Он не може да зема од твоите пари и да ѝ даде нејзе.Ако го направи тоа,ќе има за што да се буниш. Ама,со неговите пари може да прави што сака. Платата што он ја заработил може да ја троши како сака. Ако сака ќе ѝ даде,ако нејќе нема да ѝ даде.Ако он нема пари,он е тој кој треба да ѝ го каже тоа. Тоа што си му жена не ти дава право да му кажуваш дали треба да му е гајле или не треба да му е гајле за интересите на другите членови на неговото семејство.
Многу бре вие 'современи'. Тоа што му била жена не и давало за право да му кажува Епа види чудо, тоа што му е жена и дава право да му кажува и тоа што и е маж му дава право да и кажува. Посебно па, кога станува збор за таков хир како мак бук оти на некој му текнало, а они се борат да си го решат станбеното прашање. А после ќе викате - настрана живот најубаво ако се пожали од свекрва. Епа за настрана живот требаат пари, а не мак буковци по желба кој сака. Само да се треснело нешто.
А ти каде тоа од мојот муабет прочита дека јас му кажав што да каже. Тој самиот ми кажа што му побарала и што и кажал. И за тоа со платата немам ништо против се додека сите трошоци и потреби во семејството се задоволени, вишокот ако го има нека го троши кај шо сака ама од мене да крати за нечиј луксуз да се задоволи тоа сигурно нема да го дозволам, додека бевме во врска беше различна приказна тогаш не се мешав за вакви работи ама сега имам право иако сеуште ништо не сум кажала нему.
Гласи, ама тој не живее сам, живее во заедница со сопругата, а во брак се е заедничко. Не може тој да купува што ќе му текне, а после да нема пари до 1ви млеко да се купи. Ако е така секој нека си живее посебно нека си биде цел живот во врска и ќе си ја троши платата каде сака.
И што ако гласи на негово име? Тоа кога ќе се разведат двајца, едниот ако не е вработен може да бара издршка од другиот дури и после развод, во брак не смеела да кажува кај да се трошат парите.
Братот си е во брачна заедница ,може да и купи на сестрата само ако тој сака,нема што таа да бара не е петгодишно дете.Јас ни од мајка не сум побарала купи ми,ни како дете чоколадо не сум барала ,сум сметала и тогаш и денес дека ако имаат сами ќе ми дадат,за родители зборувам,за брат,сестра да не правам муабет.
Како бе така? Кога се започнува семејство свое, за финансиите мора договор. За се мора договор. Не е тоа туку така, кој сака, што сака да прави. Они се туфкаат за кров над глава, а сестра му ќе извољева нешто. И да имаат се обезбедено не може така. Без осет е тоа мољакање да и се купува. Тоа е нормално само кај деца, а не кај возрасни што се способни сами да заработат.
А освен брат и, има родители? И како не ја одбил, и рекол во некое подобро време? Да се ожени девер ми и мм да му купи мекбук? Мало морген, има да летаат пердуви на сите страни. Се осамостоила, верила, почнува нов живот што се вели, и уште бара од брат и? И овие не можам да ги разберам мене би ми било незгодно да помислам да побарам, а не пак да барам.
Леле колку си современа, браос. Ти брак знаеш што е? Секој своите пари да ги троши, а дома кој ќе покрива трошоци? Еве мене ми текнало месецов на шопинзи да трошам.јер моја плата и што сакам ќе правам со неа. На мм му текнало на мајка му да ги даде парите. И за сметки, деца и јадење комшијата ќе ни даде. Во денешно време со мали плати и куп трошоци секој денар се планира да преживееш и не може да прави кој како ќе му текне. Тоа ти што го пропагираш не е брак.
Епа тоа де, и она утре пак ќе очекува и ќе бара од него. Наместо да и објасни како стојат работите, тој и рекол не сега, во некое подобро време.
Што се нема да прочита човек. Браво за тебе . Јас нема да имам кров на глава , нема да знам како да го истерам месецот на крај , но битно желбата на сестра му да се исполни ... Зошто ? Затоа што платата на брат и е само негова ( според тебе ). За нејзините желби треба да трпи неговото семејство. Нема логика тоа што го збориш. Кога некој основа семејство , потребите на семејството се ВО ПРВ ПЛАН . Брат и не е повеќе сам , и најмалку должен за нејзините желби. Нека бара од нејзините родителите. Никој не е должен да трпи , и да исполнува нечии каприци...
@Pea да не побарала сестрата на сопругот мекбук како свадбен подарок? Јас да му речам на брат ми од чиста мира купи ми мекбук не знам искрено што одговор би добила
За роденден ни побара еден сет сваровски, чинеше повеќе од колку што ние планиравме да и дадеме ама ајде нека е, искрено од срце се согласив да и го купиме, ама ова веќе е претеризам, за свадба ќе добие толку колку што дадоа заедно со вереникот. @Orchidea е за тоа зборуваме веќе некое време, мораме да имаме некои граници. Си бара таа и од родителите и си добива. Ама тоа не е воопшто моја работа.