На кој со кого му одговара, со тој ќе поминува повеќе време. Не ми е гајле што ми е, ако ми се качува на глава и се прави сезнајко /а, секако дека ќе го редуцирам времето поминато со таква личност. Нема правила, правилата сами си ги поставуваме!
@thelittle17 Тоа околу професијата на золвата се фаќа самата членка, а и вие. Тоа што и како ќе се однесува таа со нејзините родители е нејзин и само нејзин проблем. Тоа што на снаата и пречи самата золва и и е трн во око дека има 36 години, а е немажена многу кажува кој со кого има проблем. Колку што сватив снаата не е ни малку засегната за да неа ја тангираат фамилијарните односи на нејзината золва со нејзините родители. Таа ќе биде засегната само и ако сестрата се меша во бракот и финансиите на снаата. @Emy867 Ако ти одговара апсолутно не мора да контактираш со твојот брат/ сестра и дружи се само со роднините на твојот маж, само чисто сумљам дека во реалноста нема да контактираш со сестра ти, туку ќе бидеш поблиска со сестра му на мт.
@baby-star каде пишува дека слепо треба да се држиме до оној кој ни е фамилија, иако не се поднесуваме? Колку браќа /сестри има, последниот залак од уста ќе ти го земат да можат и сега треба упорно да живееме со таквите само затоа што ни се род? За мене е погубно такво размислување , за тебе не знам.
Човек јас едвај се откачив од ваква. Исти години, иста титула, немажена. Дури те читав помислив дека е таа јас што ја знам. Абе ако на 36 години нема маж, деца, не можеш сегде мама и тато да ги влечеш како дете прваче. Може и да се работи за истата. Сите не чинат, само таа чини. Постојано се запознава со некои типови по препорака на пријатели и после еден месец ги навредува луѓето, не биле за неа, вакви такви, немале пари, титули. Ми се има јавувано, зборува додека не и здосади и кога ќе и текне од еднаш те откачува и спушта слушалка. Сите колеги на работа биле дрски, а по она што го кажува, обратно е, таа навредува постари луѓе за без причина. Ова не е до сингл статусот, туку таа е лабилна и не може да си се носи со самотијата.
Арно ти рекле другарките,а и членките на форумов. Не живееш со нив,не се замарај. Тоа што го рекла на татко ѝ и како ги третира нејзините,не е твој проблем.Маж ти може да се замеша ако сака,ти не треба. Не иди таму некое време,не комуницирај со неа и ќе нема зошто да се нервираш.Не кревај телефон. Сосем нормално е да ѝ засмета што маж ти поминува повеќе време со некој од твојата фамилија отколку со неа или нивните родители. Маж ти нека седне да разговара со неа ако сака.Можеби нешто ја мачи. На пример,тебе да те мачи нешто и ти треба совет и/или утеха.А,не наоѓаш разбирање од твоите родители. Зар не би сакала сестра ти да те ислуша? И како ќе се осеќаш ако сестра ти не ти обрнува внимание,а трча кај други? Маж ти нека мисли. И само осаменост да е во прашање,брат ѝ е.Нека ѝ обрне повеќе внимание.Можеби тогаш ќе ѝ се смени однесувањето.
@baby-star не знам дали прпчита погоре, дека самата се жалела на брат и, како е сама и нема никој, кога ќе де скараат, манипулира очигледно, ако помагам не значи дека треба да ми се дома робови. Плус не и трн во око според мене, золва и е искомплексирана што ја навредува снаата, и својот брат, а после бара да се смири со братот како ништо да не било, плус одеднаш престанала да и збори, зошто која е причината за такво однесување? Еве и јас сум золва, и никогаш не се мешам на брат ми, ниту пак му звонам по 1000 пати во денот, комплекси имаат самите луѓе што навредуваат други.
