За следен повод не и` се јавувај, остави и` нејзе да ти се јави. Дај и` една мала лекција. Што си па ти?? Мораш секогаш прва да и` честиташ? И зошто почит кон маж ти. Ако сака маж ти нека и` се јави лично тој. Не си ти виновна во ситуацијава. Ич не се замарај со неа.
А како тоа маж ти ја избркал родената сестра,она мажена е или на улица ја избркал? Не мислиш дека би било подобро да поразговара со неа отколку да ја плука? И сега родителите нејзини среќни се што не разговараат со родената ќерка? Ти среќна си што золвати е избркана од сопствениот дом каде се родила и растела? Госпоѓо, ти не можеш да им бидеш ќерка на тие луѓе,не можеш да ја замениш ама баш никако, а тие какви родители и брат се наместо да поразговараат и да ја видат позадината на тој раговор? За се има причина. Значи пред ти дојдеш кај нив се било во ред,била добра ќерка и сега наеднаш е ѓубре. Мислам дека не е баш така како што кажуваш,има сигурно некаква позадина на целава приказна што неа ја повредило. Јас сум и снаа и золва,на никого не му го земам местото од каде што потекнува ама не сакам и на мене некој да ми го земе моето.
Да, таа беше мажена со деца кога дојдов. Ако е мажена, на гости не доаѓала? Не и` беше првпат така да се однесува, јас шо и` бев крива? Зошто? Па, затоа што кога дојденец во куќа нема поддршка од неговите, се знае, ако те нападнам нема кој да те брани...ете затоа тоа го правеше... Точно е не можам да ја заменам. Не можам да ја заменам нејзината себичност. Таа е дете на кое и` било сто пати повеќе пружено отколку на мм, а види како им враќаше. 1. Кога свекрва ми ја скрши ногата, види чудо тогаш еден ден не дојде да ја види. Јас све по неа како да ми е родена мајка. 2. Кога им требаа пари на свекорот и свекрвата, јас самата им дадов (го продадов златото шо го носев пошо немав работа), а таа госпожа иако земаше поголема плата од јас што земам сега рече мене мм не ми дава да ви давам пари. И мн др случаи да не набројувам сеа у кои се покажала како права ќерка а јас како САМО СНАА. Пробавме со убаво, со разговор, па со игнорирање, па еднаш коа беше кај нас се начека ситуација сами да бидеме па ме натепа за да не ја игнорирам веројатно. Мм и нејзините ден-денес не знаат за тоа. Згора на тоа таа вечер коа мм и` рече да не доаѓа веќе кај нас шо ми рече знаеш? Спојлер Немој да мислиш дека ако го родиш копилето (не бев уште мажена и беше плус лажна тревога, не ни бев трудна, живеев кај мм) брат ми и моите повеќе ќе те засакаат. Зар ќе сака некој некого кого ни неговите родители не го сакаат. Па кажи ми дали не заслужила да и` се плукне в лице и кажи искрено, без лицемерие, дали тебе искрено би ти било жал, без да се праиме сите пепелашки-добродушни? Јас барем од општа култура секад ги молам да и` се јават и да и` се смират, а што се однесува до неа, секој ден слушам на кого се` таа лае најпогани работи за мене. И не можеш да ми судиш коа не знаеш...
Не ми беше поентата дали ќе изиграваме фини или не. Тоа што она така се однесува тоа е прашање на карактер. Преку ноќ не се менува карактерот а тоа сигурно го знаеле мт и родителите а и ти препоставувам, значи долги години уназад се во прашање. А тоа дека викаш те ,,тепала,, како е тоа можно? За што? Како мт реагирал за тоа? Како си и дозволила такво нешто? По тоа што ти го кажала вероватно жената гледа кокуренција во тебе, љубоморна е да не ги изгуби блиските што никако не би било можно. Не си требала да и дозволиш да те истепа,стапот има два краја,нели? А ако е толку безобразна на зборови јас пред се мислам дека работите треба да се расчистат вербално, да се види кој е проблемот на тоа однесување а ако и тоа нема ефект тогаш прекинување на врските.
