Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Снаата како ново дојдена неможе никогаш да се чувствува и однесува како " домаќинка" на куќата се додека золвата кисне секој ден тука и става ред.

    Золвата ако се омажила и ја напуштила куќата не значи дека несмее да припари повеќе, ќе си доаѓа.кај мајка и кога сака.
    Ама снаата несмее кај мајка и да оди кога сака и колку сака и тоа со детето.

    Овде сешто прочитав.
    Од золви што кај мајка идат после.работа да си ручаат до снаи кои очи.не сакаат да и видат на золва.
    ..зависи во која улога си.

    Битно, и да си едно и да си друго ОСЕТ да имаш.
    Ако го немаш и мајка ти сама да живее ќе и здодееш.
     
    На LadyC, LaTama, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.354
    Допаѓања:
    113.119
    Пол:
    Женски
    Мене пример не ми е јасно и нема никогаш да ми е јасно како јас како золва (немажена) станувам гостинка во куќата во која сум се родила? :rofl:
     
    На LadyC, Espadrila, bibiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.209
    Допаѓања:
    36.697
    Пол:
    Женски
    @flawless_ не вложуваат сите. Веќе пишав погоре. Не е само да одржуваш домаќинство, ако веќе го сметаш тоа за своја куќа. Ама има такви што чекаат старите да сменат врати затоа што таа е нивна куќа. Тогаш старите се супер, а инаку не чинат. (facepalm)

    И пак ќе прашам? Зошто снаата не го земе мажот? Или мора да се оди по традиција дека жената оди кај мажот.

    @referentka ако на старите не им смета што ќерката секој ден доаѓа, што правиме тогаш?
     
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    @SummerGirl старите се СТАРИ и со тек на време губат осет.Ако младите го немаат вродено или стекнато тогаш не рачунај на добри фамилијарни односи.
     
    На *Amethyst* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.797
    Пол:
    Женски
    Не е наше да судиме зошто некој одбрал да живее во заедница. Ама исто, не е наше да кажуваме на снаите ќути и трпи само затоа што золвата решила да изиграва шеф во куќата на нејзините, а притоа мажена, има свое семејство. Па и немажена да е. Компромис, слога и хармонија се потребни, а не качување на глава на снаата затоа што е дојденка, им се може и имаат законско право. Исто не треба ни качување на глава на старите и на золвата.

    Иначе и јас и брат ми сме гости во куќата на моите, секој од нас си има дом и семејство на друго место. И да се разведам, јас нема да одам кај татко ми, не е обврска тој да ме прими назад иако не би ме одбил.
     
    На tina2018, *Amethyst*, Yowannty и 9 други им се допаѓа ова.
  6. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Самерке, не викам дека нема и такви снаи. Ама генерализацијата дека сите се такви не и е на место. Никој на никого не му забранил да ги посетува, лично до луѓето е дали ќе седат по еден месец или по неколку часа. Ама не е во ред да се навредуваат сите снаи дека биле гостинки, неспособни и слично. Да не навлегувам во проблеми со имотот, од почеток пишував конкретно за членката. На децата им било подеднакво поделено, куќата е препишана на нејзиниот маж а на золвата и е даден плац и опремена и е куќата. Никој не и забранува ништо, тоа што таа нема осет е друга приказна.

    Не треба само снаата да ги почитува нив, туку и тие неа. Не значи дека ако ќути треба да се изживуваат со неа.
     
    На *Amethyst*, tina2018 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    А да донесе некој жена и да ствара семејство во 60 квадрати со 4 генерации, тоа под осет спаѓа или како?
     
    На An-na и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Тоа под судбина е:D
    Толку е саглам и момчето.
    Ама да не одиме толку длабоко ,да речеме дека " ете така требало да биде...се десило....тридноќа и остало"
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.209
    Допаѓања:
    36.697
    Пол:
    Женски
    Е па затоа реков дека домашното воспитување е најбитно. Не само за золвата/деверот, туку и за снаата. Ако сака снаата почит, и она треба да возврати со иста мерка. А не да се жали дека дошла золвата кафе да пие или децата си играле во дворот.

    @flawless_ кога веќе спомна неспособни. Има такви кои со прст не мрднале во животот (паразити), отфрлени од родителите (имотот оставен на братот), ама секогаш се први за да делат правда. Уште и го тераат мажот да зграби се за себе кога ќе умрат старите. (facepalm) Очигледно така ги учеле од дома.
     
