Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.105
    Допаѓања:
    26.964
    Да, нема домазетовци ич. Буквално колку знам снаи што живеат со свекор и свекрва толку знам и зетовци што живеат со баба и дедо.
    Сигурно ако нема каде да живеат, таткото и мајката ќе и кажат „ќерко оти си жена мора да одиш да живееш каде било со мажот ти, макар и на улица.“
     
    На nadenadia, candy.cane и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Пошто на темава е со години наназад пишувано на долго и на широко, само ќе кажам на ова се сведува целиот проблем.
     
    На FVP, baby-star и Celltica им се допаѓа ова.
  3. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.145
    Допаѓања:
    73.301
    Пол:
    Женски
    Не знам што се објаснуваш. На 5 членки ако им е досадно и си сфаќаат како што сакаат уште десет пати истото да го пишеш пак истото ќе ти го повторуваат.
     
    На vitamina, Jana06, Elena1001 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Мајката нема контрола врз детето и не е спријателено со детето па камо ли јас. Од нигде никаде трча низ куќа и секој што е во соба добива по еден бокс, а никој ништо не му направил ни рекол. Секој ден детево ги удира и мајка му и баба му и дедо ми за на крај да почне и мене да ме удира и да ме штипа. Свекрва ми секој ден плаче од неа во буквална смисла. Мајката не си го воспитала детето како што треба, а мене не ми паѓа на памет јас да се правам која сум што сум и да се ставам во улога на мајка и да допрам до детето.
     
    На elena.mak, candy.cane, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако беше вака ко ти што кажуваш немаше ни да го правиме муабетов пошо синот со снаава ќе беше одделен и немаше золвата да им смета. Или го подзаборави малку моментот кај што всушност синот е тој што уште седи со старите
     
    На Nausicaa, Rama, baby-star и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ама ти кај прочита дека она прави раздор? Ако родители сакаат или не сакаат да ја поделат куќата на двете деца, тоа е до нив. Кај виде ти снаава дека рекла нешто? Си напиша дека слушнала таков муабет ама не се меша. Не драмете толку

    За тебе дете што удира по секого е воспитано дете ? Едно е дете да трча, да скока, да беснее, друго е дете да удира по кој стигне. Имам таков внук, сега детето се подсмири малку, повеќе разбира па не удира, инаку до 3/4 години несмееше лош збор да чуе, недај боже да го скара некој, одма идеше да штипе, да удри. Тоа е, по мое, од недостаток на внимание од родител кога е најпотребно, зошто "остај го де дете е", "не му викај, па што ако удрило" и такви ми ти работи.
    Нема што она да пробува да најде начин, баба му плаче од него, снаава ќе пробувала. Мајката и таткото се тие што прибираат и воспитуваат деца, никој неможе да е толкав авторитет како нив. Ако уште од мало го испуштиш и изгубиш авторитет над него, што останува кога ќе е пубертетлија/тинејџер.

    Не се објаснувај, секој си сфаќа како му одговара. Гледај седи си во соба повеќе, ќе дојде маж ти прошетајте, преку ден излези прошетај си еден круг низ маало, сама и поминал денот. Стисни заби дур се направи спратот, после друго ќе ти е,клуч на врата и кога ќе сакаш да и отвориш на золва ти и детето тогаш.
     
    Последна измена од модератор: 17 август 2020
    На manako1, tina2018, Elena1001 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Како тетка да допре до него, вујна што и да е, нели се семејство, дур е тоа тука, за себе да се заштити не да бега. Никој не вика да го воспитува.
    Јас апсолутно не реков да го воспита, само како вујна тетка, што и да е, да најде начин, и тие ко баба и дедо да се справат, за да се заштитат, кога веќе седи тука.
    Ама мн е лесно да се каже бегај, неводпитано. Апдолутно нема право да удира, ама има зошто тоа удира ко што рече недостаток на внимание. Јас би пробала да го заиграм нешто да ми скренам внимание, и така ми седи дома, па и на сестра и на золва да ми е. Не да го воспитувам.
     
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Девојче стисни заби, за жал оставена си на осетот на золва ти. Ако може да доаѓа кога сака без чувство за другите во куќата, јас не знам зошто воопшто жените си одат од кај мајките. Ако си со тој став ич не се мажи. И јас сум во заедница па не дремам кај мајка ми 24/7. Што треба, да одам и на брат ми во соба да му е*ам раат? Не бе не е ок тоа. Море ова золвиве на 2 места газдарици, а снаата во заедница робијаш без право на жалба. И не се објаснувај жити сѐ, дел од нас те разбираат, а дел сѐ ќе кажат само да направат да се осеќаш крива. Не си крива што сакаш раат. Ама не можеш ништо сега моментално, ни да си се пожалиш на фемина не можеш на раат зошто и тука полицајци ќе ти скокнат. Ти посакувам што побрзо да се одвоите и да се средат работите, мисли на бебето и радувај се.
     
