Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Е мојота золвичка мила и драга направи илјаду сплетки и тоа со нејзината мајка,прво демек не знам да готвам,а јас готвам уште од прво одд зошто бевме сами дома со брат ми(таа не знае ни едно јајце да си испржи)е па затоа и другите не знаат зошто она многу знае,кога почнавме да реновираме се мешаше во се до деталче ама немаше нејзе кога се мажи да и се меша да види како е ,потоа дрнкаше по народот зошто мене не ме бидува да му бара на брат и друга жена,па демек свадба нема да има зошто она така сака и се ќе изнапишам убави работи што коса ќе ви се крене,немав 5 мин мира додека бев бремена нон стоп лупање ,кршење и ред други глупоштарии и за Божик и за се не се бираше ни место ни време,се помина не сакам повеќе ни да ја видам ни да ја спомнувам ама секој што си прави утре други ден на своја глава ќе си направи тоа е мојата парола иако малку згрешив што нон стоп дозволував да ми се качуваат на глава да си ќутам ама тоа е тоа
     
  2. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    сега си отиде??? се омажи или????? ја уби хаххахахахаха се зезам
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Имам и јас золва, мажена е и си имаме супер однос. Јас неа прво ја запознав на факултет, па после тргнав со брат и. Сега и децата ни се нецела година разлика, па супер се дружиме.
     
    На verica81 и soco им се допаѓа ова.
  4. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Да ја убивам да си валкам раци за луѓе што не вредат нема шанси,сами ќе се убиваат од тоа што го прават јас сум човек што простува нема потреба од убивање и простував на сите и на свекрвата и на золвата ем они криви ем јас простував да имаме добар однос е кога се роди син ми и кога удрија по него е веќе нема простување на мене што сакаа можее да прават ама за синче не знам на што се сум спремна да го заштитам од злобни луѓе(освен убивање :lol: )
     
  5. byc1

    byc1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Здраво, со дечко ми сум 3 год и повеќе, јас имам золва т.е сеуште официјално не, таа е мажена и отидена во др куќа, ама не се трпи воопшто, секогаш таа зборува кога сме во друштво, секогаш нејзиното е поубаво и подобро, таа сЕ прави најдобро, неможиш да дојдиш до збор, и никако неможам да најдам заеднички јазик со нејзе, а јас не сум таква да се фалам за сЕ по ред, страшно ми смета тоа. Секогаш по дефолт на секоја средба ме нешто закачуе, ме испрашува, провоцира, за нели на крај да си го пофали нејзиното, и кога си идам дома од искачање или сл, гарант се изнаплакувам, и неможам да заспијам, цела вечер си го објаснувам нејзиното понашање - дрско, иритирачко, провокаторско, фалбаџиско и уште што ли не..!? Не дај боже, устата ке и се исуши да ми пофали нешто ново кога си имам купено, ќе ме изнагледа оздола до горе и ништо нема да речи. Никако неможам да си се објаснам самата јас кога сум во нејзино друштво, како да не сум јас, не сум природна, (а јас сум личност со голем хумор, зборлеста со блиски и пријатна сум за секој карактер-барем така мислам) -цело време таа зборува, си се фали, и ти треба да се смешкаш и да климкаш со глава дека е така и да се вчудоневидуваш на нејзините работливи способности, и кога ке сакаш да казиж нешто од темата ке ти ја смени, или кога ке и кажиш директно нејзе нешто добро од твоја страна , таа ке почни нешто др да ти праи муабет, едноставно си живее за да си се фали, и да ја слушат сите, навредува ненормално -веќе незнам дали е ненамерно или намерно - познавајки ја таква е со сите, ама најверојатно само јас ја свакјам така, и само јас се навредувам, дали дека сум риба во хороскоп..!? Неможам а да не ја рецкам,и да не и обракам внимение, секако дека дома ке се нервирам и ке пијам апчиња за смирување. Најглавното не го спомнав,- и дечко ми е запознаен со мојава нервоза околу неа, ама ми се крсти ми се чуди, демек ништо не и фали на сестра му, јас грешка сум сфакала, и цело време е откај нејзе, (а му се истурив од плачење за ситуациите со неа) , како ке кажи таа така е, за купување најпрво со сестра му се договара и сл. Неа ја брани во целава ситуација, помагајте незнам како ке се живеее со оваква напаст, дефинитивно како да немам никаков збор пред неа..,сите неа ја слушаат! Скоро за секоја расправија со дечко ми - таа е главна причина - зошто не смеам ништо лошо да кажам за сестра му- Спремен е и проба еднаш да раскиниме штом неможам да ја поднесам сестра му... !! Обајснете го тоа!??
     
