Нема да се смени зошто она нема другарки нема никого единствено и се неколку братучетки што не се ни гледа со нив само се слуша по телефон и толку. Дечко и оди шета по кафани и не работи она му дава пари и после кога е нервозна другите и се криви. До толку е забегана што еднаш брат и не сакаше да јаде со нејзе и му рече мајмун еден и се изнеевира и плачеше дури. Ова е психичко пореметување не ми е мене трн во око.
Не знам дали сум пишала на темава ама ми дојде сега. Со золва ми имавме многу ладен ама коректен однос на почетокот. Јас имав ѕид пред мене и не сакав одма да се зближам, а таа баш се потруди. После кога почнавме да живееме со дечко ми (сегашен маж) јас сакав да ми биде поблиска, па таа ме одбиваше дури и ми настапи многу пати арогантно. Никогаш не сум и вратила, секогаш сум игнорирала дури мм еднаш изреагира дека треба да си кажам одма што ми смета за да не се меша во нашиот однос тој. И среќа што така помина тој период без кавги зашто последните две години ептен се зближивме (не зближија семејни проблеми), застана на моја страна кога најмногу ми требаше поддршка и ми покажа индиректно колку високо мислење има за мене. Сега се слушаме скоро секој ден зашто не живееме близу ама буквално се си кажуваме. Особено откако се породив имам посебен третман од неа и нонстоп ми кажува колку е среќна што баш мене ме одбрал брат и, дека е пресреќна што не има мене и син ми во животот. Искрено, многу арогантна особа е, или ја сакаш или ја мразиш ама безрезервно не сака и премногу заштитнички настроена е кон нас, а јас многу ценам лојалност. Така да, ако може да дадам совет, не избрзувајте со заклучоците.
Золва ти си има проблем и најверојатно е заглавена во токсична врска. Можеби е горделива и не знае како да побара помош, може болдираново како пример да му го посочиш на брат ти, да му го спомнеш одоколу па понудете ѝ поддршка, тоа е најмалку што можете. Можеби не е дотолку лоша колку што се наоѓа во лоша ситуација, а тоа ѝ влијае во односот со другите. Јас да знам некој мој близок вака да живее би се загрижила искрено да ти кажам.
Посочено е милион пати и од негова страна на нејзе али она дури и не ни оди кај него и јас нај позитивно имам постапено со нејзе и сме збореле џабе избегнува сме ја викначе заедно да искочиме никако не сака. Кога треба на некоја прослава да се оди се дечко и не може, каде живее, епа таму живее, а таму никој не ни знае некој со такво име многу чудна врска од 18 години не е година или две.
И за сите тие 18г нејзиното семејство не успеа да дознае каде живее дечкото или некоја друга информација? Браво, баш заинтересирани и посветени родители.
Да замисли и јас се чудам, али она се интересира толку за брат и и за другите не од што е поврзана туку да не дознаеме он каде е во моментот. Брат и го иманачекано со друга и демек оваа знаела дека е со таа братучетка му била. А родителите им се стари па не можат да се замараат до толку они и зборат и сите други роднини ама џабе. Жално за неа сака многу деца некогаш и дури и се занесува почнува да им глуми мајка, конкретно за мое дете кога ќе и кажам да го пушти да оди и дека кенка во раце не сака да го држат не ни слуша па кога ќе повишам малце тон одма ја дува муцката. Дури тој и доаѓа секој ден скоро кај нив дома од кога ние си отидовме. И јас имам браќа ама до толку да се утепувам секој ден да ги прашувам како си што правиш што има дома не до толку повеќе е замарање.
Она ќе знае толку колку што вие и кажувате. Викаш се сака да знае, а ништо не кажува?. За тоа си е крив маж ти, зошто па мора се да кажува? Ниту пак гледам проблем во тоа ако се слушаат секој ден. Здраво, како си, што правиш, ај чао. Штознам никаков проблем не видов дека постои
Исто и јас. Тензија се прави кај што нема простор за таква. Еве мојата золва брата си не го прашала 3 год како е и како му се децата.
Никој не кажа дека он кажува се, само треба и дистанца малце, има фамилија веќе потреба од секој ден да се гледаш и слушаш навистина нема. Ако каже дека ја замара и да не му ѕвони(бидејќи он никогаш не и заѕвонил, до душа и немало кога не оставила простор) ќе почне со навреди (дека од што е поврзана со него) Има и други работи не е само тоа али се однесува како психопатка.
Секој ден се гледам и слушам со моите, маж ми исто така. И со свекрва ми се допишувам околу синко што прави, јадел не јадел. Кој може да ми ограничи колку да се слушам со мајка ми татко ми брат ми? Не сме ни мистериозни, кажуваме кој каде ке оди, каде бил итн.
