И јас мислам како тебе eli25 дека однос со золва и речиси ист како со свекрва,па затоа најубаво ние да си тераме по наше и многу многу да не им се замараме зашто во спротивно ние нервите ќе ги изгубиме!поздрав!
Не се согласувам дека односот снаа - золва е ист како снаа - свекрва. И тука зависи од карактерот, од тоа каков е човекот и како ќе се поставите една према друга на почетокот. Ама, тука голема улога игра односот на вашиот вереник/сопруг спрема сестра му. Нормално дека ако ја третирал како центар на светот (ако е помала), тешко ќе може да се помири со тоа дека повеќе нема да биде така, ама како што реков, има золви и золви. Ваше е колку ќе си дозволите да се заморувате со ситници кои реално не влијаат на вашиот заеднички живот, но вие ги правите големи, што би се рекло, од мува правите слон, и затоа толку сте оптоварени со тие ситници. Не велам дека нема секакви луѓе, ама затоа четири очи се отвараат кога се бира сопруг, посебно кај нас, и посебно ако не можете да живеете одделно.
дада во италија зивеат..имам проблем оти некоа писам од тел а некогас од стар компјутер тоа е овој мојов кога збориме вика јас сум на твоја страна не ме интересира никој други но он само го казува тоа јас мму имам казано дека да каззе она како сто е а не да ме лазе дека е на моја страна оти нисто не има превземано..таков е он не мозе да се знајде во такви слуцајеви или барем кога се работи за мене не прави или казува нисто...искрено јас не и пајгам нејзе оти ја знам каква е и нисто не и казувам но она кога е кај мазотми се дознава од неговите и него..и несто сто не е и несто сто е се ке помесат и се зборува против мене...едно ми е неубаво јас до 4 наутро седев со нејзе кога ми лелакасе и плацисе за нееговиот..јас ја залев и помагав а она за мене викала OSTAVIJA..NE JA MOLI..NE JA BARAJ...TI ZASLUZUVAJ PODOBRA I NA SITE IM ZBORUVALA TAKA DEMEK NEJZINIOT BRAT E PODOBAR I ZASLUZUAL PODOBRA A ON NISTO BE EDEN TUTKAV E ZA ZBOREJNE NE MOZE NI DA KAZE NI DA NE ODBRANI NISTO...MI VIKA JAS TE SAKAM STO SAKAT NEKA KAZUVAT..јас му викам казиим нив така и да не зборуват усте еднас така за нас и мене......ете тоа е незнам како али ке ја одбегнувам кога ке доајга кај мазми...иако не ке мозам ни да ја гледм ли ке морам да ја избегавам.... како сто вика една од девојкиве дека сна и золва и сна и свекарва е исто Е ДА ТАКА Е....
girl-mirl, само стави ја на игноре, не се замарај со неа кога ке ти биди во близина, се гледа дека е идиотка, само на нејзиното мисли, претерала, и кажи му на дечко ти секоја ваш муабет пробл или слично да не го изложува пред нив на маса, да бидите топ тема на зборување, истиот пробл го имам јас, немам приватен-љубовен живот, сите знаат што како и кога се прави и што се планира поззз eli25 , - а зошто се зборувате со неа за штедење, околу фустан , злато, бовчи, дарови, покани и сл, па не праиш со неа свадба, за штедење муабет со мажот ти Колку сакаш ке си потрошиш , твоја е свадбата, не е соодведна таа да ти кажува дека требало за све да се штеди , Тоа да, дека си направила грешка дека и имаш зборано како планираш што и како, позз
Баш така. Каква мајка - таква ќерка. Најчесто е така. И тие две секогаш си се штитат и подржуваат, па дојди излези ти со двете на крај. Преретки се тие мајки, кои си ја `зауздуваат` ќерка си, добронамерно ги советуваат за да не им се мешаат во бракот на братот и невестата. Спојлер Така баба ми си и` кажала кај и` е местото на тетка ми (која се мажила, ама се мешала пак дома), и рекла: од куќава си, добредојдена си кога сакаш, ама мажена си, таму си сега ти главна, не овде, овде повеќе нема мешање, сега невестата си е прва жена во куќата.
