Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Прво, по мое ова со хороскопов врска си нема.... Друго, немораш да навредуваш и "колнеш" на секој што има контра мислење од твоето. И јас работев и студирав, со моите на еден спрат, брат ми со две мали деца над нас беа. И горе галама и доле галама. Што требаше да направам? Учев, се навикнуваш. Немаш никакво право да кажуваш дали да доаѓа золва ти кај своите. Ај до негде ќе разберев, да бевте сите на куп во заедница, на еден спрат, ти сама во соба пикната и дур учиш да ти влегуваат во соба, деца да ти трчаат, да ти смета, ќе разберам и ќе си во право ДО НЕГДЕ. Ама вака, дури и безобразна делуваш. Не ти иде тебе на спрат да те замара, вистина имате преголеми очекувања и барања. И јас имам золва што живее во странство, и два пати годишно идат овде по 2/3 недели, ако е сама со детето, доаѓа кај нас во куќава, не оди во нивната (од маж и), а и таму нема никој, ама нејзино право е, доле на средниот спрат си има нејзина соби, што се вика и цел спрат е нејзин. Неможам јас да се бунам за кај нејзините, неможе и она да се буни за на мојот спрат. Баш лани беа дојдени на сред зима, насабајле детето и спиеше, беше околу 9/10, јас морав смукалка за пепел да пуштам, да го исмукам каминот, она на телефонот кога ја пуштив смукалката ми ѕвонела да сум изгасела детето спиело (сепак не го разбудив со бучењето, ама да се прави од ништо нешто, нели). Значи моето бебе требаше да седи во ладно, зошто јас не требаше да запалам оган дур не станеше детето на золвица. Ај важи. Претерувате со барањата, навистина
     
    На Осе, AngIv, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Штом не доаѓаат на твој спрат,односно не доаѓа кај тебе,туку кај мајка и,ич немаш право да се лутиш. Дури и на ист спрат да сте,пак има право да си оди кај мајка и кога сака,ама ај тогаш би требало да се има малку осет. Тебе изгледа ти смета самата нејзина појава,нејзиното доаѓање,а не конкретно дека тебе ти го ремети мирот.
    Исто како и во зграда нели,не можеш да забраниш комшиите дали да галамат,тропаат или да имаат гости.
    Да те условуваат да мораш да сесиш со неа,да ја пречекуваш,да и правиш јадење,да те разберам дека си имаш свои обврски и едноставно не сакаш да ти се ремети мирот,ама вака? Кој сака да учи,нема да му смета викањето,сепак се знае меѓу спратови колкава галама може да има.
    Кога ми сметаше галама дома при учење,ставав оние слушалки на пукање што се носат ( ама живеевме во 3 соби,5 особи).

    Ептен снаиве понекогаш забегувате.
    Не сакате свекрвите да ви се мешаат,ама вие ако се буните кој да им дојде,колку да седи,дали да јаде.... Па уште и золвата немала осет,а притоа си оди на гости кај мајка и,во куќата која е и нејзина.
    Среќа што немам снаа,сестри сме само,не работам,мм работи,па сум слободна да одам секој ден кај мајка ми на гости,блиску сме (fingers).
    Осет имам,па одам најчесто во времето кога е сама,а нема работа, ( сестра ми и татко ми на работа,па нема на кого да сметаме,зошто сигурно кога ќе си дојдат од работа,сакаат да си јадат,легнат,одморат,а не мене да ме гоштеваат.) Не дека би им сметало,ама ете јас така си осеќам. Доволно е еднаш неделно да отидам кога се сите дома,а кога е сама мајка ми и она ме вика да одам и дека нема работа,зошто не би отишла? ( Често знам и да и однесам кафе ;),да не биде дека немам осет)
    Си кажуваме ако имаме некои обврски,па некој ден може и да прескокнеме дружба :D. Испиеме кафе,поседиме малку,она си поигрува со син ми и секој дома. Нит сум занемарила обврски,ниту семејството,ниту сум недомаќинка,ниту натрапник ]:).
    Се додека можностите и обврските ни дозволуваат,ќе одам и 2 пати на ден ако сакаме.

    Очекувате ако дошла снаа во куќа сите да играат како она ќе свири :dance::music:.
     
    На Bicka77, bittersweet, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Нека доаѓаат секој ден кај мајка и' ако сакаат, ама ако ми смета галамата, ќе се побунам.
    Во зграда сум и се бунам ако комшиите галамат, исто и ова.

    Ако дома немам мир, кај ќе имам?
     