    На flawless_ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    35.435
    Пол:
    Женски
    Тоа што ти не разликуваш малограѓанштина и простотилук е твој проблем, јас нема да те учам.
    Јас не генерализирам, туку кажувам прости, прозаични факти. Куќата во која што сум израснала и е на моите родители ми е дома и сум добредојдена се додека моите родители така сакаат, од друга страна снаата е дојдена во истата и нема никакви права да поставува услови дали некој доаѓал или не, бидејќи нема сопственост на истото. Ако родителите на сопругот и дозволат, тогаш да, може да поставува правила, во спротивно не. А тоа што вложуваат во туѓи куќи, не е мој проблем, нивен е. Тоа не ги прави сопственици, туку имотниот лист.
    Дали јас чекам или не од мама и тато, нема да разглабам тука, имам пишувано поназад, ама.... поубаво да чекам од мама и тато, отколку од свекор, свекрва, маж и да барам да се откажат од сопственото дете заради мене, само затоа што моите се откажале од мене? :^)
     
    Последна измена: 20 мај 2020
    На bibiiii и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.797
    Пол:
    Женски
    @An-na ако куќата на твоите родители ти е дома, оти живееш со маж ти во ваш стан? Оти не си остана дома?
    И снаата твоја нека си остане дома, шо има врска што е во брак со брат ти, нејзе не и е дома куќата кај што основала семејство, туку куќата кај што израснала.
     
    На *Amethyst*, NarCis@, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  12. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Додаваш работи кои не се кажани, џабе дискутираме. Ни забрана поставила снаата ни побарала од ќерката да се откажат. И имот не им бара, туку напротив, вложува.
    Можеби не ја прави сопственик тоа што е мажена за брат ти, ама не ја прави ни слугинка која е тука само да работи и да молчи. Мене ова ми е просто, себично и неблагодарно. Не знам зошто толку ве повредува фактот што братот има донесено снаа па си лечите комплекси и навредувате. И за свекрви важи, оние кои не можат да се помират оти синот има друга женска личност во животот.
    Да ти враќа со иста мера и да нема почит ни кон тебе ни кон твоите, очи извадете си. Ама некоја мирна да ја навредуваш е многу мизерно од твоја страна.
     
    На Izaabella, *Amethyst* и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ах леле. Феминизам со вакви мислења ќе браните. Не биле должни да дадат по пола. И јас сум за да продадат имот и да прошетаат низ свет, во хуманитарни цели нека ги дадат парите, не знам, што сакаат тоа нека прават. Ама целиот проблем е кога се дава на едно дете, на друго не. Тоа е фаворизирање на едно дете и тука настанува проблемот, ама јас стварно не можам да сфатам како да објасниме веќе. :D
    Кој напиша овде - јас не сум должен да си створам сам, должни се родителите да ми обезбедат живеалиште. Значи 1 коментар нема таков. Цело време се збори за еднаквост. До принципот е. Ти ако не мислиш дека родителите се должни исто да ги третираат децата, за каков феминизам збориш.

    И нешто упорно заборавате. Золвата не се прави шеф, не поставува ред во куќата на мајка и. Членката рече дека напротив, многу и помага и нејзе за децата, и околу куќата, и дека супер си живеат. Па за таква золва да речам ми смета што доаѓа, мене срам ќе ми биде така малку.
     
    На Izaabella и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    Никаде не спомнав феминизам.
    И ако фаворизираат некој - нивна одлука - не може некој да спречи било кој да направи нешто ако така решил зашто не ги знаеме причините за истото ( колку и да се чини погрешно).

    Мислењето ми е мн концизно и јасно - не сакам да дискутирам повеќе.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.781
    Сите си кажавме мислење, јас имам осет се' додека некој не ми стапне на нерв.
    Како што кажав, и да сметам и да не сметам, сеедно ми е, мајка ми мажена е, живее на друг крај на градот, па ете, наоѓа време ако не секој ден, секој втор барем на цигара да појде кај баба ми.

    Золва не можам да бидам, но стојам зад тоа дека кај свекрва ми дома, ни сега, ни никогаш нема да имам право ред да правам или некој да ми смета. Ако ми смета, јас си одам и тоа е тоа. А среќа имам родители што прво самите потекнуваат од родители што сметаат дека треба еднаква делба, нема брат ти / сестра ти не се снајде, ти снајдена си.