Јас не се согласувам дека мајката и ќерката се заговор против снаата. Напротив секогаш се тие снаите кои имаат проблеми со нивните свекрви и золви. И тоа е до воспитувањето и карактерот на личноста. Мајка ми никогаш нема да си го дозволи тоа да се спушти на такво ниво да ме тера нешто да правам против снаата. А има такви жени неможам да одречам само реков тоа ќе го кажи снаа која има проблем со нив двете без оглед како е дали поединечно или заедно таа си знае каков филм си прави. Еве мојот проблем не е се уште решен а вие не преставте тогаш да ме напаѓате. Јас сум повторно во истата ситуација. Пречка во домот. Нема ден нејзините да не спомнат дека јас треба да се мажам или било како. Неодамна снаа ми почна да ми се жали низ муабет и дека и е тешка работата дома (ручек да прави најмногу тоа). Малку не знам чудно е затоа што некој од страна да гледа ќе ја направи будала што напразно се жали. Јас на тоа одговор и дадов дека и да се сами таа сепак ќе треба да готви. Исто така се жали ако не е запален огнот ќе и студело. Не знам многу мие се глупави тие работи. Бидејќи дома секогаш не може да има постојано човек за и тоа да го прави. Вината пак се префрла на мене. Потоа се зборува од инает дека е така или било како. Прво не можам да предвидам кога ќе си дојде од работа такво и е работното време а и второ не е толку сериозна работата па да се плачиме. Кога сум дома јас без да ми речи некој тоа го правам. Е сега кога сум излезена или учам неможам да се оптеретувам со некој не битни работи според мене. Не се работи за бебе ниту за мало дете па ќе замрзни или било што. Таму на работа има огрев и плус со кола си иди до дома. И брат ми ме поддржува во тоа со него си зборувавме. Значи таа секогаш си иди прва во домот и испаѓа како се да и е тешко да прави. За неа такви ситници се премногу битни. Сама си прави омрази. Не може да е се како што сака таа да биде. Да не штима како сака па ние сус да и играме. Мислам се има граници. Гледам дека и на брат ми му се лути за обични глупости да речам ако и постави некое прашање и ако не и по кеф ќе се налути. Се работи за личност ископлексирана и разгалена. Се плашам дека и брат ми тешко да ја трпи. Премногу му дава значење на небитни работи а многу малку на оние кои се битни. Нејзините од дома ја притискат да седи во заедница веќе јавно го истакнуваат тоа. Јас ќе се омажам и потоа се ќе бидело за нив. Мислам премногу прости работи и ниски. Тоа се луѓе кои немаат чувство ни жал ни пак осет, дали некој ќе навредат со тоа или. Јас сум си воздржана. Послушав ваши совети. Си ја бркам мојата работа помагам во домот колку можам. Си излегувам и не се замарам со неа. Но ми се собира се па морам да кажам некому и се решив тука. Неодамна исто така се осмели мене да ми забрани јас дома да зборувам замислете е преку тоа не можев. Кога јас сум немала врска околу домашната работа кога сум учела како и тоа демек не сум внесувала пари во домашниот буџет не сум имала врска кога дома се донесувале битни одлуки да давам мислење. А луѓето се ценат значи според неа во парите и работата само. Моето не се цени ни кога е изработено. Кој ќе биди така храбар да премини преку тоа и да и премолчи. Никој се разбира па и јас не го сторив тоа. Добро и кажав кое и е местото неа во домот а кое е моето место и дека залудно се споредува со мене кога таа само е снаа. И како и да е моите неможат да ја гледаат неа повеќе од мене. И и појаснив дека јас не сум им соседка туку член во семејството и додека сум тука ќе бидам запозната со се што се случува. Не сакам во ниту еден миг да се почувствувам како отфрлена. Па од тогаш чувај боже си ја запетла устичката. Таа што се вика вчера дојде дома иќе ми става редови. Дури ја немаше неа ние си функциониравме така. Дома никој ништо не криел буквално за ништо.Ни за пари ни за планови за ништо. Секогаш се заедно решаваме и си помогаме. Е сега тоа што јас не заработувам не ме исклучувало од семејството. Навистина не можев да сфатам која и беше целта а и маката но се решив да ја откачам од мојот живот. Таа е воздух за мене и така сум посреќна.
