Форумџика на годината

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.345
    Допаѓања:
    182.267
    Не. За да ни ги имаш годините. И за да имаш малку искуство со сопствен дом, да ја надраснеш перспективата внуче на баба и чедо на мама. Не реков дека ќе размислуваш поинаку. Ама можеби ќе.
     
    На Yowannty и Mikha4 им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.731
    Допаѓања:
    35.744
    Пол:
    Женски
    Многу добра поента (y)
    Се нешто се очекува золвата осет да има, раат да имале братот и снаата, а од братот осет? Што им се тупнал сосе фамилија? Што заради него родителите раат не можат да бидат? Што заради тоа што он решил да си седи кај мама и тато, сестрата треба да се чувствува како 13-то прасе во домот на родителите?

    Осет само од едната страна барате? Ама... паричката има две страни ;)

    едит
    @Biljarkata Еве јас имам и искуство, а и годинки богами, па слично размислувам со Камелија. Не ќе да е до годините и искуството :)
     
    На Nausicaa, bibiiii, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.148
    Не знам ти колку години имаш, ама 80% од младиве снаи на форумов, се помали од мене :)

    И, мајка ми е постара од тебе, да речеме, можеби не е, па се' уште ако не секој, секој втор ден оди, макар на 15 минути.
    Да и' речам да порасне ако не? :D

    Не можам и не сакам сечии чевли да носам. Секој си ја крои својата судбина.


    Едит: Најглуп "аргумент" е дојди за 15 години :D
    Еве со Битерсвит скроз исто мислиме, може и она за 15 да дојде. Или не.
    За 15 години веројатно баба ми нема жива да биде, а таму може јас, може кираџии ќе живеат, може ќе затвориме врата и така ќе седи, може па братучедиве ќе сакаат да користат па ќе смислиме братска понуда за кирија.

    Кога неа ќе ја нема, може на ручек да им одам ако ме викнат. Ќе се спотепам да одам иначе.
     
    Последна измена: 26 мај 2020
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    Нема искуство што ќе смени сопственост. Осет имам само кога одам кај некого дома, простор кој е негов. Во случајов, кога сум кај баба и дедо, имам осет спрема нив, не спрема вујче и вујна, или пак спрема тетка и тетин. Ако не сметам на личноста кај која сум, не ме интересира дали сметам на друг кога не сум кај него. Секој става правила на нешто што е негово. Ако не е негово, неговите правила не се однесуваат на мене.
    Уште помалку пак ќе почитувам туѓи правила во поделен простор каде имам дел.

    Правила почитувам и осет имам, исто како и добра воља. Сепак равам како јас сакам, вклучувајќи ги сите околности.
     
    На SummerGirl и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.345
    Допаѓања:
    182.267
    Ама јас за бабата зборев, и ти ли одиш кај баба ти пошто имаш право?8-|

    Значи на постари луѓе, веќе се им пречи, им се приспива, се нешто ги заболува. Тие барем јас што ги знам, раат си сакаа (т), не автобуска станица. За тој осет зборам, и сеедно дали се снаи, золви, јатрви и синови, девери и остали ... Внимание да, досаѓање не.
     
    На Yowannty, Cosmi и princess5 им се допаѓа ова.
  6. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.167
    Пол:
    Женски
    Точно, постари луѓе си сакаат раат.
    Е сеа, ако внуците од ќерка што доаѓаат на гости им го нарушуваат раатот, тек замисли внуците од синот и снаата што живеат тука колку им го нарушуваат, ама од нив не смее да се бара осет пошо одма снаата ќе рипне дека е обесправена и угнетена.
     
