Од кога се омажив почнаа проблемите. Мојата свекрвс постојано ме потуркаше. Немала демек псри за злато и за свадба. Останав бремена проба дс ме задаве со дете во стомакот ме бркаше ме колнеше. Викаше не е детето од син ми. После еднс година се омажи мојата направија веридба и свадба. Кога и беше тешко на мојата свекрва золва ми ја откачи јас бев таа која што и помогна и пак јас на крајот не чинев.
Извини вака,ама кај си го нашла таков труп. Тој треба мајка му да ја познава каква е многу добро, а почитување мајка е друга работа. Јас го почитувам татко ми, ама го знам многу добро, и ако почне глупости да му треска на маж ми или да го дави така ќе знам дали татко ми е таков или не е. Ама да е таков одма би му се налутила. Не знам некако не можам да замислам вакви ужасни сценарија, ама има секакви луѓе..
Абе да не ти се погоди таква има некои само за во драмски театар се тебе ќе те брка со нож, а синот кога си доаѓа дома како ништо да не било јас цело време сликав иако не морав ми веруваше и сеуште ми верува мм али пак докази си имав барем во ова време со телефони и чуда може се да се сними и да се докаже
Епа ај и јас да раскажам нешто,омажена сум веќе 5 години и имам свекрва и золва,и сега сум бремена со второ дете,золва ми и свекрва ми се пред мене лизни мазни,позади мене се и свашта,мажена е и доаѓа секој ден кај родителите на гости со детето,исто така по сто пати и звони на мајка и по телефон кога не е тука. Свекрва ми од секогаш кон неа се однесувала како ќерка а кон мене како посвоено дете. Секогаш одат секаде заедно и ниту еднаш немаат ме повикано со нив,злобни се но тоа е,нема што да се прави.
Доаѓа кај мајка и, и се јавува на мајка и, што тоа тебе ти смета? Золва ти има право на тоа, без разлика што е мажена и има дете. Не значи дека ако живееш во заедница, таа нема право да стапне веќе таму. Да не треба од тебе дозвола да бара? А како да се однесува кон нејзе, па ќерка и е, родена ќерка. А ти си снаа и сфати дека не може да те сака ко родена ќерка. Ти случајно да не ја сакаш свекрва ти како мајка ти што ја сакаш? А зошто мора да те викаат? Јас од ова што го имаш напишано, никаде не гледам дека се злобни. Туку напротив ти треба себе си да се преиспиташ да не си премногу размазена, па сакаш да си во центарот на вниманието. А сега трудна сигурно уште повеќе ти влијаат хормоните.
А ти очекуваш тебе да те сака колку ќерка и? Не ве сфаќам некогаш ич. Мајка ти да е поблиска со снаа или исто блиска со снаа колку со тебе сметаш дека е во ред?
Чекајте малце другари! Твојата свекрва од секогаш со ќерка и се однесувала како да и е ќерка??? А како поинаку да се однесува? Сигурно си имаш причини некои што нивното однесување ти смета. Верувам дека во 5 години имало разноразни ситуации ама сега те маваат хормони у највише, имај го и тоа у предвид.
@Fidorija Па ти случајно да не сакаш свекрвати да те сака колку ќерка и?! Бог да чува какви се не има. Па свекрвите не чинеле оти и се јавувала ќерката на мајка си, па ти утре ако имаш ќерка кога ќе се мажи речи и дека не смее да те бара ич! Свашта!