Е најлесно е снаата да биде ,,дежурен виновник за се,, ниедна свекрва ни золва нема да признаат дека не се секогаш само они во право,па најлесно е да се нападне снаата,ама кога и золвите ќе бидат снаи во нечија куќа тогаш ќе бидат пореални или уште бетер ќе станат
Миличка јас разбирам што сакаш да кажеш. И според напишаново твојата снаа ми се чини дека е доста разгалено, завидливо суштество. Не планирам да навлегувам подлабоко во случајов, само едно ми запна на око... Не можеш да речеш дека тоа е само снаа. Исто како да речеш оноа е само вазна. Каква и да е, дошла во куќа, се омажила за брат ти. Сега таа тебе ти е роднина. Утре јас ќе бидам снаа, и не сакам да бидам третирана само како предмет. Утре брат ми ќе донесе жена и секако дека нема да биде само снаа. Секако дека твојата врска со родителите е појака, ама таа снаа ете брат ти ја избрал, живеете под ист покрив и таа снаа каква и да е тука го јаде лебот и тука придонесува во куќата.
Епа баш дека не е третирана само како предмет таа треба поинаку да се однесува јас на тоа сакав да потенцирам. Нормално е дека сите еден ден ќе сме снаи и не е убаво ако некој кон нас ќе се однесува како кон предмет, ама во своја куќа да ти кажува како да се однесуваш нема право, навстина. Јас нема да си дозволам така да кажувам кој што треба дома да прави и кое муе местото ако не ми одговара сами и тоа е така. Таа од мене бара јас да си ставам фластер на устата и што побрзо да избегам од тука. Јас така ја сфаќам не знам како поинаку. Таа може да ме советува ама да ми наредува никако. Ниту пак јас неа имам право да и се мешам, ни пак сакам искрено. Таа води сосема друг живот јас неможам да и кажувам како треба и што треба да прави и не сакам и таа мене. Но да ми забранува дома да си зборувам со родителите и да си правам планови и да давам мислења никако тоа не го признавам. Ако не и чини тоа е. Ние сме тие и така сме си функционирале и ќе продолжиме бидејќи не гледам лошо во тоа ништо. Ни барам нешто да ми полага сметка таа ни јас неа. Е сега и таа треба да почитува ако сака да биде почитувана. Ние треба да ја осетиме како наш член ама затоа мора и таа да помогни. Мене искрено мие јасно дека во денешно време е многу тешко да опстани заедница. Тоа било во старите времина и луѓето од што морало така правеле. А сега кога си со плата и да имаш каде зошто да се гушиш со уште други и да ти се мешаат. Бидејќи кога си во заедница сакаш не сакаш несвесно ќе речиш нешто што можеби таа си го сфаќа поинаку и потоа доаѓа дека се мешаш. Ама и некако на снаите најлесно им е да ги обвинат свекрвите оти нема снаа што ќе признае дека згрешила. Секогаш свекрвата и золвата за неа не чинат. Е дури сме сите со такви мислења така ќе си го тераме животот во кавги и расправии. Снаата е таа секогаш што се плачи оти се е на неа цела работа а тоа ретко кога е така. Сум била сведок на многу примери и затоа се осмелувам и вака пишувам ако треба против целиот свет на снаи ќе се борам оти и јас еден ден ќе сум снаа па не сакам да си имам недоразбирања со свекрвата од вакви работи.