    На CameliaMiller, bibiiii, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.345
    Допаѓања:
    182.267
    А кај пишав јас клаузула, осет сите освен снаата? Сите, без исклучок.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.322
    Допаѓања:
    37.044
    Пол:
    Женски
    Е па нормално дека ќе рипне снаата. Сега тоа е нејзино, па золвата смета. Што бара золвата да иде таму, па и да бара дел. Мажена е она. (facepalm)
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.148
    Епа мојава баба ако ме нема 2 дена одма ми се јавува да ме праша како сум, а и кога ќе одам :)
    И така е цел мој живот.
    Денес дојдов во Скопје, од петокот ме немаше, не поминаа два саата ми се јави самата.

    Верувај нема нејзин и мој ќеиф да расипувам ради никого, просто неа повеќе ја сакам од братучедите.

    Која е разликата, што викаш ние внучињава, кога мајките золвишта не' оставале кај бабата на чување, па ете така се создал тој присен однос. Не случајно.

    И како стареам сум се' посвесна дека нема вечно да живее, па тоа е плус причина уште поблиска да сум со неа, уште повеќе да ја гледам, уште повеќе внимание да ѝ посветувам.
     
  10. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Женски
    Ee.... ste ja utrule temata... ne mozam da clve donacitam!
    Ostavete gi be neka si ziveat lugeto koj kako saka,neka si organiziraat na koj kako mu e kef ruceci,veceri i sobiranki...babi strini cickovci vujko vujna... koj ima neka si gi cuva gleda (spored zasluga) ne mora da se cukame vo gradi.
    Koj stvoril sopstveno semejstvo znae sto e najbitno i najvredno.
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.236
    Допаѓања:
    89.131
    Пол:
    Женски
    Да,до осетот се работи.

    Без разлика на сопственоста на имотот,и снаата има свои права на комодитет,кој не би требало да и се нарушува само затоа што возрасната золва има непресечена папочна врпца со родителите,па смета дека има апсолутно право да и го нарушува секојдневно само затоа што утре можеби ке има пола од имотот, а оваа е снаа која нема право на имот.
    Многу дискриминаторски.
    Золва сум ама не ми е во ред.
    За мене е себично .Јас сакам секој ден кај мама,ми е гајле за други.

    Треба да се почитува комодитетот на сите што живеат во таа куќа бидејќи во тој момент станари во таа куќа се сите,физичка делба на имотот ,нема.

    Кога ке има,ке одиш на пр. само кај баба,во спротивно одиш кај сите и кај,баба,и кај вујко и кај вујна.

    Непочитување на туѓ простор на живеење ,а не на имотно право.

    А секогаш може да се видиш и со родители,баби и дедовци и надвор од нивниот дом,ако толку ти е ќејф,колата и одиш кај сакаш.
    Дома кај тебе на пр.

    Едит:
    Да не навлегуваме во мотивите, зошто родителите би живееле со синот,наместо со керката,тоа е веке друга тема,многу од старите родители,бираат повеке со синот да живеат бидејки повеке ке им се нашол од зетот на старост,и тоа има,и не е секогаш нивна волја за трпење на синот туку е и потреба да живеат со некого.

    А тоа дека би отишла ако би ти сметале ,зошто да одиш? Кај свекрва ти па ти би живеела во заедница и би подразбирало да вложуваш во таа задница и соживот.
    Значи место некој да те почитува тебе и твојот простор ,ти ке избегаш.:|
     
    На *Amethyst*, referentka, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Добро, а золвата ако не е мажена ме интересира дали ќе ви смета? И тогаш да не треба да се исели? Решение тогаш?
     
    На CameliaMiller, SummerGirl и fana им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.167
    Пол:
    Женски
    Па не реков ти дека си пишала така...имаше тука во темава примери за 4 генерации во 60 квадрати и золвата немала осет, им доаѓала на гости (што и држи вода донекаде), ама никој не спомна за осетот на синот и снаата кои оформиле семејство и склепале деца без никаков план за иднината, туку си се тупнале во тие 60 квадрати и чекаат старите да умрат а золвата да се откаже од делот за да се обезбедат станбено.
     