Па ако е посилна и покорпулентна од тебе и ако си тазе невеста без поддршка од родителите, како можеш да се одбраниш од ќотек? Впрочем што се заморуваш ти со мене, девојко, ако не сакаш да веруваш-твое право. Тоа е мојата приказна, болна и срамна каква што е затоа толку време со сите детали ја немам споделено, а ти ако добро прочита, тогаш бевме со неа сами, никој немаше дома и јас ден-денес им немам кажано на свекор ми и свекрва ми и на мм, не сакав да ја клеветам без докази, на што имам право, не како оштетена, туку како пре-оштетена странка. Таа беше крајно искомплексирана, агресивна и преразгалена личност и ништо вербално не помагаше. Мм си знаеше каква е, а јас не сакав да ја напаѓам...и се случи тоа што се случи...и не може никој да ме обвинува за манџата самата што си ја посоли. Инаку си имаше маж, не живееше кај нејзините зашто како прво јас прва ќе застанев пред вратата да не ја избркаат од дома. Како ќе живеев со тоа на совеста инаку... А кој ќе ме бранеше? Таа е мн посилна од мене, џабе се бранев...ама си се истепа самата...кој прави, на себе си прави... Затоа сите ги советувам секогаш...немојте да се силите ако мислите дека имате посилна позиција зашто премногу страдања може човека да го научи на мн работи и самите да изгубите во играта вие што ја играте.
Теси,закопај го минатото,гледај пред себе. Сите имаме болни периоди од минатото на кои несакаме да се подсетуваме.Ова е форум-прашања ќе има постојано .а ти колку и да се трудиш да одговориш на нив-нема да можеш да им доловиш ни дел од болката,само повторно ќе се изнервираш што се подсетуваш на тој пероид.Барем кај мене е така. Свиркај си,секое зошто има свое затоа. Поздрав до тебе и голема гушка.
Да, сум пробала и тоа, ама првата чувствителна караница дома со мм и веднаш ќе ми спомне како не сум ја сакала и затоа не сум и се јавила и слично, па освен тоа од почит кон мм можам да дополнам и за да не си правам дополнителни расправии дома
Секоја караница е чувствителна, ама лично јас не дозволувам сестра му на мм да биде пред мене. Јас и, сега за сега, ќерка ми сме на прво место . Отворено си кажувам што мислам и што чувствувам за секој член од нашето пошироко семејство и мм точно знае како јас се чувствувам и кого колку сакам и почитувам. Токму поради тоа и не смее да ми наметнува дали и кога некому да му се јавам, да му купувам поклони и да му искажувам почит. Секој си го добива заслуженото место според тоа како се однесувал кон мене. Не дозволувам мм да ми се меша во некои одлуки кои се само мои, а најмалку истите ликови да бидат повод и причина за наши расправии. Конкретно за празников кој помина купив поклони за сите (за свеки, за мајка ми, за сестра ми и за золва ми), а добив само од мајка ми сега за сега (уште не сме се виделе со золва ми, не дојде кај нас за празников). Купив за сите затоа што така сакав, секоја година купувам по нешто, па така и оваа. Со оглед на тоа дека пред неколку месеци имавме семеен сукоб со свеки и нашата врска сега е чисто формална, без некоја си посебна блискост, свеки беше изнененадена и затекната кога и` честитав празник и кога си доби поклонче, а таа мене ништо не ми даде. Искрено не ни очекував нешто да добијам, ниту од свеки, ниту од золва ми, ниедна година золва ми ништо не ми подарила. Кога ќе се јави да честита на мајка и`, ми честита и на мене и толку, тоа е тоа. И не сметам дека грешам, ниту пак дека сум глупа со тоа што купувам поклони.... сиромашна сум за многу, а не за 1000/2000 ден., плус и не им давам шанси и можности да ме оговараат, ниту пак дозволувам да се најдам затекната и да се чувствувам непријатно.
