1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Тоа не е ретко, тое е едноставно невозможно. Каде се видело и чуло зетот да нечини или пак ќеркат да не е во право. Ако ќерката рече дека свекрва и нечини таа е во право ама ако снаата се пожали за било какви услови е тоа не го бива, тогаш снаата греши.
    И да зетот мора да се сака пошто него го одбрала ќерката а таа никогаш не греши, посебно не како синот де што направил погрешен избор.
     
    На Anyshka, Ygritte и LovelyS им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    На ќерка ми каков маж и се погоди- кафе во кревет и носи, доручек спрема, пегла алишта, деца носи во градинка.
    Ама затоа пак син ми кутриот накапан е...на оваа кафето во кревет и го носи, децата тој во градинка, ручек спрема, а кравава ништо.

    Стар виц, ама ништо не е лага.
     
    На Anyshka, gentle.girl, elena.mak и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.638
    Пол:
    Женски
    Aко добро размислам навистина не познавам фамилија каде зетот не чини:)
    Можеби и да знам некои случаеви каде што на почеток баш и не го бендисувале зетот ама одпосле доаѓа она- На почетокот се противевме на изборот на ќерката ама сега гледаме дека имаме зет како мед:D
     
    На Anyshka, TeddyGrey, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Порано не можело ни да се замисли невестата да не е невина, ниту па снаата можела да ги погледне во очи свекорот и свекрвата во очи а камоли да пререкува кој дошол, чекала прво тие да јадат, а таа стоела до маса на готовс да им подаде нешто ако им затреба, па дури после јадела...разводот бил мислена именка без разлика што се случува...сега почнува да се менува теркот па се тинтраат снаите иначе порано прашајте ги мајките и бабите како било и дали смеела снаата да зуцне а не па правдини да дели.

    Ако веќе жалите по старите времиња и традиции, жалете по све комплет, не само по тоа што ви одговара.


    А за конкретната снаа што ја започна дебатата, таа си живее на посебен спрат и никаде не нагласи на кој спрат и доаѓа золвата, ако доаѓа на нејзиниот апсолутно има право да и ја тресне вратата, ама според подолу пишаново, ми изглеа дека сепак золвата доаѓа на спратот кај нејзините родители, а на снаата и пречи зошто и таа седи таму.

     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Општо за однос снаи и золви коментирав.
    Не за поединци членки.

    Како си мислите терајте.
    Секој сам си креира фамилијарни односи.
     
    На Mami3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Да си жива и здрава. Ете како фино напиша дека и ти и мт и деверот и јатрвата сте гости кај свекрвата и сите имате меѓусебна толеранција бидејќи навреме сте сватиле изгледа дека сте гости и затоа имате убав соживот.
     
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Така де, ќерката треба да има осет и да не се гужва во тие 50 квадрати каде во заедница живее брат и со нејзините, оти тој нема осет дека се гужва таму, заедно со снаата... во спротивно таа е крива и руши мир.

    Немам коментар, како размислуваат "еманципирани" луѓе на денешницата.
     
    На Doozy, bibiiii, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Јака еманципација:D

    Тенка е границата меѓу т.н. еманципација на золвата и осетот.
    Зависи што ќе преовладува.
     
    На Yowannty и Elena1001 им се допаѓа ова.
  9. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Убаво викаш како било порано за снаите. Ама дел од тие снаи биле золви па несмееле ни да помислат секој ден кај мама на кафе да одат и дома се да остават. Кај смеело порано золва да дојде и дел да бара, се знаело колку и следува, една нива и толку. Ако немале синови е тогаш друга била приказната. Ама како и да е порано велеле наследник, синот наследувал бидејќи тој продолжувал да се грижи за родителите и го носел презимето. Снаата немало сакам несакам, прифаќала презиме и се грижела како за нејзини родители и навистина ги дочувувале старите, ќерките биле на страна.
    Ама ова било многу многу одамна. Пред да почнат да се бунат снаите/золвите за своите права. Сега сите сме рамноправни и си делиме на пола :).
     