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    ^ А ти да престанеш да се нервираш поради тоа? Ете си знаеш дека таа е таква и готово. Знаеш кој човек е паметен? Оној што се прилагодува на светот, а не чека светот да се прилагоди на него. ;)
    Сфаќам дека тебе тоа премногу ти пречи, ама до тој степен ти е поважна фалбаџиската особина на сестра му отколу љубовта што ти е важна?

    Кога ќе почне да се фали сестра му, да ти ги прекинува муабетите и не дава да се докажеш, покажи и малку заби. Кажи и да те остави да се доискажеш, дека не е културно така да се прекинува некој во разговорот. И кажи и директно дека не е во ред таквото нејзино однесување, да си подразмисли малце како би било ти така да се однесуваш постојано.

    А на дечко ти не можеш да му кажеш да бира помеѓу вас две. Стави се во негова кожа како би било.
    Но може да влијае на нејзиното/твоето однесување.

    А ти отварај очи додека е време. Немој упорно со глава во ѕид.
     
  7. byc1

    byc1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Скоро секој ден се гледаме, дека работи заедно со дечко ми, и неизбежна е, не се чувствувам пријатно во нејзино друштво, секогаш наога некои зафрканции, мислам најпрвин озбилно го кажува, а после неколку секунди демек зафканција било, незнам како ке оди, сакам да си живеам добро со неа, сепак е сестра на дечко ми ама мн си дава за значење, си дозволува да се меша во сите наши одлуки, чека нешто да се спречкаме да се насмее, и ме нервира дека дечко ми никогаш нема застанато откај мене, па тој нема да е со нејзе во брак, туку со мене, па мора да има некоја дистанца, и јас имам брат ама не ни се такви односите, ми смета дека е способен и да раскине со мене заради сестра му, до таму е отидена работата, неможи да свати дека некои карактери не се поклопуваат едноставно..
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ова е веќе голем проблем и сериозен. Можеби е доволен сигнал да ги преиспиташ некои работи во вашата врска.
    Се знае каде е местото на сестрата/золвата а каде на жената. Како маж ако не може да го реши проблемот тогаш нека балансира меѓу вас двете ако сака тебе да те задржи а неа да ја испочитува, али првенствено треба тебе да те разбере и свати што не ти се допаѓа
     
    На ANGEL1, lolyta777 и blond им се допаѓа ова.
  9. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Јас од искуство мислам дека и во бракот ќе си имаш проблеми со неа,зошто што не поминав со мојата и мојот маж и после се што ми направи и тоа замисли и против тоа што имаме дете и таа што правеше глупости поврзани со него заедно со свекрвата пак ги бранеше,не знам моето искуство не значи оти може да биде слично со твоето но мислам дека некој работи не се менуваат,тој си остана исти дури еднашка и пред нив сакаше моето синче ним да им го даде наместо мене кога плачеше мене ми ја тегнеше раката демек они можат да го смират,затоа ти велам многу е тешко со таков човек да си ,да знаеш оти е со нив а не со тебе кога најмногу ти треба
     
  10. byc1

    byc1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Да да, од проблемите понатака се плашам, сега - кога сме во врска никогаш не е откај мене, и никогаш не ме има одбрането во било кои случаеви, секогаш сестра му има повеќе поминато, таа знаела повеќе, искусна била и сл, (има и 2 дечиња) и се чувствувам како запоставена, и неспособна според него, а плус тоа е и мамин син, и во манџите уште кој ли не се меша..и комшиите дознаваат...Од една страна мислам дека дечко ми е крив зошто цело време нЕ споредува , ја споредува нашата врска со нивниот брак, како се тие подржувале, и сл, демек ти да беше како сестра ми мн ке беше убаво и сл...
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Како бре може да споредува нешто што не се споредува. Таа е во брак а вие во врска и побогу сестра му е.
    Ако тој не ти дава подршка, тогаш кој да ти даде, комшијата?!?! Нормално ако си во право за некои работи.
    Изгледа тој има уште многу да учи од постарата ,,дада,, :) и ,,мама,, а кога ќе се свести и ваљда некогаш созрее да не биде доцна.
    :x :x
     
    На maca99, lolyta777, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    И треба да се плашеш. Совет: бегај подалеку, не ми мириса на добро ситуацијава.
    А да си се ожени со сестра му |( ? Извини на изразов ама дебил е. Да беше како сестра ми.... пфффффффф. А да почнеш навистина да се однесуваш како сестра му? Пробај на сила биди како неа една недела, па да видиме тогаш....
     
