Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.045
    Пол:
    Женски
    Дечко и на золва ти, да не е женет? Све натака ми иде мислата, кога те читам за неа. Инаку те разбирам што сакаш да кажеш, не и се замарај, терај си работа само игнор е мајка за ваквиве.
     
    На Camille84 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Да де тоа и е маката, пошо да се омажиш е врвно достигнување во животот и Господ за муда го имаш фатено па затоа треба сите у несвест да ни припаѓаат.
    Немажени над 30 години да ги пратиме у планина во изолација да живеат не заслужуваат воздухот да го дишат на Величествено мажена госпоЖа.
     
    На irrelevant, mila89, baby-star и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kalina J.

    Kalina J. Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2021
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    1.025
    Пол:
    Женски
    Што со мене ?
     
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Па не е за во планина, она сака сама скоро 20 години е со него живот си оставила, а деца ненормално сака и може да ги има, ама тој е идиот. Али ради него не може сите други да се виновни или пак да префрлаш.
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Можеби ништо не знаеме за него искрено ни кај живее ни ништо кога ќе ја прашаме нејзе одма врти други теми. Едно не ми е јасно има дечко толку години, а надвор ни на едно кафе да не искочам со него или да прошетам. Толку години сама седи дома, а он се утепа од шетање по кафани.
     
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Какви проекции си правите значи, психијатри прави.
    Дали си оставила живот или не, е нејзина работа, не твоја. Дали се слуша со маж ти е исто така нејзина работа и на маж ти. Како што гледам маж ти многу не му смета, само тебе ти смета.
    И знаете луѓето некогаш имаат и поголеми проблеми заради кои може и не се мажени или немаат деца, само едноставно не ги споделуваат со вас. И јас да знам дека некоја снаа ќе ми ја споделува животната приказна на фемина, и јас ќе си ќутам и тоа збор нема да кажам.
     
    На Didajo, baby-star, Oneo и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.045
    Пол:
    Женски
    Секакви работи има по веков, сама си е виновна животот што и отишол безвезе, остај ја шо сака нека прај и не ја ни коментирај многу да не бидеш погрешно сватена ко сега на пример.

    Мада, темава е снаи и золви колку што знам.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Ако немаш друга работа во животот коментирај за золва ти и нејзиниот живот. :)
     
    На baby-star, Oneo, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.949
    Настрана дискусијата за золвта на членката, ама за некои и те како е достигнување да се омажат во животот, посебно некои попрости. За жал, на некои и единствена цел им е.

    Во однос на досадување, здрава и нормална комуникација со членовите од фамилијата и на двајцата партнери е одлично да се има, ама стварно не знам дали навистина не сте виделе дека има пијавици луѓе?
    Моментално имам еден таков пример кај мои блиски.
    Золвата, свекрвата, свекорот и две деца се СЕКОЈ БОЖЈИ ДЕН кај снаата оти таму имало двор, значи од сабајле до вечер како црева. И МОРА да се заедно мајката и ќерката, оти мајката не може без неа ако не ја види еден ден, ЌЕ УМРЕ. Да, тоа се нејзини зборови.
    Дома нема да ги најдеш, таму ќе ги најдеш. На вас нормално ви е? Запоседната куќа и двор постојано би ви одговарало?
    Знам, лесно е да сме современи и нормални со исти такви луѓе. Ама не се сите такви.

    Што се однесува до дечково на золвата, еве уште не ми е јасно како може да остане толкава мистерија и после 20год?:^)
    Па не е под земја скриен мајка му стара, а башка како што читам и од исто место се. Невозможно ми делува да не се знае за него, па од другиот крај на светот да е ќе дознаеш за толку години, а не вака.
     
    На Camille84, MilaSs12, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Што сакате зборите ама според мене не е нормално золвата да му звони на брат ѝ неколку пати на ден и да го испрашува како мало дете и да му раскажува како ѝ минала секоја минутка од животот. Едноставно не е нормално тоа. Јас имам брат и сестра, па се слушнеме на кратко само што правиш, како си и толку.
     
