Некои луѓе не осеќаат дека немаат осет. @Li-Li избегнувај ја колку што можеш. Повеќе време биди во вашата соба.
Јас во оваа куќа ниту кажувам правила ниту па планиран да кажувам правила. Правила може да си кажувам кога ќе си го доправиме спратот и кога со маж ми ќе си живееме одделено. Во оваа куќа правила кажуваат свекор ми и свекрва ми и јас ги почитувам и маж ми исто така. Нити сум им преправила нешто ниту сум им сменила нешто. Како ќе кажат тие така ќе биде. Доколку јас сакам нешто да направам прво се консултирам со нив . Луѓето не се намќори, нормални се и скромни. Во куќава сум 8 години од кои скоро 1 година во брак. Проблемот е што ќерка им кога ќе дојде не ги почитува и прави раздор помеѓу сите и нема осет. Си го знам кај ми е местото. Таа не знае кај е нејзиното.
А зошто тебе би ти било гајле дали нив им смета ќерка им? Нивни проблем, тие не се мали деца за да не можат да се справат, ако ја трпат значи не им смета толку. Ќерка им е и може сакаат да ја трпат
@Li-Li не сум за тоа дека ако си отишла во заедница треба се на нос да се вади. За се има граница, ете кажа дека сте инвестирале во спрат. Не влегувај во конфликти, и тоа што ја оговараат нејзините нека не ти биде ветар во грб. Убаво ти кажа @Celltica , ќерка им е. Малце и дегутантно ми е ќерка да оговараш пред снаа колку и да нема осет, ама нејсе. Држи се на страна од целава ситуација.
Roditelite i kazuvaat deka im smeta sto e non stop kaj niv, muva ne ja lazi, pa uste e i drska i praVi razdor. I jas ne sum bila 5 mes kaj moite oti brat mi se tamu i ke bideme 12 luge doma normalno deka ke se guzvame i nema da ni bide udobno na nikoj ako e kukata golema i ima mesto za site. Ednostavno oset treba da se ima.
Па што не имаат синот и снаата осет, па да се тргнат од таму? Зошто само ќерката да има осет и да не оди? Вака сите на страна и сите ќе си одат колку што сакаат кај родителите. Кога ве читам некои како да сме под турско уште.
Се е океј тоа шо го зборите. Ама, пак каква е таа ќерка што го праќа бесното дете кај бремена снаа за само она да одморе. Малку себично ова. Да, точно баба и дедо се, внуче им е. Ама од луѓе без осет како мајката Боже ме чувај. Ако оди на работи и има обврски сосем разбирливо е. Ама, она да одмори треба бабата и дедото да го гонат.
Аман претерувате. Едно е детето да е невоспитано,а друго е да седи тука по цели месеци,а мажот и сам во станот. Проблемот е во девојката. Дефинитивно треба мажот да си ја подбере малку. Друго членката кажа “да ми помогнете со детето” значи дека не знае да го воспита како што треба. Веројатно е “испуштено” и сега оди поправај го. Сепак немој да си додаваш коментари со нив,ќути си пред нив. Со мажот доколку имаш однос добар разговарајте.
Она треба да има осет,ама и ти. Маж ти може да кажува правила,ти не.Золва ти доаѓа во куќата на нејзините родители,не е на гости. Само нејзините родители можат да кажат дали она да си оди.Ете,го кажале тоа. Ти си дошла во нивна куќа. За детето на золва ти,да,невоспитано е.Не треба да те мава.За ова ќе му збориш на маж ти заедно да пробате да му објасните дека не треба да те мава.Мало е,ќе треба добро да се потрудите. Види,золва ти може има некаков проблем со маж ѝ и затоа подолго седи кај нејзините,а нејќе да каже.Маж ти наместо да ѝ подвикнува,треба смирено да испита да не има сестра му некаков проблем.
Да, ама пак живеат во заедница. Нека си седнат и нека се договорат. Јас како што разбрав на мајката и било кажано, а таа се навредила. Мене лично би ми било глупо да знам дека на брат ми жена му е бремена, а јас да им го праќам моето дете моите да го гонат по дома. Да, членката не е во состојба да смени нешто. Ама и мајката има удел. Пошто колку и да си и дете, таа веќе живее посебен живот и треба да има барем малку разбирање, а не да е навредена.
Јас се што имам разговарам со маж ми и тој знае се што се случува во куќава и кога е дома сам гледа. Го дели истото мислење за сестра му како и јас само никогаш ниту сме го кажале ниту сме го споделиле со никого. За куќата колку што знам планираат да ја исклучат тотално иако не сум прашала од муабети што имам слушнато, а не ни сакам да се мешам во тоа. Голем дел од времето седам во соба не излегувам. Е сега неможам цел ден да седам во соба. Нормално некогаш да направиш јадење, да појдам до тоалет, да излезам на воздух. Маж ми реагира неколку пати и има кажано директно ама мува не ја лази. Понекогаш и со свекор ми и свекрва ми сакам да поседам кафе да испијам муабет да си направам затоа што луѓето се пријатни, а и едноставно некако мислењата ни се слични и ми прија разговорот со нив.
Снаата љубоморна да не е на золвата? Инаку колку што има мажот ти право на таа ќука толку има и золвата. Јас не знам што вие правите раздор во фамилии. Се мажите и мислите дека тронот го фативте па другото дете аут нека иде.
Ама треба да се има осет. Не е во ред додека снаата и синот спијат во соба, золвата да квакне таму. И тоа го имам видено.
Кој да седне да се договори? Нема што снаава да седнува и да договара. Ќерка им доаѓа дома, го носи внучето. Ако им смета на старите, нивно е да се справат со нејзе. Внучето не и го оставаат на чување на снаава.
Реприза Не знам. Значи снаата не смее да гукне што и да се деси пошто е донесена од страна? Да, ако сакале да живеат живот посебно не ни требало да се согласат да живеат со свекор и свекрва. Ама, ете, ги има. Ни е прва ни последна. Не се согласувам со делот дека ако и е ќерка треба да ја има целата слобода, а снаата да трае или пак обратно.