Ne mu ja misli ic. Ako sakas mir i spokoj. Ako sakas kompliciran zivot odtani so nego. A deka te saka, ne bi rekla. Mozebi po nekoja negova definicija za ljubov.
Зошто да добие ќотек, нема потреба. Така и дозволиле така си прави. Секој од нас може да се глупира на милион начини но ако другата страна не ни дозволи нема да успееме. Братот дозволил сестра му така да се понаша и ок може така им чини. Во тој случај третата страна се повлекува бидејќи сватила дека е попаметна од овие две будали. Да ми се испонаша така на одмор и да се труди да ми го упропасти ќе ја утепам но со зборови. Ќе и покажам дека јас сум се што таа сака да биде но неможе, нема капацитет. Потоа веднаш ќе му раскинам, па нема 16 год да речеш не разбира. Или веднаш ќе си заминев од одморот ќе му речев крај и потоа ни телефон немаше да му кренам. Нека одат поѓаволите и двајцата.
Абе да си во брак со деца ќе разберам. Макар што и тоа не ми е прифатливо, ама дечко ти е. Мислиш ли дека во иднина ќе се смени? Влези во тема снаи и свекрви ќе се изначиташ за вакви како твојот што уште од цицка кај мајка им не можат да се тргнат. И врвот..сестра му на одмор со вас. Сигурна си дека е со сите девојката?
Одамна ве читам па и јас ќе го споделам моето искуство со золвата. Јас сум снаа и живеам во заедница со свекор и свекрва. Добро се сложуваме имаме почит, разбирање и слога. Е сега работава со золвата е малце подруга човек дали да плаче или да се смее. Има мало дете од 3 години и бидејќи е ослободена од работа пола месец доаѓа тука живее пола месец кај маж и. Детето не и баш воспитано како што треба и кога доаѓа тука го остава мајка и и татко и да го чуваат, а таа секој ден оди по другарки. Доаѓа со изговор да одморела малку, во станот кај што живее не се дишело, не сакала на мажот слугинка да изиграва и што уште не. Детето се тепа со сите ништо не слуша и се што ќе допре крши. Јас не се ни трудам ниту па сакам да и го воспитувам детето ниту па да му свикувам. Од маж ми има страв тој и подвикува. Дојдени се тука од 28 јули. Свекрва ми последниве неколку дена плаче од внука и неможе да ја додржи. Со убаво и кажаа мајка и и татко и неможеме веќе оди си кај маж ти да се одмориме за таа на тоа да им одговори вие не сакате да ми помогнете со детето. Луѓево ги жзалам кај помагаат па уште ќерка им незадоволна. И сеуште не сака да си оди и седи тука. Повеќето од снаите имаат проблеми со свекрвите. Кај мене случајот е одбратен сите имаме проблем со золвата. Па и кога сме сами дома( јас, маж ми, свекор ми,свекрва ми) ја коментираме золва ми дека нема осет и дека не се седи толку време на гости.
Решението на твојот проблем е исто како и на сите снаи кои живеат во заедница. Ако ти пречи, оддели се. Таа каква и да е, доаѓа во куќата кај што израснала, доаѓа кај нејзините родители. Како си дозволуваш да ја коментираш
Јас живеам во заедница со свекор и свекрва каде што има слога и разбирање. Не живеам со золва во задница. Проблемот е во золвата што нема осет колку седи. Никој не и брани да дојде да поседи. Чим мајка и татко и и викаат оди си, а таа седи уште толку упорно проблемот е до неа. Ние си имаме направено спрат со сопругот во куќава само што сеуште немаме доволно финансии да го средиме и опремиме. Мајка и и татко и ја коментираат пред мене и ме прашуваат дали е во ред тоа што го прави ќерка им. Јас не отишла никому да сметам нити па да рушам ред и мир. Во спалната си имам оставено тросед и масичка и имам импровизирана дневна. Во ред е да дојдеш во куќата кај што си израснала да си видиш мајка татко, но не и да малтретираш друг. Јас сум бремена на патолошка сум ми треба мир и спокој, а не некој секој ден да ти вришти да ти влага во соба па и згора на тоа детето нејзино да ме штипе и да ме удира, а јас сум бремена. Со убаво и е кажано да си оди од мајка и и татко и ама таа е таква што од ништо не е задоволна.