    На kukla21, CameliaMiller, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.345
    Допаѓања:
    182.267
    Абе пишав јас и за тоа, испрати ги од дома ко ќе станат полнолетни, се цитираа овде закони, дека ако чедото било студент и во брак, си бил должен да го издржаваш до 26 :worried: После ваљда навика им станува:lol:

    Не можам да ве расправам веќе, само кажувам, на некои теми е подобро да се има искуство пред да се дебатира, за да не се мешаат баби и жаби. Али ок, и бабите се луѓе. Сакајте ги бабите, со или без имот:inlove:
     
    На Dentina, Mami3 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.122
    Допаѓања:
    269.148
    Косми, “туѓ“ простор е, ама на баба ми, не на вујко ми :)
    Хипотетички збориме пошто ќе испадне дека не живеам со вујко ми, а напротив, стварно супер живеам и со него и со жена му. Ама живеам пошто секој си го знае своето место, не може да им сметам во куќа на баба ми, која како што кажав, не е ни на баба ми ако гледаме по имотен лист. Да речеме дека не живееа одделено (пошто живеат) освен капија и паркинг друго им е поделено, ок користат доста од физички на име на мајка ми ама нема никој намера тоа да го брои пошто не е битно. Ама, еве да не беа, јас ни тогаш немаше да им влезам пр. во спална нивна, или во детска на братучедите, ама кај баба ми ќе одев пак секогаш кога ќе сакам да одам и секогаш кога таа ќе сакаше да сум таму.
    И да се разбереме, колку и да сум блиска со вујко ми, вујна ми, пак повеќе желбата на баба ми ќе ми значи секогаш.

    Зошто некој живее со родители, мислам на заедница, за мене постојат две опции - или старите се даржливи, или старите се идиоти па не пуштаат синот да ја пресече папочната врвца :) Во мојов случај за кој зборам, баба ми и дедо ми многу пропатиле за да создадат за своите две деца подеднакво. Вујко ми можеше пример 5 деца да има и неговиот дел да му е малку, каква врска има тоа со мајка ми, мене?
    Двајцата добиле исто, ете он на пример не направил повеќе од тоа, мајка ми направила, па ај ако не да се откаже? Еве јас не би сакала да се откаже, мене ми значи тоа да остане наше.

    За свекрва ми, да бев верник свеќи ќе ѝ палев, пошто нема причина ич да го прави тоа што го прави за мене, го прави од љубов кон синот и почит кон мене, но не е должна, ниту јас имам што права да барам кај неа. И да, вложувам не е вистински збор пошто не вложувам во смисла соби и спратови да правам, во стан живее жената, но делот од станот кој јас и син ѝ по своја желба го користиме, сметам дека е знак на добра волја што не ни се меша, а не дека е тоа некакво наше, посебно не мое право. Ако кај неа во дневна дојде деверот со децата, жена му, па и кој било, еве нејзини пријателки да се секој ден, мене може да ми смета, ама не може да се бунам. Моето место таму не е за бунење, и немам што јас на неа во нејзино што сама го стварала со маж ѝ правила да ѝ поставувам. Или ќе се привикнам на нејзините услови, на нејзиниот ред, или ќе си одам. Тоа што и таа, и моите родители, нѝ овозможуваат кров на мене и мим додека не се укуќиме, е нивна добра волја, јас засекогаш ќе бидам благодарна, ни збор немам намера да кажам што ми чини, а што не.
    И да, не е свекрва ми совршена, ни девер ми, ни јас, ни мим - туку сите имаме толеранција и сме свесни дека кај неа сме сите гости. Затоа и со јатрва ми живеам одлично, затоа што ни една не се замара со туѓ (на мажите) имот или наследство, права кај свекрва итн. Двете сме на гости.

    Тоа што не ми чепкаат работи што сум ги оставила во собата, што не ми влегуваат без тропање е повеќе од доволно за мене. Да барам од свекрва ми да не доаѓа другиот син кога сака, затоа што јас и мим уште не сме се укуќиле, тоа никако.

