Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    5.499
    Пол:
    Женски
    milicka, тоа дали твојте ќе заштедат е нивни проблем а не твој....твоите требале веднаш да ги пратат под кирија или на друго место ако имате..а чим твоите си ќутат и ги оставаат да живеат на нивни грб тоа е тебе не треба да те засега...
    учи си,излегувај и кога ќе ти дојде време да се мажиш тогаш мажи се...
    ти овде мешаш многу работи..те снаата не работела ,те штедела не давале ,те треба за тебе да штедат и итн...
    абе ти свекрва ли си или золва?
    ТВОИТЕ треба да ги постават работите дома а не ТИ.... :^)
     
    На maca99 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.937
    Допаѓања:
    123.512

    Се точно,од збор до збор.За ова погоре се согласувам и јас.
    Но ете,јас како тазе снаа нели :lol: ,си одам на две недели дома,само за викенд.И тоа пак сакам да помогнам да биде нешто од мене,зошто во принцип сакам да готвам,перење,чистење ми се сЕкојдневие во Скопје,и не ми е некој терет нити нешто за кое ме мрзи (добро де,понекогаш :$ ) Но,ова не ми е дозволено од свекрва ми.Значи ако накиснам алишта во купатило, ќе влезе и ќе ги испере,ако земам да мијам садови ќе влезе во кујна и ќе ми ја сопре чешмата и ќе ми каже дека она ќе си ги измие-иако сум настојувала,претходниот пат од вечерта им кажав дека јас ќе спремам доручек,станав во 7 часот за да она пред мене ја видам дека од моите готови кори што ги купив да спремам бурек,прави гибаница :@
    Исто е и за ручек.Ќе влезам ќе и речам ајде пола пола да правиме,она не дава ,и ако земам нешто да правам буквално ми го зема од раце !!! И затоа веќе не се замарам.Че си чистам и средувам само во нашата соба.Ако продолжи така,тогаш и ќе си јадеме во нашата соба ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    се извинувам за оф топик ама


    ели и мене истото ми се случува сега ама пак мене тоа воопшто не ме нервира туку ми годи. они бидејќи се без работа и цело време се дома а ние се отеппуваме од работа не даваат чаша да кренам бидејќи тие два дена што сме биле на 'гости' требало да се одмориме а не пак да извршувам исти обврски. и искрено јас го почитувам тоа, нив им е мерак да не погледаат тие два дена а мене ми одговара да поспијам повеќе и барем еднаш во месецот некој да зготви за нас. сметам дека свекрвати сака да ти помогне и дека не е со лоша намера сето тоа. мораш да им дозволиш барем на кратко да се почуствуваат корисни и дека прават нешто за вас. барем јас тоа така го гледам...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    39.794
    Пол:
    Женски
    ^^ Ели25 се додека сте заедно под исти покрив Свекрвати ке си остане таква. Малце нервира тоа што она се меша пр. во миење садови , перење и ред ред Не разбирам зошто само?? :^) :^)

    И јас бев со слиЧна ситуација како твојата не е баш убаво ... ама така ке биде се додека не се одделите
    :)
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691

    За болдираното само ќе кажам.
    Ако дојде принова во семејството,потруди се да ја гледаш како свое дете,своја крв,радост и благослов за сите,а не како нов ТРОШОК :^)
    Искрено Миличка,отпочеток кога те зачитав,ми паѓаше грев за тебе,од лошата снаа ]:) ,ама сега незнам дали да ја жалам неа :|
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Сакам само да ти кажам да си размислиш подобро , знам како се чуствуваш,
    и јас сум во таква ситуација до ден денес само што сум во брак
    предност ти е што не сте земени....во брак уште полошо е па не да те плашам ама правилно процени си пред да ти биде касно! Ти посакувам среќа...иако овде треба да се употреби мозок пред да се направи грешен чекор.
    Инаку 90% од нашите кавги се заради истата ситуација во која се наоѓаш ти, ама ако има Господ!!!
     