Во една куќа со 2 жени тешко се живее , да не зборуваме за 3 жени, ретки се случаите кадешто снаа и свекрва се погодени ептен, ако секој си ја тера својата работа , и ако се делени, мислам на др спрат, тогаш ок, ама ако се во 2-3 собички сите , нема шанси се да биди под конец, имам случај од моја страна кај што золва ми се фали ептен како и било погодено со свекрвата, за ништо не се расправале, бла бла, нека кажува прикаски на друг, нормално дека така ке ми збори кога еден ден јас ке сум снаа на мајка и ... се нервирам од вакви луѓеее, поарно ништо не збори за тој случај!!
Спојлер Неможеш така да генерализираш (блондираното) , сите имаат различни карактери, различни генерации, воспитување, сваќање, навики.... Мене само малку ми е чудно што прави брат ти со скрстени раце. И да е така како што велиш тој треба да си го решава проблемот, а не ти да изведуваш драми по дома. Стави се на местото на твоите родители и запрашај се како тие ја поднесуваат целата ситуација. Нормално е дека ги боли и за едното и за другото дете. Ако сакаш мир у куќа мораш да балансираш и игнорираш некои работи а не да набиваш тензија и нервоза. Не мора да ми кажеш дека си невино јагне и мораш се да трпиш, затоа што знаеш дека сте во заедница. Премногу го нагласуваш тоа дека порано сте биле совршено семејство и супер сте функционирале, немало тајни и сл. а сега не, откако дошла снаата во куќата. Па ајде сега нека се разведат за да пак супер функционирате, која патетика. Не дека те напаѓам лично и претопставувам дека си пишувала во нервоза можеби, ама слушни се што зборуваш. А тоа што зборувале нејзините да се мажиш па се ќе остане нивно е навистина смешно и нема потреба да се замараш. Тука преовладува себичноста и алчноста. Никој бре девојче не понесол имот и пари со себе во 2 метра испод земја. Оставштини ќе оставаат мајка ти и татко ви а не вие да се расправате. Пак ќе кажам не си ни ти крива, ниту снаата, ниту свекрвата, брат ти е крив што не ги решава проблемите
Е таман работа никој не спомна за разводи. Само секој тука си сфаќа како што сака. Јас и онака залудно се трудам да објаснувам. НЕ дека од кога дојде таа не функционираме како треба, туку односот нејзин не е на ниво за работите да течат како што треба. Карактерно или не знам како не не следи. Како се за инает да прави. Јагне не јагне јас си трпам многу работи. Не сакам да ме сожалува некој туку да сфати дека некогаш ќе собираш и ќе собираш и ќе пукниш. Дури да одам по луѓе да кажувам решив тука да споделам. Ама вие си го гледате секогаш проблемот од аспект на снаа и тоа вас како ви правеле и постапувале. А затоа дека е крив брат ми да тој е крив што си е направен таков да биди потрчко и сега само нервози. Таа си се постави можеби во ред но ние мали води. Зборувавме со него што да решава кога знај дека сум во право. Само ми рече да си се повлечам дека не сака да се караме и тоа е. Јас си се повлеков и тоа беше пишав и пред тоа дека таа е за мене воздух и така мие подобро. А за имот не станува збор јас сигурно ништо нема да му земам него туку нервозно мие да слушам кога некој упорно притиска за јса што поскоро да стапам во брак. Мене мие што тие од нејзина страна многу сакаат да се мешаат и редови да ставаат во туѓа куќа. Не е еднаш да ми нагласиле на секое и веќе ми е смачено да ги слушам тие муабети како трн во око да сум. Но се работи за многу ниски структури што јас не знам воопшто што се замарам. slavica999 можеби си снаа и гледаш прво работите како изгледаат од нејзина страна но се само тоа претпоставки. Ни јас не знам неа како и е ни што мисли и што сака. Само знам дека не е и погодено вака и сигурно очекувала поинаков живот. Мене мие многу криво ви кажав што не можеме да успееме да се зближиме. Таа ме гледа како странец. Нема никаква блискост со мене и мајка ми. Гледам тука и во околината соседка постојано се жали дека деверот и држи соба во куќата. И сфаќам дека не е само кај мене таков проблем го има насекаде. И каде ќе ја бараме правдата тука. Не викам дека нема вина и во мене дека некогаш јас сум пребрза во мислењата и одлуките но сама таа треба да се навикнува на средината јас можам само да и помогнам ама таа не дава простор. Навистина не знаете за каков тип на човек станува збор. Да вие в куќи ќе видете како мие.
