Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.377
    Допаѓања:
    171.465
    Не е тука проблемот золвата
    Подлабок е
    Тука золвата оти е золва и прече
    Сака да е она главна она да биде газдарица
    Тоа е проблемот
    Ама штом е со заостанати свакања у стил се омажила и шо бара тука значи треба да ни е јасно дека и свекрва и золва и свекор сите и се на црниот список
     
    На Осе, cresa-jagoda, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Со повеќето се сложувам, да, секој може да си прави што сака на својот спрат и се додека кај мене никој не се прави газда, немаме проблем. Сметам и дека членката нема право да се буни, зашто кај неа дома никој не доаѓа и не досаѓа. Кај свекрва и не само золвата, ако сакаат можат и во пансион да го преиначат, нејзе не треба ама ич да ја интересира.

    НО, не се баш сложувам дека снаите треба да се чувствуваат како гости во куќата на мажот. Има случаеви но не секогаш. Тука има многу за дискутирање и варијанти еден куп. Точно е дека има снаи што буквално ни виљушка не купиле на спратот кај што живеат, кога дошле било се средено.
    Но што правиме кога им било дадено празен спрат, само карабина, или тукушто почната куќа без прозори, врати, едвај кров, во која нема ништо внатре опремено, буквално само ѕидови? Или на ново кревале спрат? Тогаш има право снаата на дел од тоа живеалиште или нема? Точно дека куќата е на име на свекорот, но што праиме кога тој спрат каде што живеат младите, си го опремиле и направиле младите? Има дури ситуации кога сите пари за средување ги дале родителите на снаата. Или пак има ситуации кога свекор, свекрва дале опремено се ама па сега снаава и синот плаќаат сметки, храна и трошоци за сите. Епа не знам баш дека во тој случај золвава може да се понаша како дома. Знам за случај кај што снаава за 5,6 години има вложено во таа куќа повеќе од золвава што до 30 години спиеше до 12 и нема еден ден стаж, па се омажи, па сеа знам дека често и со денови си е кај мама и тато, дали и смета на снаава, не знам. Од страна гледано, золвата си доаѓа дома, кај мајка и и татко и, ама колку е тоа така, кога собата во која сега преспива кога доаѓа со се деца, ја има средено снаата?
    Тогаш има право да се буни снаава за нешто или нема? Во случај на развод? Кој ќе си оди? Варијанти еден куп. Не е секогаш црно-бело.
     
    На DoubleK, BoaVista, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Спратот горе зошто е на име на свекорот, прво и основно?
    На маж и' или на свекорот е?

    Не ги мешајте тие работи, не се исти.
    Во куќата на маж и' не е гостинка, во куќата на свекорот е.

    И золвата секогаш ќе е повеќе дете од снаата, ама секогаш, без оглед каде живее. Зошто не е нормално на синот и неговата жена и неговите деца да овозможуваш, а на ќерката не.

    Исто како што кај родителите на снаата дома, секогаш ќе е таа повеќе дете од кој било друг.

    И ако толку се безобразни сите од кај мажот, еве не гледам зошто бе не одат кај своите родители спратови да креваат или со нив во заедница да живеат?
    Зошто комфорот на золвата да се нарушува?

    Дали 3 примера вкупно на форумов такви има.

    Или родителите и семејството на мажот се себични, лоши, секакви по дифолт?

    Да не зборам дека не ми е јасна математикава да вложувам илјадници евра во нешто што не што не е мое, не е ни на мажот.
     
    На bittersweet, noteforself, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Јас и мм кога се веривме свекорот ни даде спрат карабина само со прозори. Парите од свадбата ги вложивме тука. Свекорот извади кредит за нас да ни го даде, а ние сега му го враќаме, минимум 200 евра давам од мојата плата за тој кредит. И сега дали јас имам право овој спрат да го наречам наш?
     
    На bertold, DoubleK, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Усмено?
    Што сакаш кажи.
    Ама реално, никогаш нема да добиеш ништо од вложеното ако се разделиш од маж ти. Не само ти, него свекор ти може и на маж ти врата да му покаже.

    Не само што ни спратот не е на маж ти име, ни кредит што е земен за средување не е.

    Свекор ти има црно на бело дека се' е негово.
     
    На bittersweet, Autumn Love, FVP и 3 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Во право си. Ама фала Богу што свекор ми не е некој катил човек и има разбирање со него, што знае дека неговите деца имаат вложено во спратот и нема да им забие нож во грб на СОПСТВЕНИТЕ деца.
     
    На Осе и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Остај ти таа работа.
    Утре ако ти треба да се разведеш, многу ќе биде интересно што нема лево уво да го чеша колку си делела од плата, точно, сопственото дете ќе го интересира.
     
