О, ама има со променливи мислења членови, како нема. Колку пати само се измешаа баби и жаби за да се направат децата неспособни и жртвички, прочитај назад. Толку лабилни карактери се сретнуваат... Не ми мислам на членката, Очичка, да биде јасно.
Види, животот се случува. Се' на секој од нас може да му се случи. Далеку да е, ќе се разболе еден и куќи и станови и ниви ќе се продадат за здравје. Јас моето не само за моите, и за "неговите" би го дала, само да сме сите живи и здрави. Ама "ти се снајде" "тој не се снајде" ми е најпогрешно нешто. Секој може да се снајде ако е здрав. Да немав доволно примери околу мене на деца чии родители во мизерија живеат, а они успеале многу и тоа во дваесетти години... Не може едниот да црнчи и да му викаат - се снајде, другиот да е мрза невидена - ама не се снајде... Неважно кој е "неснајдениот" - син или ќерка. И да, познавам таква ќерка, што чека на готово од сите, не се секогаш мажите тие што добиваат. Ама јас мислам дека најчесто жените се тие што се жртвуваат за браќа и мажи, не обратно.
А ако живееш во заедница со свекрва и свекор и со баба и дедо и две дечиња а мажената золва која не работи секој ден доаѓа со децата , ги остава и излага со другарки? Секој ден така. Ќе се врати, ќе си руча, децата најадени и преоблечени и ќе си замине дома да одмори. Услови за 4 генерации немаше, и таа го гледаше тоа, ама нели "кај мајка си доаѓа". Таа золва во кои спаѓа? И јас сум сакала да се одморам, ама дечињата ги оставаше кај нас и неможев. Сакав и јас да излезам со другарки ама срам ми беше на свеки четири да и оставам Сакав и да ми дојдат дома другарки ама во лудница никоја не сакаше да дојде. ....си излеговме од таму,.па кога золвата оставаше деца за со другарки без никаков обзир и јас истото го правев...и едвај чекав свеки да ми рече дека неможе да издржи сп четири деца.. ..не ми рече никогаш, свесна беше. Наравоучението да не ви го пишувам.
Ааа да, ене ги феминистки од цел свет протестираат пошо свекрвата не им ја дала детската соба на золвата
Така, се согласувам со твоето мислење, ама тоа што си го цитирала се однесува на скроз поразлично нешто, за кое се пишуваше вчера. Се сеќаваш кога студентите беа декалрирани само како трошоци дома, и место школување, некој може да си купи станЧЕ со парите од школарината, за да не очекува после дел/ ништо/ неговитедаумратидасезбогати/ уатевр? Колку приказни имаше во таа конотација само... Колку неспособни биле некои, пола за џабе оделе на факултет, други само се влечакле за да ги исплаќаат. Со еден збор, младината неспособна ја направија, законите затоа не чинеле, сосе државата. Денес, истите се излагаат со тоа дека шивачка со 9000 ден. плата, како може да земе кредит? За да изгради нешто, или да купи стан. У случајов нека се снаоѓа, ама ако нема за свое во ред, нека трпи и нека чека наследство, нешто да излезе од некаде само. Тогаш државата чини, тие луѓе тогаш се способни, толку што и фамилија основале со 9000ден. плата даго идржуваат, за нив е оправдано. Имаат смисла муабетиве? Стабилни се "ставовите" кои ги излагаат поединци? Те молам... Не вреди да се трошат зборови на некои мислиња, со сигурност.
Ако ти си и' ги чувала децата, си требало да пресечеш, тоа никако не било твоја обврска. Ништо поврзано со сето тоа. Но тие внуци се внуци исто колку и другите, па ако на свекрвата не и' смета, нејзин проблем си е. Дали ти ќе оставиш син или ќерка секој ден да ти "тупнува" деца на чување? Верувам не. И да сака ќе речеш - извини, не може. Секој одлучува за себе, па свекрвата, лесно или тешко, нејзино си е. Едно или 4, нејзино си е. Секој е одговорен за своите постапки и последиците од истите. Едит: јас на свекрва ми нема да можам да оставам дете на чување. Пошто нема да може да чува дете. Ако некои баби дедовци чуваат, ќе бидат моите. Од нив имам отворена покана да раѓам, а тие да чуваат, да сме живи и здрави, веројатно и така ќе биде. Отом потом.
Во безосетна золва. Па и јас сум золва, вака нема шанси да правам. Да живее брат ми и снаа ми со моите и плус баба и дедо и плус јас да им се тупнувам да им оставам деца на чување за да шетам... па кој тиранин треба да си, за да товариш обврски на глава на мајка (пази, не мора да чува деца, наметнато е, дека е баба) и на сите останати во куќата во која што си се родила и израснала. Не ти дава тоа право да им се наметнуваш во животот на другите, без оглед на тоа колкав дел од куќата ти припаѓа. Мајката ко мајка не сакала да одбие, ама каков џаболебар треба да си, за шетањето со другарки да ти е на прво место кога имаш деца?
