Снаата има право да не ја прифати свекрвата во свој дом. Ама кога веќе се договориле со сопругот да ја земат, треба да има слобода како во своја куќа, како што се очекува да има снаа кога оди да живее кај свекор и свекрва. А за вториот дел каде се чудиш зошто баш кај синот а не кај ќерките, прво можно е да има направен договор за оставина па синот се сложил. Друго, ако најголем дел од паровите, и тоа значително поголем дел одат да живеат кај родителите на сопругот а не кај сопругата, зошто не ти е чудно зошто е тоа така а сега наеднаш се чудиш зошто во еден пример што ти го познаваш мајката отишла кај синот? Зошто нема повеќе домазети или барем исто колку што има снаи што одат кај мажот? Македонска работа? Ок, нека се искорени тогаш од старт, од моментот кога машкото треба да мисли повеќе каде ќе се живее.
Да да, сите ќе имавме станови така, со минималец. Јас и маж 3 ќе имавме. Немој жити сѐ за станбени кредити да ми кажуваш, прво да видиш кои се условите, па учество колку треба, а да не зборам дека ги вреднуваат становите во населбите што се поблиску до Центар во Скопје. Со минималец ќе исплаќале станбен кредит, сигурно. Ќе ги испратат од банка и ќе им речат до некои подобри времиња.
Нарцис, не е лесно, ама не е невозможно. Јас имам 18 000 плата, не земам ни просечна. Мим има доста поголема, ама пак во банка сум јас кредитобарател. Мојата плата цела на кредитЧе. Субвенции не користиме. Иначе мало станче, понастрана од Центар, а во други градови и поефтино е, со субвенции, и те како може да се купи. Само да ти кажам дека ни едни од нашите пријатели не купуваат, а дел од нив и машала повеќе заработуваат. Ама "имаат каде" па после сите им сметаат и на другарки мои најотворено им имам кажано дека си се сами криви. Барем посебен спрат да имаат пошто може така (и другарка моја баш така направија, над куќата на свекорот дигнаа спрат со субвенции, и гласи на име нејзино и на маж и'), а иначе стварно малце заработуваат они. Ама во исти простории, не може да речеш ок е. Па и они им сметаат на старите ако е така.
Ама не викам не точно е тоа и со двете раце гласам , и милион пати низ темиве имам спомнато за нашиот менталитет и домазети и снаи дома и се. Да имам моќ јас би го искоренила и сите такви стереотипи ама немам и затоа тргнувам од себе не пристанувам да живеам кај неговите и не живеам, си купив и стан пред брак и сега сме и заедно во друга држава. Баш јас лично прво за своја сигурност сум се обезбедила и ни на моите не сум чекала не па на сопругот да ме обезбедува. Ама тука не е дека се жените само готованки туку и машкото его и гордост. Домазети поретко има зашто на мажите им е должност машкоста им се намалува. Деталите за оставински постапки Не се спомнати таму претпоставувам и ги нема а и да ги има ете членката не се сложува и џабе е што синот се сложил не може сам да одлучи. Исто како и она што не може сама да одлучи да ги донесе нејзините без негова согласност. Ама тоа е веќе непотребно навлегување во друга тема. Цел муабет ми е местото на снаата во македонска фамилија. Кај свекрвата нели правно не и следува ништо и не смее да и смета ништо оти не е нејзино а и кај што е нејзино пак нема мир.
Ама знаеш дека маж ти заработува и дека може да отплаќате, затоа и земате куќа или стан, не знам што беше. Инаку за стан понастрана учеството е поголемо. Тие пари од каде? Друг кредит, ама со кои плати ќе исплаќаат два кредити?
