1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.046
    Јок, и кај моите сум на гости, од моментот кога почнав да работам. Како што кажав 100 пати до сега, добра волја е и на моите, и на свекрва ми, што нѝ отстапуваат простор за нас, а не е тоа никаква нивна должност.
    Јас секогаш викам имам две доми, оти па немаме наша со партнерот.
    Па живот во куфери јбг. Можат и да нѝ кажат ајт под кирија, ама не нѝ кажуваат.
    Фала им, реков, вечно благодарна ќе им бидам, на сите по ред.

    Парнерот и брат му се еднакви кај свекрва ми, иако брат му си има свое живеалиште. Никогаш нема да бидам јас и моите потреби над неговото право и правото на свекрва ми да се гледаат кога сакаат.
    Да не зборам па за внуци чување, сигурно јас или партнерот немаме право да ѝ кажеме кога смее да ги чува, а кога на нас ни се сака тишина пример.

    Свои правила само во свое. Џабе секој друг муабет.

    И кој го оправдува ова, жити се? Озбилно.
    Во моментот кога го поклонила живеалиштето, се знае кој каде припаѓа.
    Ама ако тука досаѓа, има син што треба да ѝ објасни дека не треба да досаѓа.
    Затоа реков, или ќе имаш маж што ќе ѝ каже на мама да не доаѓа секој ден, секако ако смета, или ќе имаш маж што нема да може на мама збор да ѝ каже. Тоа нема врска со неа, туку со синчето или ќеркичето, сеедно.

    И сега пред да ме прашаш ааааа ама обратно како може, еве проста работа, може обратно затоа што на ќерката/синот и мајката им одговара. Исто важи за мајката на снаава нели. Кај неа дома кога сака може да си ја викне, зашто да не.
     
    Последна измена од модератор: 29 мај 2020
    На ForeverYoung, fana, Elena1001 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Среќа си немаме вакви проблеми па си збориме хипотетички :).
    Како што и претходно реков кај мм тој се откажа во име на сестра му. Таа беше "неснаодливото дете".
    Ама сега несака да ги чува родителите, извлече што извлече секаква корист колку што можеше, и финансиска и физичка за помош во буквално се и сега вика јок неможам да чувам и помагам.
    Е ај сега НЗС.
    Ама се и сешто има низ светов.
     
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    А добро кај мажот ли живееш или си имате заедничко станче?

    Како бе така керќата смета у домо а на сино цела куќа со жена и дете. Не ми е јасно, балкански менталитет.
     
    Последна измена од модератор: 3 јуни 2020
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Кај мажот и седи и на золвата и рекла ако сакаш тишина седи си дома :rofl:
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  5. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Уште 1000 мислења напишав после ова, не знам што ти е толку интересно да цитираш мислења на секоја тема напишани пред месеци и години.
    И убаво е и да сфатиш што сум напишала.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.847
    Пол:
    Женски
    Кој на кого бе?
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Снашкава на золвата
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Така де отидат у туѓа куќа а не размислуваат што ке биде откажат се и од факултети и од работи и од се забодат се у некое село тај е најлесен пат секако и после кукаат по форуми. Сами себе се упропастат тие не ги ни сметам за жени пупу да не ми се навее таква ситуација.
     
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Зашто филозофирате толку страни околу живеачката.
    Нели може сѐ да биде ствар на договор?
    И мајка ми и татко ми (и едниот и другиот имаат по една сестра), си се договориле на време ферски и чесно и секој си го земал тоа што требало.
    Еве пример дедо ми, куќата кај што живеевме му ја препиша на татко ми, а тато на тетка ми ѝ дал пари.
    Тетка ми си живее со мажот и семејството во нивна ќука, татко ми си го има својот дел.
    Нит сум чула во мои 18 години да се караат околу тоа нити некој нешто да спомне.
    Тетка ми плус е мирна жена, како бубаче е, така што бар нема проблеми никакви од нејзина страна.И со мајка ми се сакаат.
    Мислам дека со договор може да се постигне сѐ, ама човечката алчност што ја поседуваме за пари/моќ+ нашиот скапан македонски менталитет со недосикоренети мислења= хаос и раздор
    Среќа што сум едно дете :$
    Ама во иднина ќе бидам родител, може и јас ќе треба да делам на децата.
    Секогаш ќе гледам да биде подеднакво и фер.
    Ако умирам бар од моја страна да биде фер да умрам мирна, они после нека се караат ако се глупави.
     