Milicka, јас мислам дека ти премногу се замараш со снаата. Не може се да биде како што било, нормално дека ќе има промени. И не знам, велиш треба карактерно да биде на ниво за да си тече животот во вашата куќа исто... е па мислам дека ти не си очекувала нештата да се сменат и тешко се носиш со тие промени. Затоа при срце ги земаш работите и ги преувеличуваш. Тоа што ти велат да се мажиш, ич да не ти е гајле. Тоа е твоја работа, и никој нема право тука ништо да ти кажува, дури ни твоите родители. Мој совет е малку да се олабавиш, и да ги намалиш твоите очекувања за вашиот живот. Брат ти ќе си го решава животот и проблемите со карактерот на жена му, а ти ич не се мешај, ниту зборувај, терај си го своето. Ако некој ти спомне за мажачка пак, кажи му да си ја гледа работата, а не да му ќутиш и да му веднеш глава. Ова од паталец, не од гаталец - не знам дали си читала во почетоците на темата за снаи и свекрви - какви проблеми имав јас со снаа ми, дај Боже никогаш да не ги искусиш. Денес односите ни се подобри, дали затоа што таа сфати дека претеруваше, дали затоа што си го смени карактерот (во што лично не верувам), или пак нешто трето е причината, не знам. Ама јас некако не можам да заборавам некои работи, колку и да се обидува таа да се искупи...
Спојлер Снаа сум ДА, нечија, ама ги гледам работите реално и ако прочиташ убаво ќе видиш дека не ја бранам ниту неа ниту тебе, туку го окривувам брат ти. Што се потрисаш за мажачка што ти ја спомнуваат, па мене знаеш ли колку ми зборат да родам второ дете па си ја терам на шала во стил ,,еве одам во спална да го доправиме, веднаш,, . Опушти се бре дете, не е тоа толку злонамерно кажано ( ги знаеш старите како си мељаат, туку тебе те боцка што тоа го кажале нејзините). Си пробала и не сте успеале да се зближите, ок, секој по свој пат. Погрешна ти била заблудата дека ќе се зближи со мајка ти и тебе, верувај колку и да се блиска и да се променат односите секогаш ќе е на дистанца (ќе сватиш кога ќе отидеш во друга куќа. Не те терам да се мажиш уште сега). Секоја куќа па и твојата на сосетката има проблеми, кој е без проблеми. Ако не те мачи снаата, ќе те мачат парите, работата, здравјето. Кој нема проблеми во денешно време и остави ги комшиите да си пијат кафе на раат. Нема типови на луѓе, туку различни карактери на луѓе. И да, форумот е за тоа, да си споделуваме искуства.