    На noteforself, Miss666, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    За тоа јас ќе мислам, не ти.
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А свадбата кој ја плати, вие или родителите?
    Пошто ако ја платиле родителите, парите од свадбата што сте ги вложиле, пак на некој начин испаѓа дека се на родителите.
    Кредитот на свекорот.
    Како плаќате 200 евра за нешто што не е ваше на имотен лист, не знам.
    Јас не би можела ни денар да вложам доколку не е на мене.
    Не е тоа дека ние не се сакаме.
    Еве ако толку те сака свекор ти, зошто не ти го препише сега одма, а ти да продолжиш да му враќаш пари?
    Ете нека има доверба како што ти имаш во него :)
     
    На Noemi, Sexybaby86, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    А зошто мислиш дека баш мислам или ќе мислам?

    Ти праша, ти одговорив :D

    Непромислени одлуки, после Цацко крив.
     
    На noteforself, Nevenche26, FVP и 5 други им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ти ками нели имаше своја куќа со маж ти,како што читав. Од кај сега испадна дека си под кирија? Ете ни јас ни мм не сме толку моќни да имаме сопствена куќа како ти. :)
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ќе ни одговориш зошто ако свекор ти е толку добар, ве сака, ве почитува, не ви го препише спратот сега одма, па вие да продолжите да му плаќате 200 евра?
     
    На noteforself, cresa-jagoda, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Има тука еден дел кај што сега живеат свекор и свекрва, кој што го изградија во скоро време,за да го отстапат спратот на деверот, постапката за легализација е во тек и после ќе препишува, ако он лаже и јас лажам. Друго нешто поприватно занима ли те?
     
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не не занимаат ни мене ни на никој друг твои приватни работи, само те цитираме за да ти доловиме поента.
     
    На cresa-jagoda, baby-star, haruki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Никаде немам пишано дека имам своја куќа, а плац да, имаме купено, од свои пари, на заедничко име.

    Пре ќе живеам засекогаш под кирија, него било кога да вложам во нешто во кое нема да имам доказ дека е мое.

    И нели беше твое?
    Од каде сега не е твое?

    Твое е само она што пишува дека е твое.
    Ни на татко ми куќата не е моја, додека не ми ја препише за да биде моја, а не па на свекор, па уште не е ни легализирано.

    Храброст ли е, што ли е, да црнчам цел месец и да двојам за нешто што може преку ноќ да отиде.
     
    Последна измена: 21 јануари 2021
    На Noemi, bittersweet, noteforself и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    И што е подобро живеењето под ќирија во споредба со давање пари за средување на спрат? И за ќирија даваш пари а знаеш со сигурност дека не е твое и нема да биде. Во куќата на свекорот вложуваш пари за да тебе ти биде покомотно. Шансите да остане во иднина вложеното за тебе или за твоите деца се многу поголеми од шансите некој да ти го остави на подарок станот за кој плаќаш ќирија, пошто шансата за тоа е нула. Да се разведат, тие неколку илјади евра што ги дала ќе пропаднат, но пропаѓаат и парите дадени за ќирија, без разлика што не сте разведени.
    Не можеш некој да уценуваш со - препиши ми го спратот па ќе вложувам во него. Даден ти е на користење, ако сакаш седи во несреден цел живот, ако сакаш среди си го и уживај. Никој не те присилува да реновираш. Го правиш тоа за себе.
    Најдобро е секако свое, ама ако се нема, не може ќирија да е подобра опција, финансиски гледано.
     
    На oblace1, Nevenche26, snegulkata и 9 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Супер чим е така. Ете немаме сите добри плати за да си купеме своја куќа, па за тоа ќе си бидеме гостинки во туѓи куќи.
     
    На tina2018 и LaTama им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Не е ни споредливо колку пари се кирија, а колку пари е средување на спрат, зборам непостоечки или карабина.

    Ако веќе би градела, ѕидала, ватевр, нека си препише уредно, никому не верувам толку многу.

    Поучена од искуство во фамилија, на 55 години жената живее во сопче во сутерен под кирија, а куќата што беше "нејзина" и понатаму е на маж и'. После 30 години брак и 3 деца. И кредит доплаќа последен што го земала за таму.

    Таа нема да бидам, никогаш.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.058
    Допаѓања:
    268.775
    Немам ни јас, да имав, не ќе живеев под кирија :)

    Супер е да не веруваш никому толку, ама ти си знаеш. Дај Боже никогаш да не ти се одбие од глава таа доверба, оти на многу им се одбива.
     
    На cresa-jagoda и Emotional123 им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ама имаш свој плац што е далеку подобро отколку ништо.
    За другото не знам, времето ќе покаже.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.