    На Anyshka, Ygritte и referentka им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.043
    Секако.
    Без оглед што спијам таму 5 дена неделно. Гостин сум.
    Толерирам и тоа што лично не ми чини. Оти гостин сум. Засекогаш гостин и ќе бидам. Не можам во на свекрва ми домот, јас да мислам правила.
    Или прифаќам, или не прифаќам.
    Ако не прифаќам, маж под рака и со здравје.

    Никогаш нема од неа да побарам и да очекувам да си гледа син и внуци зависно од мои потреби.

    Знаеме како живееле порано.
    Нам тоа не ни се свиѓа и не практикуваме.
    Традиција е, не е физички закон.

    Таа традиција е лоша, нефер, шовинистичка и треба да си остане во минатото, за спомен како не треба.

    Дете е дете, ако брат ми мисли дека е подете од мене, или сестра ми, секако дека ќе ги распрараме односите. Крвта не е вода, ама што може најсвој да ти скрои, никој не може.
     
    Последна измена од модератор: 29 мај 2020
    На Doozy, bibiiii, Spidy и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Па не е тенка, оти нема граница која ги дели осетот и еманципацијата не се сродни. :D ( ;) )

    Нека е и обратна ситуација, ќерката и зетот живеат во заедница со родителите, дали тоа значи дека снаата и синот ќе сметаат на секоја посета, а ќерката и зетот не сметаат секој ден? Или ќерка на друга ќерка, брат на друг брат во една фамилија.

    Еманципацијата укажува секој да си основа свое, а кога дојде време за наследство, ако има такво, да се подели правилно и секој да добие дел.

    Али очигледно некои уште чекаат на мамичка и татичко да створат покрив за генерација после нив, за да има каде да им живее синчето/ќеркичката, и никој друг член на фамилијата не смее да доаѓа да им нарушува мир оти е вишок во таа света заедница, и нема осет. А фактички, детенцетонакајпаразитче всушност не го запотило газот доволно за да основа свое и да си постави свои правила кои ќе му одговараат, без да одвинува трета личност за тоа што не му се допаѓа.
     
    На SummerGirl и Asparagus им се допаѓа ова.
  12. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Каква врска има сакањето на братот со тоа да не се откажуваш од тоа што е твое? Ако фактот што не се откажувам од мој дел ги загрози односите со брат ми, тоа е доказ за неговата почит и љубов спрема мене како сестра а не обратно. Осет треба од сите страни а не само од золвите.
     
    На Doozy, Puffy2019, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Тоа е интересно, им пречи еманципацијата на золвите, ама не и еманципацијата на снаите.
    Золвите стварно немало шанса да добијат пола имот, ама па затоа се живеело во заедница со девери, јатрви и нивните деца,за односот со мажот и да не почнувам, тој бил стопанот што требало беспоговорно да се слуша, свекорот и свекрвата била на ниво на божество и било непоимливо и на криво да ги погледнеш а камоли да им солиш памет...ама ете некои луѓе и за тие времиња жалат...се за инает на золвата.
     
  14. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Женички многу ми е смешна темава. Прва работа е кога ќерката ќе се омажи и оди во куќата на мажот нејзините родители не се бунат и не плачат да остане кај нив. Родителите имаат сваќање за ќерката дека сака сама да живее и ја подржуваат во таа одлука и неретко и финансиски ја помагаат одлуката за да имаат самостоен независен живот. Доаѓа ред и синот се жени. Прво прашање на родителите е "а каде ќе живеете"? Синот вика под кирија (зошто снаава лоша и сака да бидат независни и сами), и тука почнува драмата на мајката/свекрвата "зошто под кирија, што ќе кажат сите, па ние за што се трудевме и работевме, па кога ќе имате мало нема да знаете сами, еве јас се ќе помагам итн и на крај сине немој да ја оставаш мајка сама".
    Синот се мисли се дума и почнува кавги со невестата за да седат заедно. Со истото и тој ја убедува, ќе заштедат и сл. Ај невестата попушта зошто заљубена и си вика па може и да се во право.
    И тука почнува веселбата. Снаата нечини спиела до касно, недомаќинка, незнае да готви, незнае за дете да се грижи, незнае да чисти, некултурна е, излегува со другарки, може има нешто штом толку често излегува итн.
    Ако и золвата е малку подосадна и секој ден е тука има оговарање на велико и снаава почнува намерно да излага од дома сосе деца само да не се нервира ама уште нечини.
    Им пука филм и си бегаат снаата и синот. И замислете и после се свеки не оди секој ден кај ќерка и зошто нели таа уморна и мора да се на само со мажот иако нејзините го купиле станот ама не им е згодно да сметаат. Ама затоа нема нема секој втор ден кај синот, и да го купиле и да не го купиле тие, битно кај синот одат. И пак синот треба да се кара дома и кога ќе неможе да издржи ќе почне и со нив. А да не збориме ако станот е на име на свекрвата тогаш ќе може до 6 колено гости со неа да носи.
    Ако се разболат вртат на синот пошто тој ќе излезе во пресрет, и башка тоа е обврска на снајка, пошто золвата не се меша во ништо де.

