Види, ти не знаеш што се случува во нејзиниот брак и зошто се договориле тие да бидат разделени. Тоа не е никако спорно во ситуацијава, зошто само двајцата во бракот знаат што и како се случува во тој брак. Не би требало да те интересира тоа, ни па според мене е некој голем циркуз, може едноставно не се во добри односи, и тоа се случува во брак. Имај на ум дека ако не е ок нејзиниот брак и дојде до развод, многу веројатно е дека нон стоп ќе биде со вас, а не на секои две недели. Тоа не можеш ти никако да го смениш, ниту може маж ти. Од друга страна, ако викаш не требало да се мажи ако сакала да седи со мајка, е малку контрадикторно зошто по таа логика, и мажот ти не требало да се жени дури не се одвои. 21ви век сме и не важат веќе тие патријархални правила дека мора само машкото да се обезбеди, а женското да иде на кафе и ручек само. И ти ако си сакаш да си поседиш кај мајка ти, дури и брат ти да си има жена и деца, треба апсолутно да имаш право на тоа, освен ако не ти забранил родителот специфично.
Гледај вака. Ти си се мажила си отишла од дома, брат ти си останува. Ако се разведеш, ти ќе си таа што ќе си оди пак, маж ти ќе си остане. Ти рашетувај се и после дојди да ни кажеш како е "нормално како и секоја ќерка". Детето кај родителот треба да може секогаш да доаѓа. Ти ако сакаш правила да воведуваш, некој ти пречел, ти го нарушувал мирот пошо си бремена, пресели се во твое. Овде не си, и ќе мораш да се соочуваш со секој карактер во куќата. А тоа дали има обврски и маж таа па не ги извршува тоа ми е оговарање ко за на селска чешма. Ау за срам, таа ручек не му направи на мажот денес, јас колку сум вредна. Гледајте си работа. Зошто тебе би ти било гајле дали има обврски таа. Зошто тебе би ти било гајле дали им пречи на свекорот и на свекрвата. Тие работи не те засегаат тебе.
Јас не ни сакам не ме ни интересира ни прашувам што и се случува во бракот. Сакала нејќела во една дневна сите седат и во собава моја се се слуша и да не сакам ќе слушнам, а таа се кажува на мајка и. Ни се разделени нити па не се во добри односи. Ситуацијата им е нормална. А за тоа дека маж ми требало да се оддели од неговите па да се жени имавме опција да живееме сами во куќава, а неговите да одат во село да се преселат, но несакавме од причина што се повозрасни и често одат на лекар со терапија се, а во селото нема лекар. Затоа маж ми одлучи над куќава да направиме спрат и секако тоа многу повеќе кошта одколку да се согласеше да се преселат мајка му и татко му на село. Е сега ова е Македонија и не сме толку моќни во наредните години да се одделиме посебно и да го средиме спратот. За одењето кај мојата мајка можам само да кажам дека никој не ми брани нормално сакаат да ме видат да поседиме, но јас не одам толку често затоа што имам осет. Без разлика што брат ми не е женет јас лично не се чувствувам убаво да им седам подолго време затоа што моите сеуште одат на работа си имаат нивни обврски и не сакам да нарушувам ничии ред и мир.
Ќерка им е,не е гостинка! Има право да доаѓа и да седи кај нејзините родители.Нејзините родители имаат право да ѝ кажуваат колку да седи,ти немаш.
Па она кажува дека не и зборува ништо. Пола месец дома да седиш,а притоа да те чека стан и маж сам е претерано.
Ти не одиш кај мајка ти, не затоа што имаш осет туку затоа што така те воспитале дека жената треба да се понижува, да оди кај мажот дома, ако се разведеш кај братот ќе се вратиш, а мажите цело време си седат на готово. Тоа не е имање осет, тоа е да не си свесна какви права имаш и сама да се редиш скалило под мажот. Затоа ти се чудни золви што идаат и поминуваат време кај родителите
Во ред е, мене најпоследно од сите треба нешто да ми се оправдаш зошто живеете во заедница, мене најмалку ме инетересира Мојата поента беше дека не е коректно да се збори "што се мажела ако сакала со мајка да седи", кога и вие сте во истата ситуација, а причините како што ги имате вие, ги има и она. Она ако сака соси мажот и детето ќе се пресели тука, ако и е дозволено. А тоа каков е нејзиниот брак пак ќе речам, не е твое да судиш. Може и најнормални односи да се и да се така договорени. Мене, тебе и на Петкана може да ни изгледа чудно, ама нема никаква допирна точка со твојата ситуација, ни па е твое да судиш.
А маж ти што седи со тате и мама? Се оженил нели. Што нарушувате вие туѓ ред и мир? Тебе не треба да те интересира зошто таа седи кај родителите без маж и.