Аман бе milicka19 опушти се малку, не знам зошто без причина се замараш посвети се на факултетот, дружи се со другарките, дечкоти и уживај. Мора да сватеш дека брат ти и снаати сега се семејство, утре задутре ќе имаат нивни деца и тие се потесно семејство, а ти и мајкати и таткоти ќе сте и пошироко семејство. Немаш параво да одредуваш кој што треба да работи и колку пари треба да даде. Па таа ви е снаа во куќата а не душман. Постојано нагласуваш колку ви се пораснати трошоците во куќата откако е дојдена па да не е слон , колку може да изеде еден човек или струја да потроши. Не се замарај со неа, таа не треба да ти е најдобра другарка ако живеете заедно, дали ќе готви или чисти препушти го тоа на мајка ти, па и една чинија плус од јадењето да направиш и не е некоја филозофија, зар пред да се жени брат ти секогаш правевте точно јадење за четворица? Снаа ти работи и затоа може да придонесе за фамилијарниот буџет, но доколку беше невработена требаше од нејзините да бара пари затоа што е невработена, а живее со вас? Немој да се замараш со снаати гледај си за тебе, не води сметка кој колку троши , колку што разбрав и брат ти и снаа ти се вработени и ке трошат колку што сакаат, можеби сакаат и да си тргнат некој денар настрана па млади се сакаат да патуваат, да створат семејсво, кога ќе дојдеш на нивното ќе видиш како е. Се извинувам за долгиот пост немој да ме сфатеш погрешно, не велеам дека си ти лошата во твојата ситуација само имај повеќе разбирање, секоја приказна има две страни, опушти се и уживај си. поздрав
Како и да е,најбитното е толеранција од двете страни.Често некои работи се сфаќаат погрешно,зошто некако народски по дифолт оди она-лоша е снаата за свекрвата а свекрвата за снаата,па може затоа не се остава простор за некое разбирање,колку што се вели да се има мир во куќа.Ним им сметаат некои работи,нас исто ,сепак е генерациска разлика за некои работи.До воспитување исто така,може и најмногу. Секако и мажот-клучната улога.
дада и јас така си мислам од едно уво влезе од друго да излезе.....ке се правам како да не ја гледам и слусам иако теско е тоа во една соба да се прави игноре но се мора инаку нема да и оставам да зборува сто сака за мене и сто и оадне на памет таква сум си јас не дозволувам да се зборува за мене сто се сака....а децкото мој па он вика дека не казува нисто сто се слуцува за нас но не изгледа бас целосо да го крие тоа,бидејки стом му зборила она така знаци несто знае или само се сомнева за насите караници а и неговите веднас го осејкат кога сме скарани и он се несто ке футне да казе...ех тоа ни е зивотот на нас девојките кога мора да зивееме со други лјуге заради саканиот....I POSLE KE MI KAZAT MASKITE MA STO PRAVITE VIE DEVOJKITE ZA NAS MASKITE малце ли е.......
Има различни золви,различни снаи и свекрви,сега моеите се збираа во кујна во едно коше и кроеа планови за се и сешто и чим јас влезам а живееме сите заедно во еден стан одма се прекинува разговорот и се ќути,нема врска не се замарав и си одев кај мајка ми или по другарки,ама знаеш оти вечно не можеш да бегаш од тоа што треба дом да ти биде,е јас така бегав едно две години од дома за да не ги гледам и да не ги слушам,али се ги интересираше зото таму одам е што денес пак,па свекрва ми купила се и сешто на золвата исто ко што мене ми купила мајка ми и она и золвата ќе ме викнат да се пофалат хехеххе смески невидени бетер од на мали деца,потоа бремена си криеа јадења по собите па ќе го видеш отпадот во канта,барем фрли го одма да не го видам,па ред други глупости што ги пребродив со нивни караници за секој еден празник да се тресеш ко лист и тоа помина,демек не им одоговарам ќе му барат други жени ,демек свадба немаше да има,и ред други глупости што да седнам може роман да напишам за се и сешто,е сега кај нас дома брат ми има жена но мајка ми не е таква што се купи на мене и на