    Патем речено, ни кај моите не го правам истото, како они сакаат - така, а да, вложувам во куќава во која сум се родила секако, учествувам во разно - разни издатоци и слично, но овде не важат мои, туку на моите родители правила. Еве да речеме да се уселиме тука сум мим, ни јас, а не па он, ќе има било кога право да ни смета сестра ми.

    Ако не се лажам ти живееш на исто место со свекор и свекрва но сте на посебни спратови?
    Да речеме дека јас сум золва во ситуацијава, на спратот кај мајка и татко ќе одам како мене и на нив ни чини, а на твојот спрат само со твоја покана.

    Живеам во заедничка куќа цел живот, не сум растена на хациенда па да не знам што е заеднички простор, кога бев дете ни сметки не беа поделени, на едно име стигаа. Една телефонска линија имаше.
    Сега пак живееме во една куќа, со различни влезови, буквално правилата се како во зграда, секој знае што е негово, од право, до обврска.
     
    На SummerGirl, Snow-Star и Mantub им се допаѓа ова.
  16. LovelyS

    LovelyS Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се пожалам. Живееме во иста куќа јас, маж ми, свекор и свекрва, золвата, маж и и 2те нивни деца. Секој на посебен спрат. Мажена сум 3 години а претходно живеевме заедно 1година и се знаеме подолго време. Мојата свекрва буквално не се замара со нас можам да кажам посовремена од ќерка и т.е золвата. Значи по намќор личност немам запознаено. Буквално си прави по свое како да е газдарица на цела куќа. Кога сака доаѓа кај нас, кога сака ѓи праќа децата кај нас, кога сака маж и доаѓа без грам култура, без тропнување на врата без најава. Ние сме млади нрмаме уште деца и сакаме да си спиеме до колку ни се спие преку викенд кога не сме на работа а децата не имат разбудено безброј пати. Не правам муабет за галамата од нивниот спрат него доаѓаат кај нас и не будат. Еднаш маж и ме затекна како излегувам од бања на бањарка пошто нема чувство дека треба да се тропне пред да се влезе. Буквално се однесуваат како ништо да не им е ограничено во куќата каде живееме сите. Кога седаме кај свекрва ми обавезно и таа ќе дојде. Во тие години не се случило ниту еднаш да не остави сами да седаме кај свекор ми и свекрвата. А кога ќе дојде 90% од времето молчи и ни го слуша муабетот а 10% паметува како тррба да направаме а како не. Во сите тие години што се познаваме буквално незнам ништо што се случува во нејзиниот живот а таа сака се да знае. Маж ми го знае тоа и он ја гледа целата ситуација но ми вика дека се чуствува немоќен пошто повеќе пати имат разговарано да си земат стан во кој ќе плаќаме и ние само да не живееме заедно пошто толку народ во една куќа очигледно е дека ќе имаме проблеми а таа цело време го манипулира и лаже дека гледаат и ќе земат но има поминато 5 години од како е во брак и уште се тука. Почна веќе неиздржливо да станува. Кога си одам дома чуствувам немир постојано, не се чувствувам воопшто убаво во својот дом. А тие не се замараат со ништо си терат по свое
     
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.094
    Пол:
    Женски
    Куќата има 3 спрата, на едниот свекорите, на другиот золвата, на третиот вие? Зошто не заклучувате на пример? Зошто да плаќате стан за други ако сте веќе поделени?
     
    На kukla21 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Клуч на врата и нема што да си влегува која сака и кога сака и да те начекува тебе не во бањарка и гола дури ако сакаш тој ден така да шеташ по дома.
     
    На bibiiii, SummerGirl и Spidy им се допаѓа ова.
  19. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.813
    Пол:
    Женски
    A zosto vie ne se otselite,ke plakate na drug stan a vie ke nemate... ne razbiram...
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.173
    Допаѓања:
    13.564
    Пол:
    Женски
    Постои едно предметче наречено клуч. Употребете го.
     
    На bibiiii, S.W.A.G, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.