Желба и јас имам, желба ми е на сите желбите да се исполнат реков дека ич не ми било порано проблем да и се купува, ама сега е проблем, и доста со тоа барање од нас, кога за нас немаме да оствариме некои потреби.
Не додека бевме во врска беше тоа, од кога почнавме да живееме сами во странство, и имаме купено само подарок за матура и за роденден.
Ама од каде ти знаеш што тој до сега дал, од каде знаеш дека нема да го натера да даде? Не ти текнува дека баш такви работи ни го ладат одност во бракот, доста со тоа оговарање, ти објаснив во претходен пост што е оговарање, ти не пишувај и не оговарај а другите остај ги да грешат душа. Демек сестра е и шо сака нека си каже а јас треба за се покорно да молчам, па ни на форум да не зуцнам.
во ред е да му помогнеш ако ти се средени твоите работи,ако не ти се средени како на членката сосем е во ред маж ти да ти се побуни,ние не сме средени а ти ќе опремуваш кај брат ти
Зошто јас да сум побитна? Од каде тоа мојата среќа да е поважна од неговата? Себичност можеби? Мене ме прави посреќна брат ми да има, отколку јас. Јас да јадам а он гладен да седи? па ќе ми горчи и мене. А и маж ми ќе биде несреќен ако и јас сум. Може не сте биле у ситуација душда дадавате за брат/сестра, затоа така ладнокрвно гледате на тоа. јас сум таков карактер, за сите да има, па за мене. Прво желбите на ќекра ми(не хировите), па брат ми и маж ми, па после некаде јас. Вие може немате блискост со браќа сестри... може сте себични, сите сме различни. Брат ми да рече ми треба тоа и тоа, дај, душата ќе ја извадам. исто и он за мене. И сеа да земе жена и она нашиот разговор вака да го елаборира пред светот, ќе се разочарам што таква засакал, ама ќе ја сакам и нејзе.
Епа за тоа и ние збориме овде, никој не спречил некого да помогне, ама нејзините барања не се толку едноставни како што мислиш. Да не зборувам дека таа доби автомобил од родителите а за автомобилот на мојот маж уште плаќаме кредит. Не е моја работа како нивните родители ќе ги трошат парите и кого ќе поддржуват ама двојни аршини не сакам. Нема ништо лошо и во тоа да се спомне абе сакам тоа да ми купиш, ама не и да напињаш некого. Се спореди со тебе и твојот брат, јас не го знам твојот и неговиот карактер, ама ја знам упорност на золва ми и мекоста на маж ми, била мазена пазена и нека си остане, ама мешање и барање луксузи не.
Некои семејни врски што се темелат на она да си помагаме и душа да даваме за својот ближен не секогаш се испочитувани подеднакво од двете страни. Проблем е навистина кога веќе при сопствено семејтво треба во списокот на трошоци/желби/инвестиции да ставаш и брат/сестра... Не зборам овде за подароци , ама од малите ситници се почнува. Така да секогаш ваквите работи продолжуваат до тоа едниот да биде "должен" цел живот да дава.
Чка сето тоа е во ред, ама овде збориме за мак бук, не за гладна да седи. Мислам никој не би оставил брат/сестра гладен да седи. Инаку не знам што е трендов со мак бук, тој е компјутер за програмери, ИТ професии, не за нетфликс
сета среќа е важна и твојата и на братот и на мажот а и таман работа не збориме за ГЛАД , еве како што си ги напиша ќеркати,брат ти па маж ти можеби нечив маж во оваа ситуација ќе помисли дека е себично што тој е последен во секој случај тебе ти е приоритет среќата на брат ти,убаво е сето тоа, убаво е да сте блиски,но пак ќе кажам дека првин треба да е средено моето семејство па после да гледам за другите и на крај краева што има да барам од брат,сестра поклони што не си се стреми таа сама да си купи бук? а не да чека...
Мак бук, цела бела техника? Кога нема да знам колку пари имам или ако ептен се во катастрофална ситуација ама пак тогаш сигурно нема умот во макбук да им е. Инаку, не. Ниту некој ми дал, ниту планирам да давам. Позната сум по скромни подароци и по тоа што секогаш си ги пуштам нозете до кај ми е чергата. Истото го очекувам и од другите. Помош само за основни работи.
Тогаш она нема ни обврска да му го пере вешот и да му прави ручек оти само муе жена и нема право да зуцне за ништо.
Сестрата мисли дека имате многу. Обично е така за кога некој работи во странство. Мислат дека пари претекуваат. Ако си има со братот таков однос, навикната е. Секакви има по овој свет.
Да бе, јас не ја сакам сестра ми, ако не можам да си дозволам луксузен подарок да и купам. Да беше за јадење постот на членкава, верувам дека поинаков тек ќе добиеше дискусијава. Ама се работи за Мак бук или како и да се викаше. Смејте се ама не ни знам што е тоа... Сега гуглав да видам Ти би барала луксуз подарок од брат ти, а тој да нема кров над глава? И кој е тука себичен? Снашката? Очигледното на девојчето не и горчи кога нема брат и.
Мислам дека членката се пронајде у муабетот, па затоа се напна до толку али нема везе. Подобро себична нека изгледам од колку брат ми да си го гледам како подвижен банкомат...
Нема кров над глава ама ми купи печка за да има за Моето дете. Не знма што ви е чудно да се грижат еден за друг браќата и сестрите. Згрешена ти е реченицата. Обратно е. Паааааа не баш. Ама другарка и, малце да.