Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.511
    Пол:
    Женски
    Пирамидално подредување ти е тоа, не е праење газди :D
     
    На John Snow, Yowannty и flawless_ им се допаѓа ова.
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    А бате и сопругата можат да го нарушуваат комодитетот на родителите, нели?

    Кога некој основал семејство без пет денари у џеб и без никаква амбиција и идеја за сопствен дом, туку со очекување дека мајка му и татко му ќе спијат по каучи и троседи за да му ја отстапат спалната и ќе се будат на два саати од плачењето на бебето, и ќе бидат приморани да ги променат секојдневните рутини и навики само за да не ги остават синот и снаата на улица, тогаш треба да му е јасно дека и неговиот комодитет ќе биде во некоја мера нарушен.
    Просто е, во заедница сечиј комодитет е нарушен, ако не ти чини, одвој се па прави што сакаш и слободно трескај им врата на непожелни гости.
    Ама да мислиш дека ти имаш право да нарушиш нечиј комодитет, а твојот не смее никој да го наруши, тоа е веќе beyond малограѓанско размислување.
     
    На bibiiii, princess5, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Вреѓаш, другар. Не сакам да расправам криви-дрини кога не разбираш што сакам да ти кажам.
    Еве уште еднаш: Кога живееш во заедница или ќе си трпиш или ќе излезеш од таму. Едноставно е. Во темана Свекрви и снаи секоја што ќе се пожали ја советуваат да се исели или да си трпи, а тука се чудите.
     
    На Nausicaa, Spidy и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    А бе ај глупости, еве ја се ставам у обратна хипотетичка ситуација:D
    Сестра ми се омажи и сите живееме на куп со родителите на посебни спратови, ко она од погоре. Па мене чоече би ми било глупо да им дремам по цел ден на спратот, што ако е моја куќата( според вашата филозофија). Секој треба да има осет и да знае кога веќе почнува да биде напорен.
     
    На Puffy2019, LovelyS, tijanana и 5 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.218
    Допаѓања:
    181.511
    Пол:
    Женски
    Ај ај ај, моја филозофија? :o Ти не ме читаш на темава :u:
    Абе ако сестрата е помалечка, па сака да се дружи, оправдано е (lalala)
     
    На Yowannty, flawless_, John Snow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.965
    Ти си друго, знаеш дека постои форум како начин за тепање време, ако не друго. Некои луѓе не знаат, па досаѓаат по други луѓе:D
     
    На princess5, NarCis@, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Не мислев твојата конкретно медо, да не потенцирам конкретно изгенерализирав:D
    @Black girl @Asparagus Има разлика од заедница и посебни спратови. Примерот на членкава не значи дека некој се откажал од спалната и да спие на тросед за некој да шири муда, треба да праиме разлика. За заедница сите на куп да, се сложувам дека сечив комодитет е нарушен.
     
    На NarCis@ и flawless_ им се допаѓа ова.
  8. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    А дали ти прочита барем некој пост од членката каде што објасни за поделбата и кој колку направил? Или ќе пишуваме од памет?


    Колку се искомплицира темата тоа е чудо. Битно заклучивме дека золвата не била фрлена на улица и добила исто, дури поубаво од братот. Ама таа сепак е газдарица и на куќата која е препишана на братот, бидејќи и се може. Исто така, близина со родителите значи да одиш по 20 и неколку дена, еднаш месечно и да не ти е гајле дали нарушуваш секојдневна рутина на некој бидејќи тебе ти е досадно и тоа не е твоја работа.
    ОСЕТ е сè што е потребно за да има хармонија. Никој на никого не му забранил да доаѓа ниту бил злобен како што сте вие од типот "ми се може" бидејќи според мислењата за имотот , сега куќата е на негово име и може слободно да ја избрка золвата бидејќи таа си го добила својот дел.
     
    Последна измена: 27 мај 2020
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Епа јас зборам за апла заедница каде што се делат иста дневна, купатило, кујна, а не за различни спратови. На различен спрат ако си ќе си заклучиш и не мора да примаш, па ни да трпиш золва, зет, девер и слично.
     