На маж ми ништо не му е сигурно, затоа и во банка не може он да биде кредитобарател. Има своја фирма, која утре може да ја нема нели. Иначе за учество двајцата цел живот штедевме, не земавме кредит. Тоа го имам и зборено порано. Кога сите спиеа на тоа уво дека се млади, ние тргавме на страна. Другарите ни викаа луди сме биле Можеби и сме биле, јас не мислам така. Последниве 2-3 години се опуштивме. Пред тоа секој денар го броевме и пазевме. Полесно е кога не си во брак и си млад да заштедиш. Да родевме прво дете пример, тешко, многу тешко. Јас од се' си имам кратено од сопствена плата, за да ставам во купчето, зборам за периодот веднаш после факс. Исто и он, од минус почна, но кога почна да заработува, секогаш за учество сме штеделе. Во една друга тема ми рекоа не сум знаела да живеам, уште пред повеќе години Не знам, за мене од девојче цел било да остварам свој дом, цела младост на тоа ми е и ми беше фокусирана. А сме немале Нарцис, до толку што мим за гориво немал и пешки одел на работа. Ама никогаш не сме ни помислиле да се откажеме. Затоа што сум прошетала со тие чевли, алергична сум на готовани. Секој здрав и прав може да заработи. Утре мим да се повреди, и кредит ќе плаќам и ќе треба да мислам како храна да донесам. Ама не сум готован, и не ми е ич жал за готовани. Само болест може да е причина, се' останато е до главата. И не, не мислам дека било кој треба на снаата да и кака над глава, ни да ја третира како измеќарка. Но ни таа нема право да кажува што е чие и на кој што му е дома, во дом кој таа го нема направено.
Дали ако свекрвата одите да живее кај синот и снаата, во дом кој тие си го купиле, има право да одлучува кој колку ќе доаѓа на гости, нели сега тоа е нејзин дом, има право да и пречи ако мајката, или сестрата на снаата, или рандом другарка доаѓаат пречесто...или тоа важи само во обратен случај, а во овој треба да си ќути и да е среќна што ја прибрале?
Три стана сигурно нема да имаш со мала или средна плата , да не претеруваме сега Иначе условите многу убаво ги знам оти јас купував пред не така долго време. За учеството имаш опции за субвенции, можеш да одиш на една година во странство да работиш и ете ти учество. Сигурна сум дека голем дел имаат и други начини. Треба да се биде реален ама ова наоѓање изговори мислам дека ич не е од помош на никој, и ти го кажувам ова од сопствено искуство не да зборам на памет. Баш заради тоа што сум со ваков став уште одамна - сум си го решила проблемот сама без да чекам ни од моите, ни од сопруг, а камоли од свекор и свекрва. И знам дека воопшто не е лесно ниту исплакање кредит ниту одење во странство, ама сум го одбрала тој пат оти не ни можам да се замислам утре да имам нервози од ваков тип. А и јас можев да најдам милион изговори оти не сум имала помош од никој ... И затоа пишувам дека не се согласувам оти ете може барем некој ке се подразмисли и место да наоѓа причини зошто не може, ке најде начин и ке сфати дека може.
Ако синот и снаата имаат со свои пари купено куќа нормално дека тие ќе одлучат дали и колку некој ќе доаѓа. Шо не е јасно, ако ти стои името твое на имотен лист, газда си, ако не ти стои не си газда и не можеш да кажуваш кој колку ќе доаѓа. Отвори ја темана за снаи и свекрви, сите снаи што се жалат од свекрви во дом кој снаите си го купиле со мажот, сите им даваат совет дека свекрва не смее да се меша. Сите што се жалат дека им смета свекрвата, а се кај нејзе дома, советот е одделете се. Просто ко грав
Мене тоа ми е јасно, ја само сакам да знам дали муабетот што го напраија некои членки, дека штом снаата дошла да живее кај свекрвата сега е рамноправен член со еднакви права како и останатите, тоа е нејзин дом, си има право на мир и има право да и пречат гости, дали тоа важи и во обратен случај, кога свекрвата ќе дојде.
Па ќе имавме 3 стана со нашите плати, кои не се мали. И немам јас никакви изговори, живееме во наше и сами, имаме супер услови. Само разликата е што знам дека ова не би го имале со минималец. И знам дека секој што има, може и да нема, затоа што не знаеш што ти носи животот. Е затоа сакам да имам разбирање и емпатија за секој кој нема. Денес можеш да работиш, ама една повреда може да те чини губење на работно место, и плус плаќање лекарства. Некои немаат избор, ама вас ви е тешко да сфатите. "Народот нема леб да јаде". "Па нека јадат колачи." Се надевам дека никогаш нема да ја осетите онаа "Да имаш, па да немаш". Поздрав на сите, јас си кажав што имам на темава
^ истото го кажав, може да снемаме. Баш затоа не сметам дека треба да се откажам од наследство, за ако недајбоже ни се случи, имаме back up можност. Колку што се можностите на родителите, толку - по полче.