    На *Amethyst* и tijanana им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Боже баци цигла и буди прецизан ххахаха јас тебе тотално те сваќам во претходните постови и затоа не се обидувам ниту јас да објаснувам нема да ме разберат.

    Ја отворив темата и на таа страна ми се отвори не на последната, а маабетот ми сврте внимание, куќата е препишана 50 50 на децата тоа е нејно и готово нема бунење ако сака и кираџии ке донесе.
     
    Последна измена од модератор: 3 јуни 2020
  11. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не. На брат и е препишана куќата, а за неа нова. Кој да донесе кираџии сега?
     
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Јас тогаш никогаш не би ни дошла и и би се одрекла и од брат и од мајка и татко во тој случај и ке исчезнам за сва времена. А ако е цела куќа на брат и кој к***ац да доаѓа да помага у туѓа куќа, тоа ке го напрае само многу добродушен и наивен човек.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.046
    Тоа што е женско дете не го прави "подобро" или "погреота" дете. Реков одма, за мене нема разлика, не е ок едно дете да се фаворизира, кое сака нека е.

    Месеци и години, а само од февруари член. Ок :D
     
    Последна измена од модератор: 29 мај 2020
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.647
    Пол:
    Женски
    Мала збунка
    Ама многуте илјади испишани мислења си го земаат данокот.

    Знаеш...
    Заборавен пасворд:o
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    А ти сфаќаш дека кога ќе пишуваш,ќе имаш и цитирање?Што коментираш кога секому што не се согласува со твое мислење му велиш " не ме цитирај"?
     
  16. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас тебе ти напишав да не ме цитираш бидејќи не се разбираме и џабе е, не планирам да се расправам со тебе. Ти го заобиколуваш проблемот на членката и упорно кажуваш дека ќе бараш наследство, и три куќи да имаш пак ќе бараш - ОК, го разбрав и тоа и никој не ти забранува. Јас дискутирав конкретно за проблемот а не што би било некогаш или за нешто непостоечко. Членката со тој проблем кажа дека е еднакво поделено, ама пак се вртат други муабети, се наоѓаат други маани. Не мораш да ми се мешаш во дискусија со други членки, не и кажав на членката да не ме цитира туку дека има уште мислења, а во нив е сè објаснето. (facepalm)
     
  17. st2007

    st2007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Снаата и синот се тупнале, золвата кога сакала ќе си оди, куќата била на овој, куќата била на оној... Значи стварно на форумов сите работи одат од крајност во крајност.
    Како на никој не му текна да каже дека ќерката (золвата) колку и да седи, на крајот од денот пак ќе си оди, а оние што се тупнале на старите ќе им менуваат пелени, ќе им прават јадење, ќе им чистат, ќе им подадат чаша вода...
    Или кога е некој стар, болен осамен, ај да не седи сам ќе оди кај синот и снаата, зошто никој не оди кај зетот и ќерката ( зборувам при жив и здрав син)?
    Дали јас живеам во таква затуцана средина што познавам милион такви примери, а ниту една од вас не познава такви, не знам стварно...
    Да не ме разбере некоја погрешно, не велам дека не треба золвата да оди кај своите или слично, ама далеку од тоа дека тоа е нејзин дом, ама не е на снаата. Точно, снаата не се родила таму, ама во тој дом има повеќе обврски од золвата.
    Сума сумарум, јас сум за еднакви права, но и еднакви обврски.
     
    На Anyshka, Ygritte, NEA и 3 други им се допаѓа ова.
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    А ако се разведе золвата, ти за еднсквост ли сметаш се да се даде на сино цела куќа де бре луѓе, јас там ако имам спрат ако сакам кираџии ке донесам, или чипирани сме од мали да се гледаме како нешто помалку од мажите и не ни е никаде местото, ако сака ке седе со месеци таму, таму е кај родителите и уопште не смее да се доживее како туѓинка.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Па она си има добиено свое од нив, куќата е останата на брат и, зошто фактички нејзиниот дел и е исплатен.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Што има добиено една куќа е 50 000 евра да ја изградеш нормална куќа со се шо на неа сигурно еднакво не са даделе а можеби и ич па и да не смее на раат да си дојде дома, сите сме женски ајде замисли ти денес лежеш дома праеш шо сакаш утре да не смееш повеке од 2 саата на гости да седеш..