Сите тргаме од свои искуства во животот. И различно воспитување. Кај мене од двете страни, мајка ми добила пола, пола брат и'; татко ми пола, пола брат му. Цел живот ме учеле дека сите деца се еднакви на родителите. Затоа не ми се чудни некои ставови, само сметам дека е време да се искоренат. Да нема "дочувување" стари, да нема "зар ќе си ги "фрлите" родителите во дом", што рече @biljarka секој својот есап да си го гледа Ова е таква тема кај што никогаш нема да се согласиме сите, затоа што не сме сите исти, не потекнуваме од идентични семејства, ниту имаме исти искуства. Вклучително и моментот со студентите, јас еве не мислам дека секој родител баш најдобро посакува за свое дете, пошто имам видено како пијавици дека се лепат и бараат помош од децата, а не е дека старите не се вработени. А има и "деца" што цел живот се пијавици...
Не знам, можеби е, можеби со мајка и' така им одговарало. Мислам баба ми цел живот ја чуваше братучетка ми во делот на мајка ми физички, дали требаше да не одам јас? Од баба секогаш сум добредојдена и секогаш сум била. Не сум ни помислила дека сме пијавици.
Се сложувам со една членка, дефинитивно не вреди да се цитираат мислења. Особено не од членови кои не знаат како се води дискусија и како се користи копчето "одговори".
За чудење, не ми се чудни, туку ми се парадоксални затоа што еднаш нешто е во ред, друг пат не е. Значи иста персона има различен став за бејсикли едно исто, или ајде слично е, не е исто- нешто. Епа кога тој некој не знае на крај на што е, како јас да знам и да го почитувам тоа мислење? Тоа сакав да го кажам. Можам да ги сварам приказните кои се пишуваат, затоа што ги гледам како приказни поедини мислења. За да ги разберам, ќе треба да се потрудат да решат што мислење имаат по темата. П.С. Кој како, и јас така со него.
Ама кога се 4 генерации под еден покрив, малку осет треба. Не знам како ви е вас ситуацијата, колку генерации се кај баба ти, како ви е договорено. Ниедно внуче нема од баба да биде одбиено и вратено. Не можеш на глава да му се качиш некому само затоа што законски имаш право на тоа.
Не судам туѓи постапки. Баба ми живее во имот на име на мајка ми, а братучетка ми еден ден нема во градинка одено: 1. Дали вујко ми е паразит што детето му е чувано во имот на сестра му, кај што во сметки учествувала и сестра му, и мајка му; 2. Дали мајка ми, јас и сестра ми сме паразити што многу често сме таму, јас од сите најмногу? Како тинејџерка секој викенд бев таму, како дете само таа баба ме има чувано. Само да разјаснам, никогаш во животов не сум чула во фамилија некој да ми се оправа и расправа за имот, зашто уште "на живо" се дели и секој знае што е точно негово. Мајка ми и вујко ми се немаат скарано, а јас мислам дека сум добредојдена не само во "мајкиното" и "бабиното" туку и во она што е на вујко ми. Барем таков вајб имам од нив. Не само што не е преречено, скоро секогаш кога одам, сами доаѓаат. Иначе во нивното не ми паѓа на памет без најава да одам. И да живееле физички неодвоени, не би било различно, тоа тврдам, затоа што делбата е кога веќе внуците сме биле родени. Иначе во куќата баба ми не е дојдена снаа кај свекрва, многу чест аргумент, туку со дедо ми сами ја имаат за себе и своите деца направено. И може сум наивна јас, но не верувам дека било која од вас утре едното дете би го третирала со поголеми привилегии од другото. За мене е тоа несфатливо.
Читајќи ве среќна сум што немам золва, познавајќи ја свекрва ми можам да замислам каков створ би била. Јас живеам во заедница моментално, чекам стан и не можам да одам под кирија. Ќе имам свое наскоро и никогаш нема да имам став, ми се може, исселете се ако сакате. Ако вие сте ја имале таа среќа да ви дадат кредит или уште поубаво, да добиете нешто готово, не мора да вршите нужда на тие што не се такви среќнички. Јас со надпросечна плата, бев одбиена за станбен кредит бидејќи на мои 25 години сум немала кредитна историја. И плус работам во приватна фирма. Моравме врски да фаќаме за да ни дадат кредит. Не живее секој во заедница затоа што сака да шета, има некои што немаат друг избор. А вие сите снаи ги правите готованки. Жена на жена најголем душман, знам јас. А се правите феминистки. Золва здравје ќе бидам во подалечна иднина, мал е брат ми, ама ако живее вака како мене со моите, освен еднаш неделно на ручек ако отидам, нема на памет да ми падне да одам и да е*бам веќе зае*ан раат. Осет треба да се има, а не да се врти сѐ како вас ви одговара. Секогаш прво ќе ги жалам тие што живеат во заедница, дифолт став ми е тој, натаму може да разгледуваме конкретна ситуација.