    Само сакам да кажам, зад секој збор на Битерсвит стојам.
    Фамилијарни односи по заслуга кај мене, мажот мој и оној на сестра ми нема што да ги интересира кај моите, ниту мене и јатрва ми кај свекрвата.

    Никој нема право да ве понижува, макар и не работеле и ве издржавале, но имајте на ум дека утре може ваше дете да е непожелното, вашата ќерка да е непожелна во домот кој вие сте го правеле. Јас мислам дека ни на сон не би и' рекле на ќерката - мажена си ти, сметаш на брат ти, едноставно не верувам.

    Јас поинаку сум растена, дека во заеднички живеалишта мораш да имаш толеранција. Кај свекрва ми не ни живеам реално, но сепак делот кој го користиме е секогаш испочитуван од деверот, јатрвата, децата, па и самата свекрва. Не, не мислам дека "ми следува", мислам дека се добри со мене и ме почитуваат и дека свекрвата навистина не сака никако да ме навреди. На тоа не е должна, едноставно е добра волја нејзина. Ако вечерва дојде деверот со жена и деца, а мене ми смета, не, збор нема да кажам. Не може мене повеќе да ме сака и почитува од роден син, и не ни очекувам.

    @Cherry333 јасно, да можеше туку така и ние уште пред 5 години ќе бевме закуќени, ама поради Х и У ситуации се' се одолговлечи. Јас сум благодарна и на моите и на свекрва ми, апсолутно не се должни да ни отстапуваат простор и да им рушиме раат. Самото тоа што не плаќаме кирија и сме добредојдени, цел живот благодарна ќе бидам, не ми паѓа на памет замерка за што било да наоѓам.
     
    На Izaabella, bittersweet, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Убаво си кажа, куќата е на твоите родители, не е твоја. Ако ја дале на користење на брат ти и неговата жена, значи се сложиле тоа да е и нивен дом. Штом тебе не те викнале со мажот да живееш, значи дека ти утре ќе бидеш таму гостинка. Кога ќе ти препишат, ако ти препишат, ќе може да речеш -мое е. Во спротивно, одлучиле родителите твои на кого ќе му дадат место за живеење. И тоа не си ти, пошто сама си одлучила да се иселиш. По таа логика -гостинка си во делот кај што живее брат ти.
     
    На Izaabella, Pelargonium, LaTama и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Mona Sax

    Mona Sax Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    И што сакаат некои уствари имаат брат и да го испратат на улица за да може некој домазет да дојде и да наследи све и после да се шири и фали види што имам јас а братот што ќе живее под кирија за да и удоволи на сестра му и домазетот па ќе изиграва домазетот алфа мажјак се е негово, мислам која девојка знае да поправи нешто во куќа а да не зборам покомплексни работи како на пример мењање филтер за хидрофор, тоа е брат и сестра братот си наследува од неговите зошто нема друг да му даде исто како тој домазет таканаречен што има имот од неговите па малце му е па да се шири уште да не сака на готованка земен имот, колку има само такви од интерес ќе идат со некој па кога видам некоја зинала за кола материјалисти ми се гади, ако се толку паметни нека направат свое да ги видам.
     
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Офф леле. Од вакви размислувања страда женскиот род.
     
    На Izaabella, *Amethyst*, Jana06 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски

    I jas 3 pati ja otvoriv vratata na nasiot dom za zolva mi,koga se selese,koga se poplavi,koga ostana bez rabota i najdov rabota,ja ucev za intervju do 04 sabajle....za da dobijam ishod i da ne mi pravi muabet zasto ne i saka vo momentot!
    Za nekoj luge ne vredi nikoja zrtva!
    Jas pak bi go napravila istoto, no nema koj da go ceni!
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.970
    Темава вришти од уфилманост.
    Не сте Надиде султан, чил.
    Најубаво сите после 18 години да се осамостојуваат. И вакви теми да нема.
    Јесте да е личен избор.
    Ама, да седам со свекрва или она да мисле дека ќе ја чувам-не.
    Па и да има уште една со мене да живее. Едноставно, не.
    И извинете ме, ама ептен ми е старско ова. Снаа, свекрва, золва у една куќа. И секако еден ден некој ќе се испокара. Тоа е факт. Таков ни е менталитетот исто како живеење на сто фамилии во една куќа.
    Сите посебно и мир у куќа.
     
    На Izaabella, tijanana, Angie1432 и 10 други им се допаѓа ова.