Немој да бидеш сигурна дека ќе им се врати, во животот нема правила. А ти, ако немаш попаметна работа, трпи си... И готви им, пери, се што треба. Тогаш не треба да се жалиш. Кога не сакаш да превземеш ништо, ќе си молчиш и ќе правиш по нивно.
Не сум за нив мажена точно. Меѓутоа добро ми се познати и двете дами дома,така да ќе ми направат проблеми со мм зошто и како сум пошла кај моите па вака па така, затоа што не знаат они добро да направат освен да растурат нешто. Не сакам да ми зависи бракот од нив. Меѓутоа да зборат по комшии како се отарасиле од мене ... така беше претходниот пат кога отидов до кај моите на два дена. Комшиката што живее каде што живеам јас,ми беше исто комшика каде што живеев како девојче и бевме добри другарки(и уште сме), па ми беше пренесено дека золве се отарасила 2 дена од мене можела мирно да диши. Да, инаку новото е, зошто спијам под клима,наместо да сме заштеделе јас сум се научила сега трудна да спијам под клима. Ееејј до каде????? Дај боже дај боже све на своја кожа да си осети.
Дојди запознај ги Уште во првата минута ќе сватиш дека се што ќе кажеш ќе ти биде испревртено од збор до збор и после ќе бидеш крива сакала нејќела.
Па на пример, дa му кажеш на синчето дека треба малку да си ја потсобере фамилијата со однесување и тропање глупости. Можеш да почнеш од тука. Исто, да си заминеш кај мајка ти додека тој не е тука и да не ти е гајле што рекла золва ти, Трајанка, комшивката и сл. Се надевам дека не му е проблем нему?
Се надевам. Ќе видиме што ќе се случи. Меѓутоа морам да го решам. Јебига ако треба да бирам, би избрала да имам мир на друго место отколку вакви проблеми.
И во еден спрат да живеам со нив, никогаш нема да мешам јадење и чистење со нив. Едноставно секој за себе си готви и секој по себе си чисти. И мојата свеки прв пат ми се налути оти не сум слегнала доле со неа да правам кифли и оти сум седела сама горе кога мм бил на работа, зошто за џабе да работело парното. На почетокот прашуваше секој ден "Денес што ќе готвиМЕ". Аман за една манџа ако треба две жени да се џуткаат во кујна што останало за друго. Таа сакаше така, јас дома со неа да домаќинусувам а ќерче само на работа и дома да одмара после со се' на готово. Ама не и се оствари планот. Имав другарка која кога се омажи готвеше, переше, пеглаше и чистеше за сите (маж, свекор, свекрва и девер). На деверот и собата му ја чистеше и алиштата му ги пеглаше . И згора на тоа свекрвица на паузата во 09:00 сабајле обавезно си идела дома за да провери дали снаата спие уште. Срамота било од комшиите да спие до толку касно. За повеќето свекрви идеалната снаа е модерна пепелашка, ама и така некогаш нема да погодиш, секако ќе ти најдат некоја друга маана за да те омаловажуваат. Затоа само далеку и никакви заеднички работи со такви личности.
И на мажот ти и на тебе сега треба да ви биде важна твојата благосостојба. Ако него не му е важно тебе како ти е таму, те чека тежок живот. Гледам дека не те интересира да го решиш проблемот, туку повеќе да се издушиш овде и побитно е што ќе кажат комшиите отколку твоите нерви. Не ми е јасно зошто не сакаш на твоите да им кажеш како живееш и како се однесуваат со тебе? Плус, после породувањето уште потешко ќе ти биде. Можам само да те советувам да не се замараш со нив и нивните муабети, да не им чистиш и переш, но знаеме дека нема да го примениш советот, така да слободно издувај се.
Ок фала што мислиш дека се издувувам овде. Впрочем како и секој член имам право да си ја кажам маката. Да не сакам да кажам на моите,затоа што мајками е со критично нарушено здравје, татко ми скапува секој ден на работа,едно дете сум им и несакам да им создавам главоболки. Впрочем и да им кажам шо, треба да очекувам они да ми го решат проблемот или да дојдат да се караат со овие овде? Подобро е да не судиш пред време. Јас се дистанцирам, а со дистанцата следуваат и др работи. Кој како ќе заслужи. А ако мислиш дека се издувувам, не ме читај одмини ме.
