Многу едноставно решение имате и ти и мајка ти. Не сте должни ничии сметки да плаќате, брат ти е возрасен и сам си е одговорен за сопствените финансии.
Ти верувам зашто имаме таква во фамилија, среќа па не сум засегната од нејзините каприци. И јас им се чудам на моите свекор и свекрва како можат да и паѓаат на сите манипулации и да трчкаат по неа да и удоволат, а пример јас сум секогаш небитна пошто јас сум 'разбрана и фина'. Од друга страна ја разбирам и неа, си нашла цицка и не ја пушта, ќе ја молзи додека може. Да знаеш само дека првиот момент кога ќе одбиете да дадете помош ќе бидете најлошите и криви за распадот на нивниот брак зашто кога ќе секнат финансиите од ваша страна, твојот брат повеќе нема да и треба. Да, и нашава имаше момент кога се налути на цела фамилија дека сме без осет зашто и се јавивме во 12.30 да ја викнеме на ручек
Е добро де, лесно се доаѓа до решение. Мајка ти нека не дава пари, ионака брат ти не е дете, не знам зошто зима пари од мајка ти пред се, нека си готви и купува само за себе или за себе и татко ти и тоа е тоа. Чиста сметка, дуга љубав. Ако е стварно така, само така ќе се покрене во животот
Од такви свекрви и золви што и го бројат на снаата секој саат што спие, само подалеку... Свекрвата и давала пари да се лечи оти не можела да има деца, изгледа свекрвата повеќе од снаата сака таа да остане трудна Има ли маж во приказнава да ми је знати, ако да, има ли тој некаква улога во истата.
Па ако не прочита, снаата сама викала дека не може да забремени поради свекрвата. Едноставно како што има лоши свекрви и золви, така има и лоша снаа. Тука повеќето дека сме снаи и затоа се браниме најчесто.
Точно, далеку од тоа дека сите снаи се цвеќе за мирисање. Ама мене искрено ми се слоши од помислата свекрва и золва толку да ти се напикани во интима. Те кола и купувале, те пари за се' и давале вклучувајќи и да се провери зошто нема деца. Мене само не ми е јасно, мажот кога се женел, ја донел снаата да создава живот и семејство со неа или само едноставно да ја интегрира во постоечката негова фамилија без нему нешто посебно да му се промени. Ако снаата не сака да работи ќе биде домаќинка и ќе мора да се задоволи со тоа што маж и заработува, па ако не и чини нека си бара работа, а не, овде се мама и дада да ги пополнуваат луфтите. И тоа не ми е јасно како може да дозволи мамичка до толку да води сметка за се и да биде засегната со секој аспект од нивниот живот вклучувајќи на и (не)плодноста на жена му.
А зошто мајка ти не дала пари на брат ти да се провери тој? Дали сте се запрашале како и било на снаата во тој момент? Дали воопшто сте се запрашале дали сакаат да имаат? Или одма снаата е проблемот? Анализирајте го малку и вашето однесување пред да ја напаѓаш снаата и да се жалиш.
Па снаата рекла дека ради свекрвата не можела да има деца. Убаво што и дала пари да се провери дали навистина е од свекрвата ако веќе е неспособна да си заработи сама.
A што направила свекрвата за снаата да го рече тоа? Може ја испровоцирала, може ја навредила. Дали золвата го слушнала тоа со свои уши? Или мама ми рече дека она така рекла. Секогаш се гледа само едната страна на приказната. А какви манипулатори има, чудо едно. Не ја бранам снаата воопшто, ама можеби жената има причина за така да се однесува со нив. Прашање до золвата - дали сте пробале смирено и отворено да разговарате со снаата? И што ако излезе на крај дека во синот е проблемот? А не во снаата? Оти кај нас по дифолт ако немаат деца во снаата е проблемот.
Па сега разговараме по она што членката го пишува тука, не ја знаеме другата страна. Како и да е, на кој начин може свеки да е крива ако немаат деца? А паричките пријаат од друга страна. Не знам што може да ми направи свекрвата за тоа да и го кажам.
А во приказнава сега никоја нема да ја обвини снаата како им се тупнала во туѓо, што членкава дури и под кирија се тргнала? Зошто да беше членкава снаата и да си беше золвата отидена под кирија ради нив, парче ќе ја направевте. Иначе имам снаа иста ко на членкава, нејзините продадоа стан за да купат два други и купија. И се ок, се до моментот кога мораа да се иселат од станот, а другиот уште им беше во градба. Дојдоа кај нас, па снајка крена нос зошто сум и рекла барем чашата од маса да си ја крене кога ќе се најаде. Цел ден панелка требаше во собата да и грее и кога не беше дома, за кога ќе дошла да не и студело. И се тоа ок, 3 месеци така, моите и вклучувајќи ме и мене, све купувавме за јадење, што за нас, тоа за нив, они купи си нешто и пикни се во соба најади се. Кога дојде сметка за струја 15000 ден, мајка ми му рече на брат ми барем 3000 да и даде, овој лом ја направи, они ништо немале потрошено. Среќа си се вселија брзо во станот па видовме мир дома. Другиот брат и снаа што тогаш беа над нас, никогаш ништо слично на ова немаа направено. Тешко мајка ти, ама ако незнае брат ти да пресече, она ќе мора.
