Жени, на кратко да кажам, золва го има пуштено детето кај нас на 1 месец, поточно кај свеки, ама 95% од времето е со мене. Поголем е од син ми, 9 годишен, ама буквално ништо не слуша, т. е. све од инает ми прави контра. Вчера баш бевме излезени и она вечерта ѕвони на вибер и ја и кажувам "ама ич не ме слушаат, ич не се умни" (намерно во множина, да не излезе само нејзиното дека е немирно, језда и мојот не е цвеќе, ама на него кога ќе му свикам, он барем реагира и слуша), на што добив одговор "епа незнаеш да ги анимираш, дај да си го видам детето". па мајку му, не е кај мене дојден, кај баба му е, не треба да е моја одговнорност од јутра до сутра, значи кај баба му на секое ми го остава горе, излегуваме надвор, она не се замара да го искара шо и да прави, незнам вистина, секој ден мене глава ме боли. И баш прееска правеа глупости, ја на моето му викам тргни се од таму, дојди ваму и внуков се врти и ми вика "мене ме викаш?" и ја намерно му реков "баба ти е тука, она нека мисли за тебе", за да се освестат веќе еднаш. Помош и мислење како да се понашам, зошто ја нерви веќе немам.
Па требаше до сега, некој ден, ама наслушувам демек до средина август изгледа, нејќел кај другите баба и дедо да оди. Свекрва ми е уствари, таа со најмалку осет од сите.
Кажи и да не ти го остава тебе и готово. Не знам зошто молчиш. Кажуваш директно, а не од околу, па да чекаш да се свестат.
Па јас индиректно кажувам, зошто ако кажам така свекрва ми од крајност во крајност оди. Демек не го сакам детето и готово несакам да стапне кај мене, така и ќе и пренесе на мајка му и ете ти проблем, ја лоша. Кога не го земав за кај една другарка, туку само со моето отидов, го кренаа носот. А они кога го шетаат само него, ако. Морам нешто да превземам, малку од малку барем. Мм и он урла, вика, ама му е жал да им рече демек да не иде толку, демек внук му е, го сака нормално, реално он е иницијатор да не го носиме сегде со нас, ама за седењево горе демек греота бил. Ама ја му мислам за јадење, не стално, ама се погаѓа тука за едно од трите јадења во денот, а на свеки не и текнува да рече земај од доле шо треба, туку напротив и ги крие работите. На пример јадеа еднаш плазма и млеко, кај мене плазмата беше пред крај и знаев дека има негови доле, отидов да земам, она знаеше, ме виде и после некој ден сите негови такви суви грицки, работи, ги имаше тргнато негде т. е. скриено, ништо буквално немаше, а пак за него барав. А мајка му му има пуштено пари, они нејќат да му ги чепкаат, ама излегува дека нејќат и од нивни џеб да дадат.
А зошто не и кажеш отворено дека си имаш обврска околу детето и не можеш уште едно да гледаш, дека она си ја земала обврската и нека си ја извршува?
Па нешто така сакам, ама незнам како да го склопам да не излезе дека детето ја не го сакам и ми смета. А реално - ми смета нонстоп да е со мене. Ама мојата е трагикомедии.
Па не мора секаде да е со вас, имајте си ваши активности без него, или ти остави ги на свекрвата и син ти и внукот па види како ќе е...
еве во недела сакам да го носам на претстава они си очекуваат и него да го земам, а несакам. И како ја на тоа дете шо е цел ден со мене да му објаснам да не иде? Жал ми е. Многу се замарам очигледно ама ептен товар ми е.
Да очигледно се замараш повеќе од што треба, нема што ти да му објаснуваш нему, баба му нека му објасни.. Нејзе кажи и дека со две деца на претставата не можеш да одиш стресно ти е бидејќи внукот е поголем и немаш многу авторитет над него крај прича. Сепак е на гости кај баба му убаво би било да поминат некое време и заедно нека го носи таа во парк, луна парк..
Како личност која не е во роднинска врска со детето на золва ти, ми изгледа како највеќе да се замараш. Во ред е да се дружат вашите деца, ама ако ти е товар, во ред е и да си седи нејзиното дете со баба му. Верувам дека ти е жал да го двоиш, но запрашај се, дали па некој тебе те жали што ти го тупнале, уште згора да коментираат дека не знаеш да го анимираш. Не би се расправала, но за почеток кажи му на маж ти дека не си дадилка на золва ти. Некогаш се доведуваме сопствениот комфор да го нарушуваме на сметка на туѓиот, кој патем не ни е ни фактор во животот.
Секако ти ќе испаднеш лоша, така да мој совет, слегни ги доле кај нејзе двете внучиња, таа да ги гледа подолго време ти као имаш нешто работа да завршиш, па нека види како е со двете. И не се замарај многу. Се додека ти не ставиш граница за некои работи секогаш така ќе ти прават и само ти ќе се нервираш.
@Mnik ако сте во можност заминете некаде на викенд со маж и дете. Ако не, остави ѝ ги двете внучиња на свека и бркајте работа, шетање, активности од утро до ноќ, ден, два, три... Па види кој прв ќе попушти. И ако коментира дека ѝ е тешко, после ти "лути се".
Завчера и го оставив цели 20 минути за да изразам сочуство кај една комшика, сестра и почина, оваа телефонот му го имаше тропнато и на youtube глупости да гледа, другиот на таблет. немам желба мое дете да и оставам, ептен за вака, ама за внукот нешто морам да превземам. Уште одсабајле кога ќе дојде, ќе го пуштам кај неа, зошто сум на одмор сега и ќе му речам дека имам работа, да седи со баба му. Што е многу, многу е.
Ауу па одморот ти да го поминеш трчајќи по него, а неговите нека се ладат. Ццц, без осет. Твоето да го пуштиш на преспивање кај друга баба, вујко, тетка? Ако не, ќе им речеш. На свека, таа е крива. Без осет.
Од друга земја. Да не плаќаат жена за чување, тука го пуштија. Да, 24/7 е со нас, со неа спие, повеќето оброци она му ги спрема, она го пере и се тоа, ама со мене и со детето мое е по цел ден, му викаш да се симне доле, дека детево мое ќе спие, он си се прави наудрен, си седи кај мене, баба му мува не ја лази, не го бара. Вчера му вика бабе ќе одам кај баба Ана, седи си ти. Ама она се нафати да го чува, не јас. Излегува дека требаше и мене да ме прашаат. Мора некаква граница да ставам, мора. Ако сакав две, ќе си родев. Ама највеќе од се ме боцна тоа од золва "незнаеш да ги анимираш". Ја игротека сум за син и
Абе од свое па ти треба одмор, а не па уште едно за кое ти реално не си се ни нафатила. Јас не сум ти, но можам да ти кажам како би постапила. Мене ич не ми е гајле што ќе помисли некој и како ќе ја сврти работата. Јас би и рекла отворено, не можам, не сакам и тоа е тоа. Имам свое имам обврски, јас да сум сакала, ќе сум се понудела да го чувам.
Во право си што се нервираш ама пак од друга страна дете е, нормално дека ќе сака да си игра со твоето не може да му речиш седи долу и тоа да сфати.