@RumShtangla безобразни луѓе постоеле и ќе постојат, ги имаме во животот во разни улоги, и често тоа се улоги кои не можат да се изберат, променат. Од ова што пиша, јас целосно те разбирам и единствено што можеш да си помогнеш е да не си ставаш на памет што зборат меѓу себе или по комшии. Особено па тоа да ти зависи бракот од нив. Не може да ти зависи од нив, зависи само од тебе и сопругот а ако тој потпаѓа под нивно влијание тогаш е тоа друг проблем. Кој фактор се они во однос на твојот престој кај родители, нека зборат што сакаат... Многу важност им даваш. Сега си чувствителна уште повеќе со бременоста. А кога гледаш дека они во секој случај зборат, што се замараш. Направи го тоа што е најдобро за себе и бебчето, оди во мирна средина без нервози. Премногу мазохистички ми звучи тоа "ќе си трпам"... Нема зошто да трпиш, ако имаш опција да одиш кај твоите оди и ич да не ти чуе. Секако родена мајка ќе се грижи за тебе како бремена и покомотна ќе си.
Они се безобразни дома. А пред другите снаата ја чуваат како капка вода на дланка. Било да е пред мои, некои нивни или било кој. Сакав да кажам ќе.си трпам во смисла дека нема да им возвратам со лошо како што они прават,меѓутоа како што напоменав ќе се дистанцирам до тој степен што ќе биде непрепознатливо. Нема да бидат свесни што се случува. Инаку имам приметено за некои работи мм потпаѓа под влијание на мама. Како да го замајува и овој толку. А некад е свесен па знае и да изреагира како што е пожелно.
Па гледам дека не бараш совети и нема ништо лошо во издувувањето, живи луѓе сме на сите нѝ треба. Никој ама баш никој не кажа овде дека ти или некој друг треба да се кара и расправа во случајов, баш напротив а и со тоа само ќе се влошат работите. И немој да мислиш дека услуга им правиш на твоите што не им кажуваш и глумиш среќна, сигурно осеќаат дека нешто не е во ред со тебе. И секако правењето жртви за сите, за тебе и за твоето дете не е на арно, на крај вие ќе патите. И овде ги колнеш има Господ, гледа ќе им врати, а после ќе одиш ручек ќе им спремаш и алишта ќе им средуваш. Тоа однесување само тебе и на бебето ви штети, не знам како траеш во ваква средина па и трудна уште. И ова стопати сум го кажала, сам ако не си помогнеш, никој не може.
А како знаете дека дечко и постојано е по кафани, ако она ништо не ви кажува на вас, а и вие не знаете кој е дечко и?
Прочитај ме повторно. Почнувам да се дистанцирам. Чим веќе пишувам тука, значи се дистанцирам полека. Ручек нека праи свеки или золве, јас од денеска имам дијагноза нозе у вис од матичен.
Пред неколку години кога маж ми работеше во странство 4 месеци, јас повеќе беше кај моите отколку овде. И не сум слушнала нешто од свекор и свекрва во врска со тоа. Да сум на место на членката ќе си одам кај моите и ќе му кажам на маж ми што зборуваат неговите и дека затоа сум отишла. Они ќе се изживуват со мене, а јас да кријам од маж ми, нема шанси. Се има да му кажувам
@Brpbrp лажете дека микрофонот на телл не ви работи, нека ви пишува пораки. Пораките кога ви одговара тогаш отварајте ги. Лажете нешто.
И јас сум го правела истото кога била таква ситуација и пак би го правела.А и сите што лично ги знам. Едноставно тој период го користам да си бидам со моите и уживам во тоа време. Сега друго е кога си обврзан со работа, деца или што и да е. Инаку не знам што би правела сама со нив @RumShtangla да не ми замериш, ме потсети твоево на онаа приказната со снаа и свекрва, кога замина синот на печалба и ја заклучи Шенка снаата во подрум... Дефинитивно по кажаново се прости, онака малограѓански уживаат со зајадливи коментари, нема ни потреба да се спушташ на нивно ниво. Не мора ништо ни да им кажуваш на твоите ако мислиш дека не треба, едноставно оди "јас дојдов да си поседам со вас" и тоа е. Она ќе ме вреѓа јас гаќи ќе и диплам...
Дечко и сам кажува кога доаѓа кај нејзе дома т. е. кај на мажот да не кажам секој втор ден е таму. Кола си купи она ама он си ја вози она нема ни влезено, кредит си исплаќа она бидејќи само она е вработена. Она никогаш не оди кај него ама во буквална смисла никогаш.
Според ова ти всушност се плашиш да појдеш кај твоите на пример на 2недели да поседиш, кога веќе маж ти е во странство? Ако е така излишни се коментарите за золвата и свекрвата.
Не се плашам јас. Што и да се случи, јас имам дом каде што ми е отворена вратата. Само што овие се толку прости толку утепани ќе ми направат проблем од причина што ќе измислат мн работи,како и до сега што ги измислуваа.