    На maca99, lolyta777, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. byc1

    byc1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Всушност сестра му е помала од него 3 години, ама нели сезнајка е, а пробав да бидам така дрска како нејзе , да си се величам во свое име, верувајте, не ми личи, неможам да се препознаам, и може само јас глупаво да изгледам дека не ме знаат таква, па оддеднаш оп лоша :) едноставно било тешко некого да навредуваш а да велиш дека е зафрканција. Секогаш кога знам дека ке се сретнам, си велам да бидам цврска, да си течат разговорите нормално, таа да кажи јас да кажам нешто, ама на крај испаѓа дека не догаат моите 5 минути за разговор,. Знаете некој на кого сЕ му е подмачкано (барем нели така сега е случајот) некој ако неможи барем за ситница да ми се пожали, да ми кажи од што се има изнервирано или да ме праша како го правиш тоа-јас така незнам, не сум пробала, - едноставно нема ни ти што си изнакажиш да ти олесни, да размениш мислење, (фала богу неможи на секој да му течи мед), нели за тоа се пријателите, ...ама незнам како ке биди понатака, гледам да се смирувам, ама мн фигури се во прашање, најболно е што јас не сум на првото место за дечко ми, и секогаш ја слушаме нејзината страна за било што да се работи.
     
  14. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    ЈАс да знаев оти ке е така одамна ќе го решев тоа,не дозволувај секогаш да те споредуваат и демек тебе за ништо не те бидува,а да ги погледнеш нив божееееееее катастрофа ама нема кој да им каже самобендисани од носот понагоре не видуваат,решавај си ги работите порано подоцна како мене ќе се омажиш ќе одимаш дете и во секоја работа ќе ти се мешаат,среќа ѓто сме под кирија веќе и колу да се мешаат не е како што кога бевме со нив,погрозни ситуации здравје,затоа ставај си го редот сега ,сакаш сестра ти ајде со неа не со мене,си мислиш само тој има сестра па ти немаш ли брат или сестра па ајде ти величи го брат ти или сестра ти демек тој не е како нив,или споредувај го со татко ти да види он како ќе се чуствува дали нему ќе му биде добро он да не вреди а сите други да се повредни од него
     
    На byc1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. byc1

    byc1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Да да баш самобендисани, сЕ најубаво им се случува ним. Гледам да ги регулирам ситуациите, ама накрај пак по нивно испаѓа, јас си идам дома изнервирала, и си го вратам филмот зошто не сум и така кажала така-вака, да си се одбранам нешто, ама нели немам збор нема време за мене.,Си изнакажуваат за нив и ајде чао. Незнам шо ке се праи, односите со дечко ми се изладени, во голем дел баш од таквите односи и понашања на личноста, и нели јас сум крива од негова страна.
     
  16. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Епа вака и ти со неа почни да разговараш на ист начин (на ист јазик) па види као ке е јас вака разговарам со една барачетка на неа се и сметаше и се се дереше и јас на неа почнав да и се дерам и да правам мааабет како неа и да видеш како се смири
    (проблемите до работа не треба да се носат дома а од дома не треба да се носат на работа )
     
  17. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    А, извини каква врска има работата со темава??? :o
     
