Како не е споредливо? Многу повеќе ќе дадеш за ќирија за спрат од куќа отколку да реновираш. И ако бараме поединечни примери тогаш можеме сите со драматични. Пример пар што цел живот живеел под ќирија и на крај, после 30 години брак... пак под ќирија, и покрај тоа што давале цел живот пари. Како инаку? Или ќе даваш пари за свое, или за ќирија или за реновирање, секој со своите можности.
Често читаме тука ситуации "јас дигнав кредит за спратот, а они ја препишаа после куќата на деверот" и слични ситуации. Ценете си ги парите и ценете се себе.
Не навлегувам до толку во детали. Зборам за ситуации што сум ги слушнала или ги знам од блиска околина. Не сите исто размислуваме, не сите исто постапуваме. Од страна работите изгледаат многу едноставно, и снаава е секогаш таа дојдената и прва ќе лета при развод, нормално, ама никој не го збори тоа измеѓу што се случувало. Спратот може да е на име на свекорот од многу причини, може почнал пред многу години, сега останало на негово име, со тек на време може имаат план да се префрли на синот или постапката е во тек. Во моментот сметале дека е така најдобро. Во претходните постови се пишува дека снаава ќе лета при развод, јас тоа го сфаќам и дека на спратот кај маж и е гостинка. Ако тие заедно вложувале, го правеле итн, зашто при развод да нема право на ништо? Нормално дека секој родител сака на двете деца подеднакво да даде и вложи, ама пак се враќам на муабетот, свекоров не вложил кај синот. Синов сам направил, а золвата се однесува како дома да е? На кого дал тогаш повеќе свекоров? Ако синот го правел сам спратот, тоа значи дека е лично негов и дека на долниот спрат што го правеле мајка му и татко му има право на пола. Пола за него, пола на сестрата. Дали тогаш имаат право синот и снаата да се вмешаат за долниот спрат ако сестрава доаѓа секој ден и се случуваат работи кои нив им сметаат? Или па сака синот да си користи една соба доле, има право на тоа така? Сме имале ситуации од снаи што се жалат дека храната што ја купуваат синов и снаава се изнесува од дома и со кеси и се носи на золвата. На кого се помага во случајов? Секогаш тој што ти е подалеку ти е помил и повеќе го жалиш. Многу примери такви. Абе јас се сложувам со вас, не се вложуваат пари кај што не е твое, и ги разбирам законскиве работи, обично во законот е конкретно поставено. Јас повеќе зборам за меѓучовечкиве односи. Тргам на страна што пример куќата е на име на свекорот, ама сите во таа куќа знаат да речеме кој го правел тој спрат, кој плаќа сметки, кој дава пари за поправки итн. Каде е тука золвата, каде е снаава? Зошто снаава треба да се осеќа како гостин и прва да лета при развод? Да не ги праиме и свекорот и свекрвата семоќни, да не одам во екстреми. Знам за случај што снаава кога дојде вц им правеше, вц немаа. И после золвата си доаѓала дома, која дома бре. Вода у очи немале, снаава ги оправи сите. И знаеме сите како е најдобро, многу јасно, своја куќа, свој стан, на страна од сите. Ама не секој ја има таа можност. Трошковите за нова куќа, се дупло поголеми отколку за нов спрат. Калкулирано 100 пати, пресметувано уште толку, знам како одат парите и цените. Куќа така лесно, плукни залепи не се прави. Многу се одлучуваат на варијанта нов спрат. Колку е правилно, времето ќе покаже. Јасно е дека законот друго кажува и се сложувам дека се вложува на свое. Зашто луѓето се менуваат, денеска едно, утре друго може да биде. Да се чудиш дали се тоа истите луѓе.
Поединечен пример, демек не може мене да ми се деси? На пример, земам 20 000 евра, средувам спрат, за 3 години се разведувам, и уште колку години плаќам? Секој со своите можности - точно, ама ако ти се можностите да живееш во туѓа куќа, побрзо навикни се на правилата на живеење на тие што е нивна, а не да им кажуваш другите деца дали и колку често можат да доаѓаат.
Меѓучовечките односи со причина не се мерило за имање и немање. За себе кажав, нема да дозволам утре снаа да размислува зошто моите деца трчаат како блесави на спратот на баба им и дедо им. Никој од нас генерации не се замарал, нема некој од страна да се замара. И нереално очекување е дека некој на нас и нашите потреби ќе се навикнува. Ако не е снаава способна да сфати дека тие луѓе така живеат, секогаш може да се врати со маж и' кај нејзините, секако тие поблиску до нејзините сфаќања за исправно постапуваат.