    На John Snow и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Во теорија е лесно тоа со заклучувањето, во пракса малку потешко, секакви луѓе има. Не знам колку би било од корист освен ако не ти се битни односите со тие на прв спрат. И баш кога гледаш дека има 100 луѓе на еден спрат треба малку да подразмислиш пред да се инаетиш. Немаш забрана, осет треба да имаш.
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    35.435
    Пол:
    Женски
    Тие што зборат на другата тема против свекрвите се истите кои на оваа тема зборат против золвите :D Пошто сите се криви, само не тие :)
    Инаку, за одење кај мајка и нивното “зрело” постапување. Да ти се плукнам у таа мајка која мене ќе ми рече не доаѓај за снаа ти да спие! Ете така! Не може бре мајка ми да не сака мене или мои деца да види за да не ги налути синот и снаата! Никоја нормална мајка не би постапила така. И зошто само золвата осет да има, а од снаата и синот осет? Тие им се тупнале засекогаш. Заради нивното тупнување старите немаат слобода и комодитет. Уште золвата да не доаѓа и таман ќе е! И ако може и старите магично да ги снема и петка! |(
    Неснајденото синче (што би рекла Камелија) ќе си ја нареди (highfive)
     
    На bibiiii, princess5, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    35.435
    Пол:
    Женски
    Леле Џони :o Си ме изненаЃуел!!!
    Мислењево тие малкуцка т.е малкуцкаповеќе еднострано и ограничено. Коа золвата нарушува комодитет, малограѓанштина е, а кога синот нарушува комодитет тоа шо е? :?:
     
    На Nausicaa и SummerGirl им се допаѓа ова.
  13. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не треба никој да ти рече, треба сама да размислиш дали е во ред да им седиш по цел месец додека работат и да им рушиш приватност. Никоја нормална (ќе искористам твои зборови) личност која има малку осет и има цела куќа само за неа не би се тупнала во куќа која има уште шест други личности.

    Не се секирај ти за старите, јас не прочитав дека таа се пожали од нив. Немој да мислиш дека не било разговарано на таа тема, не им се тупнале бидејќи сега куќата е на име на синот. А да не сакале старите синот и снаата да бидат со нив, плацот и куќата ќе ги наменеле за него а не за золвата.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    13.479
    Кажи ми, зошто синот да не се одвои?Па така сите ќе си одат на гости кај родителите.
     
    На bibiiii, Nausicaa и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислев дека на светов поблиски од татко и мајка нема:wasntme:
    Уствари да, за тие што имаат свои деца, поважни им се тие, ама тоа не ги менува фактот и потребата од тоа да се поминува повеќе време со родителите кои за жал еден ден ионака ќе ги нема, секако тука не мислам на тоа да се "користат" родителите 24\7, треба да им се остави и нив простор за мир и одмор, ама гарантирам дека скоро секој родител ќе сака поддеднакво да ги гледа и да се грижи внуците од ќерката, исто како од синот.

    Абе, абе, трн во око ви е золвата кога ќе дојде кај мама и тато, ама ваши пријатели со немирни деца и цела тајфа роднини до десетто колено важно добредојдени се|(
    Не поддржувам золви кои се користољубиви, золви кои празнат и користат фрижидер на братот и снаата и не го полнат, золви кои на спратот на брат и снашка се однесуваат без осет, и слично.
    Ама моите да бидат во посебен спрат и јас да им одам еднаш на 100 дена оти ќе и сум засметала на снаата, ма немој:D

    Золва сум и живееме на посебен спрат со брат и снаа, ако и сметам што сум сеуште кај моите и не сум мажена, тоа е нејзин проблем, со години имаме коректен однос, ама како одминува времето осеќам дека и "засметувам" по малку, ама пак ќе речам тоа е нејзин проблем, јас од куќава не мрдам за туѓ ќеф:D не ми рекла лично ништо, ама пак од околу ми кажува примери за немажени лоши золви:D

    И за крај, се сложувам со @bittersweet дека во очите на снаата и околината, золвата е еднаква на зло, и снаа ми кога се омажи за брат ми, уште веднаш другарка и' и рекла дека поубаво ќе било да имало девер место золва, ми кажа снашка онака уз муабет:D:D:D
    Бог да чува бе|(
     
    Последна измена: 27 мај 2020
    На bibiiii, princess5, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Зошто ограничено и еднострано? Ако прочита горе ја објаснив и reverse ситуацијата, не глеам што е тука еднострано
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.965
    Значи форум ако не ти отвори очите, нема кој. Дури сега сфатив дека сум золва и сите епитети што идат со тоа(facepalm)
    Од утре брат ми со други очи ќе го гледам:bug:
    Богдачува:rofl:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.153
    Допаѓања:
    88.468
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller

    Доколку некој живее како мене,на различни спратови,или делат капија и двор,не сметаш никому,апсолутно може да доаѓа кој колку сака кај родителите,баби и дедовци,никој не треба збор да прозбори за тоа,не е во ред.

