Спратот доле е на родителите на мажот, ни на синот, ни на ќерката, а најмалку на снаата или зетот. Ни по пола, ни по третина додека сами не им поделат. До тогаш се сите гости. Веќе кажав, домот на моите родители е нивен, не мој, а не на свекрва ми. И во домот на свекрва ми не ме интересира ништо, ни кој вика, ни кој испраќа, ништо. Ни давам, ни барам.
Финансиски збориме и тука може да се процени со проста математика. А дали мир е непроценлив или нешто друго, секој за себе. Не може да се претпоставува дека сите со проблематични фамилии живеат и немаат мир. Зборам општо, не пратам пример од темата.
Што ми се цените? Еве купатилото не ме чинеше 3000 евра како што кажуваш, плочките околу 500 евра, када, казанче со вц шоља и лабавото со долен и горен дел околу 500евра заедно и тоа е. Кујна со трепезариска маса, спална, мебел со претсобје и цела дневна за 2000 евра купивме. Гледавме за почеток да имаме нешто па за неколку год да го сменеме. Не сме се воопшто луксузирале Ова пред 5 год, сега не знам какви се цените
Па не се останува со прст ако си земеш адвокат. Јас имам случај во блиска фамилија.Се разведоја ,парите што нејзините ги дале за опремување на спратот и ги вратија назад. Јас живеам на спрат во семејна кука и тоа не е туѓа куќа туку наша, која свекорот ја почнал ние сме ја завршиле,130кв не чинеше 12илјади. Искрено секогаш сум повеке за оваа опција.Луѓе сме,би требало да не ни сметаат најблиските,да му се сневиди. И во случај на развод и да ја шутнат снаата ко што викате,ако има деца ,децата ке имаат нужно право на тој имот. Под кирија нема д имаат ништо,фрлање пари во бунар без дно.
Епа ние коментираме на примери од темата. Финансиски нема поисплатливо од свој имотен лист. И секако дека не коментираме непроблематични фамилии Еве супер живееме цел клан на една адреса, т.е. живеевме додека не се иселив, ама јас сум проблематична и ми треба по мое да биде. За да биде само по мое, треба да сум нереална и да мислам дека во групно живеалиште може да биде така. Живеењето групно си бара компромиси, на пример трпење на останати состанари.
Па ако прочиташ, спратот на име на свекорот, кредитот на име на свекорот, ај докажи дека е како било на мажот, а не твое.
Не ми одговарате на прашањата, само вртиме во круг. Само уште нешто ќе пишам во врска со трошоците за градење. Ако веќе има постоечка карабина и кров нормално, со 8000 евра и тоа како може да се опреми спратот и да се прилагоди за живеење. Вц може да чини и 20000 евра, а може да чини и 1000. Исто и кујна. По моја пресметка, вц и кујна се најскапи да ги средиш. Тоа е се до можностите и желбите. Да не потценуваме и да не се чудиме. Не сите имаат и даваат пари за гарнитура од 2000 евра. Кога купувавме имаше гарнитури и за 20000 денари. Истото важи и за прозори, врати итн. Така што со 8000 евра, се средува еден спрат, со сигурност.
Чим сте во брак, на двајцата се. И побркај си работа да препишат, шала на страна. Не знаеш што ти носи утре денот.
Познавам случај, и тука е на форумот, ако сака ке пише, каде снаата вложи во спрат, и се разведија по не долго време. Среќа сега децата живеат на реновираниот спрат. Сопругот инаетлив до бескрај, никогаш нема да подели со неа. Буквално како непријател иако таа плати. , За децата многу подобро е реновирано, ни таа ни тој не е веќе таму. На папиру не знам на кого е, мислам на мажот.
Не сум чула ни видела, може За просторот за кој прашував јас, 15 000 само просторот, 70м2, без мебел и техника. И сериозно од сите што правеа, доправаа спратови, не сум чула за помалку од 15 000, зависи од квадратура. Е сега на кои прашања не ти одговараме - не знам. Во дадениот пример нема право да се буни, затоа што нема право да се меша во туѓ дом/спрат.
Леле аман доста со овие бабини ко клетви идат, ти да не знаеш тебе утре што ти носи денот? "Побрзај да ти препишат", хелоу, каде да побрза, ако сакаат ќе препишат, ако не - нема.
И ако умрат пред да препишат, а деверот не легализирал, оп оставинска... да, да, не познаваме така наоколу куп, ги измислуваме.
И овие што ги спомнав спратот беше на име на свекорот,немаше делба. Но им го признаа уредувањето на суд и мораше да им ги вратат парите. Во дадениот пр.има право да се буни ако и го ометаат мирот.Без разлика дали таа има право на спратот или нема. Што треба да трпи и ќути,а золвата да прави галама иако знае дека учи. Па прво треба да ја почитува како личност снаата,настрана имотно правни односи.
Леле до умирачки дојде, свашта. За 4000 евра. Ти парите што ги даде за ќирија кај ти се, кого ќе тужиш?
Како докажаа вложено? Оти женава во фамилија не може да докаже вложено никако. А не оштета да бара, не може да префрли кредитот бар он да го плаќа. Ненаменски, не чува фактури, како ќе докаже? Она има право да се буни, да, исто и тие доле ќе се бунат утре дете кога ќе роди, оти ги омета.
Јас немам можност со 8 000 да решам станбено прашање, јебига И да, до умирачки дојдов, се' е тоа искуство, на пример како едното дете доби цела куќа скоро, што другото дете ја направи, ама на име на тате беше.
Оди малку во мајчински и кажи им што се од болести може да им фатат децата и колку од тие се неизлечиви. Доста ти е овде, не просветли.