Ај на кантар и двете куќи, и нејзината (на нејзино име е бидејќи родителите го купиле местото и поголем дел и опремиле така да ако некој си оди тоа ќе биде мажот) и на братот, па ако треба и од другата ќе и се додаде.
Нити ти, ниту јас знаеме колку им дале, само јас знам што пиша членката, а ти незнаеш. Башка, нигде не пишала членката дека золвата не смее да дојде во куќата или незнам што, преувеличувате постојано муабети. И да ти кажам, кога ќе одам јас во куќата од моите родители, иако живеат сами и мојата стара соба е сеуште моја, не ми се седи повеќе од 2 дена (зборам дена, зошто се далеку, не се исплати да одам на неколку саати), зошто си се навикнав на комоцијата во мојов дом и сакам да си одам дома. Татко ми гледа фудбал или незнам што, сака да одмори и он е човек, мајка ми исто, јас со мало дете и мм неможам да седам во мојата соба, како што правев 90 % од времето дур не бев мажена.
И за темава важи изгледа: Ако сум снаата ќе ги бранам снаите. Ако сум золва ќе ги бранам золвите. Не ве можам. Не. Ако сте снаа и ако дојде золвата ќе се понашате како спрема гостинка. Ако не е мажена золвата ќе се навикнете заедно да живеете. Никоја не треба да изиграва божица, а друга робинка. Кога ќе се согласете да живеете таков живот ќе очекувате секакви ситуации.
За се треба да се има договор.. Золва ми може да се доаѓа кога сака и да седи колку сака нејзин дом таа тука пораснала. Нека доаѓа секој 2 викенд и секој ден Али со осет секако.. Неможе бе мене ми текнало да идам у соба кај снаа ми и брат ми и да им чепкам по работите неможам јас да идам и децата да ги пуштам да се дерат и ништо да не превземам дали е викенд дали не е.. некако така да се однесува недораснато делува.
Не знам каде прочита дека е еднаквост цела куќа на синот да се даде, јас не напишав такво нешто. Јас кажав дека сум за еднакви права и обврски. Значи ако се е оставено на синот и снаата тие ќе бришат го*на, ама ако е поделено ќе доаѓа и золвата да брише. Секоја чест на исклучоци, ама повеќето што јас ги познавам седеле по цел ден кај своите, ама кога ќе се разболат наеднаш обврски имаат по дома, не можат да доаѓаат, па бидејќи снаата онаа што се тупнале нели е дома, таа ќе ги гледа. За таква еднаквост зборувам јас, не за целата куќа на синот.
Кај брат ми, куќата е негова, на негово име, јас зедов нива, така сме договорени, меѓутоа обврските кога беше мајка ми на болница беа подеднакво мои и негови. Кога требаше сред ноќ да ја носам свекрва ми на лекар, отидов јас зашто јас бев тука до неа, јас и помогнав. И немојте да велите дека снаата е гостин во куќата. И снаите и золвите се дел од семејството. Растев во куќа кај што за снаата- вдовица немаше многу почит од золвата, па поучена од тоа, сакам да имам коректен однос со золва ми ама и со идната снаа...Човечноста е најважна....
И јас истото го пишував, воопшто не е убаво да се каже дека снаата се тупнала во куќата, многу ми боде очи тоа. Еве доказ дека пак снаата ќе ги гледа старите, а верувам дека има уште многу во вакви ситуации како тебе што ја гледале свекрвата и помагале.