Дечки, 100 луѓе 100 карактери. Золвата може и најлоша на свет да е, ама може едноставно да се дистанцираат од неа и да гледаат на неа како на некој кој им е во животите по игра на случајност. Да не им се меша и инволвира во животот само е најбитно, а јас мислам тоа е лесно кај нив, оти сопругот може да не и крева или да ја прекине дури збори на телефон. Ќе ти се јавам после и ајде. Ако не им се допаѓа нејзиниот карактер на двајцата, членката и сопругот, може од слава на слава да се гледаат и решен проблем. Факт е дека секој еден има маани, совршени луѓе нема ни во фамилија, ни на работа, ни на улица, ни во друштвото на партнерот и слично. Муабетот е да не ви влијае директно на вашиот живот. А секој од нас треба да си го наштимаме мајдсетот помалце да се нервираме за небитни работи, еве искрено вклучувајќи ме и мене. Психотерапија на другите не можеме да правиме, ни па ќе го смениме. Решението не е да се нервираме, туку да се дистанцираме. Сами бираме со кого го поминуваме времето.
Боже боже. Па си читаш како ти одговара ! Кај прочита жити се дека повеќе ја сака сестра и одколку сестра му ? Кај прочита жити се дека женава тоа го очекува? Ти со маж ти све на кантар мериш? Ако кај твоите викендов седите 1 саат и 12 минути исто ќе биде наредниот викенд кај неговите точно 1 саат и 12 минути? Ако седите кај неговите 2 минути повеќе значи дека ги сакаш неговите повеќе и треба мајка ти да ти го пререче тоа? Дај ви се молам, човек да ви црта треба. Ама сакате да извртувате причи колку да се пише нешто. Извини јас со золва ми сум поблиска, одколку со едниот брат што го имам, од двајца. Секој човек со својата животна приказна. Ама по твојот некој шаблон треба да се живее.
Се сложувам @SnezanaPet во право се твоите другарки- гледај си со маж ти да ти е погодено и игнорирај ја золва ти. Очигледно нема попаметна работа женава. Уживај си во животот и гледај да си немаш проблеми со маж ти заради небитни личности. Колку што разбрав не ни живеете заедно, па не треба да те засега нејзиното однесување воопшто, ни тоа како се однесува кон свекор ти и свекрва ти. Што сакаат нека си прават и нека зборуваат, баш ти е гајле. И маж ти нека ја стави на игнор, кој нормален по 2-3 саати му досадува на некој по телефон бре аман!?
Jas se obiduvav da ja vklucam vo se.Ama nea i e ispod nivo da doaga na nastani kaj sto se nasi prijateli.Kaj sto se sestra mi ili koga i da dojde pravi grimasi i se zakaca so nekoj.Maz mi sam pocna da ne ja vika zasto se srami i ne znae kako ke izreagira pred nekoj .Premnogu se obiduvav. Taa znae da dade komentari na pr na sestra mi mn si debela. NA nasata kuma neobrazovana i sl.I na kraj pak taa navredena :'(
Се се...само не дај боже ТИ да бидеш золва или јатрва на некој.....има да читаме по форумов потоа со недели.....
Дали само јас не можам убаво да сфатам кај е проблемот? Сакаш да ја оттргнеш затоа што сметаш дека е токсична и тоа го сфаќам. Ама од друга страна викаш престанала да се јавува, да ти збори и те избегнува, па тоа делува дека е баш решението што го бараш. Е сега со маж ти не можеш да и забраниш да комуницира, тоа е веќе нешто што останува на него да реши дали му смета или не.
Просто и едноставно е, игнорирај ја, кога ќе сака да се смирите и ќе ти ѕвони, не кревај. А каков однос има со мт тоа си е нивно и не е твоја работа да им се мешаш, они си се брат и сестра, сигурно мажот ти не ти се меша тебе во одност со сестра ти.
@Kalina J. Јас сум золва душо да не се секираш и со мојот брат немам прекинато комуникација заради снаа ми. Ама снаа ми е доволно еманципирана и свесна дека нејзиниот маж има и друго семејство освен неа, така да немаме апсолутно никакво недоразбирање. А вие ако сакате јаже може да му ставите на мажите, па нека заборават дека имаат родители и браќа или сестри. Јер вие сте једини кои му го мислите доброто од што ви е жал!