Ти ако земеш 20 000 евра и маж ти толку, тогаш скоро стан ќе си купиш, не збориме за луксуз. Ако мислиш на 20 000 заедно (иако и ова е многу), двајцата по 10 000, тогаш тие пари ќе ги дадеш за 5, 6, 7 или 8 години живеење под ќирија, само твојот дел и сигурно нема да е широко колку спратот ниту ново, реновирано. Дадени, аш, разведена, неразведена, тие пари ги нема. И како можеш тие пари толку лесно да ги преболиш, ама ако се разведеш и ти пропаднат, тогаш е трагична приказна?
Ееее нас да нѐ кошташе спратот 20 000 евра немаше ни да го правеме. Подобро стан ќе си купевме за тие пари. Нас околу 8 000 евра со сѐ мебел нѐ кошташе.
Ама зошто упорно го потенцирате тоа туѓа куќа? Ако снаава сама го направила спратот, како е тоа туѓа куќа за неа? И зошто она мора да е таа што ќе се прилагодува?
Е. Можеби за инаетење не ја гледаш, али ок. Со 40 000 евра во Скопје можеш да купиш помалку од 40м2 стан, и да, ако ги имам, и те како пре би да купам гарсоњера, него спрат на туѓо име да правам. И е трагично, да земам 20 000 колку што би требало за нормално опремен спрат, а за 2-3 години со прст во уста да останам и да не можам тогаш никако да си помогнам.
Ако снаата го направила спратот е нејзин, ако го направила со маж и' е заеднички со маж и', ако никаде не пишува дека е нивен, јебига, не е нивен, освен на муабет можеби. Членката што го почна муабетот зборува за луѓе под неа, не на нејзиниот спрат, и очекува тие да се прилагодат на неа, што просто нема да се случи. Кој и да е "новиот" тој ќе се навикнува, ама еве, уште чекам да збориме за зетови што доаѓаат да живеат кај родителите на жената, чудно па слабо ги има. Нека дигаат спрат кај нејзините, маж и' ќе се прилагодува, не таа.
Колкав е тој спрат, што е карабина со прозори и кошта 8 000 евра со мебел да го опремиш? А да, и плус парите од свадба, што ви ја платија, или без нив?
Со сѐ. 100квадрати е, поткровје со изолација и надворешни ѕидови со изолација. Единствено мајстори не плаќавме. А тие чинат многу. Затоа и помалку пари фрливме за спратот. А што е тоа потенцирање Свадбата што ви ја платија?? Сакале они па платиле, што е тоа тука трагично не разбирам. Свадбата што ви ја платиле, боже боже
Не требаат 20 000 за нормално опремен стан, ете погоре вели потрошиле 8000. Двајцата по 4000. Што се 4000 евра вложени во нешто што ќе претставува твој дом? Нека е и само за 10тина години. За ќирија сигурно би потрошила многу повеќе. Ова твоето - шуто а боде. Немам пари за свој стан и куќа, ама ќе седам во куќа каде дува од сите прозорци дури не ми препишат. Мајка ти може да ти препише, свекорот ако сака. А твое е дали ќе седиш во мувла или ќе вложиш во своја удобност.
Еве уште чекам да дознаам колкав е тој спрат што со 8 000 од карабина со мебел се опремува И да, убаво си кажа, тие имале карабина да ми дадат, ама е нивна, не е моја. Дали ќе седам во мувла или 50 000 ќе вложам, и понатаму не е моја.
Цените ви сеееее.....незнам 8000 е да се направи внатрешно 100кв и да се опреми па едно вц кошта 3000 е кај е дпална детска дневна кујна???
А ако спратот комплетно го направиле членката и маж и, тоа значи дека тој дпрат е лично нивни, односно на маж и кога ќе се препише, ако ете веќе одиме во детали.Тоа значи дека долниот спрат е по пола на мажот и и золвата. Дали тогаш има право да се буни снаава за доле доколку нешто и смета? Или и тогаш таа е таа што е нова и нема право на ништо? Или снаава плаќа сметки за цела куќа, а золвата е секој ден тука со се деца, троши, а не допринесува никако? Еве да не збориме само за куќата на кого е и кој има повеќе право на истата. Да збориме за секојдневни ситуации и трошоци. Дали тогаш има право снаава да се побуни?
Не е, и не се залажувам дека е Башка гратис ми е негледање никој кој нејќам да го видам + никој не ми се меша во штипки, непроценливо.