Спојлер Не сум се видела ни јас со золва ми, па така да немам појма дали ми купила нешто или не. Само ми кажа телефонски дека внука ми (ќерка и) ми купила нешто. Мислам, глупо е на 14 годишно девојче да купувам јас поклон, зарем не? За празникот не се видовме, биле изморени да дојдат кај нас. На свеки и го дадов поклонот и беше таква цела лелееее фала фала фала. И тоа беше мојот поклон од неа (третото фала ). Кога сме кај муабетот кој колку почитува, јас се раководам според она секој според заслугите. До душа и многу попуштам, ама ај, нели луѓе сме. Неколку пати до сега сме се нашле во ситуација со мм да му кажам нешто во врска со сестра му, нешто што ме навредило, и секогаш до сега е застанувал на моја страна. Има работи и на двајцата што ни сметаат, им немаме кажано за тоа, само е знак прашање ма време кога ќе пукнеме за тоа Спојлер (секогаш, ама баш секогаш кога одиме кај нив, ни порачуваат да земеме нешто од продавница, а имаат продавница 2 мин од нив, плус и големи деца што може да ги пратат, ама си ги жалат, не сакаат да ги малтретират да пешачат .А ние со мало дете може да купуваме ) Им има кажано мм неколку пати дека веќе не им купува, они пак порачуваат.)
Па во право си , и така треба да биде, но мислам дека во последно време полека полека ги согледува и мм реално работите како стојат(тој си знае каква е, само како да го признае пред мене) Инаку, и јас се подумав да и купам уште кога ме откачи да се засрами зошто исто како тебе мислев дека нема да се осиромашам за некој денар +, ама неа знам око нема да и трепне дури и пак јас виновна пошто со тоа и давам повод нели како обврска дека сакам и мене да ми купи, па искрено кренав раце, нека и биде срам неа што во сите овие години ниту едно единствено подароче ми нема купено за 8 ми март.
Лани ме читавте во Свекрвите и снаите , годинава тука што да правам си имам проблеми Значи вака, дечко ми има сестра која е помала од него а постара од мене 5 години, мажена е во друг град но често доаѓа на гости кај своите. Се среќаваме постојано и после сето тоа време како сум јас со дечко ми ние сеуште сме само на здраво Не велам да бидам другарка со неа ама сепак како девојка на нејзиниот брат не е лошо да си поправиме муабет. Имам чувство дека не ме сака и дека не сум и симпатична Му го имам кажано ова на дечко ми и он како што си ја бранеше мајка си , сега ја брани и сестра си и вели дека таа е таква мирна, тивка не правела муабет многу, а јас сум ги гледала луѓето со остар поглед па таа може мислела дека јас не ја сакам неа :geek: И мене навистина ми е веќе непријатно да одам кога она е таму, а таа е таму на секој празник, кога и да има слободно време она доаѓа И утреден кога ќе се земеме зар исто така ќе биде само на здраво, здраво како да сме познаници од улица Колку и да е банална и не важна работа ме нема ни адднато на фб, а иронијата е таа што кога доаѓа кај своите работи на мојот лап топ Ама не и "текнува" да ме аддне Или ми се причинува мене нешто, или мене навистина не ме сакаат во таа куќа
Анастасијаки, како на ваков убав ден тебе ти текна за ова се замараш? Ако сте само на здраво, почни и ти прва муабет, ако веќе она не почнува, можеби и од тебе го очекува првиот чекор. За следната средба, смисли некои теми за кои би разговарале, пробај да и се приближиш. Со текот на времето сакале-неќеле ќе мора да разговарате, така што јас мислам дека навистина моментално немаш проблем со неа.
