Колку ги има такви што кога ти прават муабет мислиш којзна колку те сакаат а лицимерие до плафон. А после двете мајка и ќерка свашта ќе зборуваат
А замисли па ја со мојата мајка у текот на денот по 48 пати се слушам и скоро секој ден се гледам. Аман бе луге што ви е? Утре золва ми да ми коментира по колку пати се слушам со МАЈКА МИ има отчет да добие убав, кој може да ми кажува колку пати ја да се слушам со мајка ми. И вие снаите еднаш сфатете, снаа сте, не сте ќерка и што сега.. И ја сум снаа и си знам местото кај ми е, демек утре љубовта за ќерка ми и снаа ми иста ќе ми биде, абе ај, тоа само може да се лажеме и убедуваме..
Оди читни во тема снаи и свекрви ќе помислиш дека снаата си ја сакаат повеќе од сопствената ќерка Едит: Додека живеевме со нив имавме кавги понекогаш. И еднаш золва ми спомна ми вика не и кажувај на мајка ти што се случува тука за кавги за едно друго. Да напоменам дека мајка ми не живее во државава т. е. не се гледам со нејзе.
И ?! 48 пати,браво ептен сте без работа....ти прво имај золва па после збори......да не мислиш дека работите ке бидат исти хаха,е така ке се мајтапи ко мене дека сте залепени ко со лепак
Нека се мајтапи колку сака, и ќе имам золва и јас, а не знам што нема да биде исто, мајка ми пак ќе ми биде мајка. Изгледа сакаш да се мериш со ќерката на твојата свекрва. Нема што да завидуваш, едноставно си снаа ништо повеќе, да те почитува и да ја почитуваш! Инаку колку години си, според размислувањето ептен незрело, немате работа ова, она, абе гледај си твојата работа остави свекрва, золва, нивна работа. Уживај си со сопругот, дечиња ако имаш, створувај свое, и не чекај некој за тебе да те рани а дали другите имаат, немаат работа не е твоја работа, гледај си чинијата пред себе.
Јас сум золва и зошто воопшто би се замарала снаата колку пати збори со некого и што си прави со нејзин живот? Боже сачувај... ако си е она среќна и ја сум
Свекрва ми ме сака ко да сум нејзина. А дедо ми затоа што што мајка ми од 18 години се омажила и живеела со нив, ја гледаше ко да му е ќерка, еднаш дури рече од сите деца, она нај како мене излезе. Заборавил дека е мажена у куќата. Се додека се гледате како која е снаата која золвата, место како семејство каде што секој за секого се труди, ќе имате кавги.
Ни една снаа не може да биде сакана како ќерката и обратно, ни една свекрва не може да биде на местото на мајка. Најважно е да се има обострана почит и разбирање, а тоа колку пати сум разговарала на телефон со мајка ми или колку пати ќе разговара на телефон мојата снаа со мајка и е работа која не треба ниту да ја интересира, ниту да ме интересира.
И снаа имам и золва имам и јас сум снаа и золва, не се замарам со никоја од нив, ниту пак тие ми засметале до сега. За тоа што золвата и свекрвата зборуваат гајле ми е, а со мајка ми за снаата да зборувам време немам.
Золвици ми се супер, и јас сум золва и не се занесувам многу-многу. Третирам како што сакам да ме третираат.
Со золва ми имам коректен однос, но не сме блиски и не сакам. Пред некој ден пишала на мм дека сака да и купи мак бук, во момент кога ние немаме пари за сами да почнеме да живееме, она бара мак бук, инаку да напоменам дека има вереник и имаат датум за свадба, па барај си од маж ти, што има да бараш од брат ти да те финансира, и после некој овде ќе ми каже ауу снаите ама сте љубоморни на золвите. И јас имам брат и снаа па чоколадо немам побарано од нив а не најнови технологии.
Taa може и кола и куќа да побара, од маж ти е да ја одбие и да си го гледа семејството? Ја одби маж ти? Пак идаме на тоа дека све се сведува на вољата на сопругот, и со золви и со свекори и со свекрви и со сите.
Не ја одби само и кажа знаеш каква ни е сега ситуацијата, може во некое подобро време, толку беше. Ме иритира несвесноста, не само што бара него и како си дава право да се меша во некој наши работи која боја да сме ја одбрале за спална итн.. Луѓе без живот!
Како бе вака, што сака она ќе му рече на брат и, негово е дали ќе одбие, ќе и се смее, ќе и купи... Ако нема за вас, нема да има ни за неа, ама она нема забрана што сака да побара. Мене брат ми да ми рече купи ми, ќе му речам ај важи, еве да облечам патиките и ќе се изнасмееме и крај. Маж ми вака да ме алапачи по форуми за кој муабет со кој брат многу ќе се лутам. Нити ти зел тебе пари ниту и дал, а веќе трачот на јавен форум и го мавна.
@Cka Совет не побарав, мислење можеш да си кажеш секако. Додека сум анонимна шо сакам ќе си пишувам. Инаку за твоја информација трач е да изнесувам приватни работи за личност која ја познаваш со цел да и ја нарушам репутацијата. А бракот е заедница на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачната заедница а не интересите на другите членови. Дали ми зел пари или дали и дал не можеш ти да знаеш, што било јас знам.