  7. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Свекрвите сакаат само они да готват и сл.зашто се плашат дека веќе нема да бидат незаменливи за синчињата,дека и снаата може да се грижи за синчињата нивни :D пример викендов направив ручек бидејќи родителите негови не беа дома и он одма им се пофалил а мајка му не коментирала ништо :worried:ilent:
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Aјде и овде да искоментираме. Ќе и купувате нешто на вашите снаи/золви?
    Мојата пред некој ден се изјасни дека ниту сакала некој да и купи, ниту пак купувала. А пред 5 минути ми се јави и ме праша: "Планираш нешто на мама да и купеш? Јас си реков да купам само на свекрва ми и мајка ми." Јас останав :o :o :o , на нив две ќе купува, а на единствената снаа не :o
    Додуша и лани ништо не си подаривме од таа причина што и лани се изјанија дека ништо не сакаат и ништо не поклонуваат, ама сега ми падна мака што на свекрва и и мајка и ќе купи, на мене не. Не е битен поклонот, битно е вниманието. I'm speechless :| Некако ме погоди малце ова...
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Чекај Блонд, можеби намерно не ти кажува тебе за да не се осеќаш дека и ти треба да и купиш, па сака кога ќе дојде да те изненади- мислам дека поинаку не би било културно, да дојде кај вас, да извади поклон за мајка и, а за тебе не, м?
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Не не, ми се јави и ми потенцираше дека само на мајка и и на свекрва и ќе купела, демек ајде нема смисла едната ми е мајка, а друга мајка на маж ми.
    Патем, зошто пред 2 дена би рекла дека на никој ништо не купува и не сака да и купуваат, а сега би постапила поинаку? Не сфаќам... Прво едно, сега друго размислување и однесување.

    Сега и јас сум на две. Пред една недела мислев да купувам. Откако се изјаснија со свекрвата и двете дека не сакаат ништо и дека НЕМА да купуваат, се предомислив и решив да не купувам и јас. А сега друг муабет.
    Јас ќе си останам на нивното претохдно изразување желби, дека ниту сакаат ниту купуваат. Воопшто нема да се засрамам ако добијам нешто (иако сум сигурна дека нема да е така), а јас не дадам.
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Луѓето се со триста ума, ги менуваат за минута. :D
    Несудената свекрва секогаш ми велеше дека не сакала никаков поклон, ама кога ќе и` го дадев поклонот одма се перчеше пред сосетките.
    Без разлика на се`, јас и` поклонував убави поклони, а и таа мене секогаш ми поклонуваше. Сепак партнерот и` беше син, па заеднички и го дававме (а, јас го одбирав).
    Колку и да викаат жените дека не сакаат поклони, верувај дека сите се радуваат на трошка внимание.
    Ако се предомислиш, не е страшно ако стрчниш до в продавнива и и` одбериш некоја ситница.
    Ако ништо друго, делува како мала политика за подобри односи. :lol:
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Блонд купи и нешто, не мора скапо да е, купи и некоја колекција од 200-300 денари, колку да не бидеш без ништо, ако золвата ти даде тебе подарок дај и ти нејзе, ако не ти даде сочувај си го подарокот за себе или на некој друг подари го.
    Не згодно е да ти каже дека и за тебе ќе донесе, ама чисто сумљам за мајка и да донесе, за тебе ништо. Барем јас така мислам, јас кога би и поклонила на мајка ми, ќе и поклонам и на снаа ми, ако не ја сакам чисто ради брат ми ќе и купам, да не го полни со нервози како за мајка ми сум купила, а за неа не.
    За свекрва ти купи нешто, што и да кажала таа 100% очекува подарок, а ако не и купиш ништо само ќе има причина плус да те оговара по комшиките. Колку што знам постара жена е, можеш нешто за низ кујна да и купиш, или некое саксиско цвеќенце, или нешто друго што ќе и користи.
     
