Да куќата е на 3 спрата и ние сме најгоре. Влегуваме сите од исти влез ама пошто ние сме најгоре скалите од горе до долу се моја обврска за чистење. Ја сфаќам свекрвата повозрасна е да макни правосмукалки до 3 спрат ама таа бе... ниту нејзините не ги чисти.Не сакам цело време да сум под клуч пошто подоцна ќе ги отруе свекрва ми и свекорот со глупости во смисол како јас се правам газдарица, нели снаата секогаш е виновна. Со нив имам добри односи и не сакам да си ги расипувам. Дури и да заклучам пак немам никаква слобода. Неможам во двор да седнам со маж ми кафе да испијам веднаш доаѓа, ќе дојде сестра ми на гости веднаш и она доаѓа, абе бетер од свекрва. Ама нели нема обрска да готви пошто мамичка ќе и зготви ( за разлика од мене каде јас си готвам за нас 2 секој ден) и има вишок на времеМаж ми не сака да живее во стан затоа и не се отселуваме а немаме големи примања за да почнеме куќа или да купаме
За готвењето е нивна работа, мајка и ако сака нека и готви. За заклучување не те разбирам, немаш слобода, а нејќиш да се заклучиш пошо ќе те оговарале со свекрвата. Епа нека те оговараат што ти е гајле. Во секој однос во животов кога ти смета поставуваш граница. Ти и маж ти нејќите да поставите граница, а се жалите. Се што ти смета и кажуваш. Ида сестра ти, таа кога ќе дојде ќе и кажеш, сакам со сестра ми да поседам насамо. Ништо ако не и кажувате како да се сменат работите. Маж ти нема што да се осеќа немоќен на неговиот спрат.
Понекогаш сте ми чудни кога ќе пишете : на мама е станот, не е на брат ми и снаа ми, кога сакам и колку сакам ќе одам. ..а притоа во друга тема, сродна на оваа за невести и свекрви има изјави дека свекрвата (непоредно и золват) не и дозволуваат да се осеќа како да е дома.Диктираат, се мешаат...цел ден деца низ дома трчаат, се доаѓа да се јаде кај нив дома, се троши нивното од фриз.. Јас потполно исто размислувам како @Cosmi . Како бе така, ми текнало денес со децата да си седам кај мајка, дома ќе си спастрам и ќе си излезам.Дали снаа ми која.живее во заедница со моите денес планирала да спие или да си ужива, мене не ми е битно, важно е јас што сум наумила. Во ваквите ситуации и мајките имаат вина.Тие ако не знаат зрело да постапат, децата ќе им се караат. Осет. Само тоа.
А да поразговарате отворено сите заедно за некои куќни правила? Соберете се на кафенце сите и културно кажете што би сакале да биде поинаку и дали има простор за тоа. Ручеци дали готвела свекрва ти за неа, тоа не им спомнувај, нивна работа. Ама дека децата можат да не ве будат наутро, нема причина зошто да не можат. И со гостите сами да бидете, барем на вашиот спрат. Ај дворот заеднички простор е. Културно замолете за приватност и да не се упаѓа без тропање, зашто може и непријатни ситуации да начекаат. Може и тие имаат некоја мака и барање, нека си кажат. Ако и тие имаат спрат а и вие, зошто побогу тие би заминале. Можеби и маж и не сака во стан Тутма калабалак тоа е. Имам пример од другарка која многу се нервираше зашто девер и јатрва и седеа со нејзини гости ( или пеглаше јатрвата баш тогаш во дневна, ова со свои очи го видов на гости кај нејзе) ама тие живееја сите на ист спрат. Во 90 квадрати 5 возрасни и 3 па 4 деца. После и таа им седеше намерно кога имаше нивни гости, да видат како е...се преродија кога си купија стан и се преселија. Вие имате простор, треба само разбирачка. Ако се налутат за културен разговор, сите седнати на маса, па и свекор/ свекрва нека чујат ако се поцивилизирани, уф, нека се лутат. Ако тоа значи дека ќе престанат да ве замараат, нека се лутат од мирен разговор до даљњег.
Да, јас тоа го правам. Ми текнува да одам кај мајка ми во 5 до 12. Ќе спастрам дома и излегувам со детето. Некогаш седам два часа, а некогаш и до навечер, па и замисли спијам кога мм не е дома. И што? Да не треба на снаата да и се најавувам? Бог да чува. Ние да имаме осет, а братот и снаата зошто немаат, па да се одделат во посебно?
А од кај ние да знаеме, твој брат е ваљда. И веројатно подолго твој брат, отколку нечиј сопруг. Си немате работа, си правите интересно
Их, знаеш јас хипотетички што све можам да правам...Би отишла на остров негде на некој архипелаг, не би замарала никого во ограничени квадрати Ако толку ги сакам, ќе си ги земам и родителите на архипелагот, па и брат ми, со сите жени и деца И сестра ми хипотетичка Секој во башка бунгалов
А што е битно дали имам или немам? Да не треба да кажувам овде?Не е важно тоа. Може имам, може не. А мојот став е тој. Јас живеев кратко со свекрвата и свекорот додека не ја доправиме куќата посебно и золва ми си доаѓаше често и не се договараше со мене, туку со мајка си и јас немав право да кажувам дали ќерката да им доаѓа. Ама ти ако немаш близина со родителите, што да ти правам
Хипотетички можеш и мене да ме земеш со фамилиите Абе да не знаеш шо е полошо: да сакаш некој хипотетички што не постои или да мразиш некој што исто така хипотетички не постои
Moже авион да ми купиш Близина со брат/сестра не значи дека немам близина со родители. Ама за повеќе почит и љубов, секој во свој дом. Инаку секој ден може собиранки да си праиме, на договорена територија.
Не знам. Таму кајшто им одговара на инволвираните страни. Возрасни луѓе се договараат, никој на сила ништо не дава и не зема.
Еве ти кажи за золвата.Јас не прочитав овде дека ќерката со мажот живее за постојано кај родителите, туку тоа е синот.
Па нека живее, ете има пример погоре. Ама тоа не значи да им го нарушува комодитетот на батето и' и сопругата негова. Или не ќе се праиме газди сеа па распашана команда. Малограѓанско размислување у секој случај.