    На lakibebe, Orchidea, Luminary и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Да, а каде е мајката на детево во твојава приказна. Другите не се должни да и го гледаат детето, камо ли феминкава која е со патолошка бременост.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    39.447
    Пол:
    Женски
    @Li-Li
    Женава прави излети кај родителите со недели, како е тоа нормален брак? :drunk:
    Може има некој сериозен проблем со маж ѝ а не сака да каже/страв ѝ е? Плус , детето немирно, тепа, тоа не е од ништо.

    Ај вака, многу е разбирливо да не ти е лагодно некој да ти дојде да живее со тебе и воглавно да ти го пореметува секојдневието, скроз те сфаќам.Без разлика што тоа е всушност нејзин дом, сепак вие со мажот сега сте си посебно семејство и не е исто и таа со дете наеднаш да ви влезе во животот.
    Ама и покрај ова, не можеш да ја бркаш, пак ти останува да ја трпиш затоа што како и да е, работата се сведува на тоа дека и таа куќа е нејзин дом.Пак ќе кажам, не ми мириса дека односите со маж ѝ им се топ, така што може нема избор каде да оди?

    Единствено многу е лошо тоа што го прочитав - одела да се шета а детето со вас секој ден.Значи, нека си се грижи за него, не е твоја одговорност внукот да го чуваш додека она е по кафе.

    И штом е ослободена од работа, зошто па она не оди во село да си поседи? :wasntme:
     
    На candy.cane, manako1, Jana06 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Нели се фамилија за добро и лошо, да помогнат, сами така кажаа, зошто убедена сум дека има причина зошто така се однесува детето. Ама не нека заклучат сите врати, да се врати кај мажот жената, за да им помогнат на свекорот и свекрвата коа се само болни. Нека бегаат сите од 3 годишно дете и нека креваат раце, па и тоа осеќа дека е запоставено.
    Мајката ја наоаѓам највеќе крива, прво зошто дозволува, второ затоа што гледа дека не е пожелна и она и детето и сите бегаат и не си оди.
    За се има причина зошто е така, ама не ми е детето криво и да го условувам невоспитано и да бегам, тоа ми беше муабетот, нејсе...
     
    Последна измена: 12 август 2020
    На bittersweet и Rama им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.580
    Допаѓања:
    201.785
    Пол:
    Женски
    Забораваш и ти дека се' е работа на договор, кој со кого ќе живее. И тој договор треба да се почитува. Ако останал синот да живее во куќата на родителите, не значи дека сестрата треба на глава да му се качи, исто важи и обратно. Ако сестрата се омажила, не значи дека родителите ја отфрлаат по автоматизам ако синот останал да живее со нив. Осет треба да се има, не бездушност само затоа што дел од нешто ти припаѓа по закон.
     
    На vitamina, referentka, M.B. и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Да почнеме хронолошки:

    - Ќерката се мажи и си оди на страна

    - Синот се жени

    - Родителите му даваат избор: Да одат во село, а куќата за него или да живеат тие тука (бидејќи селото е далеку) и да си кренат спрат горе. Легитимно право на родителите.

    - Ќерката и родителите зборат за развод , односно ако се разведе да плаќа учество за братот. Може да дадат избор и овде, да живее привремено со нив додека она си изгради нешто на страна. Да и ја отстапат куќата на село да живее. Ама не и даваат таков избор. Ок, легитимно право на родителите.

    - Ќерката се решава наместо да се разведува и плаќа, да си живее бесплатно како гостин. Што јас се согласувам дека е без осет и злоупотребува.

    Родителите имаат секакво право да решат што ќе прават со својот имот.

    Но, она што секогаш боде очи е дека ќерката треба да се еманципира и да создаде свое на страна, а синот може да се накрца каде сака. Му се дава избор за да му е поудобен животот, а тој избор ќерката го нема.
    Мене при вакви факти ми е тешко да поверувам дека ќерката ја сакаат исто колку и синот.

    Реално, родителите треба да бидат искрени и да и кажат на ќерката дека не им е премногу гајле за неа. Да се снаоѓа и да не ги замара нив и брат и.
    Е сега родителите додека не се решат да пресечат, нема многу што да прават синот и снаата. Пошто не е ни нивен имот.
     
    На mal.ecka, bittersweet, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Чекај малку, кој сакал золва, ма макар и златна да била?
    Ова е некое непишано правило дека золвата мора да се мрази по секоја цена?:o
    По милионити пат ајде да го разграничиме оној старински збор зло=золва:rofl::rofl::rofl:
    Замисли, не е важно кој каква титула носи се додека има почит и разбирање од двете страни, ама тешко е да се сфати и признае тоа.