нејзе што на мене за бебето и на неа можеби они не работат се плаќат моите али ќе си се вработат и они ќе придонесуват зошто им реновираа станот каде што ќе живеат чекат само еден да се вработи и да се иселат,но мојот брат и снаа не сакат им е убаво со моите зошто си се подржуваат за се и сешто и кога се болни и кога се здрави,плус јас колку можам помагам за бебчето што ќе дојде на свет и тоа е доколку постои слога а не злоба едни со други се ќе биде добро,а доколку еден сака се да приграби и да се прави дека само тој знае и вие другите треба да се покорувате никогаш нема да постои добар однос
Да ама во секој поглед ти погрешно си ме сфатила. Трошоците веќе се направени со самата свадба и веридба и потоа буџетот е намален зошто никој на тоа не помисли. И кога едно бебе ќе се роди во фамилијата колку трошоци има и што значи уште еден тој член. Не ми смета мене таа како член во поглед на трошоците околу јадење и струја и не знам што уште не некој и така ќе си сфати тука има луѓе со изобилство од мислења и сфаќања веќе тука неможам крајот да го најдам па не дома со еден само. Не се замарам јас повеќе со неа искрено. Се што си прави за неа си прави. Но не значи ако си во заедница дека треба да си терет на другите во поглед на се. Тие се млади да но ако беа сами не знам дали ќе имаа за да штедат и било како. И моите можеби сакаат да штедат за мене. Ги чека дипломска, веридба, свадба. Како ќе заштедат тие кога целиот терет е на нив буквално во поглед на се. И еден денар даден од нивна страна ќе биде голема помош. Јас не им ги зедов платите па да ги распределам туку сакав да кажам дека секоја нивна помош е добредојдена но во случајот ја нема. Не можам да замислам како ќе живееш во заедница само да ги користиш луѓето. Почитта и разбирањето фрлени во некој отпад. Да и секој има проблеми нема куќа без проблем но секој се обидува да го реши на најмалку болен начин. И искрено не очекувам повеќе од неа дека ќе ме сака и почитува бидејќи и од мене нема да го добие тоа по се што се случува.
Луѓе кога се живее во заедница треба да се придонесува нели на секој начин. Не мора да се потепувате од работа или да давате се што имате ама доволно да се прилагодите и да придонесете. Никој не е должен да слугува некому. Па дури ни мајка ни татко. Ова се веќе др луѓе кои не се должни воопшто да ви одат по ќејф. Ама за да се има барем некое почитување треба да се знаат вашите обврски кога веќе сте стапиле во брак. Со терање инает и правење по свое само докажувате колку немате основна култура. Ве прифатиле во свој дом треба да почитувате, ако не се знае, најдобро настрана. Последниве времиња има примери многу ... онаа изрека мажила се мома да не седи дома е точна. Се мажат за да не им избега дотичниот, сметаат должност е да му родат деца и толку. Кај се другите обврски?? Зарем уште мајка му ќе го рани, пере, пегла итн.?! Жената е веќе таа која превзема улога, додуше и тој треба да си знае да си извршува некои работи зашто од младиве жени тешко да чекаш нешто ... Чест на ислучоци кој се ретки. Имам примери каде се живее во заедница, снаата се однесува како да живее во хотел ... освен дете и работа др ништо не ја интересира за домот и мажот. Плус од нејзина страна се мешаат и и солат памет како да се однесува, да седи настрана и да не работи ... цело време само они меѓу себе да се договараат, а свекрвата кој ја шиша нека слугува. Плус од каде е и која е др работа е тоа, а сепак дошла во добра куќа. Не е добро тоа, треба да сме луѓе. Кога се мажите треба да си знаете со тоа обврски ви следат. Не е должен никој да ве гледа и да ви слугува, сами сте должни за себе. Миличка кај вас е јасно, брат ти и снаа ти треба да се тргнат на страна сами да живеат. Тогаш ќе има некоја полчит, вака само измачување, инаети, нервози за двете страни. Тогаш ќе научи снаата што значи обврска за семејство, дом ...