    На DoubleK, Brpbrp, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Колку само си барате проблеми каде што ги нема.
    Она си иде во своја куќа а тебе ако ти смета тоа слободно оди си под кирија или купи си стан така никој нема да ти прави дома галама.
    Ама не шо има да се мачиш за да направиш нешто свое кукањево е полесно
     
    На noteforself, Nevenche26 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    Ако блех оркестар викаат доле секогаш или дј и гости за журка, со озвучење, ќе се побунам.
    Ама колку бука се слуша од доле ? Од горе мислам повеќе доаѓа.
    Нашла ми се мана...
     
    На Nevenche26 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Море иди и одоздола. Едно време имаше школо за јазици под нас.
    Ти не знајш каква галама правеа децата.
    Умот да ти го изват.

    Нема изолација меѓу спратовите. Монти се и цименто.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    И што ако се буниш? Као ако имаат деца ќе се стишаат? Бебиња нема да плачат? Да пазат кога ќе прднат?
    Јас комшиката ја слушав полњач во штекер кога уклучува, а не па нешто друго. И што? Тоа е.
     
    На noteforself, Frosty!, Nevenche26 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    Зграда
    Мене оддолу ми дојдоа за машината на центрифуга кога бевме под кирија. Им го будела бебето. Некој трчал низ стан нон стоп. Освен мачката, никој не трчаше...и тоа малецка беше тогаш а на под беше ламинат ПЛУС теписон
    А кога рикаше нивното бебе ко бебе, јас да им звонев доле?
    Ставивме како балансери за машината, нова беше не беше полудена да скока:D
    Затоа одбравме стан со никого под нас и искрено, не сум човек што прави бука, ама не се ни притешњавам нешто. Тој што не може бука да поднесе, треба далеку од други луге да живее. Нормални звуци се редовна појава..урлање намерно не е...
     
    Последна измена: 20 јануари 2021
    На duffi, Sexybaby86, ALISA0000 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Јас еве не се бунам, а цел живот во куќа со два спрата живеам, од кои на едниот братучедите.

    Ама нели, оти е золва, да беше сестра и од сестра деца, немаше да бидат лоши и безобразни :D

    Секогаш е така, веќ виѓено.

    Да, во зграда ќе се буниш, ама не оти трчало детето или плачело.

    Кој лик треба да си на комшии да им се буниш оти детето им плаче, сериозно?

    Еве прв пат сега во зграда живеам, и деца плачат, и пиштат, и трчаат, и млади музика пуштаат, и од гаража ја слушам вратата, и рампата, и кучиња лаат, и во ходник ги слушам кога галамат... за мир се знае - сами во своја куќа, на сред плац, не залепени до комшии.

    Тек да живееше золвава доле, да повнимава како ќе прдне, мислам сериозно.

    За галама постојат тампони за уши, мене кога ми смета и сакам да читам, музика на слушалки ми брка работа.
     
    На Nausicaa, duffi, Jana06 и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Па така де. Снаа ми и брат ми се преселија во зграда, кога децата (близначиња) им имаа по 3 години. Снаа ми сама си кажува "тешко комшииве под нас" . Кај баба ми во зграда, под неа имаше 7 души во еден стан. Младо, старо, 3 генерации беа. Кога ќе фатеа да спуштаат/креваат кревети се слушаше све. Караници, музика исто. Ама што ќе правиш? Во зграда си, ќе се навикнеш.
    Некои многу размазени се. Јас одев на работа и дома учев, над мене брат ми со двете тогаш над нас живееа. Плачат, скокаат, викаат, трчаат, јас учев. Што да правам? Не ми беа во соба, на нивно си беа.
    На нашето сме газди и на нашето можеме да кажеме, во туѓо не.
     
    На Осе, Jana06, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.378
    Допаѓања:
    171.466
    Ке напниш газ ке си купиш кука стан и ке тураш ред кој кога да иде
    Шо те заболе тебе дали иде 2 или 5 пати во неделста кај мајка и
    Она 2 пати неделно иде а ти и маж ти сте се тупосале таму секој ден
    Ја да сум золва ке се преселам со маж деца таму па ке ја молзиме свекрва и свекор подеднакво
    па и секако маж и е шофер најубаво и она да си седе таму може тогаш ке ти погоде пресвета кралице
    Бре бре разпрдени кралици
    пу јаз'к да ти е лебот шо го јадиш таму
     
    На bittersweet, Cka, Jana06 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Живеам во зграда и често се слуша галама и од комшии, деца, тропање, музика.
    Тоа е, за никој да не слушаш живеење на планина сам, а золвата се додека не го ремети лично твојот простор, ти апсолутно не треба да бидеш засегната колку пати она иде кај мајка и.
    Поглупава констатација дека сакаш да се разведеш бидејќи золвата иде кај мајка и немам прочитано.
    Свашта?!
     