Не дошло зорт сигурно нема тебе да те гледа повеќе од фамилијта што ја створил не се мавај од земја жити се. Ако жена му или детето е болно и ти мислиш по тебе ќе трча? Па и ако го давиш по 2-3 саата секој ден на телефон кога ќе се видите очигледно не правите муабет зошто муабетот ви се потрошил. Ствараш фамилија-ствараш свој сопствен ПРИВАТЕН живот!!! Што значи животот го посветуваш на фамилијата што ја ствараш жена и деца.Ако брат ти повеќе од времето поминува со тебе на телефон и во живо се оженил само за некоја деца да му роди.
Убаво,среќа па немаш золва И ТИ,а можеби и еден ден ке имаш....па ке ги разбереш некои работи како функционираат.
Ова тебе ти го зборуваат или на него? Ако тебе, тогаш тој треба да пресече и да им објасни дека нема што со тебе да расправаат каде оди тој. Ако со него, не знам зошто не расчистил со нив и тебе ти пренесува и се нервираш. Ова не е нешто што треба да те нервира, што воопшто треба да дојде до твои уши.
Јас имам золва. И сме како другарки. Читам повеќе коментари и искрено не разбирам. -Била блиска со брати и , звонела по сто пати прочитав. Ви смета. Исто како и јас и вие со нашите браќа/сестри. јас сум блиска со мојата сестра , сакам и маж ми да си биде како мене со неговата. Богатсво се брат/сестра. Кога ова ќе ги сватиме ќе биде подобро. Мојата золва живееше со нас цели 3 години, нејзиниот тогашен дечко сега маж нон стоп беше тука. Седеа во нивната соба. Никогаш не ми сметало. Ја прифатив како моја пријателка, иако се знаевме долги години. Имало ситуации кога можело да избие кавга ради старите, но сме се воздржувале и јас и она. И двеста пати да му се јави на брат и или да дое на гости нема да ми смета.
Добро золва ти сигурно ти кажувала се очигледно. Пример мојата се сака за сите да знае, а не сака и не кажува ништо за нејзе освен на дечко и. Она се јавува да праша брат и каде е што е(додека е на работа и иде он само прва смена) каде може да е? Муабет секој ден да правиш кога ќе отидеш на гости што ќе правиш ако веќе се знаеш.Кога излегува она од дома му се јавува на дечко и јас излегов од дома со тој и тој после 10 минути пак му ѕвони на дечко и и вика јас сега влегов во маркет од кога ќе излезе од маркет пак му се јавува еј јас излегов, кога стига дома еј јас стигнав дома. Ова на што ти личи? А брат и кога ќе ја праша што правиш она ништо седам дома и толку и кога ќе ја праша а дечко ти каде е и одма менува тема и почнува да распрашува, а по дома што правите, што јадете, пиете. Додека живееме со нив ми влагаше во соба без да тропне, малиот навечер плачеше од грчеви доаѓаше ни го зимаше од раце без да праша додека јас не збеснав. И јас имам снаи и со нив по журки одев и пиевме се забавуваме исто како другарки да сме ама никогаш никоја не навлегувала детално да ми чешла во животот. Во ред ако секоја си ги кажува тајните и маките ама едната да ќути и да те збори после по роднини што секој ден се слуша со нив исто како на брат и што му ѕвони не. Додека бевме дечко и девојка на секои 20 минути му ѕвонеше каде е и кога ќе си дојде, а она од дома не искачаше ниту пак сега освен до работа што оди. И после како да не се љутиш? Кога веќе си оформуваш семејство сите проблеми, финансии дома остануваат нема што други да те знаат.
Тебе очигледно многу ти е трн во око золвата. Јас и мојата не делиме спомени. Таа има свој јас имам мој живот. Ти треба да разбереш дека се брат и сестра. Ако не сакаш да ти чешла во животот, на прашања коректно одговори, љубезно со да , не и не знам. Кога-тогаш ќе се откаже. Биди културна и љубезна. Биди дама. Не ставај при срце, некои луѓе се така скроени за инает ќе те провоцираат. Ако нема што муабет да правиш кога веќе се сте си кажале, прашај ја ко таскистине-ќе врне а? Смени тактика, ќе биде подобро. Ќе видиш.