Да се живи и здрави оние во домовите што згрижуваат стари лица, та ако чекаш да те гледа снаата, многу ќе дочекаш И да, постојат и многу ќерки кои ги оставаат изнемоштените родители без никаква грижа откако ќе им го земат миразот да си спомнам де, пред да ме нападнете дека ќерките се светици
Свекрва и золва, круша под круша си паѓа. Љубоморни дека во животот на синот, братот влегла друга жена и дека ќе стане побитна од нив. Страшно. Сите напредуваат во општеството само ние на балканов се уназадуваме. Живееме во некој си 18ти век. Срамотилоци. Чест на исклучоците. На тие што се среќни дека некоја го прави среќен синот, братот. И јас си имам проблеми со "идната" золва. Јас уште прв ден кога се запознав со сите нив сакав да бидам блиска, сакав да имаме убав однос, но со некој што не те поштува не можеш да изградиш убав однос додуша јас не сум се карала ама на игнор ги ставав. Со дм илјада пати сум разговарала ама не вродило со плод. Еден одмор низ нос ми извади. Не ми даваше да се зближам со дм, земавме 2 лежалки една за мене и дм друга за неа и сеа му викам седни на лежалката да ти го намачкам грбот и ете ја неа да ме боцне :"де бе не го пушташ да мрдне греота, дојди дада да те намачка". После тоа да се бањаме во моретои нормално си се закачаш со д, си се гушкавме, (на оваа и се видело дека го стискам под вода ) рипна од плажа во вода сум го давела, ќе сум видела јас убаво, рипна таа врз мене (инаку е 20 пати подебела од мене ) главата под вода ми беше се удавив. Снемав воздух. Потоа друга случка бевме со неа по продавници ( дм не можел да одбере сам сп мене морала и она да дојде морална поддршка) ќутев цело време она се му покажуваше што и се допаѓа он пробуваше и сеа дпјде ред на мене да ми се допаѓа нешто. Една блуза ми привлече внимание и му рекпв да ја проба се развика во сред сити мол нрмало да му одговара нели сме се договориле од дома нешто друго да носи налутена истрча ќе си идела смотаниов по неа трча. Јас си стоев така на страна они си се бркаа. Страшно.
WTF? Ова, во комбинација со другата тема кај што имаше пишано, не е нормално. Сите си се така позабегани. Не знам зошто до сега не си избегала од сите нив? Единствено може да им предложиш да си купат карта во еден правец за Алабама и да си живеат среќни заедно. А ти во меѓувреме барај си друг, овој не го бива.
Па по природа сум си таква јас се ќе истрпам и ќе си викам ај период е и она е млада, он е млад им работат хормоните. Па ќе помине некое време ќе заборавам па ќе гледам само доброто во нив, ама веќе вака не иде. До смртта на родителот мој јас не сум им пререкла ништо но откога го загубив, они немаа осет спрема мојата болка и правеа триста перипетии и не знаеа да заќутат тогаш за прв пат се што ми лежеше на душа им кажав во лице и тогаш почнаа преправањата пред синот, види ја сине како се понаша, ќе се врати од работа намерно тогаш во тој момент плаче она била повредена од моите зборови..... и триста други работи Точно он е главата на сите проблеми затоа што он да пресечеше на сите нивни глупости сега до ова дереџе немаше да стигнеме. Јас немав време да си се исплачам за смртта да си тагувам од нивните игри и глупости и дополнителни стресови што ми ги правеа
TF? Види, уште од сега ти е јасно со каков човек си имаш работа. Немој да мислиш дека ќе се смени, нема! Некое лигле вакво да ми е не би го трпела ама ич. Знаеш како ќе ти биде во животот? Како дада и мама ќе кажат! Или ќе трпиш или ќе тераш даље во животот и да си најдеш човек на место!
Хормони не се никаков изговор. Всушност, мислам дека тебе ти е сосема јасно што е проблемот и што треба да направиш. Се согласувам со сите членки дека проблемот е со него, не со неговите. Мислам дека и ти го знаеше тоа и пред да пишеш, ама си бараш некоја сламка да го оправдаш колку да не прекинеш. Знам дека не ти е сеедно да прекинеш врска и делува многу тешко. Ако ти е полесно, пробај да си ја замислиш иднината со него. Ти, тој, на горниот спрат од неговите, а тие доле со сестра му. Мајка му ви го земала детето да го чува по нејзин терк, додека сестра му го бања дечко ти, да не се удави сам. Во меѓувреме ти на горниот спрат сама, се прашуваш како да го убедиш да живеете во твојот празен стан. Не делува убаво нели? Ама со секој ден каде го одложуваш крајот, се доближуваш се повеќе до ваква реалност.
Те читав и во другата тема. Свесна си кој и што е проблемот, не сфаќам зошто уште не му раскина на тоа лигле. Тој наместо да трча по тебе тој трча по мајка му и сестра му. Што очекуваш од ваков човек? И да, овие случки не се нормални!