Не можеш од брат/сестра на маж да бараш да не доаѓа. Во заедница си или зошто старите ви дозволиле, или зошто се идиоти што мислат дека е срамота синот да не остане со родители. Просто е, апсолутно не мораат да дозволат да живеете со нив. Или е добра волја, или набиваат грижа на совест. И не, апсолутно не е секоја снаа готованка - во примерот кај што снаава вложи преку 30 000 евра за да остане без ништо, тоа е без сите други вложувања низ бракот, бившиот маж беше неправден, никој друг. Ама, факт е дека ако немаш свое, ако си кај родителите на мажот, при развод ти ќе си одиш, не тој. И ако немаш свој имот, стекнат или наследен, остануваш во лоша позиција. А сум сигурна дека познавате многу жени во таква позиција, што не можат да се разведат затоа што никаде не се добредојдени, се' што имале вложиле во дом на свекор. Има доволно групи за поддршка, ако не познавате жена во таква ситуација, отворете и прочитајте. И на форумов повеќе жени истото го имаат напишано, дека немаат избор, па не можат да се разведат, и живеат ужасно зашто се во безизлезна ситуација.
Оф топик али во контекст на тоа што се пишува. Спојлер: Мислење Ниту планирам да се плеснам на снаа ми, ниту пак сакам мене некогаш кога ќе сум свекрва да ми се плесне снаа или ќерка. Можеби е премногу сурово - ама родителите не се должни ништо да ми остават ни мене а ни на брат ми. Ниту пак да делат по пола. На кого сакале на тој дале. Јас постојано им викам дека имотот е нивен и ако сакаат можат се да си продадат и да одат последните години од животот да го прошетаат цел свет - не треба на никој целта да ни е да оставиме нешто на децата туку да ги воспитаме и да им дадеме правец сами да си направат нешто свое.
Оф леле... И феминизам се спомна на темава. Само... чуден некој феминизам Во 21 век место да се охрабрува и советува и поттикнува жената во сите сфери да биде еднаква со мажот, некои делат совети дека е нормално да се живее 4 генерации во заедница. И не само што е нормално, туку и очекувано. А најголем виц е што некој смета дека феминизмот всушност е жената да се откаже од правото на наследство и безобразно да се меша во туѓ имот и односи Оф леле, се феминистки! Срамни и жални се ваквите муабети Ај, немање услови ќе разберам (иако кога веќе се решаваш на живот во заедница треба да бидеш спремен на компромис) ама закоравениот менталитет дека со мама и тато е најубаво, никогаш И уште пострашно ми е што од жени доаѓа ваквото размислување и што истите сметаат дека е нормално мажот да им обезбеди егзистенција и очекуваат исто однесување од золвата И добиваат автогол кога се среќаваат со различни од нив па од таму извираат и фрустрациите, а и доаѓа до израз нивната неспособност, простотилук и малограѓанштина.
Мене ова твоево ми е доказ на простотилук и малограѓанштина. Зошто генерализираш вака и сите ги ставаш во ист кош? Точно е дека треба да бидеш спремен на компромис, ама компромис не е јас ќе правам што сакам оти сум израснала во оваа куќа, а ти работи по цел ден и вложувај во неа ама не смееш ни да писнеш бидејќи јас сум тука член а ти си гостинка. Не знам како си даваш право да ги нарекуваш неспособни тие што работат, но живеат во заедница а се сметаш за толку способна што и ти чекаш од мама и тато.
Јас се сложувам со сѐ што пишуваш и не ми беше наменет коментарот кон тебе туку кон тие што викаат дека секој може да обезбеди свое во секој момент. Снаата не треба да бара да не доаѓа золвата, золвата треба да има осет сама ако ја гледа ситуацијата. И се ми беше напишано во насока дека не е така едноставно да се одделат младите за жал и да сакаат одма, па со тоа не треба на секоја снаа да и се лепат етикети на готованка. Не планирам да дискутирам на темава воопшто, само сакав да си кажам дека не е снаата најдена на улица и сигурно придонесува за домаќинството, што ја прави рамноправен член на истото. Ништо помалку од другите.