    И сега до кого е работата???
    И после за што ви е толку криво и се докажувате кој е во право а кој не?
     
    На Anyshka, Puffy2019, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.043
    Абе на форумов снаите се секогаш загрозен вид, те свекрва, золва, девер, свекор, сите се криви, они се бре цвечки. Уште од моето далечно зачленување на форумов не ми беа јасни, ден денес не ми се.
    На темава до сега мислам дека немам пишувано, ама се' што се протнува како проблем со семејство на мажот, 99% е проблем со мажот, врска немаат ни свекрва ни золва.


    Ако ми е проблем деверот, поддршка не барам од деверот и разбирање.
    Маж под рака, сите среќни и полни со почит и ајт со здравје.

    Муабетот следно на оставинска 8)

    Како може да е на име на свекрва ако она и маж и' го купиле?

    Ако им иде секој ден, во нивно, та золва, та свекрва, и те како патот ќе и' го покажат.
    Под услов за маж да се мажени, не за дете недораснато.
     
    Последна измена од модератор: 29 мај 2020
    На Anyshka, Nausicaa, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Не си свесна колку си во право за болдираното.
    Баш прееска и ги читав мислењата на членката од која започна се, и уште пред неколку години има пишувано во тоа темите за брачни проблеми, дека маж и не сакал да идат под кирија, не ја пуштал да иде кај нејзините итн итн, и дефинитивно тоа е главниот проблем, ама јебига на луѓето им е полесно да ја криват золвата или свекрвата отколку да си признаат дека имаат проблем со мажот и дека очигледно направиле погрешен избор за брачен партнер.
     
    На Noemi, Spidy, princess5 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Како ги измислувате овие приказни или ја нисам одавде :D Грев да те фати за синовите според твојот муабет. Нема правило, ама ако веке генерализирам, барем од тоа што го гледам од моја околина, на некои им оставија и куќа и на крај пак сестрата се грижи најмногу за старите.
    Се треба да се дели еднакво, само во случај ако едниот се грижи за родителите во старост, треба да се договорат тој да земе поголем дел - без разлика дали е син или ќерка.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Сестрата се грижи затоа што снаата си го доби тоа што го сака. Затоа пишав претходно. Кога ќе дојде ред да се чуваат старите, снаата е прва што ќе рече - Нека ги чува сестра ти. И така бате ќе и ги тупне на сестричката само за да може неговата женичка да си ја прчи на раат. Заради такви снаи не зборат браќа и сестри помеѓу себе.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Зборот ми беше дека на двете деца ќе купи свекрвата и после не оди кај ќерката секој ден туку кај синот. Па ете кавги после.
    И не сум против еднаквата делба никако, туку против неизмерното досаѓање.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Само во претходниот пиша сите сте гости кај свекрва ти. Тоа се обидував да објаснам дека и кај родителите сме гости. Или можеби само кај свекрва ти сте гости ама кај тебе дома си е дома, може да одиш и да правиш што сакаш. Како може мт и деверот да се гости, па нели е нивно, нели таму пораснале.
    Е кога сите млади ќе сватат за еднакви аршини тогаш ќе имаат мир во куќа.
     
    На BoaVista, Annath и Yowannty им се допаѓа ова.