Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Снаава живее на посебен спрат.
    Ама мора и доле, кај што не живее, да си умеша прсти.
    Па како тоа золвава маж и фамилија не си гледала, мајка и' си ја гледала.
    Абе ајде.


    И да, во куќа на родители, родители кажуваат кој може, а кој не може да доаѓа.

    Ни син, ни снаа, ни ќерка, ни зет.
     
    На bittersweet, violetblue, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.270
    Допаѓања:
    7.722
    @AQUA 94 На посебен спрат сте, заклучи се. Ставете си и звучна изолација на крај краеви.
    Куќата како што е на мажот ти, исто е и на родителите и на сестра му. Не ти ја сфаќам поентата со запад и исток и хороскопски знаци, тоа нема врска. Јас живеам во стан, и од сите страни ги слушам комшиите. Нема идеално. Кога сакам да учам, си ставам тампони во уши, клуч на врата и мирно е. На крај краеви постојат и читални и библотеки...

    Твоево ми изгледа на претеризам повеќе од твоја страна, отколку проблем.

    И извини, ама морам да прашам - Што учиш? Бидејќи ѓ не е гј, ниту ќ е кј и слично...
     
    На Anturium, ALISA0000 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Кој сака нека е над мене-под мене-до мене... ако ми смета ќе му речам.
    Та бил комшија, та мајка, та свекрва, та марсовец.

    Некому можеби е ок, мене ми смета галама.
     
    На edna_malecka и pikabu5 им се допаѓа ова.
  4. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    И сега каде е синот во цела приказна? Пошто нели золвата може што сака да прави во куќата на нејзините родители а синот и снаата којшто таму живеат треба да се прилагодуваат по золвата така? Мислам дека треба да се гледа малку пообјективно на работите. Не значи дека снаата е дојденка и треба се и сешто да трпи и да е флексибилна и да се прилагодува на сите ситуации за мир во кучи... Малку треба да се има обострана свест. Мојата золва на другиот спрат се раздерава на цел глас по децата како некоја хистерична додека јас спијам дојдена од трета смена работа без притоа да нема свест за мене и вие сега ќе ми кажате дека јас не сум во право треба тампони да си ставам така? Ве молам...
     
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    Во првиот пост таа вели дека нон стоп се кара со мажот и.
    Без оглед дали се караат за ова или за нешто друго, ако нема поддршка од него треба сериозно да разговараат а не да се караат.
    А за золвич дали маж и праел пари, дали била домакинка и слично, најлесно ќе и биде ако ич не и е гајле.
    Ако е за учење, има решение. Ако е за нешто друго стварта, треба да си размисли .
     
    На bittersweet, baby-star, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Не, тампони не се едноставното решение.
    Поедноставно е да се испокараш со цела фамилија.
     
    На bittersweet, baby-star, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    39.499
    За вакви ситуации мислам битно е да се праша човек себе " Повеќе сакам да сум среќен или да сум во право ?"
    Само ќе ти се каже после
     
    На bittersweet, cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Коментарот не ми беше стриктно за членката него повеќе општ. Пошто приметувам членки што сите се пожалиле со слични проблеми како нејзините секогаш снаата не чини и она треба да се прилагодува на се а золвата е секогаш во право бидејки е во куќата на нејзините. А снаата во чија куќа е? На золвата или на маж и ? Не велам да се испокараш ама не е и убаво цело време ти да наведнуваш глава.Едноставно треба или братот да разговара со сестрата или снаата со золвата на мирен начин да се посочат некои работи коишто пречат па можеби некои нешта ќе се сменат
     
    На Miss666, mKdevojce и tina2018 им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.378
    Допаѓања:
    171.466
    ја незнам шо не ви е јасно
    куката има два ката
    членката држе еден спрат горе а долниот и припаѓа на золвата
    фактички золвата во свое е
    Е сеа ако си совесен ке знаеш да не викаш тропаш било да си у кука или стан осет ке имаш
    Овде золвата нема изгледа ама тоа е култура веке
    Неможиш да и речиш не зборувајте доле ја учам
     
    На mKdevojce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Во куќа на родителите на маж и'.
    Куќа на маж и' - таа што ќе си ја направи, или евентуално наследи.
     