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Jас сум верена веке 3год. Uсте некој месец ке се мазам. Mојот сопруг има две сестри и 1брат. Bратот и едното девикце се по 15 и се е ок со нив. Tие се деца и не ги знат оние алцности,озборувајна,критеки и како и сто усте да казам. Eднава золва е мазена и има девојце јас така ја имам засакано и сите нив али сега ми се одмили веке. Oна имасе проблеми со мазот се кара и остава и јас секогас бев со нејзе како рамо за плацејне,ја советував и помагав и се. A кога јас ке се скарам со мојов таа му викала оставија :o не и цвони не ја барај............. Oна знае дека јас и мазми се договоривме се да си казуваме кога ке треба да се оди некаде,она го вика да се сетат(бидејки мене ми смета) ->знаци казувам за кога иди кај родителите на седејне. Bидејки зивеат во италија и се далекку од кај мазоти до кај родителите седи 1недела. A јас сум во мак. Zнаци со мојов се убаво преку нет с. Zбориме и гледаме али кога она е тамму мора да сме лути или да се скараме. Kако јас да не постојам кога она е таму. Sи мислам еденн ден кога ке зивеам со нив и она кога ке иде јас како да не бидам таму така к. Sе однесуват сите??!!!!...
    A он мојон е греота е да и викам заради тебе,таа н. Mалце е кајј нас а јас да и викам не бива. Jас за него се карам со моиве а он не. :@ знаци усте сега немозам да замислам заедно со неја како да ј. Iзбегавам кога ке бидам таму??? Zнаци после се тоа со му викала на мојов да м. Oстави и не ме бара и се не ја сакам повеке.....!!!....
     
  19. byc1

    byc1 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Само внимавај на пишувањето, многу не се разбира,.. пробај да ја избегаваш кога ке бидите поблиску во Италија, така беше? :P Ако те поддржува мажот ти полесно ке ти е, ке те разбери, ама ако е како мојов случај да го слуша секој освен жената - е си загазила... И јас едно време на почетокот кога ке се скаравме со дечко ми трчав да и се пожалам нејзе, ама никаков совет не добивав, таа си ги кажуваше нејзините случки, како се нема карано и расправано со нејзиниот, како се слагале,..и си велам колку сум глупава, па таа е последната личност на светот што треба да и се фрлам на рамо од расправиите со дечко или маж... Пробај на дистанца, разговарај ама површно, и таа ке почни така да се држи, е сега незнам до кај и е воспитањето стасано :P можи ке прочита меѓу редови, сепак ради реда си напрајте муабет и ништо повеќе, тоа е од мене ....
    Неможам да и се дерам, ќе треба да се скараме, а со тоа и ке раскиниме со дечко ми, а и најверојатно ке ме клевети на најзините и ке настани голема. Сепак таа му е сестра, на братучеда и ја ке се дерам :P
     
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.924
    Допаѓања:
    123.463
    Со мојата и двете спремаме свадби |( и овој период ми е измачување ,зошто сите идеи што си ги имав и за фустан и за се,откако ги кажав почнала да ги применува :@ Затоа сега памет за другпат,си ќутам и и кажав скроз различен модел на фустан за разлика од оној кој го шијам,за да не сошие ист.Нејзиниот е 450 евра мојот 100 евра повеќе,за што искоментира дека тоа се премногу пари за еден ден,требало да се штеди,две свадби ќе имало оваа година,а она плус имала многу бовчи :| Злато не морало да купувам,било скапо,нели зошто нејзините треба да го купам,е сега ме фати инает и навистина мислев да им кажам да не ме даруваат со злато и такви глупости зошто ем не носам,ем е многу поскапено,ама откако ме налути ќе им кажам дека сакам или бело злато или Сваровски комплет,нешто такво.Мислам за се ми стави капак вчера,а кој ја тераше и таа да се мажи? Да не остане покуса од мене .Можеа да почекаат да помине нашата свадба .
    Е сега не планирам да штедам само затоа што она така сака.Требало да штедам и на бонбони,она сама ќе си ги правела,и на покани и на се!
    Е готово,нема :!:
    Уф вака утрински се испразнив :lol: не знам што ми требаше да си губам непотребна енергија. |(

    Однос снаа золва,е скоро ист ко снаа свекрва.Барем јас така мислам.
    Ете мојата золва со нејзината гледајќи ги,мислев дека се ко сестри,за да еден ден чујам со мајка и како разговараат и она за нејзината золва рече дека утре ќе доаѓала на гости со децата,ќе требало цел ден да се замара со неа,место да одмори на крај рече-Кој ќе ги трпи цел ден и неа и тоа децата главата ќе ми пукне ]:) Инаку секоја слика на ФБ е со неа и со дечињата нејзини,па видете сега кое лицемерие и тоа секаде.!
    Затоа како со свекрва со резерва исто и со золва резерва,горе долу тука некаде се,од ист калап :lol:
     
    На girl-miri и soncenceto.matea им се допаѓа ова.