Па ако пишувате детали за луѓе кои не се тука, да, подобро не пишувајте. И уште се чудиш зошто не ти кажувала ништо за себе.
Имам право каде сакам и на кого сакам да кажам со оглед на тоа она што го има направено. Ова не е ни 1% од животната приказна.
Абе не некој дека ќе те спречи физички да пишуваш Леле ама си буквалист Пиши што сакаш, ама ти кажувам, повеќе ти делуваш фрустрирано отколку золва ти. Зошто ако пишуваш за неа тука детали неврзани со тебе, веројатно истото и го збориш за неа, па не е ни чудно што не сака да има близок однос со тебе
Знаете пишав дека мм е во странство, јас трудна 7ми месец со свеки свекор и золвичка. Арно ама, знаев дека до ова ќе дојде. Она претчувство секад ми било и ми испаѓало точно. Паднаа муабети од страна на золвичка скришно на тел со некого,а јаснесакајќи слушнав дека сум била лењава бетер од мајками, не чинело за детето да одмарам јас толку, а јас имам отечени нозе секој ден и невидени киселини (дај боже да дочека да види како е), само сум прилегнувала не знам што не знам како, па и свеки ја дослушнав како све му кажала на мм дека не и било гајле не знам што и како. Мм ништо ми нема спомнато ниту ми рекол дека нешто свеки му кажала, меѓутоа ме нервира фактот тоа што золвето,неостварена у ниедно поле,ја мрзи што е жива и седи ко бабетина од 80год ги оговара другите какви биле што биле, да збори така за мене. Довчера па и еве ден денес јаде од мои раце ручек, а ваму збори. Не знам како да постапам. Еве свеки денеска ми е дома,јас реагирам на се онака кратко, не правам многу муабет. Не ми е верно, чоекот шо си го сметал колку толку за чоек да ти јаде гомна позади грб. Мислење? А да и да дополнам,золвето низ шала пред да оди мм ми плесна као едвај чекам брат ми да оди да можам да ти ја јадам душата. Пс. Тешко е многу ми се крши срцево од ден у ден. Од една страна несакам на мајками да и кажам од др страна немам на кој да се пожалам. Мн лоша ситуација, да живееш со некој ист леб да јадеш на маса а позади грб да ти копаат гроб.
Ко ќе се двете заедно, кажи им дека си ги чула што зборувале и кажи им нека си ја гледаат манџата, затоа што не си во брак со нив, туку со маж ти. Само то. И излези си од соба.
Многу ми е тешко. Верувајте. Золвата не ми помага во ништо, ама баш во ништо. И пак јас не чинам, пак јас не им ги чистам гомната. Се разочарав многу и од свеки и од неа. Дури сега ми е јасно, зошто бившата девојка на мм со која идел незз колку време имала проблем па се разделиле. Верувајте како у пекол да се наоѓам. Господ нека ми пише грев, ама таа жена од 30 и кусур години,никогаш нема да ми пипне дете. Ама баш никогаш па по цена и да се случат многу работи. Ужасно чувство. Господ гледа. Пс. Вака лани и двете збореа за јатрва ми.
Почни да не чистиш, освен вашата соба и готви, само кога тебе ти се јаде. И ај со здравје. Ако јадат ла*на, барем да има за шо. Рачунај, сега бремена дека си и прагот на толеранција ти е симнат, пошто хормоните ти се каша. Избегавај ги колку што можеш повеќе. Очигледно немаш убаво мислење за нив... затоа нека не ти е гајле што зборувале. Зошто би вреднувала мислење на некој што ти не го цениш? Нека кршат гла таму. то ќе им остани...
Не ти треба поддршка! Верувај во себе! Ти сама си знаеш колку вредиш и нема што некоја рендом будала да ти ја поткопува самодовербата.
Епа во работите има работи мислам сигурно нема да пишувам сега и да објаснувам детали...беше напишано на крато
Ама зошто не им кажеш во лице што си чула? Нека се прават они не не како не, не е така, ама ти кажи им и излези си од соба. Они ја знаат вистината и ќе знаат и ти дека ја знаеш. Ако им кажеш дека знаеш барем колку толку ќе те знаат дека си незгодна и ќе ти се мафнат. Ќе знаат дека немаат лице за ништо. А и незнам маж ти шо го штедиш. Кажи му све. Нека знае што се дешава кога го нема и нека им отпее малку.
Нема да и' се мафнат. Ќе зовријат уште толку и ќе почнат да сркаат со двете раце, уште толку! Биди спремна за backlash после тоа @RumShtangla Во случај да ти е проблем тоа, ич не им спомнувај ништо, само почни да правиш како што мислат дека правиш... односно, лежи си по цел ден и држи си ја.