    На baby-star и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    По твое значи и золвата не е во нејзина куќа па да прави што сака
     
    На LuckyCharm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.244
    Пол:
    Женски
    Како размислуваш?
    Золвата е сестра на мажот на членката.И тој и сестра му имаат право на дел од куќата на нивните родители.И двајцата имаат право да седат таму и да прават што сакаат.Само нивните родители може да поставуваат правила и ограничувања.
    Снаата може да ги замоли сите да бидат потивки кога има за учење или кога не ѝ е арно,ама не може да поставува правила кој да доаѓа и што да прави во куќа која не е нејзина.Правила може да поставува само во домот на нејзините родители,во домот кој ќе го изгради или купи со нејзини пари,или кај што седи под кирија.
     
    На baby-star и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Па истото и јас го велам само со други зборови. Препрочитај повторно. Сите имаат еднакви права и снаата и золвата. Треба да се најде само соодветно разумно решение за да им одговара на сите и да има некој соживот. На крај краева проблемите се решаваат со разговор дома а не на форум
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Точно, во куќата на своите родители е, што ќе ѝ дозволат тие, тоа ќе прави.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Золвата е повеќе дома, одколку што е снаата дома.
    Никој не рече дека треба на секакво непочитување да се прилагодувате.
    Ама коментари од типот - каква мајка е, не си ги гледа децата, не си го гледа мажот се вратила назад, недомаќинка е - со кое право?
    Ако се разведуваш, нели ти ќе си таа што ќе си оди од куќата?
    Наследството на мажот знаеш дека не се дели во брак?
    Твое е она што на имотен лист е твое.
    Стави се од другата страна, да е брат ти женет и да коментира жената колку пати треба да се гледаш со мајка ти.
    Или да коментира дека и сметаш во куќата во која си родена и си израснала.
    Нема да ти дојде да и кажеш - ако ти сметам во моја куќа, пресели се?
    Зошто јас да сум свекрва и снаа ми така да коментира за ќерка ми, верувај ми јас лично ќе и ги спакувам куферите.
    Куќата што сум ја градела со мака цел живот е секогаш отворена за двете деца.
    Дома ако снаата ја воспитувале - куќава за брат ти, а ти ќе се мажиш - не значи дека сите родители така си ги воспитуваат децата.
    Пак ќе речам, непочитување не треба да се трпи, ама, "Одлетала од гнездото, што бара да се враќа", ни тоа не треба да се трпи.
     
    На bittersweet, drugarka, Dentina и 9 други им се допаѓа ова.
  16. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Не реков дека ги оправдувам коментарите на членката од типот на осудување на золвата затоа и напишав дека дадов општо мислење. За мене е нормално золвата да оди кај мајка и колку сака но не ми е нормално кога ќе оди таму да прават лудница без притоа да немат осет за другиот на другиот спрат. За мене тоа е себично однесување. Добро велиш стави се на местото на золвата а ти се ставаш ли на местото на снаата? Да немаш мир таму каде живееш и тоа не еден ден,два, три...
     
    На mKdevojce и tina2018 им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Јас како нечија снаа само ќе ти кажам една работа.
    Затоа што мене дома ме нервирале моите, и јас нив секако, заради сите можни ситници кои нѐ нервирале сите заедно, што се нормални со заеднички живот со некого, бев решена никогаш, ама никогаш да не живеам ни во близина на заедница.
    Затоа чекав мноооогу време пред да се осамостоиме и сами да живееме со вереникот - и сѐ уште немаме свое, под кирија живееме.

    И полесно ми е да ги дадам тие пари, него да создавам дом кој ќе ми оди на живци.

    А тоа постојано се прави.

    Ако искрено кажете дека дома од кај што сте дошле, сите се однесувале како вие сакате, а не вие како што вашите родители сакале, ќе разберам дека ви е чудно што други луѓе поинаку живеат.

    Во куќата на моите родители важеа нивните правила, не моите, така што знаев дека доколку живеам со свекрва ми, ќе важат нејзините правила, не моите.