Чим брат ти не го спречува ова, значи и него му одговара вака. И тој ваљда знае дали давате пари и за што.
Се чудам зашто ги финансирате. Да ми се прелеваат нема денар да добие од мене, ако гледам дека ме множи со нула и понашањето им е никакво. Арно спомна некој, кога ќе престанете со финансирање, најверојатно тогаш ќе се разведат зашто ќе им секне изворот на трошење.
Епа ајде да ви кажам и за мојата золвичка. Женчето е на цело искомплексирано. Живееме во куќа на 3 спрата. На едниот свекор и свекрва на другиот ние и на третиот золва и золвеник. Нема ден да не одаме со мм кај неговите а таа намерно да не се појави со децата кои прават џунгла и неможеш ни да се видаш ни муабет да си направаш. Доаѓа и само вика по децата па сакала или не ќе станеш и ќе си одеш дома. Воопшто не внимава на другите кои живеат во куќата па така може да те разбуди со викање и хистерии во 7ипол наутро или во 11 навечер или да те разбуди од попладневна дремка зошто децата и се криви и ги малтретира психофизички зошто маж и не се прибира дома. Инаку може да ти дојде ненајавена на гости кога она сака па така може да те фати и со маж ти на сред секс и ич мува да не ја лази. Порано идеше секој ден а кога иде не разговара со мене туку иде со деца и повторно е викање. Инаку ми се обраќа само кога и треба некоја услуга од мене дотогаш за се тука се жените на братучедите и. Они се за муабет,они се за шетање,они за гости одење и идање а јас за услуга. Можеби звучи како да сум љубоморна но верувајте воопшто не сум туку ме повредува тоа непочитување спрема мене како жена на брат и. Досега не и обраќав внимание од почит спрема маж ми ама од сега натаму ќе е поинаку. Извинете ама морав да пишам малку да ми олесни. Има уште за пишување ама ќе оставам за друг пат хаха
Оставам на свест ама изгледа не и работи. Не сакам да се карам со никој сакам спокој ама гледам на тој начин го немам. Со муабет за нешто друго ако и се спротиставиш веднаш ги обраќа работите и се лути неколку дена. Многу е разлигавена од мајка и и татко и слабост им е и затоа се однесува како да е сама во куќата. Маж ми проба индиректно да и напомени некои работи но таа не си ги сфаќа како примедби. Пробав со клуч на врата на спрат за да знае дека неможе кога сака да доаѓа но ќе провери заклучено и тропа на врата додека не и отвориш а кога ќе отвориш наместо да се засрами те гледа на криво
Баш ќе пишев да си заклучиш спрат. Утре кога ќе ти тропа кога не сакаш гости, отвори и кажи и реално дека заради тоа и тоа неможе да се видите. Не ја примај ако не ти одговара. Нема врска што сте блиску сите си имате свој живот и обврски а треба да имате и приватност. Ако тоа ја лути, тогаш тоа е нејзин проблем. Тоа е исто како да кажам дека ме налутил брат ми што кога сум сакала да дојдам на гости, сум му се јавила на телефон и ме одбил. Глупости! Значи вратата вас ви е телефонот у ситуацијава. Односно не постоела претходно, сега и ја воведуваш Абе само граници ќе им поставуваш на вакви. Нека не ти е грижа дали се лутела три или пет дена, ќе и помине утре и пак ќе ти збори. А ако до толку и сметаат нормални граници што некои и ги поставува, тогаш стварно е прашање колку е можен нормален роднински однос со неа. Во принцип луѓе што само земаат и ништо не даваат во меѓусебниот однос, јас со нив ограничувам контакти. Блискост, поддршка еден на друг, тоа ништо ниту очекувам ниту давам на нив. Строго формално, одвреме навреме ќе се видиме и чао пријатно. Не може со сила да се правиме многу поврзани и да форсираме секојдневни комуникации и дружби кога знаеш што ти мисли во себе и дека те користи. Не смееш да дозволиш да те злоупотребуваат.
Каква совест, какви црни камења. Луѓето ќе те газат, дури им допушташ. Не сите, ама ги има... машала... Ќе си кажиш шо ти смета. Не си должна да им удоволуваш, ниту си одговорна за нивните желби, чувства и потреби. ... Не по цена на твоето здравје и твојот мир! Ако дома немаш мир, кај тогаш? Не биди будалче. Не е карање да кажиш шо те мачи. Комуникација е.