    Но,јас зборев заедница.Иста дневна соба,трпезарија,купатила.
    Тоа семејство тогаш нема еден член или двајца туку повеќе кои одлучиле да живеат заедно.
    Тоа почитување што го цениш од свекрвата, што не ти влага итд.е тоа почитување кон другиот ,а особено кога се живее во заедница.
    За вложување мислев во меѓусебниот однос.
    Кога секој го почитува туѓиот простор,проблеми нема.
    Без разлика од кои причини братот/снаата или ќерката/зетот (сеедно) останале да живеат таму
    во заедница, сепак тоа не значи дека јас како золва треба да им се бапнам кај моите секој ден.
    Без најава.
    Со мотив јас сакам да ги видам моите и точка.
    Ми е гајле за снаата,ако и чини нека ме трпи,ако не нека си оди.
    Како бе така? Па кој трпи навалентност?!
    И си ја ценам снаата,не сакам да се чувствува неудобно ради мене.
    Или тогаш на темата кај свекрвите да ги браниме кога влагаат 1200 пати кај внучето.
    И таа има мотив,ќејф и е да го види.
    Треба осет, во најмала рака секој да се најави па да оди.
    @An-na
    Како бе така не постои мајка која ќе спречи ќерка да дојде за да спие снаа.:o
    А што е снаата,крпа?
    Не се работи за никакво лутење туку за почитување на тој со кој живееш.
    Еве да живеам со свекрва ми,и заеднички да поминуваме и арно и лошо,и радости и болести и си легнам попладне да одморам,па свекрвата ќе ме покрие ,а на ќерката ќе и рече да помине за еден саат,тоа е нормално и исправно.
    На ќерката нема круната да и падне ако дојде за еден саат,а свекрвата ќе си ја цени и снаата и нејзиниот одмор.
    И проблеми нема.
    Не можам да разберам,од пуста мака зошто синот не се одделил( а не дека е многу лесно во заедница да живееш,а особено со стари луѓе).Сега золвата има право да оди во нивна заедница,кога ќе и текне без никаков респект кон другото живо битие наречено снаа.
    Скроз дискриминаторски.
     
    На BoaVista, princess5, Bubce38 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Кажав и погоре, дали не ме читаш или не ме разбираш не знам. Зошто мислиш дека не разговарале за останување на синот? Куќата е препишана на синот затоа што МАЈКА МУ И ТАТКО МУ ОДЛУЧИЛЕ ТАКА, а на золвата и бил даден плац и била опремена куќата од нив. Наместо тоа да и го дадат неа можеле за него па тој ќе се одделел. Зошто одлучиле така тие си знаат , битно никој не оставиле на улица и двајцата добиле подеднакво, што не ти чини сега? (facepalm) Братот има право да ја избрка ако сака, ама никој од нив не направил проблеми ниту и забранил да доаѓа а вие тука направивте ДРАМА.
    Ако не ми ги читаш мислењата и мислењата на членката со проблемот не ме цитирај. Тоа што ви одговара го читате, а другото не.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LovelyS

    LovelyS Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Добро и сега според некои од вас ако золвата е родена во куќата и останува да живее во неа и по омажувањето има право да му се меша на братот во спратот и да се однесува како да е газдарица на цела куќа пошто нели куќата е на мајка и и татко и, а братот кој го шиша од кај е и ного и е гајле за неговите и потребите на снаата. Па нека се става во кожа на снаата и таа некаде е снаа и нека ја гледа и таа страна. Пред се не треба да бидаш себичен туку кога живееш со повеќе луѓе во иста куќа да се прилагодиш на секој карактер и да праваш компромис а не да очекуваш сите по твој терк да живеат и да се прилагодуват единатвено по твоите каприци и потреби или снаата е најневажна во вашата приказна па многу ми е гајле. Повеќе пати индиректно сум се обидела да и посочам на некој грешки ама гледам дека ништо не допира до неа па изгледа ке треба директно да и се посочи дека треба малку да има осет за потребите и на друг а не само за своите потреби
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.