Ах, одамна се замарам јас со ова, ама дека во петок треба да идам кај дечко ми а она е таму па затоа ми текна Инаку јас мислам дека има нешто, затоа што се случувало и кога сум кај дечко ми таа да не ни доаѓа да каже бар и едно Здраво Никогаш не рекла да искочиме некаде заедно, кога доаѓа со маж и шетаат сами а нас не не викаат, а млади се и они, зашто да не искочиме бар еднаш заедно Се случувало да седат таму и да дојдат во Скопје а да не ни му кажат на дечко ми ајде ако сакаш дојди со нас да се видиш со Анастасија Факт е дека има нешто. Јас сепак доаѓам таму како гостин а она е на некој начин во нејзина куќа, па нели кога ќе дојде гостин треба бар да го поздравиш?
Ок тоа, но не те разбирам зашто ти е тебе тешко да го направиш истото? Ако не вика здраво она, речи и ти, ако она не ве викнала да излезете, предложи ти, не разбирам зашто е тоа проблем? Ако и после ваквите обиди од твоја страна е се уште ладна, тогаш можеби има нешто, но вака баш ништо.
Па не можам јас да и речам ништо пошто таа седи во дневна а ние со дечко ми во неговата соба и на некој начин не ми е баш дозволено да си шетам низ куќата, и како би влегла кај нив во дневна да кажам Еј сакате да прошетаме А, ако се сретнеме во двор ќе ти рече здраво со пола уста и тоа е тоа :geek: И кога веќе сум тука а она знае, зар тешко и е да влезе во соба кај нас и да каже здраво Анастасија што правиш, добра си Доволно е и тоа
Анастасијаки, според мене, нетреба воопшто да мислиш на тоа, јас мислам дека таа нема никаков проблем со тебе, туку не е доволно блиска со брат и т.е. дечко ти и затоа ни со тебе не се зближува многу, ако тие не излегувале порано како брат и сестра и не се дружеле пред таа да се омажи, сигурно нема да почнат сега, затоа и не и текнува да ве покани сите заедно да излезете. Можеби тебе ти е чудно, ако имаш близок однос со брат ти или сестра ти, затоа неможеш да разбереш и мислиш дека не те сака. Уживај си ти, ако се сретнете кажи и здраво, како си? пофали и ја блузата или накитот, најди некое просто прашање пашај ја нешто, ако вака не почне да зборува, не и се замарај, до неа е не до тебе
Анастасијаки,сличен проблем имав јас. Секогаш кога одев кај нив,случајно ќе се сретнеш во ходник и добивав здраво со пола уста.Во град кога ќе се сретневме ако не и кажев здраво,немаше да каже,за што ме фати инает и јас не и велев.Пробав да се зближам со неа,навистина сакав,но се беше во ред тогаш,муабет ова она,за да утре таа пак по старо. Така јас баталив се,додека не и притребав јас. Таа студираше вонредно,само со дечко и цело време,другарките која во странство која во Ск.па дома беше буквално сама,шеташе ако не со дечко и, со мајка и .Не излегуваше воопшто навечер,нити денски на кафе.Се додека еднаш на една стара нова,не ја повикав со моето друштво,рече дека немаат со кого да слават.Таа си помина прекрасно со нас,кога се забавуваше и смееше си велев таа ли е .Оттогаш,нонстоп ми звони за излегување,ме вика на кафе,ме тера да идеме на шопинг заедно итн....... Но јас имам маана,злопамтило сум,и некои работи не можам да ги заборавам Така да не се секирај воопшто,од твоја страна биди коректна,а нејзе или толку и е културата или пак проблемот е во нешто друго,за што не вреди да се замараш. Кругот се врти,ти велам
И двете сте потполно во право. Не е воопшто блиска со брат и , како да не се брат и сестра бе ама сепак мојов ја брани неа место мене И јас сум злопамтило едноставно затоа што она се постави така спрема мене, сега искрено кажано не ми е воопшто симпатична Јас се водам по она , кој како со мене , така и јас со него Ќе се обидам за последен пат нешто во петок да ја прашам околу новата работа, ако видам дека не збори чао, пријатно Ма ич не и се замарам. Само со дечко ми да е се во ред, а за нејзе ...