    Аманте веќе, од роднини, од другарки, од форуми и групи, од пичкасиматер, се само кукање за золви и свекрви слушам, абе како не слушнам една свекрва или една злобна золва да се пожали од вечно угнетените и повредени снаички;(
     
    На drugarka и bittersweet им се допаѓа ова.
  15. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Ќе се повторам по 10 пат. Јас не сум ја избркала ни сум и рекла да си оди. Тоа се зборови на мајка и и на татко и. После секое враќање од кај другарките следи кавга со мајка и затоа што им го остава детето да и го чуваат и неможат да се справат со него, а неа со саати ја нема.
    Мажот нејзин доаѓа на гости по ден два додека е таа тука и си оди затоа што е на работа. По ова можам да заклучам дека се во добри односи. Да не беа добри тој немаше да доаѓа тука и да седи.
    Во село не оди да седи затоа што мајка и и татко и не и дозволуваат. Тие бегаат од тука за да одморат бидејќи тука очигледно неможат. Отворено и кажуваат ама нема кој да разбере.
     
    На cresa-jagoda и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  16. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Точно, доаѓа кај мајка и, и мајка и е таа што и вика дека досаѓа и дека плаче од детето што и е немирно. Снаата не и вика да не доаѓа туку мајка и.
    А и каде е правилото дека родителот не е должен да помага туку ако сака. Ете мајката несака да помага на ќерката. Да не сакаше да и помогне на снаата т.е синот тогаш ќе беше ок ама сега испаѓа дека не е во ред.
    Ако сака ќе даде и ако сака ќе помогне ама ете мајката несака, што тогаш, со сила да оди?
     
    На cresa-jagoda, Jana06, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако на мајка и и пречи ќе почекаме мајка и да направи профил на фемина и да се пожали. Нема што снаава да ја жали толку свекрвата и да ја спасува од сопствената ќерка пошо тоа е оговарање.
     
    Последна измена: 12 август 2020
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    7.382
    Пол:
    Женски
    Да бе оговарање на анонимен форум :drunk:
     
    На Yowannty, cresa-jagoda, Mami3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не е муабетов дека на снашкава толку многу жал и паѓа за свекрвата аман аман. Едноставно нејзе и смета золвата, ама од ко и кажаа повеќе дека нема што да и смета се додека живее во заедница, сега се смена муабетов на - жал ми е за свекрвата. За малку ќе поверував. Се додека не си на свое, се додека си во куќа од некој друг, колку и да не ти звучи романтично, немаш право да кажуваш колку некој треба да доаѓа. Па уште да ја коментираш ќерката нивна пред нив
     
    На baby-star, ALISA0000 и Rama им се допаѓа ова.
  20. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Уште во првиот пост членката си кажа дека свекрва и реагирала и и кажала дека неможе да и помага и да си оди. А золвата се жалела како несакале да и помагаат со детето. Ова да беше речено на снаата ќе излезеше свекрвата во право е, ќе помага на синот само и само ако сака, ама за височеството ќерка мора да може. Дури и да и вика оди си, ќерката има право да и го ремети мирот на мајката.
    Само синот и снаата несмеат нечиј мир да пореметат.

    Штом ти немаш никаков проблем со свекрва ти остави ги тие нека си се разбираат. Кога ќе доаѓа ти излегувај почесто или седи си во соба. Кога веќе старите одлучиле да бидат со вас и тоа ви одговара на двете страни тогаш игнорирај ја золва ти. Кога ќе го остави детето а притоа нема потреба туку си шета по другарки речете дека неможете и готово. Ај се надевам ќе се опамети.
    И јас сум золва ама да одам постојано или да пречам во никој случај не си дозволувам. За се треба осет и да тргне човек од себе си дали би поднел така да му прават и дали е тоа убаво. Кој не осетил незнае.

    Токму затоа можеби и мајка и реагира така. Жената можеби не плаче од детето што е немирно туку од што ќерка и можеби свесно го растура својот брак. И така спомна дека еднаш веќе била во таква ситуација. Познат ми е овој проблем, за истово ова и свекрва ми коса си корнеше ама ќерка и по нејзино си тераше и по се што и се случи во животот пак со исто темпо си живее. Понекогаш мислам дека не е ни свесна дека има деца. Но среќа јас сум посебно и на свое па не ме допираат ситуацииве. Искрено да живеев таму незнам дали ќе бев толку имуна на проблемите.
     
    Последна измена од модератор: 13 август 2020
    На manako1, Pelargonium, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.