Е баш ова ми е муабетот. Иначе вчера вечерта бевме излезени кај една другарка блиску што живее и си седиме така, кога го гледам дојден кај неа. Му викам што бараш тука? Ми вика нејќев дс одам со баба и ме пушти тука. Јас расчадив и му реков да си се врати дома, ја ќе и се јавам. И ѕвонам и и викам што си го пуштила кај мене? Она вика па нејќе со мене да иде, и ја и реков уште еднаш да не го пушташ кај што сум јас без да ме прашаш и се налути госпоѓата, си идам дома гледам ги нема, значи можел со неа да оди, золва ми вечерта ми ѕвони ја не и кренав и исклучив нет. Му кажав на мм, ми рече паметно си и рекла, уште еднаш нешто такво и јас ќе и објаснам. Безобразие.
Е ова е тоа што си требала да го направиш од старт. Кажи му на мт од сега натака он да комуницира и да решава. Пошо снаата е секогаш кривата и лошата а на синот не се замерува. Со твои роднини ти ќе се оправаш со неговите он.
@Mnik Значи ако добро те разбрав ќерката и мајката си се договориле да си седи 2 месеци внукот на гости кај неа. Не ми е јасно зошто го оставиле толку долго и каде се неговите за тие два месеци? Искрено, ова е стварно долг период за било кое дете. Најдобра баба да е, и незнам колку многу да му е добро таму, сигурно го фаќа досада и желба за неговите родители. После неколку недели вие што и да правите нема да сте му доволни. Треба родителите да си ги види. На таа возраст колку што е внук ти моите издржувале со моите родители некои 2-3 недели максимум и тоа само зошто сме знаеле да им одиме на „гости“ во викендица еднаш неделно. Толку било најмногу што успеале да издржат, после тоа се зажелувале и за нас и за промена и за домот. И нормално дека ќе се замори бабата, зошто на сета работа уште и нерви треба да има за да се расправа со деца. Нивното и нашето трпение не се исти. После 2-3 дена татко ми главата му беше тупан, а мајка ми после 2 недели чување беше „согорена“. Можеби ете што викаш земала обврска свекрвата повеќе од што може да издржи (тоа што се во друга држава и било и плус фактор). И моите се силеа ги собираа, ги носеа, ги чуваа, ама кога ги видовме последиците по нив и дека не можат си ги земавме децата. И нема тука лутиш. НО сето тоа треба свекрвати да си и го објасни на ќерка и. А не твојот маж или ти. Тоа е нивни однос и ако не штима, треба сами да си го решат. Мајка и ќерка се и да се спречкаат околку нешто утре пак ќе се смират верувај. Ама твоето мешкање ќе ти го памти. Ако очекувала свекрва ти помош од вас требало да ти каже и да ве праша дали можете и колку можете да и помогнете, нормално без присуство на детето. Ама очигледно женава е мижи-бутај дури и манипулант, затоа што пред внкот зборува со вас зошто не го зимате и ви го праќа кај што не треба, детето да се става во ситуација да го враќаат како несакано (?!). Вас ве мести, а на детето му ги повредува чуствата. Јас на пример, на таквите се на виделина и на маса им вадам, љубезно смирено ама реално. Не сакам игри зад грб и пикање под тепих. Ти велиш дека не ти е обврска да го чуваш, ама молчешкум си ја земала обврската. Границите твои/ваши се нејасно поставени уште од почеток. Маж ти треба после случкава, пошто веќе не е ни прва манипулација на мајка му, да си седне со неа на само (без да слуша внукот) и да и каже дека на овој начин како што се однесува го повредува детето. Да разговара со неа дали очекувала можеби повеќе од вас и дека ако очекувала требало јасно да ви ги каже нејзините очекувања а не да ве криви отпосле (па уште и пред детето), да си каже дали и треба или не помош, зошто не е срамота да побараш помош, и ако и треба да се договорат како и колку да и се помогне. Без разлика дали на маж ти му е страв некого да не повреди, му е незгодно или непријатно, треба да сфати дека ваквата (не)комуникација или лоша комуникација ве прави сите вас нефункционални, веќе ви е на сите непријатно и веќе се повредувате сите меѓусебно.
Неговите си се на работа во друга држава, таму живеат, да така се договорија, ама требаше 1 месец овде, 1 месец кај др. баба и дедо и тие се овде блиску, ама детето не сакало да оди таму. Еве денес свеки рече изгледа од недела ќе одел таму неколку дена. Иначе не дека ја сум си ја прифатила преќутно обврската, туку го земавме неколку пати со нас и почна лутење зошто не го земаме. Почна неприметно да си седи горе по цел ден. Почна по 100 пати качи се, симни се и си остана. Уште сакал да спие горе, ама мм му рече нема место. Баба му и за тоа нема проблем да си го остави. Незнам вистина.И викаа она да оди кај нив да го чува, несакала, незгодно и било да им седи таму цело време, бавча имала бла бла. А не и е незгодно сега детево да седи нонстоп кај мене. Нема врска, да не ја полнам веќе темава, фала на сите.