    На maca99 и blond им се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Блонд,јас би ти рекла,дури и да не ти купи поклон да и дадеш и нека се засрами :!:
    Мислам работата не е за парите,туку до внимание,еден каранфил е 30 ден,може и така да те испоштува ако сака,не мора да се купуваат работи да паднеш во несвест!!! Една ружа од 100 ден е сосем доволна,како што кажав битно е вниманието,културата и почитта :!:
     
    На soncenceto.matea и blond им се допаѓа ова.
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Значи не е проблемот за купувањето. Лани ми рече золвата- ништо не си купуваме и така и беше. Си седнавме тој ден, се напивме, најадовме и толку. А сега пак го кажа истото, а потоа сосем друго.

    Како и да е, ќе излезам и јас сега да купам нешто и на двете. Па ќе видиме потоа што како...
     
  15. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Во право си Блонд и не и купувај . Мене така мојата ми правеше мислам Золбата после втората година виде невиде престана. Ама не се карај ако ти реце несто само смеј се. Поклон треба да се купи само на повозрасните госпоѓи. Ако и купиш ке мисли дека е во право. Јас лично овој ден не сакам многу. Мене секој ден ми е празник и така сакам да остане :D
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    Само е снаа? Сериозно, ништо повеќе? Да ти кажам јас, со такво размислување мојата золва направи целово семејство да ја мрази, да дојде до ситуација јас да ги молам да ја викаат на гости за празник. И тоа самата си направи, со свои зборови, јас ниту еден лош збор не и` упатив. На нејзиното лошо јас одговарав со добро, ама САМО затоа што не вредеше како личност да ја предупредам за тоа што ризикува. Кога на лошото некој одговара со добро, другиов се жести повеќе и повеќе додека не падне во сопствената стапица, ако ме разбираш.

    И не збори дека не се замараш со неа, пошо ко шо глеам само тоа праиш. Затоа изглеа и ти викаат да се мажиш, сакаат да ти речат ако ти се меша во уредување на нечие семејство, створи си свое, и` се плеткаш во бракот, а згора на тоа и ја понижуваш и навредуваш и „и` го покажуваш местото“ и згора на тоа и твоите те поддржуваат во тоа...сеа глеам од каде си волку воспитана...

    И да ти кажам, арно напраила шо ти го спуштила за буџетот, пошо ти во некои претходни мислења се истакна дека и` ги броиш залаците од платата, шо е срамота особено доколку ти немаш никаков придонес. И со кое право ги терате сосила да се делат. Тоа е и на брат ти дом.

    И шо е тоа, ако се роди дете, трошок ќе биде...Шо ти е на тебе? Внуче ти е тоа, ццц не сфаќам...

    Особено ме погоди делов затоа што мн злобни работи искоментира золва ми кога сите се сомневавме дека сум трудна. И јас и` реков да повтори што ми рекла, пошо паметот не ми бил таму (фино, смирено, љубезно, со меко и плачливо гласче) и тап-ја снимав на телефон и му ја пратив снимката на мм во другата соба. Кога слушна што се` ми изнакажа, дојде во собата и ја плукна в лице пред мене и ја избрка од дома. Потоа и свекор ми и свекрва ми кога разбраа уште толку им падна жал за мене што тогаш немав ниту од моите поддршка и мн и` се налутија.

    А за трошоците за тебе, твоите имаат две деца, не се рачунаат само твојата дипломска, веридба и тн. Или ако затрудне снаата, ти натерај ја да абортира за да има за твојата веридба...и уште снаата е разгалена...море јака и` душа.

    Сериозна сум, биди пофина со неа и не и` го покажувај местото мн мн, пошо и мене така золвата ми праеше, па самата си си го покажа нејзиното за навек. Ако снаите ќутат на сите понижувања, не значи дека се помирувааат со нив. Немој да те зезне без да го осетиш тоа, па да си останеш без поддршката од братот како мојава што остана. Денес не можев да го измолам да и` се јави за 8ми март, дури ми се налути...