Значи моми ако сакате да живеете со родителите на мажот, неговите сестри и родителите што сакаат тоа ќе си прават и да ви се исерат во спална на кревет ќе си ќутите оти вие немате право на ништо таму. Ако сакате права ќе си одите во куќата на своите родители таму што сакате може да и правите на снаата. Ако не и се свиѓа што ви ги чисти мочките нека си оди кај нејзините или нека си купи нејзино. Ебам ви феминизам.
За три стана не само што не треба да не ти се мали платите туку треба и баш да ти се големи A и да си решен да инвестираш. Секој со приоритетите Па и самата реков дека има исклучоци. Зборев генерално. А не сите имале повреда или други ретки околности што стварно не можат. Јас барем тие што ги познавам во такви услови сите до еден имаат можности, ама изговорите се тие. Не станува збор за емпатија немање, баш напротив. Со тоа што очекуваш други да ти решаваат твои проблеми само си правиш полошо на самиот себеси. Tапшање по рамо кога имаш други опции не води никаде. Тоа е моето мислење и искуство кое се покажало дека е исправно за мене па го споделив. Ама мислам дека малку избегавме од главната тема Да се вратиме на односот снаи и золви
Секој на страна и мирна глава. Или иста куќа, различен влез и спрат. Јас се ставам на место на снаа, свекрва, и мајка на невестата. Искрено, сите се во право. Секој сака мир.
Немој само ти за феминизам, те молам. Те памтам од слични вакви теми и според тебе правилно решение е и снаата и золвата да се откажат од нивните делови на сметка на браќата нивни,нешто што им оди во прилог само на мажите затоа што што и да се случи тие си се обезбедени и е баш обратно од феминизам и ги враќа жените во векови наназад кога било непоимливо за жена да поседува имот на свое име туку зависи прво од родители после од маж.
Многу ми е мило што се сеќаваш, и сигурно ја знаеш целата приказна како е, а не тебе како ти одговара да представуваш тука. Мојата ситуација е таква и не се објаснувам 100 пати бидејќи пак се фаќате зошто сум се откажала јас од делот иако цело време ви беше повторуваано зошто. Си се фаќате за тоа што сакате да го прочитате. Мој проблем е тоа што јас сум се решила на тој потег. И тоа ме значи дека генерално размислувам дека така треба да биде за сите. Јас барем имам став, а вие сте ми смешни од една страна се борите за женските права, а од друга нема право снаата во куќата на родителите на мажот што има нејзе да и смета нешто. Биде поздрвени двојни арашини не се замарам веќе да ви се објаснувам.
Проблем било тие со 9000 ден. плата да градат куќа/ купат стан, ама студент со толку(па и помалку школарина) можел да купи стан место тоа. Некои не знаете веќе што пишувате, мајЌе ми. Одлучете кој став ќе го заземете де, да се знае после како со вас.
Останува фактот дека е смешно ти да зборуваш за феминизам. А во куќата на родителите, колку и да има компромиси, сепак тие се тие кои на крај имаат право да пресечат, и тоа важи не само ако на снаата и пречи нешто туку и на било кој друг што живее тука. Ако на неженет син/немажена ќерка кои се полнолетни и живеат со родителите им пречи зашто рандом луѓе доаѓаат на гости, а родителите немаат проблем со тоа, туку им одговара тоа, на крај ќе им речат на синот/ќерката "е па сине/ќерко ние така си сакаме, тебе ако ти пречи оди си, и така си веќе возрасен/возрасна"...и јас не гледам никаков проблем тука...не гледам зашто тоа не би важело и за снаата
Како двојни аршини ма Очичка? Што е двоен аршин тука? Никој, ама баш НИКОЈ, во НИТУ ЕДНО мислење не напиша ништо од тоа што ти го имплицираш. А што се однесува со субвенции, има субвенција на учество, 75% за стан, 100% за куќа. Што значи за да дигнете спрат над нечија куќа, еве на свекор, на ВАШЕ и мажот име, ви требаат 0 учество и просек е 300е/м2 за градба, значи 50м2 би ви дошле некаде 15 000, со плус трошоци нека се 20 000 евра. Оваа цена на м2 е во Скопје, не знам дали е иста во внатрешноста. А и колку оди м2 на станови во внатрешноста. Во Скопје е потешко за стан, но има станови во Илинден на пример. Исто има и готови проекти за куќа. Најлесно е да не можеш. Само болест скраја било е неможност. Се' останато, има начин.