    На bittersweet, Осе, drugarka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Melinda23

    Melinda23 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2020
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Не је болест све што боли.. Така јас секогаш велам. . И јас имам золва која живееше со нас пред да се омажи од првиот брак има една ќерка и мене воопште не ми сметаше таа си е во таткојна куќа а на нас невестите ако не ни одговара маженцето за рака и шетај под ќирија нели сум во право ? !
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle, baby-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    На нас деверот 2 пати ни се јавуваше да не сме правиле галама, оти нивното бебе ноќеска не спиело и затоа барем денски да спие, а од нашата галама се плашило и се разбудило од спиење. Првиот пат ептен се изнервирав затоа што он истата вечер у 12,1 му зборуваше прегласно на бебето, тоа плачеше, а ние горе не можевме да заспиеме, се се слуша. Ама ете ние ништо не превземавме, оти сме 3 фамилии и не може да правеме како што на некој само му одговара. И моето дете е спиело додека се работило преку ден и галамило до 12 1 ноќеска, па никому ништо. Ама некои мислат дека се Господ и дека се над сите.
     
    На Осе и AngIv им се допаѓа ова.
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Се слуша и од доле и од горе,не дека не,ама нели може нормално да му каже на маж и,па нека им посочи да не викаат толку. Сепак живи луѓе се,не може постојано да е штама. А и мали деца колку и да ги укажуваш да не викаат,пак има врева.
    Живееме во куќа,доле свекор и свекрва,над мене девер. Ми сметала и мене врева и порано,ама ај не сум се жалела,а нивните деца галамеле и тоа многу. Ама откако се роди син ми,мм реагира само ако ептен скокаат горе и многу се слуша кај нас,а син ми спие. Разбирам дека и нивните се деца,притоа дома си се,па можат што сакаат да прават. Ние може да се пожалиме,нивно е дали ќе ни излезат во пресрет или не. Да се комшии и да сме во странство ќе им укажеш,има куќен ред,ќе пријавиш ако е стварно неподносливо,ама со свои ај да не се нарушуваат односи и од нив се очекува да имаат разбирање и осет. Сепак и нивните се големи па кога ќе им се каже разбираат и слушаат.
    Сум ги почитувала и јас кога нивните биле мали,па и јас сум се прилагодувала спрема нивните деца.
    Само взаемно разбирање треба да има,и моево кога беше бебе плачеше нон стоп,сега скока,вика,тропа,како да му објаснам на 2годишно дете дека не треба така,а без притоа да не почне да писка уште толку? И свесна сум дека и тоа на нив им смета,(би ми сметало и на мене,)ама тоа е.
    Друго е само старите да ти ствараат галама,па да се лутиш дека е така,ама деца,бебиња тешко се контролираат.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Од повеќето коментари човек може само да заклучи: Снаата е дојденка и секогаш ќе си остане тоа, куќата на маж и не смее никогаш да ја чувствува за свој дом. Золвата си е дома и кај мајка и, и кај маж и. Ако сака може на снаата и на глава да и се качи. Снаата мора да трпи и навреди и немање никаков осет и почит спрема нејзините потреби, оти нели таа не го испотила г***т за таа куќа. Ако не и чини, еве и го патот назад кај мајка и па таму и она може да и прави се што сака на нејзината снаа (facepalm).
     
    На DoubleK, LuckyCharm, MissBreezy и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Не е точно.
    Се заклучува од мислењата дека- да беше золвата кај снаата и вака да се однесува е тотален безобразлук.
    Но, снаата е одвоена со спрат, не е со свекорот и свекрвата, нема оббрски никакви према золвата што е потполно нормално, но и смета што золвата оди кај нејзините и зошто не си го гледала мажот.
    Не, тоа не е ок на ниту еден начин.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Не и смета тоа што золвата оди кај мајка и, туку тоа што нема осет спрема неа па си мисли дека има право да и го нарушува мирот. И јас учев и работев од дома, и јас бев на втор спрат ама свекорот кога ќе си дојдеше секој ден го опнуваше телевизорот на најјак глас. Тоа не значи дека јас сум мислела дека тој нема право да си седи дома, во неговиот спрат но требаше и мораше да се чукне во главата дека има и други луѓе во куќата на кои им смета таа галама ама не секој има осет.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Прочитај ги подобро мислењата нејзини па ќе правиме муабет
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема што таа да дава коментари од типот - кога ќе се омажиш си гледаш деца и маж, а не да се враќаш кај мајка ти.
    И да, куќата која ја изградиле свекорот и свекрвата, никогаш не може да биде повеќе или исто толку дом на снаата, колку што е на золвата која тука е родена и израсната.
    Горка вистина.
    Ако се разведуваш, ти си таа што ќе си оди, нели?
    Особено па кога снаата има брат и вика кај брат ми не сакам да им сметам него и на снаата, ама мисли дека има право да коментира колку треба золвата да доаѓа.
     
    Последна измена: 20 јануари 2021
    На princess5 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.