    ПАК ЌЕ ТИ ПОВТОРАМ: ТАА НЕ Е САМО СНАА, ТУКУ ЧЛЕН ВО СЕМЕЈСТВОТО И ДОДЕКА НЕ ПОЧНЕШ ДА ЈА ТРЕТИРАШ КАКО ТАКВА ЌЕ ТИ БИДЕ МН ТЕШКО.Колку што пружаш отпор, таа уште толку ќе се инаети.

    И за крај: се глеа дека мн го сакаш брат ти (да не речам и премногу) и сигурно ќе ти биде тешко доколку ти кажам дека со ова го повредуваш и него.

    И не, не е таа разгалена, туку ти!
     
    На MacenceEna, Serafima, stetoskop и 5 други им се допаѓа ова.
  17. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ауу девојко па ти тоа сериозно ???колку имаш ти право во тој дом има и она,викаш збори за огнот,па нормално ке збори кога она работи а коа дојде ти не си можела едно тањирче да измиеш или оган да запалис,под изговор си учела,пффф,ма дај молим те среди си тоа паметот,немаш право така да збориш со неа,да и кажуваш каде и е местото,по се што прочитав ти си онаа љубоморната а не она,а глеам и дека баш и не го сакаш брат ти ,зашо ако го сакаш нема тие работи да ги праиш и да навредуваш,ако мене мојата золва ми го каже тоа,нема да сакам у живот да ја видам,вистина ти треба помош и култура ,да си знаеш до каде ти е чергата до таму и нозете,ми се гади од вакви золви како тебе,она од вчера е во твојот дом а?оххх божеее :puke:
     
  18. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Прво да кажам дека јас сум снаа а не золва а имам и золва ама тоа е друга приказна.
    Во право си. Таа немпже да ти кажува дали да се мажиш или да работиш. Не те издржава она па так да се однесува . Ти си решила да учиш и продолжи така па здрвје за мажачка и работа. Незнам дали снати има високо образование ама мене ми личи дека нема па не разбира што тоа значи да учиш. Вероватно се работи за некоја лубомора. Мислам дека си млада за мажење. Она кога дошла дома кај вас требала да ги знае работите , ако не неморала да доаѓа. Само како совет сите проблеми со неа лично не го мешај ,а работите неможе да бидат како порано мора да има некаков компромис..Јас кога се мажев од тие причини не отидов да живеам кај неговите немаше место. Мислам дека врши некаков притисок да живеат сами и затоа измислува проблем.
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    За ова со осмомартовскиве подароци.... уште кога не бевме земени со мм за 8 март се натоварив со еден куп подароци - за идната свекрва, за идната золва и за нејзините девојчиња, ми беше задоволство да им купам и да ги изненадам, и навистина се изненадија пријатно па цел град разбра се пофалиле насекаде како сум била многу внимателна и слично... кога се зедовме со мм првата година јасно ми даде мојата золва до знаење дури и со заканувачки тон да не ми текнело да сум купувала нешто за 8ми март , ни да ми давала ни јас да сум и давала... ужасно се почувствував, а посебно кога дојде денот Д па донесе подарок за свекрва ми (мајка и) а мене ништо а живееме заедно, и кога почна да кажува што се купила за подароци за другарките, за учителките, за директорката на работа...значи јас бев црното прасе...само за мене немаше 100 денари да потроши.... и до ден денес се лути ако не и се јавам да и честам 8 ми март или нова година, тоа го правам само од почит кон мм а не кон неа. Само незнам како не и беше срам така да ме откачи без ни трошка совест.... Па така и јас нема што да и купувам неа, си купувам за мајка ми , свекрва ми, снаа ми ама неа не, нели таа така сакаше....а да беше обратно јас да ја откачев ееее тогаш 300 коментари ќе имаше ..... ама нејсе...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Јас на свекрвата идна и купив цвеќе саксиско,а она мене часовник од авон,малку не е по мој вкус ама не е важно,важно се потрудила :D ,а на золвата не и купив ништо,ни пак она мене.
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.