Ако сакаш мир си одиш на свое. Кога ќе си во заедница, сепак треба да знаеш дека можно е да налеташ на секаков карактер.
Edinstven i najgilem problem... Nerazbrana zena!!! Ne i sedelo vo stanot!?!bre...lugeto se krstat za 30kv ona ne i se sedelo tamu... Off kakvi se ne postojat! Nemas care na problemot, do zenickava e se.
Јас мирот во заедница го имам. Проблемот е што друг од надвор ми го нарушува мирот. Не само мене туку и на сите други што живееме во куќава. Отворено и е кажано оди си да одмориме пак ќе дојдеш, но џабе со неразбрана личност компромис нема. Порано што убаво само по два дена доаѓаше во месецот да ти е мерак да се видиш муабет да си направиш и си одеше. Сега нашла па зашла.
Разговарај со маж ти штом има некаков авторитет да не ја пуштаат на вашиот спрат за да не те нервира и не дај боже да ти направи некоја беља штом си со ризична бременост. Не знам колку години има детето ама можеш да пробаш да објасниш на некој 'детски јазик' дека имаш мало бебенце во меше и може да го повреди. Има деца што ќе разберат, а има и деца што за инает го прават тоа што не е дозволено ама вреди да пробаш.
Нашла, па зашла? Од вакви снаи што се прават газди на туѓо ми се темни. Ако не ти се свиѓа излези си од заедница.
Не срц, ти си нашла па зашла си дошла во веќе направена куќа и си се опуштила со воведување правила куќата е повеќе на золва ти одколку твоја
Види, да не звучам грубо ама имај на ум дека тоа им е ќерка. Може и нон стоп да ја оговараат пред тебе, ама ако згусти меѓу вас две, многу е веројатно дека ќе се наклонат кон неа отколку кон тебе. За жал, дури си во заедница, ќе мораш да се справуваш со неа, зошто да сакале навистина да не доаѓа, ќе го решеле тоа, а немало да ја оговараат само. Реално не може да ти остане некој дома ако не го толерираш. Иако золвата си има друг стан, ако си во заедница, секако и золвата е дел од неа, зошто таа има исто толку право на куќата на родителите колку и маж ти, освен ако нема некој договор меѓу нив или ако родителите специфично не сакаат да ја исклучат. Не сакам да ме сфатиш погрешно, не велам дека ти е лесно и сѐедно, ама тоа е реалноста. Јас би ти рекла да се дистанцираш од нив колку што ти се условите. Имате соба како што сфатив со мажот, па гледај повеќе време поминувај таму, оди во заеднички простории само по потреба. Не сфаќам само, како ја оставаат и кој дозволува да те удира детево дури си бремена, мислам на свое дете не би дозволила, па не на внук/внука? Маж ти не реагира на ова? Седи си настрана од нив за да не си предизвикуваш стрес. Тоа е што е. За жал, не гледам друго решение во моментов. Направете напори да си го средите спратот што поскоро, колку што е можно, барем минимум да имате за живот. Не мора да е целосно опремен до детали.
Ние имаме направено спрат само не живееме на спратот затоа што сеуште немаме финансии да го средиме. Живееме доле со свекор и свекрва. Еднаш ме удри по задникот со два бокса и ја искарав. Мајка и вика е по газ те удрила не е ништо тоа. Јас на тоа и одговорив само дека ќерка и не требаа воопште да удира, а не дека ако ме удрила по газ не е ништо. Денес исто така ме удри и ме иштипа и поагресивно реагирав и одма ја тргнаа. Паметно е детето не можам да кажам не знае дека ќе имам бебе ама не е воспитано.
@Li-Li Игнорирај ја,поминувај повеќе време во вашата соба. Ти сега живееш тука и нема право да ве малтретира,без разлика дали има дел или нема дел во куќата. На луѓе без осет не можеш да им всадиш осет.