Ти ги исчитав повеќето објаснувања и јас би ти рекла да пробаш да се опуштиш. Најди им занимација заедно да си играат децата, па и цртани да гледаат, не е страшно. Ќе можеш и кафе да се напиеш и да излезеш. И да отидете некаде заедно навечер, направи да ти биде забавно. Знам дека е одговорност, но ете детето сака да биде со вас. Значи, убаво му е со вас. Најголемиот проблем во целава ситуација, според мене, е бабата. Таа треба најмногу да се грижи за него. Но, 9-годишно дете сака да си игра со деца. Немате во близина други дечиња со кои би можел да си игра? Не си прави горчина на душата. Детето не е воопшто виновно. Нека го запамти овој летен одмор по убав помин, и пробај да не ти биде премногу мачна ситуацијава. Сопругот нека помага, нека поминува време со децата. Врските со братучедите се градат во вакви моменти, спомени (добри или лоши) кои остануваат засекогаш.
Иста ситуација имам само со на јатрва дете. Одселени во друга куќа, во близина на нашата и детето постојано е тука. Свекрвата е со нас, на одделен спрат но е повозрасна и детево кога ќе почне да вика да досаѓа она мене ми го праќа. Кога ќе се спојат со моите деца е хаос. Ечи куќата.... Или кога не сме дома, јас не заклучувам ете да не им затреба нешто, он сам си оди горе и праи хаос.... Да напоменам она не работи и си е цел ден слободна, јас од работа идам и гледам хаос.... Ама не преќутувам јас.... Детето многу го сакам, и он мене ама не секогаш можам да истрпам вриштење... На неа и кажувам индиректно дека децата мн викаат, се закачаат, многу сум уморна... ама тоа осетта трае 5 дена после пак исто....
Глупости. Дете е обврска и голема одговорност. Нема тука горчина не горчина, едноставно една обврска помалку за која она не се ни зафатила. Да не се лажеме дека не е
Не му е мајка, па таа да му наоѓа занимација. Што има воопшто вујната да се замара. Штом е кај бабата на гости, таа нека го чува.
Па уште поубаво. Штом нема осет, ваљда ќе се свести дека кај мајка и е детето, не кај снаата. Ем не ја прашала дали може, ем се лути. Себичлок.
@Mnik и внучето и син ти прати ги кај баба им, симни се и кажи и овде ќе се и ќе си играат горе има клима, промаја, зомби шета и готово и така секој ден.
Не е лоша идејата, ама она цело лето седи во летно кујне, и цел ден се надвор кога се со неа (што не викам дека е лошо), ама кај мене дворот цел ден го пука сонце, а она на оваа жештина не верува во сончаница и ув зрачење, не се осеќало во движење, ама затоа промаја.... Јас сум била смешна што преку ден не го пуштам надвор овој период, само попладне излегуваме, ама попладне претежно шетаме, го носам на лулашки, со другарки што имаат деца, за да си поигра итн. Никако не ми е изводливо освен да се испокараме или цел ден клима да си пуштам и да си уживам. Денес се налутија зошто сум заклучила дур спиел син ми. Нека им седи
Јас бев како детето од золва ти. Мене мајка ми ме носеше кај баба ми и дедо ми цело лето бидејки беа во друг град, а мене немаше кој да ме чува. Знаев дека и сметам на вујна ми. Осеќав! Ги слушав кога му збореше на вујко ми, особено за одењето на едно дневни излети на плажа дека е скапо дека сум трошок. А никогаш моите особено мајка ми не оставала да не дојде за викенд да ме види и да остави пари и за мене. Затоа место да глумиш лудило и а броиш денови да ти помине летово , речи и на золва ти дека не сакаш детето да доаѓа кај вас, Речи му на мажот ти дека дете од сестра му не смее да дојде во куќата во која таа израснала. Ајде кажи и го тоа, нека си го земе детето, ама биди спремна и за последиците кои ќе ги трпиш за твоето однесување. Дете и сметало, дете!! Срамота! И уште нешто: Снаа ти се во странство така? Е па утре кога твоето дете ќе сакаш да го пратиш да студира таму, што шансите се големи или да се ислеите и да ви помогнат да се снајдете, немој да кукаш пак дека золва ти е лоша. Сети се како си се однеувала ти.Не го мешај мажот ти. Ти седни пред свекрва ти, свекор ти, мажот ти и кажи им дека детето од ќерка им и од сетсра му ти пречи да доаѓа преку лето,
Смири страсти. Детето не седи во куќата која израснала мајка му. Се качува на спрат горе кај друго семејство. Кое сака мир. Жена која не прифатила да го гледа, одговорна е да анимира дете.
А ти дали ја читаш членката или колку само да лупнеш некој коментар за повеќе лајкови? Сите сфативме дека нејзе и пречи што детето се влече по нив постојано и се качува на спратот, а не што е воопшто кај бабата. Бабата мува не ја лази. Бог да чува од вакви размислувања ко твоето. Па и странство замеша на крај хаха.
Па интересно му е на детето горе, имаат и они детенце, си играат. Братучеди се. И малку припази со начинот на изразување постара сум од тебе сигурно. Нека му кажи на мажот и детето на сестра ти ми смета! Ако има муда. Ајде нека каже.
А што кажа членката погоре лошо па да припази со начинот на изразување Ние овде ке водиме евиденција и ќе листаме по мислења за да сфатиме кој колку е стар па врз основа на тоа уште и да пазиме како се изразуваме ако некој е постар.Важи да-нема проблем,иако за тебе знаеме дека си над 40ка 10 пати имаш нагласено. Со сета почит Мадам, да си знам за другпат како треба со тебе
Па? Што и да си постара? Не разбирам каква врска има тоа? Ти да не внимаваш на своето однесување? Ти си некое огорчено золвиче или свекрвче, извини вака