Не знам дали ќе има ефект кога би им кажала во лице. Не сакам да ќутам и не сакам да трпам ради детево во стомак затоа што,секој стрес влијае на него. Меѓутоа јас сум човек што се дистанцира. И да враќам на најлош начин,нема ни да замислат ниту да им текне дека сум таков човек. А да реков како и за младата дама така и за постарата. Се додека односот не го сменат јас ќе бидам на дистанца,а дете.. хм тешко дека ќе биде пипнато од нивна страна. Затоа што и јас сум нечие дете не сум од улица. Како што ја боли за нејзините деца така и моите ги боли за мене. Не знам.. излез не гледам,меѓутоа ќе се дистанцирам и тоа многу повеќе од сега па натака..
Излез? Оди кај твоите ако си во можност. Бар на неколку дена. Маж ти кај е во целава ситуација? Не буквално, прочитав дека е во странство. А излез за цел живот - што подалеку од нив, по можност друг кров над глава. Иначе ќе јадеш нервози, со вакви луѓе
Јас на твое место не би ни седела таму, штом сопругот го нема.... Би си отишла кај моите и ќе си уживам. Секако ова доколку не си обврзана да си таму поради работа итн.
И да отидам кај моите после знам шо ќе биде. Не знам како можат да живеат така и да се понашаат толку добро и да глумат пред мене а позади грб да ми копаат гроб. Ама нека не за џабе рекле кој на друг дупка му копа сам ќе си падне во неа. Ја ќе си трпам трпам, ама некад ќе им се врати све тродупло. Господ има.
Они ќе си зборат и вака и така.... Ама на коментарот дека едвај го чекале маж ти да оди да те нервираат, па најдобро решение ти е кај твоите да си бидеш. Не знам зошто да си трпиш? Што дека ќе им се врати, тоа нема да ти ги намали стресовите сега вака бремена. Мислам јас да сум, и да немам никаков проблем би заминала сепак кај моите, во случај да го нема сопругот на подолг период.
Да тој беше коментарот на золвата два дена пред да замине мм. А свекрвами да ја ублажи ситуацијата, абе се заебаваа ко да не ја знаеш. Да затоа после искрснаа муабети не дај боже детето да било лењаво на мене да личело на золвата требало таа била вредна јас ништо не сум фаќала. Година ипол живеам во оваа куќа, ручек нема напраено, немаме седнато како други снаи и золви да се напијат нешто заедно, да се насмеат или да речеме заедно да спремиме нешто. Она иде на работа доаѓа од работа ручек на изволте и после е у соба 24/7пред компјутер. Не ми смета тоа, нејзин проблем е, само не сакам такви зборови. Ова дете јас го носам. Јас и мм знаеме колку сме се бореле да го добиеме ова дете и една несоцијализирана мочла од 30и кусур год што не видела свет не знае до драчево да отиде да ми рече у лице не дај боже тоа дете што го носиш да личи на тебе? Не ли е срамота и болно. Болно е тоа да ти го каже некој. Па и најголемото ѓубре да сум не ми збори така.... Муабетите од типот кога требало да се пере и да се чисти нозете у вис ми биле. Замисли..а ситуацијата е таа каде што јас и ги пуштам алиштата на перење ја и ги диплам, не ми е тешко. Ама не сакам измишљотини Се додека се понаша лошо има некој што гледа од горе па и враќа, затоа седи у соба. Едно време јас и мм каде и да одевме го терав да ја викаме еден период после тоа се откажав, а и мм исто оти примети дека не брука кај и да отидеме заедно. Верувајте никогаш не сум посакала лошо на никој, ниту пак сум наштетила а мене вака ми се враќа. А бев свесна дека кога ќе замине мм ќе биде пекол. Само што немав срце да му кажам што мислам,затоа шо секад сум давала уште една шанса да се поправи се. Ама џабе.
Убаво си ги навикнала да им переш и готвиш, не знам каков ви е договорот но ти планираш истите обврски кои пази НЕ СЕ ТВОИ, и после породувањето да ги исполнуваш? Прибери се со умот, престани уште сега бидејќи после со бебе, ем нема да можеш ем ќе се очекува од тебе. Оди кај твоите и кажи им сѐ, остани, кажи им на овие дека не ти е добро нешто и остани некој период со твоите. Не знам зошто седиш таму кога и така мажот ти не е таму. Убаво ти кажаа погоре, не си ти мажена за нив, или си?