Нит сум свекрвиче нит сум золвиче. Само кажувам дека тешко на детето. Уствари золва сум да, ама децата се добредојдени кај мене како дома. Иако немам деца, децата на братучед ми ми се како мои. И иако не сум ни мажена си живеам раат живот, дете кое ми е крв не може да ми пречи. А ако бидам свекрва и ми дојди снаа па под мој кров да ми реди правила детето на ќерка ми да не може раат да дојде, е тогаш син ми и неа на маса, ајт кредитче, купете си стан и да ве нема.
@Mnik и јас како некоја од членките ќе ти кажам да гледаш малку од другата страна,позитивната,детето сепак не е толку мало пробај да бидеш добра со него сега е кај вас септември си оди и нема да ги види баба,дедо,вујче и братучетчето цела година а за друго лето може нема да сака ни да дојде.Сигурно се осеќа сигурно му фалат и родителите.Размисли малку дали сакаш твоето така да се чувствува?Па и нека спие со вас ако е среќно така броени денови се нема да трае вечно.зПрошетај ги заедно со твоето купи му сладолед биди среќна зошто толку одбивност спрема едно дете?А золвати верувај дека ќе ти се заблагодари на било кој начин,не и е лесно и нејзе…Замисли да си на гости кај нив и да те гледат како да си терет и трошок ?
Омг, ги прочита сите постови на членката или изваде 2 реченици од контекст, си ја најде мувата на капата и сега ја ишкаш? Никаде трошок не спомна, иако да, реално трошок е 2 месеци да имаш на гости дете, кое треба да го нахраниш, анимираш и да го шеташ. Ете, немаш деца, па можеби не знаеш, ама прашај. Прашај колку пари е сладолед, тост, сокче, количички, пуканки, додај по желба. Помножи го тоа со не мора 2 месеци, нека е 15 дена. Епа е трошок. Кај е тука одговорноста шо нема цена? Пази, наметната одговорност, не 1 ден, 2 факинг месеци. Милион пати се притресе жената баш заради детето, дека не сака да го повреди. Ептен сте со двојни аршини. Во темата за свекрви, свекрвата не е должна да чува ваши деца, а во темата за золви, снаата е должна да чува дете од золвата, пази бидејќи таа растела тука. Смешки.
Убаво напиша. Дете кое е твоја крв не може да ми пречи. Детето не е нејзина крв. Ако некој треба да се ангажира околу него е маж и и баба му.
Не ѝ е одбивно детето, одбивно ѝ е да биде АНИМАТОР на непослушно 9 годишно дете, за кое што во ниеден момент не е ни прашана, ни се согласила да е нејзина одговорност. Да, ѝ се заблагодари золвата шо ѝ кажала дека син ѝ не е послушен оти таа е лош аниматор. Бог да чува. И зошто со мене да спие 2 месеци внуче небитно дали од золва ми или сестра ми (мене подеднакво исти ми се) освен ако не е во прашање живот или смрт? Ни јас не би наметнала 2 месеци обврска дете на никој. На никој.
Од авион се гледа дека не го сака детето и дека и смета. Оти, да не беше така, немаше ни да пишува на темава. Мислам... кога веќе пиша бар пиши како што е. Ме интересира да беше дете од сестра или брат дали истиве муабети ќе ги збореше?
Тебе нема да ти смета било кој (дете, внуче од брат/сестра/золва, возрасен) 2 месеци да ти ремети ред? Да урла додека ти спие детето, да не те почитува, да ти влегува дома кога не си тука, па и кога си тука, да не смееш во сопствена куќа да правиш шо сакаш туку да се устручаваш да не го повредиш? Прво треба да мислат за него тие шо го испратиле тука, па тој шо го пречекал.
Не и' смета детето, повеќе е засегната од постапката на свекрвата. Таа се согласила да го чува цел летен распуст, а сега си забушава,го остава на снаата без воопшто да ја праша. Да е послушно дете, пеки, ама ти да зборуваш а тоа да не те перцепира и тоа како е нервозно. За трошокот да не навлегуваме, не можеш да го делиш од твоето дете.
Нена ај те молам,ти имам кажано и во друга тема,не можеш да дискутираш ида судиш за нешто што не си осетила на своја кожа,тебе вакви односи не ти се познати,ти можеш да се расфрлашсо правила и претпоставки ама реалноста е сосем друга. Детето како дете не ти смета,ти сметаат возрасните што се одговорни за тоа дете а немаат осет и се себични.
Пак ке најде рачка. Не го сака. Одбивно и е. Тоа е. Таква е. Ама место тука да кука нека седне со маж и свекрва и сестра му на вибер нека каже. Мислиш лесно е на мајката што детето не е до неа? Мислите на детето не му фалат неговите.. Дај нека не глуми лудило и да се филмува како е она добра и фина ама свекрва и е крива и мажот и. @Stressed Out да си ми жива да дочекаш вака на твоите да им кажуваат дека не смеат да дискутираат за нешто што немаат осетено ( а не знаеш што и како е позадината).
Сеедно ми е. Мои си се, јас си ги сакам. Утре ако би се развела од него, која обврска ќе ја има он према нив и обратно?
А ако е во прашање живот или смрт ќе бидеш АНИМАТОР ќе спие со тебе?Си го пишав моето мислење и јас се понашам со другите деца така како што сакам да се понашат со моите,кај мене дома сакам децата гости да се среќни и да си играат со моите сепак се братучеди.Брзо растат децата и ќе ве памтат како лоша вујна стрина тетка.Тоа е мое мислење а вие слободно заклучувате врати на внучиња…
Преиспитај се малку. Да не ги сакам децата на деверот или золвата оти не се моја крв .. треба нешто да ми фали. Или обратно. Мм да не ги сака децата на сестра ми и брат ми оти не се негова крв. Колку злобно и себично
Откако починаа баба ми и дедо ми одењето во таа куќа ми беше туѓо, и седев најмногу 2-3 дена. Како пораснаа внуциве сега они идат кај мене, по цели месеци, по цели лета, зимски распусти.. Исто и детево ќе биде. Ама ако на вујна нека не и се ремети мир. Себични луѓе се. Ама чекај ќе ја читаме како золвата не и помигнала од таму кај што е.