеќе е глупа традиција, него сиромаштија. Оти јас за тие кои зборам, не се сиромашни. Ни па ние сме богаташи.
Не сум извртела јас ништо така е како што пишав. Мене идат ме бараат од дома ме земаат.... Кажав тој дел кое на чие име е не ме интересира мене, јас од свекрвата не барам ништо од сопругот барам. А он си се расчистува со неговите. Ако он ми гарантира комоција и права човечки во ред ама во друг случај не би не прифатила да живеам таму. (како што и не живеам). Јас погоре пишав ако на некој му отстапуваш нешто не му го вади низ нос ама па и во тој случај конкретно е безобразно па и сам да си зимаш слобода голема. Ја викнало нејзиното дете ама нејзиното дете не е ни само ниту само ја направило куќата. Членката затоа и се пожали. Поентата за тој пример ми беше друга, дека и зетот се става некој левел над снаата и не смее раат да му се нарушува ама на снаата може, синот сепак е глава на куќа де.
По кој знае кој пат ќе пишам...ако сакаш, можеш. Ама нема и јаре и паре. Додека јас плаќав кирија, сестра ми си ја прчеше во Грција на одмор и ми викаше - Ти си будала. Е сега сестра ми кука од свекрвата и золвата. И го реметеле мирот. Ама на неа побитно и е шетањето. Ако. Нека и биде. И јас сакам да шетам, ама не по секоја цена. Немам толеранција спрема никој. Некој погоре пиша дека цело време се фалиме во темава. Ни се може.
Кој тоа иде да те зима? Се договараат двајцата каде и како ќе живеат. Или само тој треба да мисли да ти обезбеди? Тој ги замолува неговите да му отстапат простор за тебе и него и вашите идни деца и на нивна добра волја ти си таму. Тоа е она што по твое е -он нека си расчисти со неговите. Тоа е тоа расчистување, нивната добра волја. И кога иде свекрвата да живее кај синот, по логика на фамилија и добри фамилијарни односи и добра волја, истиот однос треба да го има и мајка му.
@Bridget Абе ние двајца и претходно живеевме заедно ама за нивен атер го истераме тој адет да дојдат неговите и кај моите нели да ме бараат де. Иначе сами живееме и во друга држава и имаме услови за посебно и во Македонија. Ама нив ако ги прашаш ако би живееле во Мк по старински би сакале да сме со нив. А таа членка конкретно не сакала во заедница и од старт била под кирија додека ја изградат куќата , не чекала на туѓа добра волја. И сега дефинитивно може да се жали дека и е нарушен мирот. Се ставам на нејзино место и затоа ја коментирам. И пак ќе кажам битниот момент тука е што и покрај тоа што има уште 2 ќерки не станува збор да одење кај нив туку се знае кај синот оти по македонска свест снаата е безгласна буква и нема шо да се буни . Незнам дали ме разбираш што сакав да кажам со тој пример. Кога веќе ќе падне договор за заедничко живеење се дискутира после и за права и за обврски ама тука друго е во прашање.
Ама Нарцис, јас се согласувам со тебе за тоа. Ама емпатијата и разбирањето треба од моја уста да дојдат, а не да одлучат моите место мене. Тоа е тоа што го зборам цело време. И само уште нешто, таа што отишла кај свекрвата и дома и е дур не се разведе, утре не може да се разведе зашто зема 9000 па за кирија нема, а кај нејзините нема веќе место. Или брат и исто е умрен веќе, а снаа и и внуците немаат место за неа. Тоа е тој дел кој успешно го игнорирате. Ако јас и ти сме стекнале свој имот и мажите не можат да не избркаат, сите овие снаи што се во куќа на име на свекор, макар 50 000 да вложиле, утре они ќе си одат, никој друг. Не е ок да обезбедиш само едно дете, а другото нека се снаоѓа. И тоа е цел муабет.
Не игнорирам, само кажувам дека не може секој да има убава плата и секој да обезбеди услови за живот какви што имаме ние. Тоа ќе значи дека цел живот ќе треба да останат немажени/неженети и со нивните родители во заедница. А наједноставно би било снаата да има почит и подеднакви права, па да не доаѓа ни до разводи поради несогласувања со свекорот и свекрвата, пошто сите проблеми од таму почнуваат, кој колку и на што има или нема право.
И само да дополнам, пошто ваков случај има кај мим во фамилија. Снаата живееше во куќа лично негова, на мажот, на негово име, поклонета од родители негови уште пред да се ожени, ни свекор ни свекрва ни никој не им доаѓаше. Дојде ден после Х години брак и вложен најбуквално цел стан од нејзина страна (го продаде станот и ги вложи парите во куќата на маж и') да реши да го остави за друг. Ни една тужба не и' помина, нема доказ ни еден дека вложила. И си отиде со едно куферче. Така што доверба...
Кога веќе правиш математики, 9000 денари никој не зема како што знам, 14500 е минималецот. Сигурно има ретки исклучоци од ова каде што стварно нема можност да се одвоиш ама факт е дека повекето можат само не им е приоритет. И двајцата да земате минималец пак некои 100 евра ке може да се одели за кредит а има и различни субвенции од државата. Е сега знам дека се премалку пари, ако мене ме прашуваш и 60 000 не се доволно приходи за една семејство ама ако треба да бирам помегу многу скромен живот и мир во куќа, или да имам некоја илјадарка повеке во месецот а да се полнам со нервози дефинитивно ке ја одберам првата опција. Така што според мене дефинитивно држи вода муабетот дека повекето можат да најдат начин, само полесно им е да кукаат отколку да се замараат да си створат нешто свое.
Прочитај го постов пред овој. Снаата никој не смее да ја понижува, ама гостинка е колку и золвата. Едноставно сите се гости на старите. Вложувале или не.