    На Milkiway и Camille84 им се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Да де да сподела она се како што ние се сме и кажувале на нејзе па можеби и ќе беше се океј. Не прашувај и нема да те прашуваат(просто едноставно). И на мм му смета и и имаше кажано на тоа следеше идиот, сељак итн да не набројувам. Од љубов е.

    Не се од исто место ама мистерија е. :) На некој си начин. Јас среќа имам од коа си отидовме од кај нив не ни досаѓаат и имаме приватен живот.
     
    На Nikolina35 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Сега и ти ќе бидеш трн во око тука како тоа нормална појава е. Запостави жена деца и кога ќе ти ѕвони сестра ти се остави па макар и да изгори куќа:D
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Како тоа кај снаата? Кај неа дома одат? Јас сум чула золвата да иде кај свекрвата, ама специјално кај снаата соси свекрвата не сум чула. А снаата во својот дом секако веројатно се договара кога би ѝ доаѓале гости што знам. Барем мене ако не сум договорена и не ми се најавени било кои гости на затворена врата ќе наидат.
     
  14. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    За пијавици луѓе и луѓе кои сакаат да биде се по нивно имам во фамилија, јасно ми е. Ама не го гледам проблемот во другите туку во својот. Ако маж и дозволува сестра му да се однесува како сака спрема нив што е крива золвата.
    Најчесто мажите не се замараат скоро ич, па затоа жените се нервираат ете золвата е крива оти е таква.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.949
    Ете така, постојано се таму. Децата и спијат таму, за возрасните не знам.
    Таму јадат, пијат, се што сакаат прават. Па и некој друг ако сака да ги види, таму наминува. (facepalm)

    Снаава ми делува прилично либерте па можеби полесно се справува со проблемов, ама пак ми е језиво мене некој да ми се беси секој ден по цел ден по дома.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Тебе ти досаѓа? Или само на мајка и
     
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Епа не знам, веројатно снаата им дозволува или и одговара, инаку во сопствен дом не може да ти влезе кој сака и да спие таму.

    Е сега ако си во заедница со свекрвата, не знам како е, не навлегувам, зошто таму па 100 страни и фамилии, не може како сакаш секогаш освен ако не се расправаш и нервираш. Ама глупо ако си прават гости во туѓ двор секако.
     
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.949
    Не се во заедница, сите живеат на посебни места.

    Да ја оставиме снаата во приказната оти еве за золви е муабетот. Золвата да ја рачунаме во нормални или како?
    Па и да немам проблем од страна на снаата, не би висела таму постојано. Со деца плус. Ај кај неа така нека прават ако е многу убаво.
    Затоа викам, не со сите луѓе има разбирачка и не со сите можеш да воспоставиш нормален и здрав однос.
     
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Абе секакви ги има и золви и снаи.
    И секакви луѓе има и не со секој ќе кликнеш. За мене нормално, за тебе е може ненормално.

    И јас не би висела, не сум воопшто ни човек што многу сака да седи по гости, ама не можам да речам ненормални се сите, кога тие очигледно така функционираат.

    И затоа во свој дом секој нека си постави свои правила, и помалце нервози со луѓе кои директно не ни се мешаат во животот. Мене пример ми е баш сеедно дали маж ми со сестра му ќе се слуша или не. Не седиме врзани цел ден еден до друг секако, ако сака тој да се слуша, што има да кревам паники. Ни па ако се нервирам каква била золвата и дали била пијавица, можам да сменам нешто. Кога на братот не му смета и упорно си разговара со неа, каков однос и да имаат нивен си е. И мене ќе ми е глупо мажот ми да ми рече леле колку глупо што се слушаш со брат ти, па камо ли не снаата да ме прераскажува колку пати сме се виделе со дечкото, колку години имам, на колкава оддалеченост живееме со дечкото и што сме се скарале со братот како сме си пререкле. Мислам, мизерија. Оти ок е да дојдеш да си кажеш проблем тука, ама за да изнакажеш нечија животна приказна на форум, што нема врска со твојот личен проблем или однос, што девојката најверојатно не ни сака да е раскажана, во најмала рака покажува дека во некој друг е фрустрацијата.
     
    На baby-star, Nausicaa и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Форумов е само дискусија затоаи постои темава ао не воошто да не пишуваме според тебе.