    Тоа не ми одговараше од 1001 причина, и не ми одговара, и нема да ми одговара.

    Живеењето групно бара жртви, и сум трпела од братучедите, и тие од мене, и сме се нервирале за многу ситници, среќа што сме разбран народ, а и не сме си снаи ниту зетовци, него крвно сме поврзани, па некако не сме се дочекувале на нож.

    И да, суровата реалност е дека ако се преселиш под туѓ кров, шансите се дека правилата што тие таму ги создавале со децении, ќе продолжат да важат, нема да се навикнат на тебе.

    Едно е на свој спрат да ти пречат, и не смеат, ама сосема друго е да им кажуваш дома кај себе, домот што си го стварале, да го прилагодуваат на тебе.

    Нема да го прилагодат.
    Затоа што домот секому му е најсвет и сака во него да си биде најслободен и свој.

    Е, може да замолиш ако нешто ти пречи да се промени - нема гаранција дека ќе се промени.
    Па тогаш можеш да се прилагодиш, да прифатиш, или - да се иселиш.

    Ако е галамата до толку голема, да нема начин да се истрпи, 192 полиција ќе ги стиши.
    Ама не е до галамата :) До инаетот е, види ме, јас имам повеќе право од тебе ;)
    Знаеш како знам?

    Чим почнеш да размислуваш како золвата/снаата/свекрвата си го организира животот, и да се чудиш што идела или не идела, или што и како правела... не е до галамата. Галамата е само изговор, друг е проблемот.
     
    На lovely91, bittersweet, drugarka и 13 други им се допаѓа ова.
  18. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Како прво секој неможе да си дозволи да направи куќа или да купи стан па дури и да живее под ќирија. Нз во која земја живеете вие. Некои луѓе врзуваат крај со крај вие сте запнале свој та свој дом да имаш.
    Како второ овде не зборуваме за твојот живот и детство. Btw браво за успехот да имаш свој дом
    Трето снаата кога ќе дојде во домот на родителите на маж и нели треба да биде прифатена од нивна страна и да не се гледи како туѓинец или како некој што не постои и нема свои потреби( во овој случај мир понекогаш). Едноставно понекогаш да се мисли и на неа и на нејзините потреби а не само на нив.
    Четврто не ми е јасно што ме цитираш и што го сведуваш муабетот дека од инает го пишувам мислењето за релација снаа-золва или поединечно треба да пишам дека не оправдувам што членката-снаата коментира (озборува со нас) за животот на золвата.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Нели воопштено збориме?

    Воопштено, куќата на моите родители секогаш ќе биде повеќе моја куќа, него на снаата што братучед ми пример би ја донел горе.

    Јас доле ќе правам и понатаму како што на сите нас нѝ одговарало 30+ години, ако на снаата наеднаш не ѝ чини како ние сме живееле - не е ничив проблем.
    Ни на братучедот не му пречело нели, оти тука живее и тој и живее како и останатите, што значи дека сепак, снаата ќе се прилагоди на што и да и смета од нас доле. Оти на тие што горе живеат 40 години, таман сме им.

    Ако можам и морам да двојам пари за кирија, за да не трпам никого нели, зошто би се устручавала жити мене?
    Нек си трпи и евентуално таа - или нас сите комплет, или нека си се снаоѓаат со мажот.
     
    На drugarka, Dentina, GrimTheReaper и 2 други им се допаѓа ова.
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.908
    Како само децата од золвата и золвата и сметаат, а нејзините?
    Не спомена дали има деца, меѓутоа сурово е да очекува било која снаа дека го зазема тролот на владение во туѓа куќа.
    Да туѓа, будејќи лично нејзина ќе биде таа која сама ќе ја створи, наследство на нејзиниот маж не е нејзин сопствен простор.
    Повеќе мислам дека се работи за каприци и инает терање, одколку да золвата со тапани чука секој ден па од толкава галама не се седи на горниот спрат.
    И тапани чукале, и мачки мјаукале и бебиња плачеле, се тоа во стамбена зграда каде не живееш сам, туку се прилагодуваш на самата околина.
     
    На FVP, cresa-jagoda, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.