Кога детето ќе се омажи/ожени, а не живее во куќата каде што пораснало, после оформувањето свое семејство, оди на гости кај сопствените родители. Во куќата на моите јас сум гостин, исто како и брат ми, оти секој од нас има свое семејство, и кога одиме таму, ние сме на гости, оти куќата не е наша. Куќата е на моите, нивно право е дали ќе ни ја дадат да ја делиме со брат ми или не. Не може золвата да квакнува кај мајка кога ќе и прдне и да си прави што сака, оти си има свое семејство, како што мајка и си има гнездо од кое птичките одлетале. Во туѓа куќа се почитуваат туѓи правила. Што ако децата пораснале во таа куќа. Ако се разведе золвата, ќе си оди во свое, не при мајка и татко, туку во нешто нејзино. Исто како и братот што треба да направи. Многу еманципирани се правите, ама во душа сте бетер од оние во турско што живеат.
Колку што гледам не читате убаво што пишувам. Јас никому не сум му кажала колку треба да седи кај мајка ниту па збор сум рекла. Свекрва ми и вика на ќерка и да си оди не јас. Таа и кажува дека претерува дека маж и е сам дома и дека треба да оди да си го гледа мажот и детето. Јас си седам во мојата соба и никому не сметам нити па кажувам како треба да биде. Јас во куќава не воведувам правила туку само почитувам правила. Не се рашетувам посебно не во мојава ситуација и си се пазам. И не знам врз основа на што можеш да кажеш дека мајка ми ме воспитала дека жената треба да се понижува и да оди кај мажот дома. Во ситуацијата на мајка ми таа имала татко ми немал. Тој е дојден да живее кај мајка ми. Со таквите размислувања како твоето ( во ситуацијава претпоставувам дека си или ќерка или мајка која има ќерка) во сите семејства каде што се живее во заедница и ќерката може да си доаѓа кога сака и да седи колку сака и да прави неред секој ден со невоспитаното дете може да дојде само до распад и развод на семејството. Имаше и таа ситуација во нејзиното семејство со мажот пред две години кога дојде золва и и седеше во нивниот стан исто со 2 невоспитани деца. Бидејќи таа е склона да биде по нејзино секој ден се караше со золва и. Мажот нејзин ја врати тука кај мајка и со се дете и знае како е кога некој ти седи дома ти смета( во случајов золвата на золва ми) со невоспитани деца. Го има искусено тоа и беа пред развод. Сетоа ова што јас тука го споделив на форумот истата моја золва го кажуваше за нејзината золва. За среќа после 2-3 месеци золва и си отиде се смирија со маж и и се беше во најдобар ред. Сега во станот никој не и смета. Во мојов случај јас не кажувам никакви правила на золва ми, не сум рекла ни збор ни па сум се искарала со нејзе.
А чекај малку. Зошто машкото да живее со тате и мама,а женското ако се разведе да бара чаре? Демек понижување ако се врати кај таткото и мајката? Нели гледате дека се живее со минимални плати. Лесно е да се каже да се бара друго живеалиште.
Е што нема да видам. Нејзина била куќата, ќе си иде дома кога сака. Ајде океј, во нормални услови. И нека седи 2 недели ај, ама што правиме со моментот дека го остава невоспитаното и бесно дете кое пречи (буквално на сите во куќата) за она да си се шета со другарки? Ако ова за вас е нормално и ако згора на се пак снаата ви е крива, не знам што повеќе да кажам. Осет треба да се има, осет.
Не, туку секој, ако се разведе да си бара чаре. А не при тате и мама. Оти штом си оформил семејство способен си да се грижиш сам за себе.
Мене ме нервира целиов муабет за невоспитани деца. Сите бреј невоспитани се, само тоа со седи и ќути и глеа цртани е воспитано. Секогаш има причина зошто детето се однесува агресивно. Пробај најди начин допри до детето, спријатели се, ќе бидеш мајка, не само бегај во соба.
Ова е многу убаво ако може да се оствари, ама за жал реалноста на многу семејства е поинаква. И од тоа да не се враќа кај мајка и татко се случува и жени и мажи да остануваат во несреќни бракови, трпат насилство и ред други работи. Не секој може сам да се снајде, земајќи предвид какви се нашиве примања.
Па зошто тогаш некои синови не се одвојат? Еве на членката погоре им пречи золвата, ама тие важно 8 години живеат со старци. Да бидеме реални само синовите се тупнуваат да живеат во заедница, ќерките не.
Ако золвата се разведе барем во мојот случај мајка и и татко и јасно и гласно и кажаа бидејќи еднаш дојде до таква ситуација. Ако се разведеш ќе си учествуваш во средување на спратот за брат ти за да може тој да живее нормален живот а ти тука со нас. И да имавме опциија да живееме сами, но се одлучивме сега за сега во заедница, а здравје боже понатака да се одделиме кога ќе си го средиме спратот. Луѓето се повозрасни често одат на лекар. Можеше маж ми да им каже одете во село јас тука сам ќе си живеам. Кога ќе им се слоши навечер нормално јас и маж ми трчаме со нив по болници. Да отиде да живеат во село таму нема доктори и ќе немаше кој да им помогне. Најверојатно не читате што пишувам затоа поставувате исти прашања повеќе пати, а јас веќе сум кажала што сум имала.