Можеби ти немаш потреба да се гледаш и слушаш секој ден со твоитр, можеби си таква личност. И јас се слушам секој ден, па и по неколку пати, со сестрите, некогаш секој ден, некогаш на два дена, кога како. И не секогаш имам нешто за муабетење, чисто да прашам како се. Ако нешто сметам дека не е за кажување не им кажувам, или они мене. Стварно не ми изгледа дека е тоа проблем,па мм да се лути, или јс на него.
Ама зошто со вакви навреди? Разбери дека девојчето има потреба од брат и, не од тебе. Не ги дели брат и сестра. Ако треба и 6000 пати нека се чујат и видат, брат и сестра се побогу. Нејзиниот однос е таков можеби поради тебе, гледа како ти се однесуваш кон неа и е арогантна. Седни малце поубаво со неа, пробај!
Од мојата золва подосадна сигурно нема да се најде,по 26 пати на ден се слуша со мајка и а у комшии е мажена....секој разговор и се што се случило во текот на денот во нашата куќа мора да и биде пренесено......секој ден е кај мајка и пошо они се двете залепени со лепак такаа даа се во животот станува навика.
Абе што не разбираш не ми е јасно. Она нема другарки нема никој на 37 години седи дома и на сите им ѕвони само прашува каде се за да не го видиме дечко и, се е од интерес не е од љубов. Каде и да ја викнат на прослава дечко и магично не може да дојде се е на работа(а врска нема зошто кога доаѓал во работно време на гости кај нас сам си викаше абе колегата ја држи смената нон стоп правиме вака). Некој има фамилија створено и се одделил од нив она ако си нема друга работа да прави што да и правиме. И не е само јас да се бунам и братучетките не и креваат од што е досадна и сами си имаат кажано. Јас не знам каква е таа љубов што само она го бара брат и а он нејзе никад не ја побарал дури напротив и и спуштил или не и ни кренал. Он и пред да се земеме искача во 7 навечер за накај мене доаѓа, а дома биле седеле ете ја за 10 минути му ѕвонеше кај си? што правиш? Ароганцијата нејзина не е ради мене она така им се однесува и на родителите мајка и се посегнува да исчисти она нервозно и вика дај дај седи ти ајде, а од кога ќе исчисти и вика така ти само седи и не мрдај со прст(ова ако е нормално сите околу неа се ненормални)
Јас немам браќа и сестри ама маж ми има сестра. Може не се слуша секој ден со нејзе ама сигурно на бибер или инстаграм ќе си пишат -Шо праиш како си шо праи бебушот и сл. Со мајка му се слуша секој ден. Преглупо е да кажам дека ми смета тоа. Као шо? Ми ускратиле 3 минути од времето со него? Што е тоа што ви смета што на телефон се чуле или се виделе со сестрите? Јас со моите се слушам секој ден, нормален човек ги прашува најблиските како се добри ли се особено во времево на пандемија што го имавме кога сите се гледавме поретко. Па и да не е пандемија еднаш неделно се гледаме со моите еднаш со неговите. Едни родители-браќА/сестри имаме. Зошто имате толку злоба во вас не ми е јасно. Или па толку сте егоцентрични што сакате цел свет околу вас да се врти.
Едно е еднаш во ден да прашаш, а друго е на секој саат да ѕвониш и да прашуваш како си што правиш. Давање цело време извештај јас сега јадев, после саат време јас седнав на шоља, сега пијам вода итн. Ако веќе е се да се знае што правиме и како правиме седи си по дома и готово и така ќе знаат по цел ден што се прави.
Што ти е гајле дали има другарки, дали е мажена, дали има деца? Очигледно трн во око ти е. Ама ако ти смета нешто не го троши времето за да ја одговараш по форум туку зборувај со маж ти. Или тоа не можеш па ти преостанува оговарањето по форум.
Ама очигледно е дека на мт не му пречи, да му пречеше, или ќе и кажеше или нема да и се јавува,па сама ќе и текне. Викаш многу прашувала, мт нека не и одговара на досадните прашања. Од него треба да бараш да ја зачува вашата приватност, а не од неа да очекуваш да не прашува премногу. А тоа дали јадел или што јадел, многу многу не е дел од нвлегување во приватност. @Kalina J. да бев нечија золва, ќе мислев ти си . Исто се јавувам на мајка ми неколкупати на ден и ОБАВЕЗНО се видуваме еднаш на ден, освен некои обврски ако имаме, па прескокнеме некој ден. Дека живееш со свекрвата во иста куќа ти смета, да си живееш сама ниту ќе гледаш колку пати доаѓа, ниту колку пати се јавува.
Дискусијата е таа, јас ја имам решено одамна и си о знае местото истото и брат и го направи. Кога некоја сака се за мене да знае и јас сакам да знам се за него. Знам каква личност е и затоа и коментирам, а тебе ако не ти се допаѓа не ме цитирај и не ме ни читај, одмини ме. Човек кој не е социјализириан на крај се однесува посесивно. Настанува љубомора. Особено љубомората беше како она постара а не се омажила, брат и пред нејзе да се ожени требало он да ја чека нејзе... нема проблем.