После се што е пишано овде како золвата има право кога сака и колку сака да си доаѓа кај мајка и без обзир дали пречи или не, зашто и припаѓа дел и нејзе,немој некоја да пишала дека се нервира што свекрва и доаѓа кај нив дома на кат или во стан кога ќе и текне. Си го купила, си го направила и може да си доаѓа кога сака и тоа без обзир дали ќе пречи на снаата.
Ама чекај сега, ќе ти речат дека може и така. Оти снаата требала да запоти г*з и да си направи најзино, и да го земе синот. Тогаш па на снаата родителите ќе смеат да доаѓаат кога сакаат и да седат колку сакаат. Никако не си. Не многу одамна, а може и одамна беше, афро-американците немаа право на глас пошто нивните робовладетели ги згрижиле, им дале покрив над глава, троа корка леб и нема сега тие што да се бунат. Ќе 'рмбаат и ќе ќутат. Нив ги средивме, сега уште снаите да ги ослободиме од свекоро-владетелското ропство.
Мојата ќе си средеше дома и со две деца доаѓаше кај нас.Маж на работа , таа ќе ги оставеше децата, па дали јас сум имала план или не ич не ја заболе, зашто кај мајка и си доаѓа не кај мене. На мајка и кога ќе и се дигнеше притисокот од 4 деца, јас под мишка и на лекар,.оти нели во заедница сме,.треба да се пазиме и гледаме една со друга. Е, золва ми во такви моменти на болести си беше " јас на страна сум". Епа и јас се тргнав на страна зашто и јас си сакав мир да имам. Старите се разболеа кога отидовме под кирија прво после и наш стан се купи.
Не, не беше пишано воопшто така, не доаѓа зашто има дел, туку си доаѓа кај родителите, а на посебен спрат или стан секој има право да си заклучи врата, беше напоменато неколку пати тоа. Него, имаат ли право свекорот и свекрвата да ви забранат на вас гости? Ете може им смета што си пиете кафе со другарка или комшика секој трет ден, или може им сметаат вашите родители, или братот/сестрата, исто како на вас што ви смета золвата...или тогаш ќе биде ред солзи ред мрсули? Имавте ли вие право на вето како немажени во куќата на родителите, ако ви сметало доаѓањето на чичко, тетка, вујна, комшика? Нормално дека немавте.
А која комшика или било кој од горенаведените доаѓа еднаш месечно и седи 20 дена? Куќата е на име на синот, а со тоа и жена му има право, значи може да ја избрка кога сака (ова е според "правниците" на темава). Само проблемот е што никој на никого не забранил и не знам зошто се превртуваат зборови.
Како мислиш да немам право? Кога, на 5-10години? Или веќе кога си созреана личност? Од работни обврски моите немаа време ниту за одење, ниту за примање гости. После работа земаш деца од школо и градинка, ручаш, пишуваш домашни, средуваш и се спремаш за нареден ден. Викенд се деновите за гости и шетање. Башка ништо не може да смета ако е претерано, односно секој ден. Инаку ние децата имавме право на глас дома, замисли И мајка ми имаше Може и ради тоа немаме вакви проблеми, дека секој може да си го каже своето Дека сите имаме подеднакви права де.
Јас еве се прашував со години: зошто ако толку неможе без мајка и, не си ја викне кај неа во станот, па нека ме викне и мене со децата, на драга воља ќе отидев. Ама не, послатко е да се тупнеш а дома да ти е пиц-пец. Станот од мајка и е, можеше да се збираме кај неа секој ден, па и јас деца ќе оставев за да отидам со другарки на кафе
Zatoa najdobro sami i stari i mladi. Ako nemozat da si kupat stan pod kirija treba da ziveaat mladite. Dve generacii ili tri pod ist krov ne moze da se trpat. Kako i da vrtis i snaata e vo pravo, a i zolvata e vo pravo sto saka da odi kaj majka i da ja vidi ili da i ostavi deca za cuvanje.
Уште еднаш ќе те прашам, дали ти дома имаше право на глас за тоа кој ќе доаѓа, кој не? Комшика може не доаѓа 20 дена, ама ако сестра и на мајка ти, или мајка и, седеле по 20 дена, а на мајка ти тоа не и пречело, имаше ти право да коментираш дека не треба да доаѓа? Или тоа право се стекнува исклучиво откако ќе одиш да живееш кај свекрвата и важи само во една насока, пошо ако свекрвата ти пререче дека мајка ти доаѓа пречесто ќе избие трета светска војна. А за случајот, членката воопшто не прецизираше на кој спрат доаѓа золвата, дал на нејзиниот, дал кај свекрвата (макар што јас сфатив дека кај мајка и на спрат седи), ама тоа не е битно, ете снаата има нели право да ги избрка кога сака, само на крај да не биде избркана и она пошо куќата е на име на синот, не нејзино.
Никој не рече само со дпзвола од снаата. Ама не и да седаш кај нив 20 дена и да нарушуваш ред и мир на тие што живеат таму. Сигурно на никој нема да пречаш ако одаш на едно кафе и си одиш дома, макар и секој ден да е.Стави се на место на снаата, дали сакаш золва ти да ти дојде на гости и да остане 20 дена без притоа да има осет за твојот ред,мир и приватност?
Прво да те прашам, кој забранил да доаѓа некој или кој кого избркал? Јас не прочитав такви работи, туку дека на членката и смета тоа што нема приватност. ИМАМ ПРАВО ДА СЕ ПОЖАЛАМ АКО НЕШТО МИ СМЕТА. Не сум имала случај да ме прашаат за "глас" затоа што и роднини кои живееле подалеку не седеле повеќе од два дена. Исто и ние сме правеле. Не сме гледале од аспект на тоа кој на што има право, туку сме имале осет.
Арно шо си се прашувала во себе, не на глас И ти уште си тука? Ајде снао, доволно ти допуштивме, дека си модератор, инаку ќе леташе досега Уште ли ќе правиме муабет за правата на снаите или може да тркнам до 40-ка? Таму золва сум, шо сакам си правам
Ама членката си има посебен спрат човече, кој може слободно да го заклучи, а на спратот на свекрвата не е нејзина работа кој колку доаѓа и седи, таму золвата може и три месеци да седи. Е сега не знам на кој спрат престојува золвата, ваљда кај нејзините на спрат е, тоа требаше членката поконкретно да се изјасни. Ај бе па и ти, што мора кај мајка ти да идеш, ете седни си у кафич таму видете се. Е сеа замисли да дојде на темава свекрва и да каже дека и пречи доаѓањето на мајка и/сестра и на снаата и дека треба у кафич да се видат за да не го нарушуваат мирот на другите...абе има Хелсиншки комитет да дознае за тоа колку се угнетени снаите.
Незнам што има врска модератор со летање и со снаа Се гледа дека си золва И јас сум исто ама не гледам така на работите.
Де ма Рефке, саркастична бев Золва сум, и најмногу си ја сакам снаа ми. Најсериозно. И затоа се чудам како луѓево може за личност од фамилија да зборат дека немаат право на глас.